Па, вие добрите по душа слободно продолжете да си се лигавите со кучињата и остајте не нас останатите на раат. Па уште кога ќе слушнам на кучињата со сине кога им се обраќаат, а и со мама, упат за психијатар одма би дала. Една во парк па му вика на кучето, мама дојди да се поздравиш со чичкото. Абе да не знаеш дали да ги жалиш или да се смееш
А кај има правило кој треба да е, а не е на крштевка? Познавам доста луѓе и пред пандемијава што си крштеваа деца само они и кум. Ја напнавте со тоа што не ги викнала. Глупо е едните да ги викнат, а другите не. Вака има потполно право никого да не викне освен кумот што мора да е присутен. Нека се дурлат до кога сакаат.
Имаш право на свое мислење, ама немаш право да осудуваш. Еве, и јас не би чувала куче дома, ниту би се лигавела со него, ама тоа е мое право. Исто како што никој не треба да ме осудува поради тоа што не сакам животни дома, така ни јас не ги осудувам оние кои чуваат миленици. Како им се обраќаат, нивно си е. А што те заболе толку? Како така делиш дијагнози од ракав?
Ама да беа тука нејзините ќе ги викнеше така? Па од срамот згора ќе мораше да ги викне и од мажот. Премногу двојни стандарди,да беше обратно? Да не беа тука од мажот и да речеше тој епа да не доаѓаат и твоите ќе ве читавме во темите Брачни проблеми кај што плачете.
Јас што детето и кучето си ги викам браќа за кај сум? Си реков да ми кажеш и да тргам одма да не губам време...
Бре бре, многу се увредивте за ова кучињата, темава е свекрви и снаи, може да си отворите тема лигавење со кучиња и таму давајте си поддршка
Јас нигде не прочитав дека ќе ги викнела да биле тука. Да не нагаѓаме теории. И немаше да "не читате" зошто ова не е мој проблем. А да беше мој проблем, ако не доаѓаа неговите, немаше ни моите и обратно.
Сигурно сака да ја гледаат свекорот и свекрвата, баш како што го гледаат кучето , ама нели секој според заслугата. Секој пост е кучето вака, кучето така, кучето, кучето... За малку ќе заборавев дека има проблем со свекрвата.
Еве читај меѓу редови апла е. Фигуративно тисе обратив за темата Брачни совети,не мислев ништо лично за тебе,извини.
Маж ми на кучето му вика: Оди кај Мајка ти она ќе те шета. Кучево ми е член на семејство жал ми е што некои луѓе нема да го искусат тоа...
Кучињата се подобри од човекот каде каде и греотка е вака да се зборува за едно толку добро суштество. Луѓето никогаш нема да бидат како кучињата. Од секогаш сум сакала така едно верно мало кученце, ама сега за сега немам време да се грижам за него. Може во иднина, се надевам.