Плус јас мислам дека не е дека не се радуваат, едноставно има некои што не сакаат да зборат ништо додека не се роди бебето (што викаат старите не сакааат на нероден петко да му кројат капа) , и онака одмерени луѓе ми изгледаат, по твоето кажување. Кога ќе се роди ќе биде друга песна, само за тебе ќе биде подобро одмерени и да останат. Замисли да почне да доаѓа и да ти виси над цицка, да ти кажува како треба да доиш, да скока да ги смирува кога ќе плаче, да се тепа дека она ќе го бања.. Е тоа би биле нервози. Мојата исто беше резервирана додека бев трудна, ама кога се породив почна да сака да доаѓа и да си кажува што треба што не треба, ама имаше неколку испади и одма доби црвен картон. Тoгаш сфатив дека дистанцата е најдобра иако жената си е ок, немам ништо лично против неа. Исто и мајка ми пробуваше да кажува, ама со неа е полесно одма ја искаширав и мајка е нормално можеш и да и кажеш дека ти смета, нема да се налути. И да се налути ќе и помине
@mila89 да има шанси да е ова што ти пиша сега се сетив. На мм родителите исто менуваа теми стално кога зборевме за името кое да биде кога си кажувавме како мислиме, а па после се надурлија зошто не е по свекор ми( а не сакаа да чујат никаков план), кога се збореше за гардероба, колички, креветчиња цело време свекрва ми "Еее на нероден Петко" дури кога кажавме дека сум трудна беа со резерва. Не знам се некако мислеа дека нешто лошо ќе се деси само на лошо мислеа. Престанав да одам кај нив и прекинав комуникација Видоа не видоа кога почнав 7ми мес негде свекрвата почна да купува ама само затоа што НИЕ сме си купувале Не ни сакаше работите да ми ги даде што ги купила кога ги даваше така одма со негативност па не ги ни земав. Еее само мајка за ќерка ќе се весели и радува и од старт ќе купува и ќе удоволува.
@Lisicko @Milkiway Можно е да е тоа, и за други ситуации до сега биле скептични да речам а и генерално песимистички размислуваат. Така да, многу е веројатно да не сакаат пред време да планираат од чисто суеверие. Освен тоа, вчера со маж ми зборевме околу трошоците што ни следуваат и ми кажа дека неговите му рекле за финансии ако требало нешто помош да не сме се секирале. Јас за ова не знаев изгледа само него му спомнале, ама многу ми значи што се понудиле, па здравје, ќе видиме дали и колку ќе ни треба помош. Сите сме различни луѓе и не реагираме сите исто, они не знаат да се однесуваат во дадени ситуации не е само за ова и за други работи. Останува да ги прифатам како такви.
@Milky.Way ни мајка за ќерка не се радува од почеток секогаш. Мајка ми за малава ми рече, оди породи се, се ќе купиме и средиме додека дојдеш дома, едвај купив алиштенца за изнесување, и за тоа викаше немој. Ама па изгорени сме ние, затоа не се лутев, свекрва ми па не спомна бебе додека не си дојдов дома со бебето, мислам дека не и се веруваше дека сум трудна а заедно живееме. Тие се тие останати верувања од времето, ама со причина се такви, многу е тешко да изгубиш бебе, а дома да имаш алиштенца, креветче и сл. Недај боже на никого
И да не се изгорени, има некои што едноставно не сакаат да купуват пред време и општо да зборуваат додека не се роди бебето. Мене ми е глупаво кога ќе видам како некој уште во 5ти месец купува држачи за цуцла со име на бебето кое патем не е уште родено, па уште и споделуваат на соц. мрежи. Ама не е во ред и црни мисли да се споделуваат со бремена жена. Јас не се ни потресувам кога ќе видам дека некој купил нешто за моето неродено бебе или за неговото. Не се ни спремам толку рано за бебе. За првото во 9ти месец купував. Еднаш ми спомнаа деверот и етрвата дека имаат неколку кутии памперси што му се веќе мали на нивното бебе и ако сум сакала да ми ги продадат. Само им кажав дека толку рано не купувам, здравје за 2, 3 месеци.
немам коментар. На внуче да му продадам памперс што ми за останал? Па по комшии давам што ми остане од малата, не на дете од брат или сестра.
Леле, како мене така не ми се падна, да не се замараат овие за ништо, абе преубаво ќе ми беше, дај боже да не се замараат понатаму, ама нив се ги интересира, зошто сме оделе кај моите, сме биле пред некој ден? И јас на шала и вратив, дека ете сега пак сакаме да одиме, и толку. Денес му викаат на ММ, да дошле станот да го виделе што сме сакале да го земаме, тој уште не е ни готов, нема што да се гледа, ниту моите ги носам, ниту па овие ми спотребале, да ми гледаат стан, уште не напраен ни до пола, се ги интересира, какви луѓе се значо, ме вадат од кожа, цело време вл соба си седам, не ми се излегува воопшто, ме нервираат што ги слушам!!! Да можам само негде по гости ќе одам, за да не ги гледам!!
Баш така, секако го имам, подобро да се потроши, него мене место да ми фаќа или да се фрли. Секаков народ има. Овие твоиве ептен буквално си го сфатиле она "брат за брат, сирење за пари".
Девер ми неколку пати спомнува што тој и има купено и дадено пари на малата. Секоја нова година ме прашува кој МИ ја купил елката, а тој и свекорот и свекрвата Ѝ ја купија на малата за првата нова година. Етрвата ниеднаш не му го облече она што го купив за нивното дете, а веќе му омале. Ама барем ми ги отварат очите со нивните постапки.
Ќерка ми е скоро 16 месеци, девер и јатрва апсолутно ништо и немаат купено. Ние, секогаш кога ќе дојдеа овде имавме нови играчки за секој ден од цели 2 недели и цела кеса нови за дома. Башка што праќавме обавезно за имендени, родендени, празници. Оваа година не пративме ништо. Сега за Божик пак нема да пратиме и така. Не се умарам повеќе што да им купам нив, самите ми олеснија. Сега сите пари за ќерка ми се.
Јас да си го пофалам деверчето, сакавме релаксатор да купиме, ама рече дека тој ќе ни купи. Поголемиот девер вика леле вие се сте купиле јас што да купам сега за бебето. Ах да и да ја пофалам свекрва не само што ја критикувам понекогаш, денес ми кажа дека купила златно ланче од 1000евра затоа што ќе и родам прво внуче. Овие моиве за купување се машини иначе.
Jas pa ne ni sakav predvreme da kupuvam duri ne se porodam I ne ni kupiv nesto pred poragaj samo otidovme so svekrvata dvete izbravme sto mi se dopadna koga se porodiv otide kupi se sto mi se dopadna I tolku
Не си единствена овие од страната на мм кога требаше да се преселиме во станот абе сите отидоа да видат што е и како е само уште јас немав отидено сите они беа пред мене...како прле пред магаре се моите од друга држава дојдоа не успеаа да го видат станот ама затоа овие доаѓаа и за нив и еве ги сега само еднаш дојдоа и толку и строго временски ограничени
Абе утре и да сакаш да го продадеш златото нема да ти вреди ни упола од тоа што го има купено верувај од таа причина и јас не сакав за свадба злато ќе фукнеа 1000 евра за што кога прашавме за некој прстен да продадеме да земам друг не вредеше. Вака барем или за детето играчки глупости ќе си земела
А како не, подобро за играчки него злато И кај нас е адет да се дарува злато, добив и од моите и од свекрва ми. Злато е капитал, пари за глупости се трошат Сега колку е поскапено, грам и до 45-50€ стигна.
Абе за играчки ќе купуваме нема проблем не се скапи. Сепак фала и нека и се врати со дупло. Мене ми се свиѓа ланчето. Маж ми се изнервира, му ја презела идејата.