Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Еее а преполни се темиве со муабети „дошла снаата и сака све диво да истера“...а зарем вакво однесување на свекрвите (и золвите) не укажува на тоа дека и тие сакаат суптилно да ги избркаат...манипулираат со стравот на овие дека се новодојдени. Не им се плашете бре, дома сте си.
     
    На Anyshka и 17mart им се допаѓа ова.
  2. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Да ама не е лесно да опстанеш кога мажот не те подржува... :|
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Друго ми беше муабетот. Дека сепак не се толку прости жени. Туку се политичарки и многу убаво знаат што прават и спрема кого како се однесуваат. :^)
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш веќе мила, ни бракот нема смисла. Како би опстанал брак во кој едниот не е секогаш поддршка за другиот, во добро и во зло...
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Не се „политичари“, туку чиста природа - која мајка сака туѓо дете повеќе од своето?
    Другото може да го почитува (е тука е моментот на сака/не сака од Х причини), ама нормално е исто да не го сака, нема ништо чудно тука. Чудното е ако снаата тоа го очекува, како што напоменаа погоре.

    Еве еден банален пример - мојата свекрва е топ жена во секоја смисла. Да, не живееме заедно, и тоа ни е еден огромен плус, ама и генерално е многу супер.
    Еден ден кај нив на ручек, па после тоа во соба да се одмориме, и таа тука, си игра со малата. На интернет читам дека воздухот бил презагаден во Ск, па му велам на мм „Ете зошто не` боли главата денес“. И таа инстиктивно му се врти и му вели „ШТО, те боли главата???“ Ме сфаќате нели? :)

    Не и` земам за зло, ова е ептен природен рефлексен потег.
     
    На Anyshka, 17mart и tessie им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Во твојов случај, да, станува збор за жена која едноставно си го сака синот, и' работи мајчиниот инстинкт што е многу природно. Затоа и тебе не те смара многу да не му ствара на него непотребни нервози.

    Овие злобиве за кои збориме погоре се себични суштества кои, според мене, ни сопствените деца не си ги сакаат (како што една психички здрава мајка може да сака син) и дефинитивно не ги почитуваат како возрасни, изградени личности.
     
  7. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Едноставно кажано во туѓа куќа никој не не сака како нашата мајка затоа не треба да очекуваме многу од свекрвите!!!
     
    На Anyshka и mariatim им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    ^

    И треба што побргу да си сфатите дека тоа за вас не е туѓа куќа, а и ним да им го дадете истото до знаење.
     
    На 17mart му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Незнам они дали не сваѓаат или нејќат да сватат ама јас сум се заколнала дека кога јас (здравје со господ напред) ќе станам свекрва снаата ќе ја сакам како мое дете за иона мене да ме сака!!! :)
     
  10. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Само да се надоврзам на муабетот од претходно, иако мислам дека веќе напишав, домот во кој сега живее снаата, невестата, новата или како сакате наречете ја, без оглед на то дали живее со свекрва, свекор, золва, девер, јатрва и не знам кој ти уште не, Е И НЕЈЗИН ДОМ каде треба да основа семејство и да си го живее животот. Ако то не го разбираат членовите на домаќинството, нивен проблем. Со ова не мислам дека снаата треба да се препичава, туку ако има разбирачка да има соживот, ако нема разбирачка од горенаведениве, нека си го тера нејзиниот и живото на мажот за кој се омажила.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Не се согласувам. Куќата е и те како туѓа. И тоа со се покуќнина!

    Еве еден прост пример:
    Девојчето од девер ми, кое многу го сакам, има навика (не по нејзина вина, туку така е научена и советувана) кога доаѓа кај нас да не ги собува обувките. Било да врне надвор, имало снег, имало ли кал, или можеби таа згазнала некаде кај што не треба, сеедно - не ги собува обвувките. Ајде да кажеме тоа и не е проблем, но проблем е кога така обуена ќе се качи на гарнитурата. Е сега, ниту теписонот, ниту гарнитурата, ниту прекривката не е моја - според тоа не смеам да се бунам. Да не ме сфатите погрешно, јас многу го сакам девојчето, ги сакам и внуките од сестра ми, но ним никогаш не би ги пуштила да ми влезат дома обуени (ниту во куќата на мајка ми и татко ми, уште помалку овде во куќата на свекрва ми и свекор ми)! И да купевме ние нов тепих, и да купевме гарнитура и прекривки, внуката од девер ми пак ќе влегуваше обуена и јас пак ќе немав уста да и кажам не. Тоа е мили мои, бидејќи таа куќа не е моја. На мажот ми е, да, но не е моја! Затоа со сопругот се договоривме да не трошиме пари за реновирање во оваа куќа, во која реално нема услови за независно живеење на две семејства, туку ќе штедиме, ќе се задолжиме и ќе си купиме нешто наше, ќе си го уредиме по наш вкус и според нашите можности и мирна глава на сите. Па потоа кој како сака нека се шета по дома, а ако сака и на лустер нека се качува.

    И друго да ви кажам, сите овие ситни расправии и проблеми произлегуваат од имање премногу слободно време за размислување и немање суштински проблеми за решавање. Моментално дома се соочуваме со многу сериозен проблем и никој нема време да размислува, а камо ли да коментира и критикува. Не дај Боже некој друг да има таков проблем, никому не посакувам. Го молам Бога се‘ да заврши добро, па ако треба пак да ви се жалам овде од свекрва ми.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    midnight.flower посакувам се да се реши дома :) навистина се ова ситни проблеми ..
    Убаво е да се осеќате како дома во куќата на мажот ви ..Ама што се лутите од тоа дојденци сте , нови сте треба да се прилагодите и некогаш и да попуштите не да трпите тортури пу пу скраја да е , вака нивен проблем што не можат да се прилагодат куќата е и моја , јас знам за случај каде од толку кавги синот и снаата ги набркале им рекле одете под кирија ние ќе ви плаќаме ,имало мака голема чим за таков чекор се одлучиле , не секој родител има срце такво нешто да направи ..значи сепак е нивна куќата , вие сте снаа таму не дека треба да се осеќате како кираџика ама сепак прилагодување почит и толеранција е потребно ...своја куќа е таа која вие сте ја подигнале , купиле и што сакате може да правите , а вака е потребно прилагодување , па и тие стари заслужуваат спечалиле, деца издигнале , малку и спрема нив осет , ама секакви ги има де .. не знаеш што ќе ти се погоди , затоа кога се има можност што поскоро младите да си излезат сами ,
     
  13. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    midnight.flower не се согласувам со тоа дека куќата е туѓа, туѓа е и за неа ако не си ја купила или изградила со сопствени пари така и таа дошла во таа куќа и имала свекор и свекрва и теписонот гарнитурата и целата покуќнина не ги донела од дома од кај мајка и и татко и туку си ги заработила и купила со текот на времето т.е си ги обновила оти претходно и она ги користела од свекорот и свекрвата така значит не е ни чудо ако утре задутре и ние ги обновиме тие нивни работи кога би биле застарени или расипани значит од тоа на нив треба да му биди ќејф дека работиме и си стекнуваме наше семејство а не да продават пувки како биле нејзини (како мене што ми се тутна за фрижидерот (а исто како и на тебе) децата од золвами ко ке идат обавезно си отварат внатре да видат што има или ко ке јадат, и јас ништо не им велам ама неможи ни таа мене да ми наговара дека јас сум го скршила или расипала :fubar: ) :!: Викаш дека куќата е на мм а не твоја како бе така па ти си се омажила за него значит се што е негово сега ти припаѓа и на тебе.
    како на пример јас ако наследам нешто од кај мојте оти сме три сестри и нормално ке си делиме на три дела тој дел ке биде нормално и на мм!
     
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    За добар соживот меѓу снаата и свекрава потребна е меѓусебна почит,толеранција и комуникација.
    Според мене е ептен глупаво и ни најмалку рационално,само што ќе се мажам да почнам веднаш со воведување на мои нови правила и да очекувам истите да бидат почитувани од спротивната страна.
    Исто како кога би се вклопувале во ново друштво-ние не режираме веднаш свои правила,туку се прилагодуваме на веќе наложените.
    Немојте да ме сватите погрешно,не дека размислувам конзервативно,но не може секогаш да биде виновна едната страна,без разлика дали снаата или свекрвата.За се треба двајца,па така и за кавга.
    Толеранција никогаш не е на одмет,а голема грешка кај многу тазе млади е што упорно избегнуваат комуникација и компромис и попрво се стремат кон кавга,отколку кон правилно анализирање и решавање на проблемот.
    Јас се уште не сум мажена,во сериозна врска сум,но и да живееме сами или пак со свекор и свекрва,јас морам да ги почитувам неговите родители исто како што очекувам и тој да ги почитува моите родители.
    Зашто мене ми е банално,а и не сум толку сурова и арогантна да барам од дечкото да ми ги почитува моите родители,а јас кон неговите да плукам.
     
    На mimiiiii, lepadama и london-girl им се допаѓа ова.
  15. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Можам само да ти кажам дека карактерите на луѓето имаат најголема улога во сето ова што ти е пишано......ти се сложуваш со золва ти и тоа е убаво и така само нека си остане.И јас сакав да се сложувам со золва ми ама тоа не успеваше затоа што таа си имаше зацртано и денес си има зацртано дека таа е најважна а ние останатите сме небитни,е тоа така не оди барем според мене.Уште кога бев во врска за една банална работа таа ми се изнадери и ми се испонаша како јас да сум некое џупче од улица собрано па дури и муабет не ми правеше неколку недели......и кога виде брат и што се случува не седна на маса и ни рече средете си ги работите затоа што таа ми е сестра а ти девојка и мора да си средите тоа што е меѓу вас.И ок седнуваме на маса ама јас повеќе се чуствував како да сум во судница седната а таа да е судијата и кога почна да реди работи што ни на крај памет ми паднале мене ама на некој како неа тоа очигледно секогаш му било на прво место на забелешка(некој смешни и по мене глупи работи кои деца меѓу себе во кавга не би си ги рекле) и на крајот заврши со тоа што ми кажа како јас сум и стапнала на жул оти брат и не и правел муабет во тие недели додека ние не комунициравме,а да биде потрагично јас не ни му кажав што се случило меѓу нас,затоа што и не е во моја природа да го поткажувам некој или пак како што ти имаше пишано да го шибам за да ја мрази сестра му,тоа ни до ден денеска го немам направено ама самата таа си го направи за брат и да ја мрази и ако таа мисли дека јас сум кривата за тоа и нормално секогаш ќе бидеш кривец и ако не сакаш да се мешаш во нивните работи(меѓу брат и сестра)................на такви луѓе како неа ќе бидеш крив и ако не се мешаш а ќе бидеш крив и ако се смешаш значи едноставно не можиш да им погодиш.
    Втората работа беше што од кога се зедовме ние се делевме ама свкрва ми сакаше за сите таа да готви затоа што била дома не и претставувало проблем,јас во почетокот несакав да се согласам на тоа ама мажот ми ме убеди и онака си на работа кога ти се нуди нека готви што ти е гајле............и да признавам убаво беше кога ќе си дојдеш да те чека ручекот на маса и да немаш обврски освен да ја наполниш машината за садови :lol: ,ама знаев дека некогаш тоа ќе ми го извадат низ нос и така и се случи по едно 6 или 7 месеци благодарение најмногу на золва ми
    lepadama е па во вакви случаи пречат золвите и јас би сакала да имам некоја разбрана золва и да би ја почитувала како сестра на мажот ми ако и она мене ме почитува........ама во мојот случај го нема тоа тука кај нас се е сведено на длабоко лицемерие(од нејзина страна затоа што сега таа е мажена и сега демек многу се сакаме) што на мене ми предизикува :puke: ..........некои работи што ти ги направиле не се забораваат барем јас не сум таков карактер да заборавам нешто и да се правам дека ништо не се случило и да си се "сакаме "сега многу.
    И да снаите се прикажани како жртви затоа што тие се ТИЕ кои ја менуваат средината и влегуваат во туѓа куќа каде што од почеток треба да бидат подземени од сите членови,а ако пак после се покаже дека снаите се тие што не чинат тогаш во тој случај жртви ќе бидат свекрвите што тоа многу ретко го има ама сепак го има.........јас имам примери каде свекрвата ја држи во раце снаата и таа пак не чини за снаата,е тука веќе е друг проблем и тука жртвата е свекрвата........ама пак ќе речам тоа е многу, многу поретко отколку обратно.
     
  16. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Прочитав и копирав , не е мое ама е за темава :)

    Некоја невеста била дочекана на традиционален начин во куќата на својот сопруг.

    По тој повод новото семејство побарало од нејзе да одржи еден мал говор, на што невестата станала, и почнала:

    „ Моја сакана фамилијо.
    Ви благодарам што така убаво ме пречекавте во својот дом и своето семејство.
    Пред се, сакам да ви кажам дека со моето присуство овде, несакам да предизвикам некакви непријатности и расправии или поради мене да ги менувате своите навики и обичаи.„

    „Како мислиш ќерко?„ – ја прашал свекорот.

    „ Она што го мислам тато, е дека оние кои миеле садови, можат слободно да си продолжат со работата.

    Оние кои переле алишта, мораат да си продолжат со тоа.

    Оние кои готвеле, да не престануваат да готват заради мене.

    И оние кои ја чистеле куќата, исто така нека си продолжат со истото.„

    „Што се однесува до мене, јас сум овде само да го забавувам вашиот Син.„

    Кога сите што имаат снаи би го прифатиле ова дека снаата е во таа куќа ради синот а не да биде “новата куќна помошничка“ не би ги имало овие проблеми што ги пишувате овде.
    Се разбира и доколку снаите не се однесуваат како да се во хотел. :)
     
    На anule88, friendy, baby-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    јас да се надоврзам дека тие не свакаат дека веке тоа е и наша кука мене секогаш ми вика ти си туга шо и да речам нема да ми повратеш,и постојано зборува што и дојде на уста јас сум за се крива бара пари од нас а ние немаме мојте да ми купувале се тотално се што дури и влошки ми купуваат што е срамота ама тоа е маж ми работи како за детето да имаме и сметките за тел толку зема плата ама тоа е додека завизам од нив така ке е еве иде нова таа ми рече баш вчера ако сакаш неш да си купеш да си тражеш од твојте ја не ссум должнна да ти давам и јас ок во ред мојте знаејки дека нема да ми дадат па знаат што ги чека а таа ке си купела за син инаку мојте за се и дадоа за зимница тотлано се еднаш таа ми даде пари за влошки 30 ден најефтините не е проб па ми ги бараше парите од кај да и ги најдам ама тоа е да има кај да одам одма излавам и така и така мојте ме издржуваат,цела бремеонст морав да лежам таа сум се преправала да оти се преправав затоа отидов на царски сеа раната ми била добра одма после доагање од болница ме тераше да рибам тепих па раната ми прокрвари па ништо не ми беше да се живи и здрави мојте за се ми даваа пари и за време на бременоста и сеа околу детето и мене она вечито нема пари мислам не била должна да ми дава пари во ред само да ми го препишат уште еден месец станот мојте па нема да стапне само се каам што од парите од свадбата направив кујна овде се средив знаќи сите пари за дома си ги дадов е сеа ко ке излезам ке треба се да и земам а кучкава само зборува ако не ти се свига излавај од тука а тој син единец абе никакво и еднаш ми рече да фанеш да си одеш а детето да оставеш нз што да кажам МОНСТЕР е благ споредба во тоа што е таа ама тоа е ;(
     
    На Anyshka и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  18. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ти го прочитав текстот ама некако загонетен ми стои и не сватив баш со мажот во каква ситуација си ти?остај свекрвата тој што ти е маж и тој е против тебе ?
     
  19. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    со маж ми немам никаков проблем ама ова апото е немам зборови
     
  20. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    12.528
    Пол:
    Женски
    ги читам мислењава и си размислувам....и јас немам никакво убаво искуство со мојата ВЕШТЕРКА а ниту еднаш и немам ништо ни префрлено ниту ја имам навредено а таа кога ке требаше нешто да се спрема за гости или како и да е ние со мм да купуваме (насши гости иделе) и направи ова она јас правам работам таа седи полулегната на кревет и ми наога маани,ама јас уста имам јазик немам и нисто до ден денес и нема казано нз зашто сигурно сум мн глупа и трпи трпи,а кога дојде јетрвами се и врака ама пак за неа сите МЛАДИ СМЕ ИСТИ јетрвами нисто не работи цело време инат и тера ама сакав да кажам дека јас мислам се зависи од нашите мажи ако тој е од кај нас не треба толку да се замараме јас на крај краева сум отишла таму за него а не за нив и се што имав да кажам јас на него па тој нека се оправа и тој се што имаше кажа и ние си заминавме од таму сега сме сами а исто до тогаш се од кај моите за зимнице абе за се тие ко голтари...и јетрвами остана со нив а окако заминавме ВЕШТЕРКАТА плаче демек жал и било сега сигурно увидела разлика што изгубила и кога доаѓа се жали дома вака така аа јас само јас слушам и ќутам си мислам во себе малку ви е ...и ке си замине а ете и зимници направиле и се не умреле од глад туку тогаш така им одговараше така правеше се дома јас и мм жртвени јагниња деверми и тие незнаат ништо а??а сега знаат се за себе затоа ич не се замарајте ИГНОР на такви соба сигурно своја си имате ако треба сама ке готвам за себе со мм во соба ке си узивам а не јас тогаш будала ке с енервирам ке се карам со мм за нив сирот..немав кого па на него ама сега неее јас за него сум се одличила тој ако е од кај мене ако ме подджува ма цел све ништо не ни може колку имаме ке трошиме да излеземе некаде дома убаво да ни биде па господ здравје детенце да ни даде а другите фреее се ајт у пм со сакаат нека прават ама БЕЗ МЕНЕ :^)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.