Реално, не можеш да им кажеш да не прават собиранки, секој со својата свест. Но, имаш право да кажеш кој ќе ти дојде на гости. Јас ти гарантирам дека ќе се снајдете околу се, бањање, нега на папче, доење и сл. Верувај, свекрвата нема поубаво да му го исчисти папчето или поубаво да го држи додека го бањате. Може само да ти виси над цицка додека доиш или да ти ја пипка дали имаш млеко Здравје породи се, ти посакувам лесен пораѓај и зависно од нивните (не) собиранки ќе ја повикаш на помош доколку има потреба. Но, верувај штом маж ти е до тебе, немаш гајле. Маж ми немаше фатено бебе во раце, па му објаснив се што ми кажаа во болница и сега сме dream team. Па и фала богу, се има на интернет, а ние тука сме секогаш на располагање
nisto barem do 40 dena reci Im oti gosti ne sakas I jas taka kazav pred dve god nema lutenje zatoa toa e malo bebe I nema imunitet uste
Затоа што во Холандија или Белгија од 18 год. сами живеат младите. Никој не живее со старите, се гледаат за празници само.
Баш така, спалните и детската соба на сопругот која станува спална по бракот, се една до друга. Свекрвата знае кога имаш секс и дали мочаш или се туширате по секс, зошо д Ане ти фати цицка малце.
Реално иако изгледа се тешко подобро сами ќе ви биде совети не ви требаат можеш и по телефон да добиеш. Нема нешто поубаво од првото бањање на своето бебе али сами. Ви треба простор и време да се навикнете на се и дека приоритет ќе ви биде тоа малечко и нема да имате време да се замарате со другите околу вас зошто ќе гледаш кога спие колку спие колку јаде кога јаде ждригнало какало прднало грчевите се доста исцрпувачки а никој друг нема да му ги смири освен ти и маж ти и мало бебе не сака да е прифаќано од еден човек на друг дај јас да го подржам дај друг да го подржи итн итн. Ништо лошо не можеш да му направиш за да ти е страв се е предпазливо и да му е нешто ќе се јавиш на стручна помош сигурно нема да му помагаш или лечиш со бабини девитини. Најпрвин доењето е посебен чин лога се поврзуваш со бебето и не треба никој да е до тебе да ти зјапа во цицка или да ти пипка во лраен случај и после да следат коментари бебе плаче гладно е. Верувам дека ќе бидете добри родители и ќе си се справите САМИ со се
Еј па за едно цице сте се фатиле. Демек нема она, не видела, па ќе се устручаваме мене стрина му на мм ми ги извади нејзините да видам колку вовлечени брадавици има.
Не знам која беше тука од членките, свекрваи ја извадила нејзината и рекла кога брига за мајка му еве јас ќе го цицам, нешто во таа смисла, не можам да се сетам добро.
Абе дојдоа кај мене со свеки и ме прашуваат, за цицањево, ја и викам на едната не фаќа, вовлечена ми е и свеки ми вика ехеее да видиш на Маја какви и се. И Маја ни 5 ни 6 ооп ци☆ката надвор - "види мене какви ми се, па го доев до година ипол". Јас секундарно свртев поглед налево кон терасата и гледав во природата, така загледана си излегов и си отидов во спална. мислам, што би рекла во таква ситуација? видоа не видоа, си поќутеа така сами и си отидоа.
И како може да се провери тоа? Него ти рекоа извини ли може да пипнам или така само почнаа да пипкаат?
Не бе доаѓа ти ја фаќа градата те стиска глеаш ѕвезди од болка А се пипа градата дали е тврда тоа значи има млеко дури не се воспоставу лактација после се меки градите Мајка ми ме пипкаше за грутки и дали требаше повеќе да одмолзам изгубена бев немав осет дали е цврста или не... во доење расчитај пи страните ќе ти биде јасно
Нивно е да си одлучат дали ќе прават мекици или не. Твое е да одлучиш дали ќе ги примаш да дојдат после тоа. Многу едноставен проблем имаш. Дете ќе раѓаш, одсега треба неговото здравје да го редиш на прво место, а не оставање лице кај свекрва, задржување добри односи на сметка на здравјето на детето. Ако се налутат нека им стои. Валда поважни им се мекиците одколку здравјето на внучето. Не сакаш да им ја ускратиш радоста за прво внуче, ама исто така не сакаш да го изложиш детето на опасен вирус само што родено. Нема што да мислиш и премислуваш за проблемов. Прават мекици - не доаѓаат. Толку.
@Bicka77 подобро ќе ви биде сами да го чувате верувај. Ќе се учите двајцата заедно, ќе си плачете и ќе се смеете заедно. Ќе ви биде забавно секое ново гласче, движење. Според мене баш тие први денови дома се најубавите, најмагични и не би сакала стар човек да ми се мотка низ куќа, без разлика дали е мајка или свекрва, да те загледува што правиш, како. Она да ми оценува дали е во ред или не, според нејзини критериуми. Баш првите денови треба мир, а не да се чувствуваш како да си на пробен месец за мајчинство и директорот да ти виси над глава да ти кажува како треба, како не. Сачуј боже од фаќање гради, дури и гледање како доиш. Одвратно. Сам како знаеш најубаво, ако ти треба помош патронажна ќе прашаш, или сестра. Некаде во темава прочитав дека свекрвата и ги масирала градите првите денови и ми се згади... Не знам во кој век живееме.
@wendy2 јас сум таа Да жал ми е што дозволив ама тоа е дадениот момент беше таков да не ни размислував чисто ,плус не бев информирана доволно за некои работи Ама помина е сега второ дете нема така @Bicka77 никој не ти треба Мацо ,ама ич никој. Мојава дека тука е на глава ми се качи. Едно бањање рает не ми поминало еве 4 месеци. Ако плаче зошто плаче ,ако не плаче нема да развие плуќа, па демек чорапи и мести она ја проверува холахопки дали има,широк повој дали ставам . за тоа ли ти треба ? Плус ако веќе живеете сами не ти треба да ја викаш ,после може да си земе многу за право ( додуше ова индивидуално е до жената ама еве пример мојата еднаш ќе и побараш нешто и после оди запри ја јас пак се чудев зошто толку ја изолирал мм ). Замислете вчера јадеше риби пржени и благо млеко за да не јаде од мене правен ручек