Па да ти кажам заслужуваш медал за трпение и издржливост. Јас не би поднела некој на цела мака да ми лечи комлекси. П.с се надевам дека имате шанса наскоро да се одделите, за твое здравје
Јас родив прематурче, на 2 недели ми дехидрира, не знаев дали ќе преживее или не, па не си дозволив да паднам. Не цица, не цица, големо чудо. Молзев 11м,направив се за да добие мајчино, а ако не идеше и така ништо страшно, ќе купував ад. Еве го дечко од 4г и 8м. Првиот ден имав мала криза, го гушнав, отспавме саат време и ко нови се разбудивме. Свекрва ми замина после недела дена на викенд за Велигден, мајка ми си отиде, јас сама сум го чувала па ете успеав. Било, поминало, немојте да си ставате на срце нешто што не е ваша вина. Неисполнета желба ми е да дојам, многу сакав, ги памтам сите тие 2ипол пати колку што фати синко, најголема среќа ми се, ама не дозволувајте да ве уништи нешто за што не сте виновни. Мојата свекрва живее преку пат, на 40м, иде еднаш во неделата да го види синко, некогаш ниеднаш, па никому ништо. Сама сум спремала родендени, имендени, празници, се сама, сама чувам, сама растам и знам дека само јас сум одговорна на крај. Сопругот последнава година е повеќе посветен, пред тоа бев исклучително сама. Научете се да правите се како да не ве погодува тоа што го го прават и зборат и тоа е тоа. Јас стварно не можам да се пожалам од мојата свекрва, нит се меша, нит ми прави проблеми, ако ја замолам чува дете и тоа е сосема доволно!
@Emotional123 и селење не е опција ,многу му е блиску до работа на мм и единец е а таа не била вечна - негови зборови + немала лоша душа само сакала да помогне . @AngelOfArh камо и кај мене да беше така ,јас не сакам ни да ми "помага" ( ова нејзиното одмагање е ) ни да ми се меша. Таа не помага туку сѐ што правам не и чини. На врата ми има застанато за да не излезам со бебето-мала била ,сум сакала да и се деси нешто ,секој ден тоа му го зборуваше. САКАШ ДА И СЕ ДЕСИ НЕШТО. Кажете еве се вели тоа на било која мајка ? А посебно на мајка чие бебе било на интензивна од било која причина ? Не сакам во ништо да ми помага ете и се ослободи соба само за неа (сама ја бараше велејќи дека нема да се меша да си живееме раат ) нека си седи таму и нека не остави раат се ќе си правам сама. Ама не не може да нема контрола таа што ќе се јаде денес ,дали е отворен прозорот ( првата недела кога дојде бебето влегуваше како фурија во соба да отвара прозор. И ден денес знае истото да го прави. Уште не станата насабајле ручек става. Кога и да одиме негде одма кај бевте прашува. Пишувано ми е тука пробав и со карање и со мирно ,ниедно нема резултат. Сета што ? Да ја натепам ,да си одам ...не бива. Мм не ми греши ништо. И тој пробува секако ама со неа нема разбирачка. Тој од како ќе и рече таа се кара со мене зашто и рекол што имало него да го мешам да сум и лажела неа. А џабе и зборам неа кога пак тера по нејзино,и откако тој ќе и рече исто.
Земи сопни ја по скали сама да тепа...Бре јас не знам што им е на овие свекрвишта до толку неразбрани како сите под еден калап да се правени...И мојава е слична, ама јас на игнор и почнав да враќам. Кога ќе ве праша друг пат кај бевте кажи и на е*авање дома не можеме од тебе на раат...А кога ќе ти каже за детето ти сакаш нешто да и се деси, кажи и јас само на тебе сакам нешто да ти се деси ама не да викаш туку доволно само она да те слушне ако почне да вика прај ја луда како што ти е зошто викаш кој ти кажал такво нешто...
Абе зошто вакви совети.. ќе се деси нешто стварно на душа ќе ја носи. Ако нема поддршка од маж и се е џабе, ништо нема да се смени само со омраза и горчина ќе се исполни, а сето тоа и на детето ќе се одрази.
Ова ти е главниот проблем, не свекрвата. Јас на сите овие работи ќе му речев или се селиме или заминувам. Па нека седи со мајка му. Ама не превземате чекори, кажи ми што мислиш дека ќе ти кажеме ние на форум, нешто што тебе не ти текнало? А тоа дека работата му била блиску, извини ама ми е смешно, во македонија градовите се мали, во било кој дел да живееш ќе стигнеш на работа, кој е тој што живее во заедница само затоа што работата му била блиску. Ако е маж ти единец не значи дека цел живот треба со мајка му да живее, ко да е таа мало дете па треба некој да ја чува, ама ти си таа што си се согласила на таков живот, затоа ти сега пак превземи контрола над својот живот. Или ќе се пресели со мене или заминувам сама. Ама ако не сакаш, тогаш останува истово да го доживуваш секој ден. Ти одлучуваш. Наместо да го оправдуваш маж ти, работата му била блиску, единец бил, отвори ги очите и види дека уште нема скинато конци со мајка му. Епа кога си во брак со таков човек, никогаш нема да победиш со свекрвата
Немам скали Ме изнасмеа почнав да враќам сега некои 70 % од работите се средија . за тоа да се Деси и се развикав еднаш ама салам сите комшии слушнаа мислам. @Mantub кога побарав совети за работиве добив и ги применувам ,сепак таа не е толку вредна за да си растурам брак. Сега само сакав да кажам зошто и како сум дозволила да ми масира гради,и се останато некако се надоврза
Мила, не се растура брак за свекрва. Се растура брак доколку мажот не те почитува. Јас како напишав во првиот пост, проблем е мажот, не свекрвата. А ако маж гледа како се нервираш и не превзема ништо, значи не те почитува. Сепак ти си знаеш до колку можеш/сакаш да трпиш. А да знаеш нешто, маж не може да не може да се справи со мајка му. Ако и вели, а таа продолжува, значи не и вели како што треба. Кога сите жени би се почитувале себе си 100% и истото би го очекувале и од сопругот, верувај свекрвите ништо не би можеле да направат. Проблемот е што така се воспитуваат жените, да ќутат и трпат и работи што никогаш не смеат да се случат, се пикаат под тепих. Замисли си ти, татко ти да е кај вас дома и маж ти да сака со детето да излезе и татко ти да му застане на врата и да не може да излезе и да му рече Сакаш да му се деси нешто на детето? Јас гарантирам, дека маж ти ќе се изнервира многу многу повеќе одколку што се нервираш ти сега, и ќе очекува никогаш тоа да не се повтори, а кај тебе може и утре и заутре истото да се случи и пак и пак и никому ништо
Хаха абе мојава и твојава ти викам јас сестри. Идеше ко беше мало, летото спуштени ролетни отворени прозори, врати малку бар да дува, оваа ми ги трескаше, идеше да проверува да не го држам на промаја и демек добронамерно, добронамерно, па после почна нападно, демек ќе го разболиш детето, ќе пати цел живот од таа промаја што ја правиш, мене преку глава ми дојде ја измарширав со муабет дека само во македониивчево има промаја и од неа патиме на старост. За "прашковите" да не правам муабет. Бебе НИЕДНАШ не се најаде од моето млеко зошто едноставно немав, некоја капка и толку. А тоа лакомо, да е живо и здраво си бараше. Жената буквално плачеше зошто не сум го доела, она сакала да го дојам детето, а она капка млеко немала за нејзините. Комплекси. Место она да ми беше најголема поддршка, зошто знае како е за една мајка да нема млеко за детето, она ме обвинуваше дека не сум била упорна. Едната брадавица ми беше вовлечена, па ми ја носеше стрината на мм да ми вади ци*ка БУКВАЛНО, да сум видела колку неа и биле вовлечени и двете, па имала еден куп млеко. Демек до тоа е. Болести секакви. Само знам каква свекрва нема да бидам.
Нема свекор. Само на свекрва. Досадна. Напорна. Два автобуси да смени во правец за да ти иде секој ден на врата. Јас кога ми кажа се тркалав по земја од смеење. Па и уште одговорот.... ладнокрвна, демек ништо ново за неа.
Те читам и ти се дивам на психата како си издржала искрено...едноставно некои луѓе не си ги знаат границите особено оние што прават глупости и се мешаат во бракови ама сепак снаите ги сакаат како нивни ќерки алооо бре не можеш да ме сакаш како свое дете освен сопствена мајка, нема никогаш да сватат ретки се тие свекрви што не се мешаат и викаат ако ти треба помош кажи ми за да не ви досаѓам јас...Да ти кажам искрено мојана не се мешаше зошто знаеше дека од кога ќе се породам ќе биде интересно али додека бев трудна од памет не вадеше сама си го качуваше притисокот 200 со 180 знаеше дека бременоста и не ми беше најсјајна и и кажував дека не треба така се со убаво али џабе се додека еден ден не и беше лошо и не станав да ја прашам како е па мм стана и ми вика што да и дадам? Само му реков јави се во брза помош ако дојдат нека ја оправаат или носи си ја во болница јас неам намера до нејзини глупости да се замарам и стресови на бебето да му правам и од тогаш се подопраи ама затоа кога имаш золва тоа ти е како две свекрви по дома да имаш не знаеш што е полошо свекрва или золва мислам дека некогаш треба да ги одјебуваш како да не постојат хотел промаја да биде по дома и можеби ќе се откажат и оправат во главите
@Nevenche26 јас никогаш нема да разберам како една жена на жена може такви работи да збори/прави. Сите тие родиле и знаат како е тука се собрани емоции куп ,нова улога нормално не знаеш се ,ама чекај бе мајко му стара ,ќе прашам ако мислам не знам па ќе кажеш ,како можат само да обвинуваат ,да напнуваат со глупости. Наместо поддршка да се. Женско имам ,може нема да бидам свекрва не знам ,ама кога би била сигурно нема да сум ваква. А нема да бидам ни мајка како мајка ми. @Brpbrp фала -да нејзин одговор за се е дека ме сакала како ќерка ,и ме гледала затоа што се грижела. Золва имам и не можам да се пожалам ,си ја знае мајка и па и брат и ,дури знаела и да и списка на мајка и за да престане да се меша. Како пријателка си ја гледам. Сепак се кај секој е индивидуално.
Штом си ја знае каква е значи треба да си свати дека до нејзе е проблемот плус некој истово да и го прави на ќерка и како ќе и биде не размислуваат некогаш
Mila za deteto spremi se pakuvaj se I izlezi jas taka pravam I mojata svekrva zbori sega ke nastinelo deteto ladno bilo ama koj ja shisha neka zbori jas ednas I rekov babini soveti ne sakam ama dzabe
Фалаа на подршка.. Можеби и јас ке бев како тебе да не живееме во иста куќа.. верувај ми дека сама го израснав и тоа е моја должност .. не се жалам на тоа воопшто затоа шѕо знам дека ке ни фалат овие денови колку о да се тешки. Истата си ја имам дома.. потполно и бетер.. кај ке одиш.. зошто .. што купи.. од кај пари.. во 9 ми влага во соба во 10 пет пати ми ѕвони на телефон мислиш гори некаде. Вчера баш малиот ми заспа доцна и јас бев преморена работам ноќе на интернет (не знаат) затоа што несакам да мо вршат контола колку зимам што правам итн.. и страв ми е да им кажам кога и да им кажам како малер ми се .. станувам во 11 пропуштени повици викам ало што е работа . Па до сега ли се спие два пати доаѓам вие спиете.. и што да правиш не рљзбрана е . Маж ми има кажано милион пати да не влегува така и џабее...
Хахаха бабата на мм исто плачела дека не дојам и и се кренал притисок доаѓала итна помош инекции да и стаат. Викам бабо на крај ќе те кажеа од корона си отишла и џабе муката. И одма се вцрви во фаца Абе старци...
Затоа и ти пишав некни , знам како ти е. Ти и подолго си трпела ,јас побрзо збеснувам . Сега на се враќам така сакам и толку. Пак ме нервира ама подруго е