Тогаш куќата е на маж ти т.е. ваша. Ако не мора да идат редовно за нешто на пример, тогаш зошто не ја смените бравата. Може да кажете дека имало некој проблем и сте морале. Маж ти нека им каже дека ќе им дадете клуч кога ќе има потреба. Ако тој ова или сл. одбие, значи дека не може да се справи со нив и секој совет што би ти го дале е залуден. Маж ти треба да пресече. Ти не можеш ништо да направиш, освен да игнорираш, што мислам дека не ти успева.
Многу паметно ,и според мене така треба освен за официјални церемонии нема што да се дружат. Да да така зборуваше а сега да е поголема иронијата сестра ми има дечко што карактерно мене лично не ми се допаѓа (може и не треба ). Типот ја подудрил несакајќи , бидејќи гледал фудбал замисли а таа била наместена некако да му давала дел од ТВ. Беа скарани некое време и истата ми моја мајка го викнала дома за да се смират. Та нели да отвораме очи,се карале се тепале нема назад. А поддржува "тепач" . Ама 23 години има сестра ми де ќе остане стара мома Не можам да разберам. Јас имам ќерка ,очи би извадила на било кој начин да ја повредат. @Loli93 те разбирам потполно ,на раб на истото бев/сум. Ама мене па и нервата ми работи ,кога и да ми речеше немам млеко стискав града до кај неа да летне. Секоја мајка и секое бебе си се индивидуални нема види ја онаа види ја оваа ,никогаш да не паѓаш на тие споредби. Ти си сторила се што си можела. Тоа не спиење и скокање сред ноќ за да ја проверам уште ме држи еве три месеци ,секоја ноќ и мислам цел живот ќе ми трае
И пак се се сведува на тоа дека не е до свекор/свекрва туку дека е до мажот. Во твојот случај маж ти треба да реагира малце. @Loli93 жал ми е шо си се осекала така, но запомни твое дете твое тело. Дали сакаш да го доиш или не сосема твој избор, и на никој друг. Таа константна грижа што ја имаш кон бебето ја имаме сите и не не поминува без разлика колкаво е, цел живот ке ја има. Прошетај сама избистри глава, гледај серии прави нешто само за себе макар еден саат во денот.
Чим е препишана куќата тогаш кој ги тркала. Убаво ви пишаа членките. Сменете брава и решен проблем. Ако дојдат на сменета брава и заклучено и упорно замараат, тогаш викни им полиција. Разговарај со маж ти за тоа. Чим и нему му сметаат, тогаш заедно ќе реагирате така.
Така е мила , зборам за периодот што го поминав, иначи кога пројде се тоа воопшто не ми беше потребна помош.. јас и сега работам од дома и го чувам сама .. и не се жалам .. сакам да ви кажам дека кога највеќе ми требаше помош не ја добив .. таа сега пробува секакп да ми се доближи и да ми се извини за се .. али јас не можам така лесно да простом затоа што оваа е дел само.. има милион ситуации каде бев навредена и повредена ..
Фала мила, свесни сме дека тука живот нема , и тој е свесен .. пред тоа бев мноогу храбра и позитивна личност додека сека ни пола несум од ѕоа шѕо бев.. нормално дека сум среќна за бебето ако даде господ уште три сакам такви .. но периодот во кој бев верувајте многу беше тежок..
Не сфаќам што не можеш да си простиш?! Ти си му мајка,ти знаеш најдобро за свое дете. Мајка природа дава на некому млеко,на некого не. Таа будалата не го разбирала тоа и ти правела намерно полошо да може да се фали по комшиите за снаата. Немала млеко - Боже симни се собери си ги вересиите. Јас ќе ти кажам ти немаш што да си простиш, ти си направила се што можеш за свое дете. Тоа да го запомниш.
Куќата не е препишана, туку кога почнале да ја прават веднаш имотниот лист и се останато било на име од мм.
Ама ништо нема да постигнеш ако се враќаш наназад, било поминало тоа е потруди се сега да уживаш. Сите ние имаме моменти кои сакаме да ги смениме ама времето не се враќа назад. Уживај во сегашноста за еден ден да не се каеш и за овие денови.
Нема што на себе си да се лутиш ,самата нова улога не прави несигурни и лесно може да се увериме дека "советите " и мислењата се точни. Ама што побрзо се освестиш тоа помалку "изгубено" време ќе имаш.
Чим е на маж ти куќата уште полесно, допговорете се со него сменете брава и ако почнат да мрчат ќе им каже па моја куќа е што сакам ќе си правам. Ништо не ви можат тогаш, кога ви одговара нека дојдат кога не кажете не сте дома, а кога се таму истрпи некој саат од едно уво влага од друго излага многу е полесно кога сте сами кога не ви се во близина.
Боже боже .. мм не ми води толку сметка од господава дома бев излезена вчера во град и си идам намуцураени зошто толку време тие не ми кажуваат во лице но ги сеќавам по односот .. ми рекоа да земам нешто но почна да врне и реков ќе земам од кога ќе преврни ,е не врнело и кога сум излегла одма лутки чуда и реков мене така ми одговараше затоа е зошто така не е по нивното ..а тие навикнати на свекре тој да команда за све и свашта ...
Тогаш зашто брава не си сменила зашто воопшто клуч имаат? И станов кај ќто сум ми е од свекрва ама еднаш се деси на врата да дојдат ненајавени и јас отворив по прслук и им реков да почекаат дека не сум планирала гости. Еве 3г поминаа од тогаш не се осудија да дојдат веќе
Што да си простиш? Тоа што си му пружила на детето најдобра можна нега? Ти драга живееш во токсична средина, а маж ти ако е слеп тогаш објасни му го тоа да прогледа. Твоето дете ќе биде СУПЕР, ќе си расте и ќе се развива. Тоа што е на дохрана не е ама ич ич битно. Еден куп деца се, па? Здрави и прави. Мило ми е што си побарала помош и што ти е подобро и искрено се надевам дека ќе биде се на подобро само треба да се тргнете од таа токсична жена. Да не те враќа "назад".