Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.126
    Допаѓања:
    269.158
    Јас преферирам мајка ми и свекрва ми да немаат контакти баш, гледање само во наше присуство на наш терен (мој и на партнерот).
    Ниту се другарки, ниту има потреба да бидат.
    Од нивна дружба и испоштување една на друга, на крај мене глава ќе ме боли.

    Ич нема потреба да се гледа со мајка ти, а на мајка ти стварно срам да и' е за муабетот.

    Може сте во право дека многу е и до воспитување, јас прво имав мајка на која свекрвата не можеше да и' се качува на глава, а не дека не пробуваше - сум кажувала, а второ секогаш ми зборела дека најлоша да сум, дете сум и' и е на моја страна.
    Знам дека што и да ми се случи понатаму, имам грб од семејството, можеби затоа не се замарам 2% каква ми е свекрвата.

    Ехе, зборевме на темава, знаеш колку.
    Некои родители просто не можам да си поверувам какви се.
    Ама ако, мило за драго, ќе дојде ден.
    Па наследничката нека ги оправа, вие ништо со тоа немате.
     
    Последна измена од модератор: 4 декември 2020
    На Emotional123, Dust, Mami3 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Loli93

    Loli93 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Здраво нова сум на форумот. Ве следам некое време.. И сакам да ви ја раскажам мојата приказна на некого ке му служи како поука а на мене ке ми биде мило доколку прочитате до крај и ми дадете некаков совет . Ке раскажам накратко... Со маж ми сме 10 год заедно.. неизмерна љубов , подршка , се .. Останав бремена имав многу тешка бременост пропратена со крварење лежење по болници висок притиспк , шекер..преграда на матка итн.. Доживвивав секојдневни нервози од неговите родители .. кога почнавме да реновираме за бебето да спремаме соба се нешто не чинеше, зошто тој мајстор, зошто таа соба , маж ми кога и да се спротиставуваше настануваше хаос со караници и на крај секогаш попуштавме и двајцата .. затоа што ги сакаме своите родители какви и да се... доживував секакви муабети од атрана на свекрва ми .. не ти е ништо неможеш по цел ден да лежиш .. види ја оваа види ја онаа .. итн . Дојде време за породување.. многу тешко се породив .. родив златно дете .. и од тука почнува пеколот во кој пропаднав.. Два дена бев со болови, проблем со постелка, виспк притисок .. бев храбра мајка ... многууу храбра затоа што боловите и пораѓајот почна порано . Тоа утро кога ми пукна водењакот плачев од среќа .. се погледнав во огледало и реков ..ДЕНЕС КЕ ГО ВИДАМ МОЕТО БЕБЕ.. родов здраво и право момче. Моја душа ,моја гордост , мое се .. секој ден ми се јавуваше по 100 пати на ден и не ме ни праша свекрвата како сум се породила туку едно исто цица ли зошто не цоца ?зошто немаш уште млеко? Се мачев со денови не спиев во болницата додека лежевме да му давам да цица и да се измолзивам , тој некако почна по малку .. се измолзувац и со жив зор имав млеко на една града , детето гладно ми беше , од тпј цел стрес и тоа го изгубив кога дојдовме дома.. влагање во соба во 6 сабајле и го зема детето од креветче тој спиеше и и реков остави го детето спие.. и и кажав дека не сакам така да ми влага во соба ме плаши уште не спијам неможам да се прилагодам.. непријатно ми е .. и дека ја не влагам кај нив у спална штом станеме ке ти се јавиме извони не ми се лути .. на што ми одговори тој плачеше ти не го слушна.. жалење по дома како сум и одржала лекција.. пробување да го дојам таа нема млеко , таа нема млеко .. детето ми беше испуштенл со жолтица и за два дена мораше на фототерапија... цел пекол три дена .. неспиење молзење и сунчање во инлубатор по цел ден сама . Да сама.. во нашето здравство .. и тука започнува моето дно. Западнав во постпородилна депресија целосно несвесно.. гледав само тој да биде добар дневно спиев два часа.. пробував да го дојам да исфрлиме дохрана.. имаше премногу грчеви спиеше ден ноќ во раце .. маж ми работеше две работи.. по цел ден .. а јас сама никаква помош немав .. мајка ми чат пат ке дојдеше и ке бегаше од негативности.. а таа ке дојдеше од сабајке ке ја вокнев да го придржи да запалам огањ и тоа со зор доаѓаше .. нормално немаше да барам помош да не спиеше во раце и да не имаше толку грчеви.. кога и да побарав да го подржи пола сат зошто ми се врти од неспиење доагаше после 5 мин му се јаде цуцлата не ја пушта, дај му да цица , не го најадува твоето млеко .. го доев со нишање цело време негативности .. не си мајка како не ти е жалдаго мачиш направи ми млеко ке отидам до вц брзо млеко му даваат итн уште многуу... јас добив панични напади секогаш кога плачеше до снемуцање воздух.. почнав да не спијам од страв да не му се случи нешто ..почнав данеможам да зборувам да сум присутна само како фигура .. нормалнп дека ко чував најдпбро што знаев .. и тука започна пеколот кога детето се смири.. до тогаш не ни бев свесна од тоа само да му пројдат грчевите самп да почне да спие.. само да не плаче така.. и јас почнав секој дем да се окрибувам како сум лошљ мајка.. како не сум знаела да го чувам.. како ме управуваа сите.. како можев да не го дојам и покрај ц3л труд и се .. итн плљчев секој ден плачев . Никогаш не плачев пред него .. го галев , му пеев му читав а умирав во себе .. сакав да се убијам .. затоа што не знаев да му го дадам најдоброто. Маж ми нормално ми беше најголема подршка и мојата златна сестра .. не давав да се приметував криев затоа што мислев дека ке ме направат луда.. и тогаш решив да почнам со терапија.. и некако се борев секој ден .. самасо себе .. а него го чував сама и се борев .. сега сум мн мн подобро .. али минатото не ме остава на мира . Пијам терапија и сум далеко подобра од штп бев . Но не знам како да си простам самата на себеси ? Фала ви што го прочотавте текстот се надев ке извлечете и некоја поука да не угодувате да не се уништите самите .
     
    На BeLLaDona23, ALISA0000, ma4e1311 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    26.407
    Пол:
    Женски
    А што е толку страшно ако си му давала дохрана на бебе? Ни прва ни последна. Сите мајки сме поминувале низ постпородилна депресија дури сум помислила “еј зошто го родив бебево”?
    Значи се то си е до мозокот, целата таа болка претрпена во тек на породување. Не слушај што вика свекрва ти неа и е улога да ти го црни животот и те споредува со друга и трета. Бебе полека ке си расти а ти ке почнеш да се враќаш во нормала. Гледај само биди подалеку од такви негативни луге,
    нема мајка што не си го мисли најдоброто за своето бебе.
    Зато крени глава и не се мачи за тоа што поминало.
     
    На Sinolicka., SexiLy, Autumn_ и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Loli93

    Loli93 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Фала мила,
    Не е страшно што сум му давала дохрана , цел тој период ми беше стрес , инаку оваа трае година и 4 месеца .. подплго време се борам и не знам како да се изборам
     
  5. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Во исти спрат сте со свекрвата или различно?
     
  6. Loli93

    Loli93 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
  7. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Тоа е лошото. Делите вц кујна се?
    Да имате можност да си отидете најдобро
    Ова што го пиша пишувавме во тема бебе сите го поминавме сите имавме вакви мисли. Не си сама и единствена
    Само таа ненормалната тпа ти го напрајла потешко
    Мораш да заборавиш на се. Јас кога западнав во депресија и не знаев дали постапувам добро маж ми ми кажа: Ти си најдобрата мајка за твоето дете затоа што си негова мајка. Нема друга и не може друга тоа да го замени
    Тоа што тебе свекрвара ти дрндала мене па мајка ми ми дрмдаше. Немаш млеко дај му дпхрана, па доењево многу траело, па ќе се покака остави го не го пресоблакај ќе го расониш, па бебе не се будело - а бебето жолтица и спие 5 саати мене градите камен.
    И не и фаќам за кусур знаеш зошто? Се потруди со своето знаење нит е доктор нит па читала да си догради знаење.
    Едноставно после 3 дена ја "избркав" и си терав сама.
    Верувај има многу сами што се со децата по цели денови.
     
    На BeLLaDona23, IRBBB, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. pikabu5

    pikabu5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    И сама кажа дека сега си подобро значи си успеала да се избориш , немој да дозволиш повторно да се вратиш на истото ... свесно знаеш дека ти влијае околината околу тебе и дозволуваш ,МОРАШ тоа да си го смениш сама со себе и да кажеш крај на тоа измачување ..Зборувај со мм ако има можност да се иселите од таму или втор спрат да направите со различни скали .. да ќе ти биди мачно што си по цел ден сама со бебчето но сепак ќе бидиш благодарна за раатот што го имаш ...
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Жени ве читам и косата на главата ми се крева. Што е бре луѓе со овие свекрви, свекори и золви? Дали имаат грам мозок тие луѓе?
    Ќе го споделам и мојот проблем. Кој сака да пише ( некое решение ) нека пише, а кој мисли да ме осудува, нека ме заобиколи. Пред се сите сме жени и треба да се поддржуваме тука.
    Мојот проблем е следниот. Имам свекор, свекрва, золва со старински сваќања. Едноставно кажано прости се. Не живееме заедно. Далеку сме повеќе од 100 км. Но, тие се досадни секој ден се јавуваат. Што правите како правите? Глупости живи. Имам бебе од 6 месеци. Цело време сум со него, за да ги задоволам сите негови потреби. Моментално не работам, бидејќи кога дознав дека сум бремена веднаш напуштив. Мораше бидејќи условите на работа не беа за бремена жена. Инаку да потенцирам дека сум со високо образование, но кај нас тоа изгледа не е битно.
    Боже колку сум изнервирана се избуричкав погоре.
    Денес е голем празник. Од што неможам повеќе да издржам застанав пред иконата на Богородица и Исус со синко во раце и се прекрстив. Се помоливи реков Господе и Мајко Богородице или земи ми ја душата или на свекрвата. Една нека замине од овој свет. Која ќе биде нека биде вољата твоја.
    Неможам органски да ги поднесам луѓето. Ме навредија пред 2 години. Не зборувавме 4 месеци. После атер маж ми попуштив. Но, тој атер мене матер. Свекорот е тежок алкохоличар, свекрвата забегана, золвата безобразна. Мажена 6 години и нема деца. Наместо тоа да го решава, мајка и и рекла да му каже на маж и да му ја земе личната карта и возачка (нови) од полицијата од мм. Зарем тоа не е кривично дело? Кога се јави зет му на мм тој му се тутна. Кој ти рече да ги земаш!? И после и се јави и на мајка му ( свекрва ми). И на нејзе и се дереше. Бадијала. Нон стоп и кажува да не се мешаат во ништо. Возрасни сме. Имаме по 37 години. Не вреди. Значи поддршка имам од мм. Но, веќе живците ми се тенки. Јас никогаш не им се јавувам, по кавгата од пред две години. Едноставно не ги рецкам. Но, ете ги ќе дојдат, ќе се тупосаат. Исто и ќерка им. Не барам од нив ништо. Но, тие ќе дадат месо од прасе, некоја пиперка, патлижан и мислат дека имаат право да се мешаат.
    Одвај чекам да дојде Јуни. Синко да оди во градинка, а јас на работа. Ќе ми биде полесно.
    Ве молам жени за некој совет и без осудување. Како да се ослободам од тие луѓе?
     
    На Anyshka, Sinolicka., BeLLaDona23 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    17.698
    Пол:
    Женски
    Ако имаш поддршка од маж ти, а пиша дека имаш, многу е лесно. Кога ќе ти ѕвонат, не се јавувај. Кога ќе ти дојдат пред врата ненајавени, не отварај врата, остави ја заклучена.
     
    На mal.ecka и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  11. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам како дозволувате да ве нервираат?
    Како воопшто имате време да се замарате и полните со негатива.
    За се има решение, толку е едноставно.
     
    На PinkGirl*, thelittle17, poppie и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Не се јавувам. Кажувам дека сум зафатена со бебето. Ама мм кога ќе дојде од работа, тогаш се јавуваат и филозофираат. И тој се нервира. Но, негови се што да им прави? А, за отворање врата си имаат и тие клуч. Ја правеле куќата. Јас не им барав куќа. Кога дојдов за мм веќе беше направена. Сега му викам да одиме под кирија и нека стои така куќата додека се живи. Но, моментално не можеме финансиски.

    Пи
    Ајде те молам пиши некоја паметна реченица.
     
    Последна измена од модератор: 4 декември 2020
  13. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Сама си го пиша решението ама не сте спремни финансиски...мирот нема цена.
     
    На ALISA0000, *Amethyst*, S.W.A.G и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    17.698
    Пол:
    Женски
    Чим е нивна куќата, тогаш е потешко. Дури и за маж ти е тешко да се справи со нив, пошто секогаш можат да ви речат пакувајте куферите.

    Во тој случај ќе мора да се навикнете во едно уво да влегува, во друго да излегува. Издржете и пробувајте во меѓувреме да најдете начин како да се отселите.
     
    На Skorpija25, *Amethyst* и Bebac им се допаѓа ова.
  15. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Куќата е на маж ми во документите. Но, со тие луѓе ѓавол не може да се справи, а не ние.
     
    Последна измена: 4 декември 2020
  16. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Женски
    Зошто дозволувате зборовите на некоја небитна личност да влијаат кај вас? Да си ги упропастам најубавите денови, запознавањето со моето дете заради тоа што свекрвата мислела дека сум лоша мајка? Нема теоретски шанси.
    Ако толку влијаат на тебе нејзините зборови а не треба да влијаат, кажи му на маж ти да најдете нешто под кирија барем. Ќе ги изгубиш најубавите денови со твоето дете. Радувај му се нему. Не туку ја слушај свекрвата.

    А маж ти што вели? Ако веќе куќата е на негово име, сменете ја бравата на надворешната врата и решен проблем. Не отвараш врата и готово. Не креваш телефон исто.
     
    Последна измена од модератор: 4 декември 2020
    На Bella*, mssuniquee, Skorpija25 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    И тој се нервира. Татко му е алкохоличар. Се плаши сега ради синко, да не се направи инцидент. Бебе да не се трауматизира. Тоа ти се не пресметливи личности.
    Замисли да дојдат да е сменета бравата. А, јас со бебе поголемиот дел од денот сум сама.
    Не за џабе рекле, од пијаниот и будалиот бега.
     
    На Skorpija25 и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  18. Loli93

    Loli93 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Јас затоа и западнав во депрресија.. затоа што неможев да си простом што најубавите денови ми поминаа во плачење.. свесна сум за се.. фала ви девојки.. имаме и план да се иселиме здравје..
     
    На S.W.A.G и Bebac им се допаѓа ова.
  19. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Господ да ви помогне.
     
    На Skorpija25, mal.ecka и Loli93 им се допаѓа ова.
  20. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ако веќе решиле да ја остават куќата на маж ти, не ве остават на мир. Па колку луѓе има што купиле стан/куќа на своите деца, ама тоа не им дава право да киснат кај вас.. Во право си за тоа. Не знаеш што ќе направи пијан човек.. Ви посакувам среќа и побрзо да си го решите проблемот :hug:

    @Loli93 биди храбра како што си била додека си го носела и раѓала бебчето. Штом ја имаш поддршката од маж ти, сигурно ќе се среди работата. Знаеш дека најдобро решение е да се иселите.. Со среќа и без нервози, чувај си го бебчето:hug:
     
    На Anyshka, Loli93, poppie и 1 друга личност им се допаѓа ова.