А што треба според тебе да го влечеме бебето едната на лево другата на десно ? И мене ми се случи со свекрвата. Требаше 10 пати да и повторам дека не сакам така да ми ја зима па на 11 разбра демек за следно скачкување да ми рече дека и ја бранам внуката..
За тоа и сама си имаш кривица, ако дојдат кога доиш или ќе си отидеш во спална или ќе им кажеш те молам излези го дојдам детето, ако веќе сами не им текнува декa треба да си одат. А на золвата можеш да и кажеш на цивилизиран начин кај и е местото и дека не смее така да улетува да го зема детето, па сигурно нема да доаѓа и да се џапа така по дете. Не поставувате јасни граници и после други ви се криви. Па да престанеш да доиш ради нив, тоа е чиста глупост. Што не дојдат кај мене така или па што не ми го земале мене така од раце. Не дека не пробувале, ама им станало јасно до сеа до кај можат
Ма кој што сака нека вика и нека мисли.. Што другите мислат не треба да те засега, битни сте ти, бебе и маж. Толку.
А зошто мислиш дека не им е кажано 100 пати кажавме и џабе они си прават што сакаат да чинеше толку и да беа разбрани зар мислиш дека ќе се одселев?
Епа тоа и беше тогаш и затоа сега на гости еднаш во месец и ако јас дозволам да се крене во раце и да се пипне додека си во туѓа куќа и немаш многу избор сега во своја јас поставувам правила кој сакам ќе викнам а кого не сакам нема да го примам и многу правење паметни правење нема. Ни на крај памет не ми падна дека ќе го направи тоа дека е способна од пред нос да го земе и уште кога и кажав зошто тоа го направила фати да треска врати по дома тоа траеше една недела после пак по старо ептен се воздржав зошто секој ден требаше да се преселиме иначе све ќе отерав кај што треба и не треба
Е така е ама не е така ,посебно ко ќе ронат крокодилски солзи - "сине жена ти не ми ја дава внуката да ја пипнам"
Истава ситуација со џапање бебе од раце и јас ја имав. Син ми немаше ни 40 дена, ми ја доклапа снаа и од внук (јатрва ми е фактички) со син и, во 8 скоро 9 навечер. Си влегоа во спална како дома да си се, бебе кај мене на стомак лежеше полузаспано, мм до нас на спална, оваа иде ми го зема буквално, сакале да го видат. Си го земаа во дневна, детево му кашла на син ми во лице и замисли незнам ама незнам и нема да си опростам никогаш од каде таа сила да преќутам, а и на мм тогаш му сметаа тие некои работи, ама тук там преќутуваше. Итака јас како проста си собирав нервоза првите месеци, за нешто ќе изгреагирав така тивко и кога пукнав, свеки незнаеше што ми се случува. Јас незнам што е тоа задоволство на тазе мајка да одиш да и го џапаш детето од раце. Мојата кога потпорасна малку ми идеше и сосила ми го нишаше во раце за да заспие. Тисе спие бабе, ти се спие? И тоа дремни 10 мин и стани и цел ред мене дента пореметен. После не и го давав. Сега знае веќе дека не ја поднесувам. Леле вака кога ќе ми се навратат мисли на првите 6/7 месеци на бебе, само нервози од нејзе гледам. За на второ здравје си ја знам лекцијата. Жени несмееме да дозволиме да ни ги уништуваат тие најубави моменти со нашите деца. Па мајку му од каде таа желба во нив да се толку доминантни во све бре
Да не биде ви долевам масло на огнот, било-поминало. Само се чудам на трпението ваше, да ми го земе детето од раце без да ме праша. Не знам што се ми паѓа на памет во моментов ама тоа сигурно ќе биде последен пат. А кај ви се мажите во ситуацијава, татковците на децава? Тоа да ми го направи свекрва ми, маж ми ќе збесне, ама буквално, и тоа ќе и' биде последен пат да пипне дете без прашање. На крајот на краиштата, ако не можеш да се разбереш, зошто не ставите клуч на врата и чао? Кој сака нека доаѓа и кој сака нека тропа. Ќе ми влага во спална со се цела родбина и ќе ми зема бебе додека мирно ми спие на гради... Јака ви душа, најсериозно мислам. Мислам дека клучен играч во овие ситуации е мажот, таткото. Тука вашите мажи имаат потфрлено. Подберете си ги нив.
Или вие мене не ме сакатееее, не ми го давате детето да го видам и те колне "ќе видитеее, да Па ако ме имаш читано порано на темава ( ја отупев веќе ) тоа и беше претпоследен пат. Втор пат проба да му го земе на мм, демек вие незнаете млади сте. Е тоа беше тогаш. Сега јас свирам, она игра. Т.е. не не ни гледа. Ако и го симнам еднаш неделно да го види и тоа не го заслужила, ама ај баба е. Мм ги среди и уште ги средува, незнам дали некогаш ќе успее во тоа. Голем дел од бабиве кога ќе им се родат внуци им се пали "психопатска сијаличка", ама затоа ние сме тука да им ја изгасиме. Најтешко е да немаш поддршка од маж, јака им душа на тие жени што се справуваат со такви мажи.
Мојата свекрва за нејзината свекрва зборуваше Па што ако е баба, големо чудо. Ама сега откако таа стана баба, многу почна да ги цене бабите, а особено самата себе, па дури и посебно го изговара тој збор баба. До пред 3 години мајката беше најбитна, постојано зборуваше дека она била мајка, а сега ни да зуцне за такво нешто. Дури ми е смешна на моменти. Забрави како плачеше пред мене и се жалеше од бабата на нејзините деца. Јас немам ништо против неа,ама на моменти знае да се избаце со некој коментар
Богами алал да ви на трпение Со самото тоа што ве читам со проблемиве се нервирам и ја Мојава посекако не доаѓа го нема кренато воопшто во раце.
@Nevenche26 а колнење знае дека највеќе мразам ,и тука ќе биди крај,нема спомнато ама жртвеник пред син и а мене закани знае. Сега со коронава дека мисли нема во градинка да ја пратам а морам на работа да се вратам и со тоа се заканувала немало да ја фати ,па по два дена пак ќе дојде ќе ја шета по соба. Мажот барем мојов е на работа. И јас ко ќе му кажам она му вика аа не беше така ама таа за се се лути а јас сакам само да ви помогнам затоа ја земам. Ама еднаш и пред него ми ја зема од раце ,е тогаш беше моментот па и тој и кажа да не ја зема така ,никој не и ја брани ама кога да ја зима да внимава ,па сега малку подруго е. А клуч на спална не можам да ставам зошто дневната и спалната се греат со клима а таа е поставена во дневна ,а пак дневната и кујната ми се во истата просторија и кујната е заедничка..ама објаснив ,мислам ќе сфатиш..
Абе мм со убаво им кажа неколку пати паметен човек ќе разбере некој со сила глуп што се прави ќе си тера по свое затоа сега бебе е 3 месеци и кога дојде свеки и золвата брзопотезно си отидоа почна да вришти кога ги виде ние не се каравме зошто знаевме дека треба да си одиме во секој момент т.е. не зезнаа со станот требаше во јуни да е готов а ја се породив и уште не беше цел план ни се поремети али не е битно тоа битно е дека сега сите сме среќни и не се замарам дали ми е расфрлано по дома сега не ни ѕвонат зошто знаат дека мали спие а не знаат кога и не ѕвонат ако останевме ќе беше борба еднаш им збеснав кога се расфрлав со шишиња по соба сите магла фатија никој немаше во соба освен мене и бебе
Како бе само мајките на невестите се предобри, еманципирани, културни, а свекрвите идиотки, некултурни, неписмени и прости. Та нели и нашите мајки се свекрви?!
Па темава е за свекрви и снаи. Иначе мајка ми е можда за некои работи и бетер од свеки. Ама мајка ми е, ќе и се развикам, си се знаеме ќе помине и пак по старо. Што подалеку од сите, тоа подобро.
Сега видов дека не се допишало незнам што е работата. Демек "дај боже вака и вас да ви прават па ќе си видите колку боли" јас само и реков "јас нема да сум како тебе" и си излегов. Кога дозна мм, цел месец не го имаше видено детето заради тоа колнење, после не и текна. Мислам поглупо и пониско од колнење на свое дете нема.
Не се сите исти секако Сестра ми има предобра сврква уживаат заедно и кафе да испијат ј во хармонија живеат. Ама таа никогаш дете не и грабнала никогаш не и паметувала, секогаш и се тресела како на своја ќерка, за се поврзано со детето ја консултира не се лупа во гради дека исчувала и она па сеа се знае. Сестра ми со мерак детето го остава кај нив на чување... Ама има пациенти
И мајка ми е свекрва ама од старт има кажано веќе сте фамилија јас не се мешам ако ви треба помош кажете да не ви досаѓам и така и си остана и затоа снаите имаат поштовање додека живееа заедно никој со никого се немаше скарано сега кога доаѓаат седиме сите заедно само смеење има додуша никогаш и немало кавга во наша фамилија. А овие од на мм страната 4ца се сосе него уште кога бевме дечко и девојка на маса ќе се испоколеа,слава прават нешто што треба да биде смирено со радост да пречекуваш гости они ќе се испотепаат меѓу себе и затоа со нив ручек никогаш немаше од кога се земавме, сите сакаме да седнеме на раат да јадеме евентуално муабет да направиш.И најгадно од се ми беше кога на кучено му даваа да јаде он прсти им лиже(на свеки и золва) и после со истите јадеа они страшно.