Расчепкав по мислења на членката, проблемот не е од сега и уште подлабок е од ова. Ние неможеме да и помогнеме колку и да сакаме со советиве, зошто ова кај нив не е единствен проблем, а она очигледно нејќе да презвеме ништо. Ми е жал што и второ дете ќе роди и ќе расте во таква забегана средина.
Знам и јас ја читав ,и уште со првото би си заминала до сега на нејзино место. Знаеш ти колку работи толерирам јас дома сме збореле ,ама мм е паметен и и повлекува граници колку толку на мојата затоа и се трудам да толерирам. Ама дете да ми колне не би тука одма би почнала да враќам т.е да ја колнам секогаш ко ќе ја видам почнувајќи од моментот ко ќе ја слушнам прв пат.
Каква душа имаат луѓето да колнат некого, па јас од комшиката дете не би порколнала, а не свое внуче. Искрено и на членкава не знам кај и бил паметот пред да се мажи за свекрвин син.
Не е работата само ако те фати полиција и дека казните се високи, транспортерот е за личната безбедност на бебето доколку не дај боже се случи сообраќајка, а бебето да биде легнато во корпа.. е тоа е најголема казна, батали паричните казни.. ставајте си дете во транспортер, убаво врзано, нека не кажуваат свекрви, тетки стринки приказни како требало. Возрасни сме сите, одговорноста за бебето е наша.
Казната е најдобра мерка за тие што немаат памет (а се прават дека имаат) и што не се разбираат. Ги имаме доста такви во нашата земја. Ама полицијата кај нас е многу толерантна за разлика од тука.
Ние кога баравме со маж ми количка за бебето и креветче и идеме во една продавница и пред нас имаше еден млад брачен пар што исто така бараа количка, истите беа со публика, валда родителите од двете страни и продавачката објаснуваше на 6 души за количката и овие сите затанати во круг, мислиш митинг има.. абе циркус
30 има ама годините не се мерило за зрелост. Може дете од 15 години посовесно и поодговорно да се однесува од маж на 40 години на пример. Мојов растел со таков татко и така и тој се однесува. Зошто се плаши од мајка му и татко му. Ако се делиме ќе му се налутат. Кој ќе им плаќа после сметки, јадење, пиење, кој ќе им слугува во секое време? Па јас во соба ќе се тргнам некогаш од што не можам да ги гледам и одма маж ми се мурти се лути сум бегала. Ама тоа пд што тие така му зборуваат и после тој повторува по нив. Како им се плаши немате поим.
И зошто си сеуште во брак? Проблемиве уште пред 2 год ги имаш пишано. Ништо не се промени? Зошто не си ја превземеш контролата на твојот живот во свои раце?
Цело време е стегнат пред нив да не направам нешто погрешно да не реам нешто. Моите секој ден му купуваат на детево по нешто и тие пукаат ко ќе видат и одма има коментар некој за да ме изнервираат. Посебно свекор ми а не купил ништо. Само за своја душа си гледа од секогаш. Маж ми се плаши до тој степен што на пример и на празник не можеш да се израдуваш, еве сега новогодишни празници, јас си купив нова елка и одма има коментари ама еве имаме ( демек кај нив има кај што седиме сите) ама јас сакам да си украсам по мој вкус, сакам и јас еднаш да си имам нешто свое, да си се радувам а не да живеам по нечии правила, ама тпј е навикнат да живее така и мисли дека треба и јас. Кога ќе каже авекор ми тогаш ќе се украсувало за нова год. Кога ќе кажел тој ќе сме излегувале, идат празници јас сакам да си спренам сама, тие што ќе кажат тоа се спрњема и тоа за 1000 луѓе, секоја година сите заедно девери јатрви и сите на наш спрат зошто нормално, тука се кај стариве не идат кај мене...уште на мочање да ни каже кога да одиме и глтово. Едноставно од нив немам свој живот а најѕешко е што и маж ми е со нив.
Готова бев да се разведам уште тогаш си заминав дома ама моите не ме подржаа срамота било ќе се разболеле од срам па трпи ти ќерко разболи се. И така останав. Еве сега уште повеќе се јавуваат проблеми, јас пак бремена и кога ќе видиш излез немам јас од тука. Само мртва.
Ти се лути, те манипулира со тоа. Имаш ли поддршка од твоите? Можеш таму да се склониш некое време? Не знам зошто си толку исплашена. Собери си ги стварите и исплаши го, замини си дома, па ќе видиш како ќе трча по тебе после. И да не те бара два дена третиот ќе те побара. Биди јака малце.
Не можам да ти филозофирам сега тука како би се тргнала без поддршка ,не сум била во таа ситуација а кога би била знам дека не би имала поддршка од мајка ми буквално со истиве зборови а и сепак бремена и плус со друго мало дете не е баш лесно. Ама не би си дозволила да раѓам пак после сето тоа.. Сепак што е тука е ,сега можда ако работиш да пробаш да си собираш пари па по некое време кога ќе имаш за старт доволно да си заминеш..