Кога е во прашање кучето да кога е во прашање човечки живот и не баш, бар еднаш да го прошетаа 7 години дома затворено гревота е
Не се предобри ама друго е со мајка друго е со свекрвата ,мајка ми конкретно си ги знае границите ,што не е случај со свеки. Кога бев таму ме прашуваше дали да ја земе. Кога дава совет го дава како совет не како наредба итн... И со мајка ми и да исклучам ,а ми се случувало знаеме да се средиме. А свеки ако нешто и засметало знае цела недела да не збори никој да не знае што и е,а јас и збор да речам одма имам нешто против неа. А за свекрва кога ќе биде вика ете му го спратот на брат ти што мислат нека прават ,јас сум тука ако побараат да им помогнам ,и знаеш што ако се смени ова јас ќе бидам прва што ќе и изреагира.
И јас имам куче ама раце 100 пати мијам. Иначе и на мм родителите имаат и истово се дешава му даваат од маса им лиже прсти и јадат и ај не се згади. Моево куче ќе го пуштам да ми извиниш мочки лиже од бандери и да му давам така јок. Ама ја му четкам заби, оди на бањање го прочистувам 1 на мес не може бебе дома а кучево неизбањато ( не знам како било кај нив). Никогаш куче од маса не ми јадело. Ние кога ручаме не ни бара да дадеме.
Темата е снаи и свекрви, не знам што очекуваш, а и многу често читам дека членките баш за мајките пишуваат дека имаат проблеми.
Секоја уста има бактерии, така и кучињата. Јас да те лижнам за дланка нема да се измиеш пред да јадеш?
Има без осет луѓе, кај мене и татко ми и свекрва ми се. Ама со татко ми ке се испокарам , се на куп ке му ставам ке и кажам и на сестра ми да му свика и после му е криво па гледам иста грешка не повторува, ама различни си реди секој ден за разлика свеки ...мм се има испробано да вика, да не збори, да не оди кај нив луѓе ЏАБЕ. Си тера таа по свое, ние по наше, стално префрла. Јас викам кучињата лаат - караванот врви. Единствен проблем ми е што сега за дете кажува правила , а јас сум многу заштитнички настроена. Има погрешен пристап од типот ,,немој да сте помислиле ... ,, , ,, чекај кас да кажам ,, јас од хормони ме фаќа плачка и одма се карам со мм. Се спремам кога ке се породам како ли ке биде се надевам барем хормониве кенсе потсредат стварно несакам непотребни стресови. А мајка ми па уво не ја боли, ни доаѓа , ни прашува дури да се замислиш дали се радува женава ама дефинитивно подобро така.
Не мислеше на миење него на: Оној кој сака животни ги сака и луѓето. Дека не е до свекрвата туку снаава е pain in the ass. Иначе бејби не се мие раце, небањата на прекар ја викаме.
Мене хормоните после пораѓај ми бе апоголем хаос одколку во тек на бременоста и уште не ми се смирени како што треба бебево 4 месеци сега ќе прсви си плачев за се и сешто се надевам нема да биде кај тебе таков случај
Да не ме сфатиш погрешно, ама оваа е најглупавата причина за да не доиш бебе. Ова ти го кажувам за твое добро. 2 деца имам доено, и ич не ми беше гајле кој гледа. Ако не им е срам нив нека гледаат, јас си го ранам детето. Од инает кон свекрва не се прекинува доење.
Добив нагон на повраќање само што прочитав, а не па да видам со свои очи. Ми се згади животот, па со тие раце и на дете да му даде нешо, па ќе ги утепам
Што сте гадливи море, јас раце мијам кога фаќам улични кучиња и кога ги фаќам моите, а треба да јадам, онака ги фаќам и не ги мијам, цело време се до мене нема на 5 мин да мијам раце. Некои кучиња се почисти и од луѓе верувај, не ми се допаѓа и мене кога дозволуваат пример да ги лиже по лице ама не е толку гадно како што вие си мислите, детето ствара имунитет, плус кучињата дома се прочистени, вакцинирани и бањати и немаат ништо што би можеле да префрлат на човек у таков случај. Најодвртно нешто ми е ког мало дете ќе сака да допре куче или маче и мајката тука одма, неее гадно е, не тоа фуј. Мислм побогу.
А што може да им стане дека им ги лижело прстите? Не е улично куче па да не знаат дали е болно или не е вакцинирано. А ти која си да им се мешаш па што прават дома со кучето? Секогаш сакам да ја слушнам и другата страна на приказната,што би кажале свекрвите за вас. За тоа што не си ги поканала на крштевка исто така немам коментар,бидејќи мислењето ти почна со тоа дека ти дошло како 1 на 10ка што не можеле твоите па не си ги викнала и нив,искрено овде и маж ти е крив што ти одел по ќефот и неговите имаат потполно право да се лутат.
Абе и мајка ми на пример знае да одвали некој совет леле мајко, ама и кажувам дека јас така не мислам и не правам и прекинува. Свекрвиште на пример ќе се фати како слеп за стап да напиња како така е тоа она знае ние не знаеме.... Башка со мајка ти ќе се скараш после пак си е по старо, а со свекрва не..
Мене тоа ми е гадно, тебе ако не ти е, не мораш да ги миеш рацете, никој не ти се меша што да правиш. Јас си кажав за мене, тоа ми е бљак и среќа што во моја фамилија нема кучиња. И мене порано не ми пречело, кај другарка што чуваше пекинезер дома, ми свари кафе со влакна од кучето и толку се имам згадено од тогаш не сакам да видам ни куче ни маче, а скраја да е па дома да чувам.
Има кучиња кои не пуштаат влакна и не мирисаат за дома чување. И во право е членката дека кога дом аимаш милениче не можеш на пет минути да се миеш. Нормално пред јадење или ракување со храна и слично но на пет мин не е возможно. Зато аи постојат луѓе кои сакаат миленици и луѓе кои не саакат и не чуваат. Но осудување не е во ред. Може секој да најде постапка кај другиот што му предизвикува гадење.
Јас би рекла штета што немате куче во фамилија а не среќа,за тоа што ти се случило кај другарката е крива другарката а не кучето,кога имаш куче дома ќе си одржуваш хигиена околу него и во домот.