Не ми е мака да оди повеќе пати пишав. Се осетив неубаво затоа што за нас не треба ништо да направи и не се замара во иста куќа живееме (се знаеше дека царски ќе се породам и нема да можам баш се сама напочетокот) , а за таму ако треба и отказ на работа ќе дадела за да оди да го чува детето и да помогне на мајката . Кога некој ќе си ги дели децата, снаите внуците чувството не е убаво а таа што сака нека прави. мене ич не мора ни да ме сака ни се замарам, мене ми е криво зошто едниот син е побитен од другиот незнам како неможеш да разбереш очигледно не се ни трудиш. Не станува збор дали треба или не треба таму да оди да помогне и да чува и слично.
А од кај знаеш како ќе се породи снаата? Башка ти си се породила, за 3м ваљда веќе и закрепната си, што знам, јас за 5 дена бев на нозе и се си работев без никаков проблем, царски породена. Жено ај не се замарај со непотребни работи, кај сака, со кој сака и колку сака ќе седи, не е твое да кажеш. Не те двои воопшто, ти си завршила работа, со 3м бебе веќе нит си тазе породена, нит ништо, сега на ред е да помага на другата снаа. Па мајко му не си ти принцеза па за тебе да паѓа у несвест.
И ја со мојте со маска се гледам цело време од кога почна кризава. Додуша не се ни гледаме со бебе сме дома.
Ете и твоите ве делеле и тоа за многу побитна ствар, на брат ти спрат му напраиле, на тебе ништо ама изглеа тоа не ти пречи.
Има право да прави шо сака, никој не е должен да се објаснува или да помага на некој било тоа и мајка. Гледај си фамилијата и не барај проблеми каде шо ги нема
Кај другиот син ќе оди сега, а нареден пат не се знае кога повторно ќе оди или ќе ги виде. А кога ќе си дојде цело време ќе ти биде на располагање тебе. Нив ги гледа во годината еднаш, а тебе секој ден може да те гледа, а тебе ти прече што сега ќе оди кај нив. Многу себично. Јас се породив природно и два месеци не можев да седам и функционирам нормално од епизиотомија, па не ми го чуваше свекрвата бебето, не ни сакав.
Ти треба да си среќна што не ти досаѓа жената, нека оди да досаѓа кај другата снаа.. После да не пишуваш да се жалиш, леле што убаво ми беше додека не беше тука свекрва ми, убаво си седеше кај другата снаа, сега многу ми досаѓа
Ее баш така, истото ќе го пишев, како мојава на три месеци не и текне да отиде некаде, ама баш ич нема да ме допре дека помогнала на другата снаа, ама не, таа е залепена само дома, од досада си наоѓа причини за кавги, сама си замислува во глава глупости. За зачините зошто биле премедтени пред некој ден се скара, му рекла на мм зошто ми тера инат и ги преместила? Овој и кажал, јас ги преместив жено, олабави се, не збори глупости, таа не, лажеш си ја браниш жена ти. За неа стануваш трчаш за се, за нас така не си станувал, како да е љубоморна, се скара со мене, како сум и терала инат, а врска нема, ниту се замарам со неа, си гледам моите работи да си ги завршам, не ми е гајле што и како прават они, почна да се дере на мене како сум сакала јас да ја одделам од синот, како таа била цел живот жртва за него, никогаш јас немало така са го гледам него, секакви глупости ми изнакажа, кога ме фати нервоза, и хистерија, не знаев колку и се дерам и јас неа, почна и моите да ги меша, а пред нив се праи дека ме сака демек. Дојде ММ, тогаш се искара со неа пак, и кажа да не се замара со нас, да си гледа нејзин живот, дека сум трудна да не ме замара, ама тоа не го зема таа во обзир, не и е гајле што сум трудна и што се нервирам, другиот ден демек сака да се извини, дојди да те гушнам, викам нема потреба после се што ми изнакажа, не ти помагаат материјални работи, поклони и пари не ме купуваат мене. Земала на свекорот му ја наполнила главата, вчера не вика за јадење, а знае дека сами и посебно си правиме, и ММ и вика не ни се јаде, јадете си, и овој од таму што да не ти забранија и да јадеш со нас, леле кога го слушнав, се изнервирав пак, ме виде ММ и пак му отиде, џабе им збори, ништо не разбираат, си тераат по нивно, кажав со нив основна комуникација имам, здраво и чао, ништо повеќе не ми треба. Го гледаат маж ми како да има 20 години, а не 32, сум им го земала синот, сум сакала да сме живееле сами, на мамичка детето нема да е со нив повеќе, така ми пререкуваат нон стоп, џабе им збори ММ и се кара со нив, си тераат по старо, тие сакаа да се одделиме со храна, да си правиме посебно, сега кога се одделивме, им смета што се сами правиме, крајот не можеш да им го најдеш, од досада си измислуваат караници, си прават филмови во глава, наместо да си го гледаат својот живот, прават да се преселиме и никогаш да не им стапнам повеќе дома, од инат ми прават работи, зборат за да слушнам и да се нервирам. Едвај чекам да си одиме од тука, во моментов сме многу на средина, ја плаќаме ратата за станбениот кредит, и нема баш шанси финансиски, да се оди под кирија, ама јас кажав дека следен испад одам да седам кај моите додека не се породам, не можам веќе да ги трпам, за се треба да пазам, не се осеќам слободно да правам што сакам. Иако ММ е на моја страна, се расправа со нив за што и да ми кажат и преречат, ми вика да не се нервирам и да си се гледам себеси баш сега во ваков период, ми кажува дека треба ние да си живееме двајца, и дека другите не се важни, кој што и како мисли, или прави. Ама јас сум таква, се си ставам при срце, одма плачам и се нервирам, не сакам неправди, и да се игра не фер, ама не размислува секој така.
Не треба ич да се замараш. Стави ги на игнор и они ќе се нервираат после. Едноставно како да не постојат.
Баш убаво што не ги рецкаш и такa да си продолжиш и кога ќе се роди бебето, зошто такви токси Баш убаво што не се замараш и не се нервираш и така да си продолжиш и откако ќе се роди бебето, немој да паѓаш на сентименталност и да ги сожалуваш, да си тераш по твое. По тоа што кажуваш станува збор за токсични родители што се прават жртви, па очекуваат многу да ги тинтрите со мм и не можат да се помират дека синчето е веќе маж и дека има семејство, сопруга за кои треба да се грижи, а дека тие секогаш ќе бидат на второ место. Не можам да ги разберам стариве, додека не се ожениле/омажиле напињаат ајде кога ќе те жениме/мажиме и после не им чини снаата, не им чини зетот, па чекајте малкуу не треба вас да ви чини, битно е да си чинат тие меѓу себе што се во брак, нив кој ги прашува дали им чини или не. бог да чува
Е оваа твојава е посебен случај.... Кој е тој муабет дека она цел живот била жртва за него, а ти никогаш немало да го гледаш како неа?? Како е можно вакви дебилни мисли и муабети да им идат бе? Раѓаат деца за цел живот да им кажуваат колкави жртви за нив правеле и децава цел живот треба да се залепени за нив. Па ако не син и да не се ожени со мамичка цел живот да си седи, зошто ниедна нема да го гледа како она. Као ти улогата на мајка му ја замени, а не ко жена да си му. Љубомора. Не се замарај женче чим маж ти е на твоја страна и чим ќе се селите, на ваквите само игнор им е мајката, абе да ја пукнеш со ќутење. Дури и кога ќе те прашува нешто ја би ти рекла да си ќутиш. Абе да си експлодира. Болест.
Не знам што да кажам повеќе, им кажав моите да не ги спомнат и побараат, чим не ја почитуваат ќерка им, не ги сакаат ни нив. Освен здраво и чао, од култура, не добиваат од мене ништо, си седам во наша соба нон стоп, не сакам до кујна да отидам кога не е тука мм, од што не можам да ги гледам, се сами си направија, не ги познавам луѓево, како сосема други луѓе да се откако се земавме, љубоморат за се, не му даваат мир на мм, за се го бараат него, другиот син како да не постои, го третираат како мало дете, такви чудни и катиљ карактери не сум видела, џабе им збориш, не можеш да им докажеш ништо, си тераат по нивно, се они во право се. Не знаат да си седат мирни, да не пуштат на раат да си бидеме, да си живеат животот, ниту им се мешаме, ниту нешто сме им побарале, нив се ги интересира, кај сме, што сме, кога ќе се вратиме, што јадеме, се ги занима, ама не им одговарам на прашањата, кај одите?-да шетаме, што ќе јадете? -ќе видиме, итн.. нив уште повеќе ги боли што јас не се замарам, и си ќутам, си гледам мојата работа, они пробуваат да ми зборат, ја си ќутам и си климам со глава, и сега измислуваат триста филмови, само за да се караме со мм, ама јас со него за други личности нема да се карам, се додека е на моја страна, може што сакаат да прават. Не постои сила што ќе ме оддели од него, додека јас сама не одлучам, ако не дај боже некогаш треба.
Ама баш напротив ти ги прочитав и следните коментари што беа и затоа така коментирав. За спратот јасно е што сакав да ти кажам. Тебе твоите те одвоиле а ти се секираш свекрва ти како постапувала со нејзините синови. Ова свати го добронамерно од искуство. И јас можеби некогаш сум била ваква и сум се чудела како постапува ама сум увидела дека не сум во право. Маж ти нека си реагира ако мисли дека е подвоен од брат му. Но ако него не му пречи ти па ич не треба да им се замараш. Ти може да се лутиш и буниш и да им кажеш на твоите доколку се чувствуваш обесправена во однос на брат ти. И за куќата прочитав дека вие сте инвестирале. Исто уште една грешка. Тој имот бил веќе на нечие име и сега уште си средила се и утре ден кога ќе има проблеми кој ќе си оди, ти и мт или свекрва ти и свекор ти. Мислиш ли дека маж ти може да им каже одете си и јас ќе ви го доплатам делот? После тоа ќе треба да не се погледнете за цел живот. Друго.. не треба да гледаш дали девер ти имал платено отсуство или не. Тоа си е нивна работа, можеби несака да земе. Тие си знаат, друг не треба да им води есап. А може и само им е мерак да ја викнат. Велиш мајка ти ти помага. Зарем снаа ти не се буни на ова, затоа што и мајка ти си има внуче што и е во куќа . Моите совети беа добронамерни и за твое добро, за да погледнеш можеби и од друг аспект на работите, но твое си е. Мојот коментар го свати како што сакаше ти. И размисли дали вакви банални проблеми кои едноставно се решаваат со игнорирање вредат за твоите нерви и твојот мир.
Добри сте сите вие, јас треба да решавам глупости ваму. Бебето да сме го ваделе во корпа од болница место транспортер. И викам во транспортер се вади бебе врзано со појаси за во кола да е безбедно. Не, бебето морало одма на право да лежи. Ај после со маж ми да зборувам, да не му тутне жена корпа денот ко ќе излегувам. Му викам немој случајно да се забереш со корпа во болница да ме брукаш, ќе те вратат од во болница по транспортер. Уживај вика, нема.
Лелее, мене ми викаше во некое плик ќебе од син и пред 30 години, да сме го земале, и викам каков плик, какви глупости, транспортер, и алишта што имам спремено, цела торба ќе ми ја донесе ММ, и викам сам ќе дојде, никој со него, ни моите, ни неговите, и ме загледа и си заќуте. Ми спотребале таму, таа вака не ме почитува, ќе не земала од болница, како не, дома нека си седат, а ако заслужат и врата може да земам да заклучам од соба, уште малце ми фали со нивното понашање. Сакаше количка и креветче, да дошла со нас да бирала, ние еден ден сами си отидовме и си купивме, и им кажавме кој колку мисли сега нека даде пари, ако сака, ако не, не мора, ние сами си купивме, толку, ќе збеснеше дека сами сме купиле, како она да не била присутна..
Мојата нека дојде немам проблем ете, прво внуче и е се радува жената. Ама ова со пликовиве и корпиве што ме чудат, си мислат ко на времето наше што не ваделе во корпи. Не глупо ми е што морам за се да пазам да не кикснат нешто од старински сфаќања. Морам нонстоп да ги корегирам.
Охоо, на оваа ќе и биде трето, друго, ако сака она да дојде, ќе дака и мајка ми, и сега ајде, цела фамилија да земеме да одиме, па ќе се завлече и свекорот, тој за се е радознал, без него не смее ништо да помине, требаше да одиме 10 луѓе за количка и креветче, како да не, си земавме сами си купивме, ако имаат желба нека дадат пари, ако не нема потреба, не се лутиме, за мир да има само нит пари, нит ништо не мора. Ако им попуштам јас вака за се, дома ќе ми прават се што сакаат.
Мене маж ми кога ме вадеше од болница дојде со транспортер он и уште 3ица други татковци така си ги земаа бебињата. Останатите 5 беа со корпи. И не е срам воопшто. Кој во што сака во тоа нека си го изнесе. Мојата свекрва имаше земено 7 дена одмор за да дојде да ме изнесе од болница, и не можев са се изборам да не дојде.. Седеше неколку дена со нас.. Јас во меѓувреме мака мачев со неа. За второво дете си ја знам лекцијата Само колку ќе ми успее незнам..
Кај нас не се замараат болниците. Во странство, сигурно и кај @BabyD0ll, не дозволуваат да го изнесуваш во корпи, пликови или слично. Значи не е кој како сака туку мора во транспортер.
Не е кој како сака нормално, се знае бебе се врзува во кола исто како што се врзуваме ние. Ако те фати полиција огромни се казните. А полиција има на секој чекор тука, ко ќе види плик, корпа пред тебе готов си.