Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    А зошто било кого мора да го интересира што сте гледале? Да се родите детето и да не се израдуваат ќе разберам, ама и кажале дека гледале работи за бебето и неизреагирала, пак што? Што треба во несвест да падне? Не е нејзино дете. И дефинитивно е подобро од да ти кажува закони и правила, зошто си купила, зошто не си купила, зошто зелено, не плаво, зошто толку скапо, зошто од таа продавница бла бла. Она што треба да го сфатат сите родители е дека освен нив никого не го интересираат сите ситници за бебето. Искрено, ич нема да ми смета. Сакам само на мира да ме остават, слободно нека не се интересираат.
     
    На MeowMeow, Meckicja, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    890
    Пол:
    Женски
    Ептен во екстреми одите, се надевам не живеете сите така, како пример постот над мене, дрка не било нивно дете па не требало во несвест да паднат. Да, не треба да паѓаат во несвест ама смееме да го спомнеме нели, малку позитивен муабет ако не друго. Ај ако не за комшиите, кучето, кучето на комшиите да зборуваме како што прават тие. За ништо не се замарани верувајте, и воопшто не сум захтевна снаа, ни сега кога сум бремена а ни претходно. Во моја околина никој не функционира вака, едноставно ми се чудни, си мислев на форум ќе се јави некој со сватовци како мене ама нема изгледа :D
    Јас пак ќе комуницирам со нив и ќе ги почитувам, затоа што на крајот од денот ништо лошо не ми направиле, само сакав да слушнам некое мислење. Инаку, знаев дека за месењето банички ќе се фатите :D.
     
    На Anyshka, Macito007, MumToBe и 12 други им се допаѓа ова.
  3. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Види вака, мене свекрвами тотално ми помага во се, ама па и тоа има цена, се меша во се.
    Нејсе, има некои воопшто не им помагаат во ништо = не ги почитуваат и во се им се мешааат.
    Твоите ниту се мешаат ниту те разгалуваат како снаа.
    Знам, сакаш да бидеш испочитувана, снаата е бремена ајде за ќејф нека касне ова она.
    Разбрав, кај нас тоа е менталитетот.
    Прво внуче ли им е?
    Може сега не, ама ко ќе се роди внучето ќе се сменат, ако не за тебе бар за внучето.
    Верувај ми подобро ти е така како што ти е сега, мирна глава, сама си планираш се, ете со мајка ти споделувај ја радоста и уживај, со фамилијата твоја, ако имаш сестра и тн.
     
    На thelittle17, MeowMeow, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Не се труди да се зближиш со нив. Мојата мајка никогаш не била блиска, ниту ја имаа прифатено, а сакале да се мeшаат старите секаде ама татко ми не дозволувал. А и помирна глава и мир за сите.
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    890
    Пол:
    Женски
    Така е, секоја помош си има цена. Мене ми е раат искрено, изгледа од вишок слободно време почнав да анализирам некои работи.[/QUOTE]
     
  6. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    21.186
    Не сте ми јасни со муабетиве дека не треба да се очекува баба и дедо да се радуваат за внуче и да си прават муабет за било што околу него?
    Никој не вика дека треба да паѓаат во несвест,секакви луѓе има,ама внуче им е,зарем до толку не ги интересира ништо па мора да излегуваат од соба и да се прават дека не слушаат?

    Обично,секој пати по она што го нема,па оние кои имаат напорна свекрва се жалат дека е напорна,а оние чија свекрва е незаинтересорана се жалат зошто е таква. Никогаш на никого не може да му се погоди,такви сме ние луѓето изгледа.
    Во секој случај,многу подобро ич да не се замараат,отколку да се замараат,па и проблеми и нервози во бракот да ти создаваат. Само што не си осетила такво нешто,па да можеш да направиш споредба и да сватиш колку среќа си имала во животот.
    Ич не се замарај,сваќам дека ти е мака што ете не се интересираат и што не сакаат барем малку да ти удоволат со нешто,ама дека толку ти е мака за маж ти,штознам :^).

    Уживајте,и моли се да не ти кисне после породување секој божји ден на врата.
    Иако,колку и да си имаат свој живот,колку и да не сакаат да ви се мешаат,колку и да сакаат да си живеат без грижи и обврски,не ми е јасно да не се заинтересираат дали е се во ред,дали пр. сте избрале име, да им е мерак и они да сакаат да купат нешто ( не дека мораат )...
     
    На Anyshka, Pelargonium, mssuniquee и 15 други им се допаѓа ова.
  7. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Еве баба ми е како свекрва ти на пример. Како помала ич не ја разбирав. Кога ќе појдев кај другата баба се ми беше дозволено и сите желби исполнети посебно за јадење, кога ќе појдев кај неа се знаеше што смееш што не смееш (на пример не смеев да кинам од цвеќињата) и се јадеше тоа што има. Не чуваше само кога мораше. Никогаш не препрашуваше и не коментираше. Едноставно беше различна, и уште е, од сите други баби што ги знам. Ама сега како возрасна ја разбирам. Цел живот работела многу, и умрело бебе од една година, после тоа изгледала три деца (мајка ми ја родила на 35, практично цел живот гледала деца), јас кога сум се родила веќе имала 63 години. Едноставно била уморена. Цвеќињата и цела градина и биле за опуштање и за да изгледа убаво и што сеа ја сум требала да отидам и да искорнам се во пола саат? Не. И тоа не ја прави лоша баба. Не чувала кога било стварно потребно (не пошто така им текнало на моите) и финански на сите деца им помагала, куќата им ја препиша ним. Тоа што не се потресувала за се што купиле моите кога сум била бебе не значи дека не е добар човек. Едноставно има различни луѓе. Другата баба и ден денес сака се да знае и ќе те праша милион работи во една минута и иако сум со неа поблиска многу ми е понормално да не се замараш со све и свашта.
    Разбирам дека ти е чудно пошто кај нас секој мора да знае се, за се има мислење, сегде мора да се вмеша и кога некој не е таков е чудно. Сепак, размисли пред да и се лутиш и ќе видиш дека не сакаш да имаш трета личност во бракот и дека тоа е пренапорно.
    Исто така, не беше ова со цел да те напаѓам, само сакав да ти укажам дека можеби не ја познаваш доволно и дека се дур не ти прави ништо лошо не е лоша туку само малку ладна. Според мене тоа не значи дека не те почитува.
     
    Последна измена: 9 декември 2020
    На MeowMeow, SofiMar_, hello-kitty.90 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Sinolicka.

    Sinolicka. Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Па ти не си свесна колку си среќна.. остави ги нека бидат што подалеку во спротивно ќе се каеш.. не знаеш колку се досадни и подмукли, едноставно уживај си не сите имаат таква среќа
     
    На Anyshka, tina2018, Lisicko и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Види, свекрва ти да кажува дека цел ден седиш пред тв и ништо не правиш, ќе и речеш да си гледа своја работа или па ќе се жалиш овде, ти се мешала, што и е гајле итн.па дали месела нешто или не, ова ти е чисто оговарање. Значи опуштете се малку. Нејзин живот, твој живот. Како ти што нејќеш да ти се оправаат кривини, така сигурно и она нејќе. Кога отишла во пензија и што прави после тоа, нејзина работа. Ко за на чешма ти изгледа муабетов.
    Да се редактирам, плус ти донела, ти не си ни јадела, значи џабе збориш, не го изела сама па ај да се жалиш.
     
    На sara97j му/ѝ се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Па ако не се радуваат баба и дедо на внуче/внучка кој ќе се радува?!
    Оф леле (facepalm)
     
    На Pelargonium, tina2018, mssuniquee и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Муабетот беше дека она очекуваше од мене јас да правам трудна со толкав стомак и она да ми виси над глава при тоа што јас бев патолошка бременост и не е баш за на чешма муабетот. За се можеше да се плетка кај што не и е носот и да не вади од памет притисок сама да си качува иако предходно едвај преживеа зошто ќутеше дека ја боли жолчка па и прсна сепса ќе фатеше едниот доктор се откажа од неа сакал да ја затвори дури да не се ни замара зошто партали била внатре и на крај пак памет не и доаѓаше ниту пак ќе и дојде иако се одселивме се натепала чварки притисок 200 качила која е потребата од ова? Од што толку нема што да прави вади луѓе од памет животот им го скратува на тие околу нејзе
     
    На Anyshka, tina2018 и Осе им се допаѓа ова.
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Комшиите очигледно
     
    На Luna91, edna_malecka, Meckicja и 3 други им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Родителите. Што е многу пологично.
     
    На Sinolicka. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Нормално, ама и тие не се израснати на улица.
    Јас ја разбирам членката,потполно е непријатно и невкусно да не се радуваш на внуче.
     
    На Pelargonium, Luna91, tina2018 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Ама тоа што се ладни луѓето не значи дека не се радуваат на внучето. Постојат луѓе што не знаат да си ја покажат радоста и среќата. Не сме сите исти.
    Некои жени си тражат проблеми кај што ги нема
     
    На 1209, sara97j, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Зборувај ми за ладнокрвност за било што,ама за внуче немој затоа што не е тоа.
    Греота е.
     
    На tina2018, edna_malecka, pikabu5 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    18.466
    Пол:
    Женски
    Точно, мајка ми не покажува емоции црл живот,не паѓа во транс ама се гледа колку е среќна што ќе ома внуче.За разлика од такозвана свекрвица што не прашала ама ништо за бебето.
    Пошто ова не и е битно како другите две,тревало сами да го чуваме.
    Ние и сами ќе го чуваме не сме во ист град, ама до толку да е некој злобен е не знам
     
    На Brpbrp, tina2018, Milkiway и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Па можеби ќе се сменат кога ќе се роди.
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Може, не велам не.
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.127
    Допаѓања:
    269.182
    Се јавувам јас, само што јас ги поставив границите и вереникот.
    Немам потреба да ја слушам секој ден, се слуша со син и', ретко се гледаме, се гледа со син и' на кратко почесто и она си тера свој живот, ние свој.
    Ми искочила во пресрет кога ми требало, исто и јас на неа, ама не гледам причина за близина некоја поголема.

    Взаемна почит и дистанца, сосема супер сме.

    Со мајка ми сум поблиска, и нормално многу повеќе комуницирам, и нормално многу повеќе ме нервира :)
    Ама со мајка ми ќе се скарам и смирам, со неа можам еднаш да се скарам и никогаш очи да не си видиме, а тоа не сакам.

    Знам дека не и' е по ќеиф се' што правам, ни мене не ми е по ќеиф се' што таа прави, но двете сакаме ист човек кој е предобар, па мирно море - секој на своја страна и гледање со повод.

    Не си барај проблеми кај што ги нема, си имаш родители да те сакаат, си имаш маж да те сака, свекор и свекрва доволно е да се почитувате взаемно.
     
    На AngelOfArh, Veta, 1209 и 12 други им се допаѓа ова.