Овие прашања би ме ваделе од кожа и ме ваделе во минатото на периоди, но не од свекрва туку од мајка. Јас сум подив тип на човек и ова ми делува како контрола на возрасен човек. Јас и вракав напрасито на сопствената мајка, се додека не ја изгуби навиката да прашува, дури сега и ми вели" знам дека не сакаш прашања и не прашувам" ( мала емотивна манипулација нели, тогаш ме фаќа на емоција, ми станува нелагодно и некогаш и кажувам, а некогаш и велам : " добро си ме научила каква сум". Заќуткај ја со збор оти е длабоко вкорнета навика од мое искуство. Злобни коментари од каде пари немав ама омразеното " каде, зошто и кога ќе се вратиш " ме правеа ко 15 годишна да си се замислувам. Затоа, строго и реално, и ќе престане, кога тогаш освен ако не "си го бара со боринче". Свекрва ми ништо вакво не изустила освен кога ни помагаше со бебе па сакаше да знае кога ке се вратиме од излегување да темпираме за да дојам. Пари-шари, не И за спиење исто. До кога сакам ќе спијам.ама под нивен кров не можеш да си господар на сопствено време ваљда. Стално си дете.
Јас разговарав со маж ми и му кажав дека нема да трпам повеќе никого и ако треба ќе се разведеме и нека си живее со мајка му и татко му и гледам последниве денови е сменет. Ни посветува внимание, поминува време со нас, не оди нон стоп по мајка му по татко му и зборувавме за куќа. Ќе аплицираме за кредит и почнуваме. Вчера дури и татко му спомна као демек требало да почне маж ми да мисли на куќа (фала Богу). Така да штом има одобрение од него сега е послободен Му објаснив убаво дека не сум мажена со мајка му и татко му туку со него и дека не планирам секој ден да слушам муабети како требало нешто да сработам или мешање во воспитувањето на детето, а о цел ден е овде како на автобуска станица ,еден влези друг излези, едноставно немам приватност ни мир. Аа и ова морам да ви го кажам. Јатрва ми не зборувала со свекрва ми. И се налутила, и рекла дека е лута зошто свекрва ми била на моја страна, ме бранела мене... и 300 други глупости па сега свеки му се жалела на маж ми дека не и зборувала. Karma is a bitch!
Свеки денес прва смена, станала за на работа во 4 почнува значи и видела кола од маж ми во улицата кај што се паркира нема. Чекала жена до 7 па одма на телефон кај маж ми. Абе вие кај сте да не сте на болница не ти ја гледам колата. Не и рекол се паркирав во друга улица. Ете ја доаѓа после работа и ми викат, а тука си, тука сум викам зошто. Вака и вака. Абе не сме бегалци и викам ќе ти кажеме ко ќе ме фатат болки не секирај се. А тиии горе ти е сеуште стомакот нема да се породиш сега, ме чека мене бебче да земам одмор. Она има одмор од 20ти две недели. Да да си мислам те чека тебе. Ова не е проблем, само смешно ми беше сакав да споделам.
Јас не дека имам проблем, ама па ние сме во друга крајност, на маж ми родителите се скроз незаинтересирани за нас. Отсекогаш се држеле на страна и сега кога сум бремена ништо се нема сменето. Во 6 месеци како сум бремена три пати ми се има јавено свекрва ми, во стил да ме праша како сум ама се приметува дека е ради реда, и еднаш не има викнато на ручек, а живееме во ист град на 10 мин.одење. Сега кога бевме на тој ручекот, маж ми цел радосен раскажува дека гледавме работи за бебето, таа си излезе од собата демек бара нешто а свекор ми ништо не рече и ја смени темата, некако ептен ми падна жал за маж ми. Не е дека не не сакаат, или некогаш имале проблем со мене, добри луѓе се и отсекогаш сум се трудела да имаме близок однос ама не гледам фидбек и почнувам да се разочарувам. Не знам како може да се толку индиферентни, не знаат за ништо да се израдуваат. На почетокот од бременоста имав мачнини а одев и на работа, и ми беше потешко да функционирам, тука мајка ми и маж ми многу ми помагаа. И генерално моите за се ни се наоѓаат кога имаме потреба, а на нив мислам дека тоа ептен им одговара и не сакаат ни да прашат дали ни треба нешто. Да напоменам дека сме целосно финансиски независни со маж ми и сами живееме, од нив никогаш не сме имале некоја финансиска помош ама не ни требало фала му на бога. Ме боли овој ладен однос од нивна страна. И спомнав скоро дека многу сакам од тие едни месени банички што ги прави и ме изигнорира, не сакаше на бремена снаа да и удоволи, еднаш во 6 месеци и се прејадило нешто, мислам дека баш се понижив. Се радуваат ли за внучето, кое знам дека го чекаа а сега како да не се случува ништо, не можам да ги сфатам. Каков однос да имам во иднина јас со овие луѓе?
Па супер, колку помалку мешање толку подобро за вас Не ви се потребни сами си сте еден на друг спремни и без ними баш подобро
Не измислувајте проблеми таму кај што ги нема. Ако ти се јадат месени банички, купи си или меси си сама. Е што ако си бремена. Во животов со свекрва ми ниту и се јавувам ниту ми се јавува. Си има син, со него се слуша, јас си имам мајка, со неа се слушам. Може сакаат луѓето таков однос, настрана да се држат, така им одговара, мирно им е. И тоа треба да го почитуваш, зошто да те боли? Знаеш како ќе те болеше ако те навредуваше ко сите овие што имаат пишувано во темава? И да не се радуваат за внучето, нивни проблем. Детето е на мајката и таткото, никој друг нема права и обврски околу детето. Како што на другите членки им викаме дека не треба да ги трпат свекрвите затоа што не се мажиле и за нив во пакет туку само за сопругот, така и тебе ти велам дека нема свекрвата обврска да гради близок однос со тебе затоа што ти си мажена само за твојот сопруг и толку. Со него си мажена, со него имаш дете, со него ќе решаваш финансиски проблеми, проблеми со мачнини во бременост и слично. На сите други можеш да ги замолиш за помош, ако ти помогнат - супер, ако не - никому ништо, нема зошто да се осеќаш понижена.
Абе реално секој без секого може, ама дали треба вака, блиска фамилија, во ист град сме сите а странци. Знам дека никој не сака да му се мешаат, не сакам ни јас ама па ова е друга крајност, и не е убаво. Знам дека не можам да ги сменам, сакав само да си ја кажам мојата ситуација кога ве читам скоро сите се нервирате од што се мешаат ама верувај и вака па не е баш ок.
Абе верви ко ке ти се мешаат повеке ке се нервираш Мене повеке ми изгледаат како културни луге што не сакаат да ви мешаат планови ,, вие што си правите за вас тие за ними.
Те разбирам скроз и јас така мислам, ама ете ми станува непријатно некогаш. Ај па ако не да живееме како странци, ќе се игнорираме и сркој сам за себе нека си биде. Не сум за претерана близина ама и ова не е во ред.
Охоо да ми е мене вака ја ќе славам Батали ги бе не се замарај да знам жал ти е за маж ти ама он нели ги знае дека се вакви. Не може преку ноќ да се смениле. Терај си и чим не ти се меша биди среќна. Секој се радува за внуче ама ете некои се такви без чувства
Во ред е. Зошто би го менувале свекорот и свекрвата нивниот начин на живот според твоја замисла? И јас да бев свекрва немаше да сакам многу да се дружам со син ми и снаата, ручеци, кафиња. Ќе сакав да си ги поминувам деновите така како што јас сакам, а тие се одделени од мене и нека прават што сакаат бидејќи јас сум го поминала моето со грижи и трчање околу деца, па не би сакала веќе ништо да очекуваат од мене, сега сакам да си поуживам малку. Ти си семејство со твојот сопруг и идното дете. Толку. Ако немаш очекувања од никого, нема да се разочаруваш. Само сопругот ти должи, бидејќи тој ти ветил дека ќе е тука за лошо и добро. А другите ќе си го живеат животот според нивни тек, вклучувајќи и обични јавувања на телефон. Ако нејќе, нејќе. И јас нејќам. Па и со мајка ми нејќам пречесто, замарање ми е.. И тоа очекувам секој, ама баш секој да го почитува. Желби не испочнувам на никого.
Ниедна работа не е добра во екстремност. Ама што се однесува до екстремни свекрви, ова твоево е од две зла помалото. Ич да не се замараш.
Не е баш ок, одлично е ! верувај многу од нас би сакале на сме на твое место. Изгледа твоите свекор и свекрва сметаат дека нивните "големи" обврски во животот завршиле и сакаат да уживаат и нејќат да ви се мешаат. Јас да бев на твое место пресреќна ќе бев, зошто сум саможивник, а и маж ми не е поразличен од мене и буквално си го сакаме и цениме мирот, кога ќе се роди бебе верувај вака ќе ти е супер.
@mila89 прашај си ја мајка ти за банички ако ти се јаде, свекрва не ти е должна да ти меси и мајката исто не ти е должна, ама повеќе ќе те сожали него сверква. Никогаш ништо за јадење не барајте од свекрва, зш ете ко во твојот случај ќе те изигнорира.
Биди среќна ако остане така кога ќе се роди бебето, да не и текне тогаш да почне да се плетка, па да можеш да направиш разлика како е да не ти се меша и како е да ти виси над глава и да ти кажува што требa и што не треба.. Па тогаш ќе пишеш арна си беше кога не се јавуваше и не доаѓаше. Според мене твојата е пример за свекрва како треба да се однесува.
Еии за ова со месењево ме потсети на мојава јас бремена 5ти месец во иста куќа живеевме абе еднаш да не и текнеше нешто да направи само она бикаше еии кифлички ми се јадат еии пица ми се јаде пред да останам јас правев бидејќи она немаше време нели од 57 години во пензија а сега 65 има... али нема везе тоа не ни чисти по дома ќерка и све прави да шета ни тоа не прави цел ден пред ТВ со кучето до неа дреме. Сега кога си отидовме ете ја зелник правела и му реков на мм што бе чекаше да си отидеме за да меси немаше место ли што беше работата и вика кој ја знае и како што донесе така после два дена во канта заврши не јадевме ни јас ни он...Кога не се мешаат остај ги не ни мораат сега се удираат во гради мене никој не ми треба али подоцна ќе ве бараат гревота за маж ти зошто му се родители и очекува исто да се радуваат како твоите за вас али ете си има некои такви што си се али не си го ставај тоа на срце зошто ако се интересира многу од кога ќе се породиш ќе ти кисне за бањање,цицање ќе не можеш од дома да ја избркаш на глава ќе ти виси
А што треба да прави жената? Си го гледа животот сопствен, вие гледајте си го вашиот. Мене ова ми изгледа како сосем нормален однос. Ако си бремена, не си болна. Има еден куп пекари и продавници ќе си купиш што ти се јаде. Нормално дека им одговара да не ги барате за секоја глупост, сигурно имаат преку 60, цел живот работеле, гледале деца, се расправале со шефови, сметки, има пари, нема, па болести, проблеми и сеа и вам треба да ви одат по газот? Ако е нешто итно или стварно ви треба помош од нив сигурно нема да ве одбијат, ама едноставно не ги интересира секоја ситница од вашиот живот што е скроз за пофалба. Знам дека сме научени да ни ѕвонат 300 пати на ден, да се жртвуваат за нас за секоја ситница (мене ми се јадело нешто и мајка ми сеа фрла се и го прави тоа), да ни одат по газот, да препрашуваат по 200 пати иста работа, да ни чуваат деца за ние да се шетаме и слично, ама ако размислиш тоа е многу полошо од ова. И тие се луѓе со свој живот.
Повеќе и пречи тоа што кога почнал мажот да збори за тоа како гледале работи за детето свекрва и искочила а свекор и сменил тема ако ништо друго барем можеле да кажат ако убаво и смени тема. Сите се радуваат на мало бебе ако ништо друго ќе прашаш дали е се во ред,а не тотално незаинтересиран да бидеш. Како би било и ти со возбуда да и кажуваш на мајка ти што си видела како си видела за бебето а она само да си искочи од соба и да не каже ниишто повеќе е за тој однос одколку за месењето
Реално ни една крајност не е убава. Како што разбрав на членката по криво и е што се однесуваат така спрема маж и ѝ во однос на бременоста. Сепак кога веќе мора да е крајност подобро оваа отколку мешање во се и сешто. @mila89 или се такви луѓе или можеби им смета што сте се одвоиле. Како со нив ...па веројатно како и тие со вас. Гледајте се не пречесто ,јавувај се и ти по некогаш исто не пречесто и така... Или мт нека разговара да види што е проблемот.