Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.672
    Пол:
    Женски
    Абе одма би земала 3 кучиња дома, ама не ги сака свекрва ми (а ни тие неа, фала богу:worried:), па кога ќе се преселиме, со три кучиња во наш стан, ич нека не доаѓа после.:rofl:
     
    На Anyshka, CameliaMiller, Осе и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    19.027
    Ама вие сами си го одбравте кумот т.е. другар на маж ти или старо кумство?
     
  3. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Ете си го најде решението да ја држиш подалеку и поретко да ве посетува. :D
    Кога ќе се преселувате?
     
    На Bebac, mal.ecka, jarec6 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Сами ги одбравме. Другар од мм. Но, вакви не беа. Видоа тро пари и се сменаа за 360 степени.
    Маж ми вика, рака во оган ставав за нив. Сега не сака да слушне за нив.
     
    На crazylady и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    19.027
    Јас па бев 100% сигурна дека се стари кумови зошто од другарки знам само тие така се понашаат. Не би очекувала од другар рака.
    Ако нешто ти значи мојте се скарале со тие стару кумови ја кумот никогаш не сум го видела, се крстев пред свадба маж ми имаше желба во црква да прајме па зошто да не и еве толку години воопшто не знам ни жив дали е чоекот. Живот.
    Така да не се замарај тоа е така требало
     
    На crazylady, Pacient srna, Bebac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Ова воопшто не ме чуди и тебе нека не те чуди. Најдобриот другар на татко ми му бил кум за свадбата и за моите двајца браќа. Јас кога сум се родила, кумот му рекол на татко ми што се вика во 5 за 12, барајте си кум јас мислев дека е машко, чим е женско, јас не го крштевам. :x и така мене тетка ми ми е кума и стално сегде ми е присутна и највеќе си се сакаме.:lol::lol:
     
    На crazylady, Meckicja, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Било како било, мм ми вели убаво што им го видовме вистинското лице. Тие и понатаму ќе се кумови, но, да биде како порано што било нема да може.
     
    На supergirlmb и Milkiway им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    19.027
    А што ви кажаа зошто не ве примија на гости?
    Ова со славата да не мислеле дека треба кај свекор ти да се јават?
     
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Уште подобро таман нема да те замара земи питбули некои,дога :D
     
    На Bebac, Meckicja и thelittle17 им се допаѓа ова.
  10. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    За Слава секоја година доаѓаат кај мм и мене. Да се јавувале кај свекорот, слушнав прв пат оваа година.
    А, за гости т.е. 40 дена од бебе биле в село. За два часа после молитвата да се јават, дека се вратиле од селото.
    Тоа е што е. Јас повеќе не се замарам со нив. Уф само колку сум раат и психички и физички од кога заладија односите.
     
    На Brpbrp, tina2018 и Milkiway им се допаѓа ова.
  11. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    И поента на мојата дискусија беше да се поддржуваме како жени. Бидејќи сите си знаеме што имаме по "дома" (свекрви) и т.н.
     
    На crazylady, Осе, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    И свекрвите се жени,и тие си имаат по дома "снаи",никој не сме цвеќиња за мирисање.
     
    На CameliaMiller, Biljarkata, Mantub и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Или има лоша снаа добра свекрва или добра снаа лоша свекрва се е тоа до карактер на човек нема врска називот. Ако некој е расипан таков ќе си е не може никој да го промени тоа.

    Пример деверот што ни беше на свадба татко му има брат и тој е женет живеат во иста куќа. Е сега мајкава оди и им влага по дома само на едните и таа снаа ништо не вика дури со мамо и се обраќа и премногу е добра жената, додека таа другата не ја ни прашала ни "како си" али кај нејзе не влага туку само од врата што треба и како треба и толку и оваа повеќе ја цени на некој начин што врата пред нос и лупа,а на оваа другава што ја гледа како своја мајка маста и ја вади. Е тоа е тоа карактер на човек (плус мажот на оваа отиде на 70години во Хрватска да работи само за да не ја гледа и слуша три месеци) :)
     
    На Осе, Bebac, thelittle17 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Овој пат додека бев банирана, заприметив дека на подфорумот Брак, 99% се дебатира на оваа тема.
    На другите чат-пат по некој 'изолиран случај'.

    Да ви кажам најотворено и најискрено на сите... оти јас го поминав дел од вашето и мислам дека е редно време, ваквиот 'проблем' да 'изумре' со мојата генерација, а не да го пролонгирате до недоглед.

    Значи вака:
    Ни една од вас нема проблем со свекрвите.
    Апсолутно, ни една!

    Проблемот ви се мажите.

    Во Македонија, жените од раѓање се учат од околината дека:
    -Треба да се омажат
    -Треба да имаат деца
    -Треба да си го почитуваат мажот
    -Треба да се исселат кај мажот
    -Треба свекрвата и свекорот да се слушаат
    -Таму не ти е твоја куќа
    -Треба да си 'домаќинка'

    *Во 'домаќинка', спаѓа: чување деца, готвење, чистење, пеглање, перење, чедност!


    Од друга страна од мажите нема никакви очекувања за нивното однесување во брак, освен:
    -Треба да се оженат
    -Треба да имаат деца

    Жените од мали се насочуваат кон домашните обврски, а на мажите им се прогледува низ прсти (мајка му и ќе го пери, и ќе го пегла, и ќе му готви, и ќе му носи вода дури гледа фудбал)

    Мораме да го прекинеме циклусот на континуирано промовирање на веќе застарениот систем на брак.

    За животот во заедница е битно сите кои се во нејзе, да имаат еднакви права и одговорности, а не да бидат поделени по пол.
    Се' што можам јас да направам, знам дека може и маж

    (Зборувам за општествена еднаквост, не анатомска.
    Да не ми влета некој)

    Како што мене ме учеа дека ќе треба да чистам и готвам и да се исселам од дома... и да ми е сосема нормално да бидам 'отсечена' од родителите кои ме растеле и чувале 25 години, така и него требало да го учат.

    Свекрвите, свекорите, а некогаш и родителите на жените... се мешаат оти не си ја знаат улогата во новиот 'поредок'. Не се свесни дека се веќе секундарно семејство, а не примарно.

    Исто и мажите:
    Примарно семејство ти е жена ти (и деца), секундарно мајка ти и татко ти и сиблингс.

    Одлуките вие двајцата ќе ги носите, со ваш договор.
    Кој вам двајцата ви одговара.
    Не на мама, не на тате, не на бате, не на дада!

    Тие може само да ги информирате што сте одлучиле, а не да ги внеусувате во секој аспект од вашите животи. Не мора и не треба се да знаат што ви се случува, ниту пак вие мора да знаете за нив.

    И најдобро е да живеете одделно од секој кој не е во тоа примарно семејство.
    Се разбира, доколку имате услови.
    --------------

    Од личното искуство, дознав дека можеш да го научиш и ти мажот на овие работи, под услов да е спремен и да сака да учи.


    Со среќа на сите :hug:
     
    На butterfly6223, Lady D ❤️, Veta и 76 други им се допаѓа ова.
  15. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.122
    Допаѓања:
    1.489
    Пол:
    Женски
    Пак јас ќе си споделам нешто од денепниов ден:rofl:
    Прееска си доаѓаме дома со мм ,ама очигледно мајка му не видела дека сме дошле,и случајно поминувам низ ходник и госпоѓата ме оговара по телефони некои глупости и измислици ,е не издржав и морав да и го спуштам. Влегов у соба и и викам :што и за кого зборуваш знаеш ли?да се засрамиш! И коа ме виде се укопа и вика на телефон како?како? Демек не слуша шо и зборуваат на телефон ,а не знаеше шо да каже .. И ја си излегов,не планирав да се карам,само да и дадам дознаење дека ја слушнав. И после 5 минути ми доаѓа у соба и ми вика:што е викање,ти кујзнае шо си слушнала ја зборев дека праев полнети пиперки за ручек. Луѓе ,дојде ме глеа у очи и Л А Ж Е .И и реков пак слушнав ја тоа што збориш а ти само да се засрамиш,а не уште будала у очи да ме правиш,нема што да ме ставаш во уста,и пак засрами се. И виде не виде си излезе од соба.
    Му кажав на мм шо и како беше и и отиде,и него му го кажала истото шо ми го кажа и мене,ама мм и рекол: ај нејзе што ја оговараш,ама јас сум те слушнал за мене што збориш,и да не си зборела јас не ти верувам.
    Какви луѓе постојат,стварно просто се чудам:rofl:
     
    На Meckicja, thelittle17, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    Траги комеди :rofl::rofl:
     
    На thelittle17, Bebac и hristinan12 им се допаѓа ова.
  17. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    11.897
    Вајлд добар манифест напишала.
    Ама кај нас на Балканот уште еден век ќе ни треба да почнеме да го прифаќаме тој однос.

    Колку подалеку, толку повеќе ќе има почитување.
    Во западните земји, децата излегуваат од домот уште на 18 години и се очекува од нив да живеат сами, да се самостојни.
    Под ќирии, со две работи, не е битно.

    Овде кај нас градат куќи на три спрата, за синовите. |(
    Уште мало дете е задоено дека се очекува во иднина да живее со нив.
    Или ако имаат куќа на спратови, се жени синот и да сака да си иде на друго место под ќирија, одма леле мајко. Трагедија. При дом, без дом, па ќирии ли да плаќа?

    Мислам дека финансиите се главен виновник за тоа. Да сме развиена земја, со можности за вработување, или барем платите да кореспондираат со ќириите, подруго би било.
    Со 300 евра, како ќе одделиш за ќирија ете...
     
    На Anyshka, Veta, lovely91 и 26 други им се допаѓа ова.
  18. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Не се жалам на свекорот/свекрвата, немам проблеми со нив (се надевам немаат ни тие со мене). Сепак ми треба совет како да постапам..

    Се очекува за месец дена здравје боже да се породам. Со маж ми сакаме се сами да пробаме да направиме околу бебето кога ќе го донесеме дома ама се надевав свекрвата да биде тука првите неколку дена додека го бањаме, додека чистиме папоче и сл, да не гледа и да ни подели некој совет ако треба.
    Таа самата милион пати има кажано, деца со што сакате и колку сакате ќе ви помогнам, само кажете, ако ми кажете оди си, ќе си одам. Плус она многу ретко иде на работа и живее на 10тина минути од нас.
    Свекорот работи како чувар на градилиште па очекувам дека има минимален контакт со луѓе. Но свекрвата редовно се гледа со сестра и која е медицинска сестра и цел овој период иде на работа.
    На работа иде и идна тета, на прием на пациенти во болница.

    Од друга страна моите родители живеат во друг град. Двајцата се пензионери. Само татко ми искача од дома за да пазари. За мекици се договоривме дека нема да викаат никого, за да не би чекале 3-4 недели пред да им дозволам да дојдат да си го видат првото внуче.

    Ова со мекициве го знае и свекрвата а и реков дека и со маж ми се договоривме дека ни он нема да прави собиранки, гледање со луѓе и сл. Е сеа женава вика се е тоа супер, ама не знам ние колку ќе можеме така, ќе мора да ги викнеме барем најблиските-ваљда мисли нивни сестри, браќа со кои јас и маж ми се немаме видено од март.

    Не знам како да се поставам по ова прашање. Ако си прават некоја мала фамилијарна прослава маж ми нема да иде ама они сите ќе се измешаат. И кога ќе си дојдеме од болница ќе сакаат да дојдат и да видат внуче а не знам колку сум ок со тоа. Од друга страна не сакам и нив да им ја ускратам таа радост, и нив им е прво внуче.
    Ај ова замислава што ми беше околу свекрвата во првите неколку дена да биде тука да ми се најде, не мора, ќе се снајдеме. И со рана од царски да сум ќе изгураме некако. Ама за гледање дете и за земање дете од болница ( под импресии сум дека планираат дека ќе дојдат со маж ми по нас) некако не знам што да правам...
     
    На wendy2, tina2018, Milkiway и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    И ако после 10 месеци пандемија и над 2200 починати, луѓево уште не научија зошто не треба да се собираат, еве навистина не знам што друго треба да случи за да им текне.

    Еден, значи само еден од гостите треба да е заразен за да се случи хорор сценарио па после од мекици ќе се префрлат на јадење блага пченица.

    @Bicka77, нека си одлучат што им е побитно, внуче да видат во живо или мекици да прават за народ. Ама ако решат мекици, кажете им јасно и гласно дека внуче ќе гледаат на вајбер се додека не поминат две недели од мекиците па нека изберат паметно.
     
    На Pacient srna, ALISA0000, CameliaMiller и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    19.027
    Ни мојте ни неговите не правеа никакви мекици во окт се породив јас
    Се знае што е најбитно бебето и неговото здравје.
    Дојдоа сите а потоа 40 дена никој дома ми немаше дојдено.
    Ако сакаат ќеифови да тераат јас не би ги викала.
    Мојте и неговите кај блиски им носеа мекици до врата

    Искрено да ти кажам мојте да правеа мекици јас ќе ги пријавев во полиција секако има мерки моментално :D:rofl::rofl:
     
    На ALISA0000, crazylady, Miss666 и 2 други им се допаѓа ова.