Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Си размислував , можеби ние снаите малку претеруваме . Научени сме од дома се на тацна, кога ќе си појдев од работа мајка ми веќе ми спремила ручек, па дури и ќе ми испеглаше алишта и се што треба ми велеше -ако ќерко цел живот ќе готвиш и ќе пеглаш сега дури си тука уживај - Епа не размислуваат сите така мислев дека и кај свекрва ми ручекот ќе ми биде готов кога ќе си појдам од работа или не доволно беше ако ме пречекаше со ручек кога си појдов од болница со бебето , барем пелените од син ми еднаш да ги најдев испеглани и здиплени , барем еднаш де ми речеше ајде одмори се сега ти дај ми го бебето мене, или остави јас ќе го испеглам шаршавот (кога си дојдов од болница шиена од крај в крај ми го даде чаршавот за ручање да го пеглам оти ќе иделе гости со вечера а јас кутрата како загугана тогаш пеглам дали пеглам па пусти чаршав туткан беше синкир џвакан :lol: ) или .... оф многу работи се само ако се поминува само да не се креваат вреви. Една почит јас кон неа таа кон мене ама пусто некои работи не се забораваат па не ми дава устава да ја отворам да си поправам муабет со неа. Туку фала богу не сме заедно оти кизнај колку вакви примери ќе имаше. Само да нема кавги си се преселивме што ќе правиш кај неа си , на кој што не му чини нека си оди.....
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    А бе нена, јасно е дека ова е најдобро, ама Бети веќе се започнати со градењето на спратот, завршена е таа одлука....неа сега и` требаат совети како да ја преживее оваа ситуација, а и како да се постави во иднина, ама во склоп на моменталните околности.

    Инаку Да, најголема грешка мислам дека се прави кога се гради дополнителен спрат на постоечка куќа на старите. Ако имаат па и друг син - пиши кучи пропало, НИКОГАШ нема да ја продадат, па ни тад.
    Ако имаат ќерка - ќе треба или од старт да ја остават без ништо, па таа да се откажи од се` во име на братот, или и таа ќе им прави проблем за нејзината половина.
    И се` да е идеално, и никој да не прави проблем за ништо - мирот и можноста за некакви комбинации ќе можат да се прават дури откако старите ќе умрат, ама до тогаш најверојатно децата ќе се веќе пораснати и за некоја година ќе се оженат/омажат и ќе му ја дувнат некаде на страна. Врти сучи - дво и повеќе спратните куќи се страшно нефункционални (освен во ретките случаеви каде немаат проблеми со свекор/сверква, тогаш се и најдобро решение заради работите кои ги наведе Ариел :) ).

    Јасно е дека се` си има + и -, битно е да ги ставите вашите барања и желби на маса со идниот сопруг и заедно да решите кој пат сакате да го фатите - после, имајќи цел кон која заеднички ќе се стремите, се` ќе е полесно ;)
     
    На Anyshka, Annath и eli25 им се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Се согласувам (иако има и исклучоци).

    Но, како истиве овие жени (навидум прости, лоши) кон своите ќерки се однесуваат како кон принцези? Од каде тука научиле култура и однесување? :^)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.505
    Допаѓања:
    115.001
    Пол:
    Женски
    Tи сериозна си ? Мислиш дека некоја свекрва ќе гледа и сака некоја како ќерка? Чест на исклучоци, ама таа приказна ти е равна на научно фанстастичен филм.
     
    На lolyta777, tessie и eli25 им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Тоа им е голема грешка на снаиве. Преголеми очекувања. Кога сте биле само нечија ќерка, сте биле третирани како принцези (освен некои исклучоци, за жал). Сега кога сте веќе нечија снаа, жена, мажот е тој кој би требало да ве третира, можеби не како принцеза, доволно е да ве третира како жената која ја сака, почитува и со која сака да го помине остатокот од животот. Затоа што, ако цело време се трудите свекрвата да ве засака, а притоа го запоставите мажот, може да си најде љубов на друго место (фала Богу и тој е човек од крв и месо и нему му треба љубов), па потоа да ве видам дали ќе ви се седи со свекрвата со кафенцето в рака и дали ќе ви е гајле колку пати таа ви се насмевнала во текот на денот, колку пати ви упатила зајадлив коментар и сл. Мажот треба да ви е на прво место, како што и имам пишано дека треба да важи и обратното, мажот на прво место да си ја стави жената.
     
    На Moira и Annath им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски

    Е па за своето боли, за туѓото не боли. Нормално дека ниедна свекрва нема да ја сака снаата како родената ќерка, доволно е да ја почитува, како жена на нејзиниот син, како мајка на нејзините внуци. И треба да го почитува изборот на синот, ако има убав брак, да биде среќна што е тоа така. Ама не - секогаш постои љубомора, такви сме ние жените во глобала. Не сакам да генерализирам, ама најголем дел од свекрвите се љубоморни што не се повеќе на прво место кај синовите, или пак како што кажа Моира, што ќерката немала таква среќа како снаата. И после буцкаат и се пикаат кај што не треба. Јас не можам да разберам - до толку да се немало сопствен живот, па да мора да бараш задоволство во тоа да му се мешаш на другиот?
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Дефинитивно твојата свеки е болна верувајми таа пати од недоволно внимание од свекорти и затоа е сево ова...Воопшто не грижи се што ти зборува и воопшто не се замарај со неа бидејки и цел свет да и го подариш таа ке најде мана едноставно не и дозволувај да те повредува со нејзините интриги бидејки верувам дека таа секогаш вели дека е таа жртвата ти гледај си со момчето не ја ставај ни под разно знам дека ова кога ке го прочиташ ке речеш лесно така да се каже а верувај многу е лесно... се додека и обракаш големо внимание таа ке се однесува исто затоа секој по заслуга, ....,за да ти биде убаво треба да си фина со мажотти,а свеки нека си живее во нејзиниот филм баталија и не и давај значење никакво ниту да ја прашуваш... што? како? Живеј си го животот и не и дозволувај да ти го уништи ако и дозволиш и се замараш со неа ке почнеш да имаш расправии со мажотти за некоја свеки која сака да биде забележана не е вредна верувај ми
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе, благодарение на темава, успеав да детектирам мал милион од овие (поситниве) проблеми од типот на сплетки, бцки-мцки и слично од мојот живот во заедница кои тогаш не сум ги ни детектирала за постоечки. :clap: Глеате колку не се замарам? Немојте ни вие! Таа праи како што и' одговара? Правете и вие бе! Ако ве тера да чистите, чистете за вас и на мажот и децата да им биде чисто, гответе за мажот и за децата ако не ви се допаѓа тој нивен деспотски и наредувачки тон, без нервирање, а ако ви преречат мажот или свекорот, играјте на нивна карта „Е де, не сум работела во народна кујна па за цела војска да готвам, при две други здрави и прави жени дома“ Ако не им чините, шо ви е гајле и тие на вас не ви чинат и готово.

    Не викам дека е лесно, но кога веќе немате можности да се одделите, барем под кирија од почетокот, мора некако да преживеете во таква средина. Малку повеќе самодоверба бе жени, колку што е нивна куќата, толку е и ваша. Готово...
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Moj совет можеда биде само-не очекувајте многу, па нема да се разочарате. Свекрва е свекрва, не е мајка (ваша). Ретки се оние што навистина се грижат за снаите. Јас, еве сега ми текна, лани зимата бев многу болна, гнојна ангина, треска со висока температура, ужас. И дете од 1,5 години што цица, посебно навечер. И еден ден лежам, како во бунило, треска, сама станувам чај да си направам, да си најдам апче.... Прилично бедно чувство. Да, малото беше кај на маж ми неговите, еден спрат подолу, ама доаѓаа на секој саат мислам да проверат да не ми е подобро. Утредента отидов на лекар, малата пак кај на мм неговите долу, па од лекар да си купам месо и зеленчук за супа да си направам зашто плачев од болките во грлото, и само што дојдов дома, ставам вода за супа, се тресам буквално (под 2 ќебиња и со џемпер не можев да престанам да се тресам) и доаѓа свекрва ми со малата, веднаш, вика Те бара тебе, што да правам. Викам „НИшто, остави ја, ќе се снајдеме“. И ме гледа до шпорет, се тресам буквално, демек „Што правиш?“. Јас : Супа, морам нешто такво, не можам ништо да голтам, многу ми е лошо“ и она вика „Е да, така е“.... И толку. Си поседе и си се симна долу, ме остави со дете, со температура над 39 и со готвење... Дали реков нешто? Не. Никако. Гордоста ми е поголема од температурата во секое време. А сменив нешто? Да. порано трчав, носев апчиња ако е болна, одев во аптека (при две деца до неа, никој не ја рецка). И само си ставив note to myself-Never do that again. Толку. За некој ништо, за мене многу. И од тогаш апче не сум се понудила да одам да и купам, и немам грижа на совест. Има две деца, има ќерка живее со неа, нека и трча таа. За мене тоа заврши. Ама тивко. Ни викам за тоа, ни на маж ми му кукам, на никој. Само така постапувам. И немам грижа на совест.

    p.s. Ова е еден од најбаналните примери. Имало многу, многу подмолни постапки кои знаеја да ме заболат. Ама со проблемите созрева човек и сфаќа што е важно. Сега знам и на директна провокација само да им се насмевнам, како ништо да не сум сфатила. И да не ме заболи кажаното. Тоа што го прават повеќе за нив кажува отколку за мене. И јас со тоа немам проблем.
     
    На Anyshka, MSkorpionka, senza.parole и 11 други им се допаѓа ова.
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Повеќето снаи некој ден ќе бидат свекрви па многу различно ке размислувате тогаш :lol: Сите знаеме што е решението за мир и слога но за жал повеќето немат финасиски можности.. мајка ми од што нејкела вака да се расправа доброволно си заминале под кирија кога се земале па натаму свое си купиле ...
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Исто како јас и мм. Значи ситуацијата беше далеку од неподнослива или тешка, но едноставно си сакавме да се осамосталиме што поскоро. На почеток сите ни' се чудеа и никој не веруваше дека ќе издржиме долго време, ама после увидоа дека знаеме што правиме. Некогаш со труд и слога можеме многу повеќе отколку што самите сме свесни за тоа. Потребна е иницијатива, слога, труд и трпение.
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Еве и јас да се приклучам на оваа тема,еднаш мислам дека имам пишано.
    Јас сум скоро година во брак и од сам старт живееме одделно со мм и немаме никакви проблеми ниту со свекор ниту со свекрва.
    Е сега мене нешто што ми боде очи на оваа тема е што гледам дека постојано снаите се жртви,секогаш свекрвите се виновни,не знам.
    Еве ние на пример живееме одделно,досега фала богу се немаме скарано со свекрвата,ама некогаш во некои ситуации толерирам и јас,зашто не секоја свекрва ти овозможува луксузен самостоен живот од првиот ден од свадбата.
    И јас сум таква не сакам да глумам полицаец или судија и да предизвикувам кавги и за најминимални или најбанални ситници,кои верувам ако се премолчат голем дел од нив не би прераснале во кавги.
    Друго штто забележав на оваа тема и голем број од вашите постови е дека очигледно ви сметаат ЗОЛВИТЕ.
    ЗОШТО??Еве и јас имам золва,таа му е сестра на мм,не можам кон неа да се однесувам како кон куче,затоа многу си ја почитувам на што и таа ми враќа со голема почит.
    Мислам но сенс ама видов дека голем број од тазе мажените само што ќе влезат во нечија куќа сакаат да изиграваат диполомати,правосудници и тие да поставуваат нови редови и правила,а золвите по можност уште првиот ден од доаѓањето на снаата да го напуштат мајчиниот дом.
    Па не ми се верува што читам на овој форум..Абе времињата си чинат туку луѓето не си чинат.Исто така прочитав на овој форум, и оваа тема дека жената го шиба мажот против сестрата да ја мрази и кога се омажила имало частење една недела?
    ЛЕЛЕЛЕЛЕЛЕЛ,ами тогаш со сигурност и за вас частеле вашите снаи кога сте се мажеле.Зашто животот е тркало,не бранам ниту напаѓам некој посебно но ми смета што никогаш кривицата прво не си ја бараме во нас туку секогаш мора АМА МОРА ПО ДИФОЛТ друг да е виновен.
    Се додека сите се виновни а само ние прави,а притоа и нашите грешки се огромни ќе тапкаме во едно место.

    И уште само сакам да додадам дека ниедна свекрва нема морална обврска да ви чисти дома,да ви прави ручек или да ви чува деца.Тоа е нејзина желба.Поставете се и вие малку подоро за да ве пречекаат уште подобро.Исто како што прочитав што ви сметало оти свекорот и свекрвата иделе на одмор??? |( |( |( |(
     
    На nena2010 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  13. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Бети ако се вратиш на наназат ке видиш и јас имав сличен проблем како твојот и јас бев така нападната за ништо од се и сешто ми изнакажа и за мене и за мојте родители, целата бела техника била нејзина а јас сум ја кршела :envy: сега брзо беше тоа, а јас пак ќутев демек ајде помлада да невреѓам водата миет се демек, а устата што ке кажи не се мие и пак премолчив кај мене мм сакаше да заминеме ама до последно се решивме да останеме до пролет. Сега веќе не молчам нека ми се тутне пак па ке види не ова нејзина куЌа а и тие работи ги купила од ко почнал и мм да работи да придонесува за дома а не да нема пари настрана се на нив му давал а ко работела како помлада ништо немала купено и она сега мене пувки ке ми продава нејзини биле а во каква мизерија цели 30 години живеј има да се чудите ако ви раскажам :x сега си функционираме јас за нас си готвам си чистам таа за нив јас си чистам кај мене таа кај нив и крај па да видиме до кога ке биде така и немаме никаков контакт со неа :devil: А инаку не е образована свеки моја ама демек модерна со модерни сваќања ама ништо и од тоа ]:)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Па тоа ви е најпаметна одлука сте се поштедиле од многу нервози , кога бракот треба да цвета ,на младите и онака им е нова ситуација нели брак нови одговорности си треба навикнување , не па да се расправаат со туѓи табиети и за ситници да има кавги ...
    Нити се снаите цветки нити свекрвите , не се снаите жртви да се разбереме но едноставно 2 жени 2 фамилии различни навики малку потешко функционира ..
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.505
    Допаѓања:
    115.001
    Пол:
    Женски
    Tessie искрено да ти кажам кога ќе се мажам не сакам да ме сака многу многу свекрвата. Фала богу си имам мајка и татко да ме сакаат, а од неа очекувам само да не ми ровари во бракот. Се друго е безпотребно нервирање.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. moni-t

    moni-t Активен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    iskreno da vi kazam makeata na mojot verenik use sega ni pravi problemi ama nie ne ja registrirame si se gledame nas da ni bide ubavo

    p.s.Nikoj ne moze da ti napravi problemi ili da te i znervira se dodeka ti ne go dozvolis toa
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Aпсолутно, а по мое мажот е тој кој треба да ја спречи во тоа роварење или да ја дистанцира доколку нема друго решение...врти-сучи, најважно е мажот да се погоди паметен и зрел човек кој знае да ја сака жената со која се оженил.
     
    На Filiposka, Annath и nena2010 им се допаѓа ова.
  18. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    18.918
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допадна мислењето на LiOness ,едноставно ја погодила цела поента на живеењето во заедница.Јас живеам мноогу години во заедница,на почеток свеки не сакаше да се одделиме,правеше кавги,проблеми(прав тиранин спрема мене како млада снаа а пред луѓето цвеќе за мирисање) а сега се прави пишман ама касно е :!: Имам многу доживеано и преживеано ме оставала без јадење и оган болна буквално неможев сама да станам од кревет и одам до wc а таа наљутена со мм па ми се свети мене,или со бебе дојдена од болница со рана загноена пак без јадење,па фаца намуртена и кавги ако сум одела кај моите со бебето,во оваа куќа бев третирана само како измеќарка и се нешто не беше во ред нооо поминаа години веќе имав напишано дека остарев и созреав а децата пораснаа :!: Дојдоја периоди кога нејзе и беше потребна нега и трчав по болници и по лекарства јас наместо нејзиниот син (сепак била добра баба на моите деца а тоа не го заборавам)но се со резерва без да се вложвам и истоштувам јас-категорично НЕ како порано ,сега ЈАС СУМ ВАЖНА,јас имам деца за гледање..И пак знај да биди зајадлива и да седи намуртена ама не ме погодва повеќе така силно како порано,едноставно не ме сака жената,не ме почитува а можеше толку многу да добие од мене само ако ме земеше под свое во тие млади години, како втора мајка(инсистираше да ја викам мамо и јас без збор ја прифатив нејзината желба)...Но,затоа свекор ми беше и е друга приказна ,човек како што мојот маж сумњам дека некогаш ќе биди :(
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    БетиБуп, не и' го сфаќај толку трагично секој збор...мислам стварно женава не се понаша ко шо треба, ама не и' се замарај бре...другпат коа ќе ти рече „Не сакам ништо веќе од тебе“, ти речи и' „Добро е, ќе се одморам и јас малку.“ и игнорирај ја, оди си в соба...и ти и мт игнорирајте ја и правете си како вам ви одговара најмногу а ви е најмалку стресно. Нека види дека нејзиното намуртено лице за ситница не ве тангира вас. И не се форсирај бе злато, кога можеш ќе испереш, кога ти е ладно, ќе пуштиш печка бре...тоа е и твој дом, за нејзиното строење ќе и' се плашиш. Ко шо праи ануле, чисти си во простории каде што си седите со мт, готви си за вас, а ако нешто ти пререче, кажи и' (по можност во јавност да им ги затнеш малку пештерите)„Јас си готвам за мене и за мм, еден човек сум, неам сто раце, а и вие па две жени сте, снајдете се.“ Како и да постапиш, не покажувај страв, нема од што да се плашиш, тоа е и твој дом, а ти ништо лошо не си им направила. Остаила на куп за пеглање, остаила, праи се и ти еднаш „на Тошо“, па да ја видам. Не дека не треба да бидеш домаќинка, но не си ти собна послуга нивните партали да и' ги переш. Си имаш маж, се надевам еден ден и дете (ако веќе не го имаш) и твоја должност е да се грижиш за нив, а овие двеве штом се понашаат со тебе како со стока, не ги регистрирај веќе како да не живеат во иста куќа со тебе. Поарно седи си в соба, пушти некоја комедија да се опуштиш малку, што ќе направиш ако се прошеташ низ куќа, само ќе те изнервираат искомплексираните...

    Како што и ниедна свекрва/золва нема право од снаата да бара нејзе да и' слугува што е и повеќе од случај низ темиве. И ти не биди толку остра кон снаите, си имала среќа што сте се одвоиле од прв ден со мт и за тоа капа им симнувам на неговите затоа што си мислеле на синот, којзнае колку се жртвувале тоа да го овозможат, но не можеш со сигурност да тврдиш за тоа што се случува во една заедница. Си се сакате, почитувате, да, но од дистанца...па скоро секој би. Ко шо пиша некој погоре, „секој може да изглуми пред гости“, друго е кога поминуваш со нив 24/7, сите маани и доблести излегуваат на површина.
     
    На Anyshka и Annath им се допаѓа ова.
  20. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    ТЕ ЧИТАМ И НЕ МОЖАМ ДА ТИ СЕ ИЗНАЧУДАМ?!?!?!?! Зошто и воопшто да и се обраќаш на свеки твоја??? не сака да збори нека незбори, што ќе ти е, па уште и зашто излегувате требало друштво да и правите нејзе, ама ај ти се молам. Како што претходно ти пишаа, стави ги на игнор и свеки и золва ти, си го имаш мт и гради си го вашиот живот, живејте ја сегашноста, користете ги сите прилики што ви ги нуди животот. Прочитав дека и двајцата работите, епа дојдете од работа, влези си кај вас во соба, па оди до кујна направи си ручек за вас двајца, ако ти прозбори некој, арно, а ако му е полна устата со нешто друго (не сакам да сум безобразна)нека не збора и што е сега ? Едноставно гледајси го вашиот живот и нека не те интересираат. Можеш само да кажеш дека секој добива она што заслужува, ако не те почитуваат и ти нема да почитуваш и толку. Јас на овај начин би ја поставила играта. А инаку да сум на твое место, во никој случај не би ја напуштила куќата на мм, па тоа е негов а сега веќе и твој дом, така? Во однос на чистењето и пеглањето, исто би постапила како што погоре те посоветуваа, значи ќе си перам, пеглам и чистам само она што е мое и на мм и ничие друго.
    Ти посакувам среќа и поскоро да си се преселите на вашио спрат, ама мораш да бидш психички посилна и некогаш ќе мораш да го заборавиш она на што си научена ,,поќути си, поарно ќе е,, Мојот совет сен на се е дека мораш да си изградиш став, за да не бидеш згазена, ако можам така да кажам.
    Малце ми е долг постот ама многу се нанервирав ;)
    Среќно
     
    На Anyshka и tessie им се допаѓа ова.