Ајде бе жени. Колку и да си љубител на кучиња, колку и да ги чуваш дома, бањаш и слично, грда е сликата куче да ти лиже рацете а ти со истите немиени да земеш да јадеш. Никој не го оспорува фактот дека кучињата се најдобри пријатели на човекот, ама хигиената нели треба да биде пред сѐ?
Многу отидовме офф топик,ама нивниот јазик е како нашиот в уста,не се гнасни за да дискутираме за нехигиена.
Aма не дека се гнасни, ама ај некој човек така да те лиже па ти со истите раце да јадеш? Не ми е прифатливо
Кучето е дел од семејството. Доколку водиш хигиена, постојана вакцинација, дехелментизација, нема зошто да биде одвратно, неубаво, нехигиенски итн. Досега ништо не ми било, а кој чува куче знае дека не може да одолее на тие очиња кога моли за храна. Заедно се јадеме. На кој му пречи, нека мижи
Ама ти што сакаш прави со кучето дома. Јас ти кажувам како мене ми изгледа од страна. Ако сакаш нека те лиже и по лицето и по рацете па така немиена си јади, твое си е. Ама дека е во ред, нема потреба да ме убедуваш
Јас чував мачка дома, спиеше дома. Ама никогаш не ме лижала додека јадам, или сум јадела без да измијам раце по контакт со неа. Ме лижела и сум ја галела ама миев раце отпосле. Неприфатливо ми е со такви раце да седнам на ручек
Луѓе сите сакаме миленици ви отворив тема за зборење али збориме за дома ако го чуваш треба редовно бањање чешлање водење хигиена за него ако го изнесуваш надвор макар и во двор треба нозе бар да му избришеш. Ова кучево на свеки еднаш во три месеци бањато и имаше навика а се лиже доле идеше по нив да им ги лиже рацете плус само отвараа врата го пуштаа во двор по трева и земја и пак дома без да му се избришат нозе а на неа страв и беше да му ги брише за да не ја гризнело. Верно куче не гриза сопственик и се знае хигиена како се одржува они дома не влагаат од надвор со патики да скокаат по кревет и да одат дома или пак да одат во тоалет а да не си измијат раце. Јас многу сакам животни и имам чувано и маче и куче и папагал ама никогаш вака не сум постапувала т.е. тоа да ме команда мене
Мачка кај што моча еднаш не иде втор пат таму и по хигиенски се плус цел ден се дома додека куче мораш надвор да го изнесеш и додека не се истрие од др мокрача,мрша или било што не се враќа дома сакаат да мирисаат на тоа
Еј сеа претера. Абе готово, у гомна умачкани ако не, не се враќаат дома. Имам чувано кучиња и ниту едно не ми се мачкало во мрши и мокрачи. Да душне, да, да се мачка не
Ако твоето не се мачкало ова се мачкало во мочки додека не се бутне таму кај што мочало до крзно не се враќа дома!!! Не се сите како твоите и твоите не те гризнале ниеднаш и те слушале ова само ги лае во бувална смисла "рани куче да те лае"
Па добро, ти викаш кучињата биле таки, мачките не. Значи ете, не е така, да не се шират дезинформации
Абе добро не мора да значи, ете ние имаме 5 кучиња и само едно ја има оваа навика, знае некогаш да скокне преку ограда и директ оди да се вала у гомна, она беше улична и се снаоѓа низ улици ама едно влегување дома одма ја бањаме, така може да прави ама може и да не го прави ова. Инаку тоа е до хигиена на човек, и ние им миеме шепи, бањаме редовно, не се влегува у куќа со чевли и се тоа, ама не можеш да кажуваш како некој ќе се понаша со своето куче, тотално неприфатливо е.
Жени,мили давајте си совети! Не скокајте една на друга. Кога беше крштевката од синко беа поканети кумовите, свекорот, свекрвата, золвата, мајка ми и сестра ми. Бевме јас, мм и бебе. Толку бев испровоцирана од кумовите и свекрвата. Ми го упропастија денот кога требаше да светам од среќа. Односите од тогаш се тотално заладени. Ќе ги поканиме кога синко ќе има именден и роденден. Но, сега ќе видат во буквална смисла на зборот, со кого си фатиле работа. Не прашувајте што било, како било! Немам време да одговарам. Значи, мили жени, давајте си совети. Не се осудувајте една со друга. Убав ден на сите.
Надвор од темава, ми падна во очи беа поканети кумовите, без кум не може да правиш крштевка. А кумот е нешто свето на земјава, тој треба да е духовен родител на детето. И не , не е во ред да си во лоши односи со оној кој ти го крстил детето. Што и да било треба да разговараш, да најдеш начин и сила да простиш а не да се одмаздуваш. Извинете на оф топик.
Се согласувам дека со кумовите треба да се биде во добри односи. Кумата пред да се породам рече на 40 дена после молитва, бебе се носи во три куќи. Десет дена пред молитвата ги известивме дека ќе поминеме на едно кафе, на 15 минути. Не го примија тој ден моето ангелче ( тешко синко што има такви кумови ). Да им беше нешто хитно неодложно во ред. Но, вака нема оправдување. Некни ни беше Слава и не ни се јавија да честитаат. Се јавиле кај свекорот и свекрвата. А, едни за други што не кажуваат. Маж ми чади и ептен е љут.
Затоа кум не може да ти биде било кој. Не сум за старо кумство, доколку односите се оладени и не сме блиски. Што ќе ми е кум ако го гледам само за нова година и прочка? Нашите кумови се генерација на мм, т. е. една година поголеми од мене, тука некаде сме значи и преубаво си живееме.. Секој викенд сме или кај нив или кај нас. На нова година и мај сме заедно, на излети заедно одиме често и по кафани порано. Додека со старосватовите го немаме тој однос. 2 пати и се јавив на старосватицата за кафе, не можела моментално, а ниту еднаш не се јави она. Отидеа фамилијарно во странство не ни кажаа, барем едно кафе да пиевме заедно, да се испративме. Сепак стоеја таму во црква и матично до нас. Случајно дознав ден пред да отидат. Исто и таму кај што сме кумови немам близок однос. 3,4 пати ги викавме на гости, не дојдеа, само нѐ лажат денес, утре и никако да се видеме. А не дека се плашат од короната и двете страни, напротив.
Не сум компетентна многу да коментирам на темата кум, не сум верник. Но мислам дека кум треба да ви биде близок драг човек со кој нема да имате недоразбирања и на кој можеш да му кажеш шо ти смета, а не некое си старо кумство шо е само од роденден на роденден.