И кај нас е адетот злато да се дава. Ние рековме дека не сакаме злато. Неговите рекоа, пари не даваме, или злато или заедно со сватковците ќе платиме за да се стави ограда и плочки на терасата од спратот и да се стават ролетни . Тоа нивен план без да ги прашат моите. Јас не ја прифатив уцената. После моите му дадоа на мм 1000евра а тие мене не. Така ми треба кога не сакам да им заличи куќата .
Хахахахахахахахахаха врв ! Ме потсети на свеки, како си планираше за крштевката на син ми, што требала мајка ми да даде, па кога слушна дека торта и пари ќе донесела, се налути за тортата, ми викаше овде мајката на невестата кашаник носи, за гости дома ако идат да има. и беше мака на госпожа да прави или да купи, мајка ми да донесела. Си доби одговор дека мајка ми што сака ќе донесе, не е нејзина работа, па си ја ангажира золва и да и направи.... Башка што муабетов го направив со една другарка од овде и ми рече нема врска, торта носат и едни и други. Значи свеки моја мисли главна е во све.
Браво за мајка ти убаво и рекла не да си гледа за себе свеки туѓо гајле бере. И за нас мислеа ќе има церемонии чуда за крштевката на крај се договоривме со мм ем ради ситуацијава да не викаме никој освен кумот и ние ем ради моите што не се тука и не можат да присуствуваат.И почнаа на криво да гледаат замисли се враќаме од црква и золвата лупа треска врати божее
Точно пак ќе кажам блазеси им на тие кои немаат вакви луѓе во нивниот живот да им се мешаат туку ако ти треба помош да побараш да не досаѓаат и да се плеткаат
Бидете среќни што воопшто нешто ви дале што сте им родиле внуче, ја ни едно цветче не добив...тек мајка ми кога дојде со поклони и цвеќе свекор ми искоментира демек бар да земевме цвеќе... Ама да ми е здрава и жива ќерка ми... Од нив ништо не ми треба... Не е се во парите и скапите подароци.. Мм знаеше дека сакам балони и се имаше декорирано, е тоа ми ја стопли душата..
Кога се веривме со мм, добив само еден цвет од мм. Ајде тој абер немаше какви се обичаите, ама свекрето кое умува на секое тогаш на 3ипол се правеше. За венчавката ништо не добив, ни злато ни пари. Кога бев трудна, за нив исто како да не бев. Кога ми се роди бебуш ништо не ми купија. За внуците од браќата и сестрите па умираат од радост. Ама за синот и внучето нигде ги нема. За чудно, веќе нњ ми е ништо чудно. Не ја сакаат снаата, следствено на тоа и внучето, зошто е од снаата. Ама забораваат дека не е само од снаата, туку и од синот.
шо во е гајле бе кој шо ви купил јас дури и венчаницата сама си ја купив т.е маж ја плати гледајте си мажот децата и свиркате си
I jas neman nisto...moite deca pa ni pelena...zlato mislena imenka... Porano mi bese krivo sega uvo ne me boli.koj so saka neka pravi...neka zbori...kaj sakaat neka odat. Nivni problem. Jas imam pogolemi grizi od nivnite gluposti, oni si zivotkaraat den za den i si nemaat maka.
Жени баш ви е гајле дека не дале ништо, не ми треба да ми дадат верувајте, никогаш не ме фасцинирале поклони и материјални работи, мене ми треба мир, и да нема расправии, а за поклони ич ништо нека не купуваат, детето утре ќе има се што треба од мајка му и татко му, а најмногу љубов и внимание, можеби јас не сум имала многу материјални работи како дете, ама љубовта, вниманието, и добрината, од моите родители и ден денес си ја памтам, тоа за мене е најважно!
Сакаш да кажеш дека само затоа што твоите не биле во можност да присуствуваат на крштевката не сте ги поканиле ни свекор ти, свекрва ти и золва ти, иако биле тука и можеле да дојдат? Не знам дали убаво те сфатив, јас се извинувам ако погрешно сум разбрала.
Не поканивме бидејќи ради ситуацијава, а секако и да ги поканевме они ќе беа тие што ќе му се плеткаа на кумот за облакање и соблакање дете и држење во црква кратко кажано золвата се понаша како она д аму е мајка на детево а не јас . И секако крштилницата не е голема кој знае колку. И плус секако немаше да дојдат свекрва свекор и золва еден од нив ќе седеше дома и ќе го чуваше кучето зошто не можело само да седи ни 5 минути ете толку им е важно крштевањето. Дојдоа застан да честитаат и да го видат мали свекор ми кучњето го чуваше дома...
Искрено во пандемијава нема ни што сто души да се пикаат на крштевање Се знае кој може да оди родителите и кумот. Ако не сте чуле има препораки да не се собира народ нема што да ги вика колку сака нека се лутат Тие ако биле малце во присвест требале дома да направат ручек и да си обележат домашно а не да се дурлат ко мали деца...
Без разлика Има препорака да не се прават собири нема потреба по мене Доволно е да биде скромно има време кога сите заедно со свекрвите и мајките ќе споделуваме крштевки, молитви и родендени... Не се они нешто битни да одат. Што дека е внуче крштевка е сакале направиле. Сегде во затворено има ограничување на бројка на луѓе тоа што црквине немаат не значи дека ние не треба да бидеме совесни и самите понекогаш да се ограничиме. Ако малце го истражиш вирусот ќе видиш дека може 1 да е заразен во фамилија а други не И замисли золвата со кумот се измешала, го заразила и тој после шири даље И еве до кај дојдовме... Тоа си е мое мислење и ја да правев исто така ќе отидев само со кумот