Да ,ама еве јас не велам да не зуцне ама па и 30 пати денес да ми каже дека јас сум немајка и сакам да му се ДЕСИ нешто на моето бебе, не сакам . Посебно кога знае дека беше одделено од мене. И како влијаат на мене тие зборови. Едит : Или зошто еднаш не каже нешто позитивно ,за една година доградивме ,се среди скоро се освен некои ситници ,за нас ништо не сме купиле глупости ,освен ако има раелна потреба ,не сме неприбрани туку од дома немам излезено башка ковидот и да не беше исто ќе беше ,само затоа што сакам што побрзо да се средиме. И покрај целиот труд еднаш нешто позитивно да кажеше. Не не само маани наоѓа.
Епа тогаш маж ти ќе си ја седне и ќе и разјасне некои работи. Знам дека нема да разбере, затоа само игнор му е мајката
Истата приказна со свекор ми. Спратот сами си го средивме со наши пари, што со кредит, што од пари од свадба, што од работа во странство. Свекор ми учествуваше со работна рака и за тоа сум му многу благодарна. Ама никогаш не рече децата сами си го средија спратот од економски аспект. Еднаш дури на роденден бевме пред сите таму гости кажа дека немал пари од што ни го средувал спратот. Јас само се насмевнав и станав од масата. По неколку часа кога ми прсна водењакот и отидов да се пораѓам ми ја бакнуваше раката. Едноставно таков си е човекот, сака се да се истакне он, он да биде главен, он да биде се нај нај. И не можам да го сменам тоа. Маж ми сто пати му е зборувал и пак по старо си тераше. Е сега веќе не ни спомнува ништо, се откачија од нас. Додека бев бремена со првото знаеја дека е женско и упорно ме прашуваше што праве ВНУКОТ во стомакот. Колку сум се нервирала и плакала. И сега со ова не може да се помире дека пак е женско. Им кажавме уште кога дознавме и пак постојано прашува какво е. Неќна сама бев ме праша, реков женско, вчера пак со маж ми бевме праша какво е и кога мм им кажа па нели ви кажаме одамна дека е женско, он вика јас мислам зафркавате се. Смешки. Нареден пат ако праша какво е, ќе речам бебето си го смени полот сега е машко. Од нервози нема ништо да добиеш. Ти кажувам од искуство. Веќе до мене не допират нивните зборови и не си ставам на срце сѐ. Едноставно научив какви се и не им се многу нервирам. Ама требаше време да дојде до ова. Само поддршка од сопругот и дистанца
Аман со тоа ладно и мојана Мене поише ми е страв да не го прегреам ја ич не го облакам Како ја и мм така и бебе секако плус ќебе пошто лежи
Јас од золва ми знам, така им објаснуваат во Словенија, дека машкото дете(бебе) се облекува исто ко тебе, а женското еден слој повеќе.
Тоа е уште еден смешен мит, и машките и женските се облекуваат исто, нема никаква врска полот на детето.
Абе дала само 200 евра ,ама сакала масичка како нашата,ламинат како нашиот ,да било искречено ,климата да и ја оставиме дрва да и купиме. Значи за 1000 евра трошок кажа. И доби 80% од работите за на крај поголемиот дел од денот тука да седи како да направам дистанца ај кажи ,да ја бркам ли ? Соба само доградивме бидејќи нема потпора на куќата за да може спрат да се прави. Ми доаѓаше секое сабајле уште во 8 прозор да отворена во спална да се луфтира кај што сме спиеле. Она ќе перела не сум ја знаела машината јас . И ѝ смета како пеглам ,како готвам ,како перам значи буквално за се си има коментари, па дури и зошто не плачело бебето ,немало да ја развие плуќата... После колку време дај кажи барем да си знам.
Игнорирај ја. Ако ти каже нешто само речи Аха да, важи. И прави си по твое, како ти што мислеш дека треба. И не и покажувај дека се нервираш. Оти ако знае дека ти се нервираш, уште повеќе ќе те нервира. И многу е важно поддршката од маж ти и да не ја слуша неа. Многу е тешко и треба време и трпение со таквите луѓе. Ама ако видат дека можеш без нив, полесно ќе биде за тебе
Гледам си се жалите од свекрвите па си реков и јас да се пожалам.нњ велам дека е лош човек или намерно нешто прсви. Еве не знам можеби и така да е . Кога и да го оставам бебето на подолг период кога се враќам неможам да го препознаам. Ни спиено како што треба ни јадено како што треба.... Само кинка плаче цњл ден до вечертс а некогаш и наредниот ден е како пореметено. Незнам како и што му прави како го чува стварно не знам. И правсм и список и план и се и запишувам што когс како ама не можеш дете под сааат да го ставиш точно до минута когаа да го успиваш некоггаш порано му се приспива некогаш покасно сето тоа е максимум 30 мин порано покасно а ако го пропуштиш прозорецот за заспивање после малку потешко оди. Толку ли не може да познае кога му се спие п адве деца исчувала. Друго мали е плачко а и бебе е ќе плаче нормално е . Кога и да се симнеме или кога и да го види муабетот е следниот ногу плачеш бе баба, зашо плачеш , многу пееш ... Последниот пат дури се осмели да рече што му прсвите на тоа дете па плаче бебе од три месеци.. свашта.но бидејќи не сум човек што сакаа да се кара се му изнакажав на сопругот тој да си разговара со неа да среди зошто јас ако и одговорам на тие нејзини коментари нема долго да ме сака. Првата грешка и беше уште кога бев бремена. Толку ме погоди тој нејзин муабет незнам можеби па до мене е . Имено дознавме дека и другата снаа е бремена нешто з акое многу се радувам и ми е мило , но тие се во странство. И таа без размислување почна да си прави планови како ќе одела таму кога ќе се породи да и помагала да го чувала бебето ( никој не ја поканил) , и кога и реков па како ќе одиш на работа си нема шанси да ти дозволат 3 месеци некаде да одиш одговорот беше дека ако требало и отказ ќе си даде. Ајас што ќе сум по скоро цел ден сама сите на работа т.е. сопругот најбитното додека си дојде од работа 4х станува со бебенце мало и немало кој да ми помага ( не дека ми требало помош ) не е битно. Споредбено е еве исто како тие што ќе бидат мада што таму и таткото има платено отсуство од работа 6 месеци значи таму е подобро. И таа не вика тука да помага ако треба се залета таму да оди. Искрено не ми требало помош не ни сакам но јас се осетив многу навредено. И ред други такви ситници како доаѓање во време кога не треба, јас и велам не зборувај не скаа да заспие ако јас зборувам се буни таа упорно ми збори, когс плачеше од грчевите се качува да праша зошто бебето плачело а не да рече дај малку да те одменам и така . Дали мене ради хормоните ми сметаат и ми сметале тие работи или е навистина човек без осет незнам. Еве пак ќе речам не велам дека е лош човек и лошо мисли ама ете некогаш неможам да ја смислам
Мојата доаѓаше се качуваше горе сабајле во 7 да провери што правиме со бебето првите месец дена некаде ама на крај почнав да ја затварам вратата од спална па и беше изгледа незгодно да отвара во спална и само ќе се качеше ќе видеше дека не нема во дневна ќе се развртка и се симнуваше и после престана да се качува. Ми се качуваше демек да ми помогне машината да ја вклучела небаре сум фатена во рацете па неможам сама тоа е 5мин работа само да се прави дека нешто помага. @forumce ние сами цела ќуќа од 3 сората ја направивме од карабина што стоела 20 и кусур години така не ја напрсвиле мајка му и татко му живееа во две соби да не речам ја направивме со фасада со двор со се ги викнавме со нас да живеат на првиот спрат ( можеби голема грешка ) и на крај свекрвата беше спремна пред нас да се всели со сите услови за живеење и ми вика па немора да имаш машина за садови за алишта еве доле ќе има ќе користиш доле и ниеднаш не рекле синот и снаата ја направија куќата а ни работна рака ништо со прст не се помрднаа за да се среди
Абе исто не ми треба помош мене пишав ама како да не дели тоа ми беше демек таа е за жалење нема помош ја не сум иако и јс немам а и тоа внуче као побитно е да го гледа него ова во куќа што и е, сепак до тој момент сум ја почитувала сме си живееле повеќе и сегс ја почитувам ама не ја обожавам особено од кога се роди бебето
Нема да и го оставаш, чувај си го сама. Со една плата ранете се. Не искачај од спална. Заклучувај врати. Не си ставај све при срце.
Тешко е да. Боље ја ќе си скратам од некои работи, али јас ќе си го чувам детето нема гладно, жедно, и без сон да го оставам.
И јас така викав. Ама една плата за сметки, кредит и дете невозможно е. Освен ако платата е барем 700 е