Хахахахахаха секој ден прави и да пукне мојана чекаше да си отидеме ние да почне да меси му вика на мм утре ќе правам пита да дојдеш да земеш и мм оди во 13:00 таа тогаш почнала и уште му рекла па рано станав за да правам пита среќа па ручек си направив
А за давањето мекици, може да се направи некоја интересна замена наместо да викаат луѓе. Пр. Може да спремат пакетче со мекици, јогурт и колаче со ајсинг со цртеж од бебе. Се завиткано, и порака дека имате бебе, но ќе ги изоставите традиционалните обичаи поради претпазливост. Со кола, за најблиските само. Тропаш на врата, подаваш и бегаш. Може интересно звучи за млади, ама којзнае старите што ќе речат на нови промени.
Целава ситуација е направена за веќе да не се собираат луѓето. Но некои повозрасни особи не сваќаат некои работи традицијата пред се макар и да умре. Работава е како да не правиме мекици па мора тоа,не не мора воопшто здравјето пред се
Од кај што сум јас мекици нема... Правиме крофни и носиме кај најблиските до врата па тие ни го враќаат тањирчето ако е женско со шеќер ако е машко со ориз и пари 50-100 денари кој колку има-сака. Јас кога се породив мајка ми однесе крофни а тука не правевме мекици ,само кумот и старосватот дојдоа купивме некоја мекица за адет и мезе за нив си седнаа со мм надвор и толку беше.
Ја имав идејава. Им ја кажав и на моите и на свекорот/свекрвата. Моите нема да можат така оти немаат кола, ќе треба некој плус да се ангажира. Ама помирени се со фактот дека нема мекици и тоа е тоа. Свекрвата ми пренесе дека свекорот рекол многу глупо било до врата само, ни да им влезеш на луѓето дома на по едно кафе/ракија. Изгледа одбива да ја сфати поентата. Како и да е, разговарав пак со маж ми, му предложив да им кажеме јасно дека ако прават мекици или се мешаат на било кој начин со луѓе, ќе почекаат за запознавање со бебе. Изгледа се слушнале у некој момент за ова пошто од сабајле свекрвата друга песна пее. Сега уште на маж и да му се смени мислењето и таман сме.
Најубаво ќе ви биде сами да си го чувате бебето, тоа се најубавите моменти за едно семејство, не ви треба никој на помош, па на почеток па најмалку, кога бебе само спие и станува само да цица. За бањање ќе си се научите сами. Мене во болница еднаш ми покажаа како да го бањаме и на што да внимаваме, да не се мокри папочето додека падне. Двајцата заедно си го бањавме со мм и преубаво ни беше. Јас си го чував сама од старт, мм одеше на работа само два дена беше дома откако се породив. Уште пред да се породам се договоривме со мм дека нема никој да доаѓа да помага, ни мајка, ни свекрва, и тоа им беше соопштено. Кога се вративме од болница, дојдоа на ручек и мои и негови, го видоа бебето и за 2 саати ги испративме сите. Најубаво чувство кога си останавме сами, и си лежевме сите тројца на спална. Priceless! Тој раат со свекрва дома тешко дека ќе го имаш.
Мојте така правеа баш интересно па планираните пари 500еу за мекици нас ни ги дадоа т.е. зс бебе отворив животно осигурање
Пак ќе спомнам првото бањање на синко. Дете недоносено го бањаме прв пат, никој не ни покажа како ни во болница, ни ништо. Дојде свекрва ми, мајка ми тука и ајде ќе се бања бебе... Маж донесе вода, корито поставено, бебе голо и чекаат двеве баби. Видов не видов, го земав бебе у раце, маж потура, јас бањам и го избањавме, бабите уште се туфкаа. Ако требало баби да бањаат бебиња ќе си роделе ќе си бањале. Мама раѓа, мама дои (и да не дои она мисли за тоа бебе), мама не спие цела ноќ, мама бања, мама е утеха, тато по пола со мама додуша, баба е да го сака, милува, кажува песни и приказни. Разграничете веќе.
Така е. Ама се е до карактер, еве и такви има што се лутат ако не им помагаат. И баш ме чуди во што се содржи помошта тој период? Мајката си го дои, преслекува, бања, успива. Толку малецко бебе има потреба само од мајка. Само цица и спие првиот месец. Ако помошта се однесува на готвење, чистење... не знам. Мора секогаш да е чисто дома, средено, да има готвено? Не. Сосема е нормално, со новороденче да се нема време и сила. Разбирам помош ако живеат старите во близина па за ситна помош да се причува бебе на некој саат, ама тоа седење по месец, два кај младите не го разбирам. А особено е често кај фамилии што живеат во странство. Со која гордост (а воедно и со глас на самопожртвуваност) кажуваат ќе одиме кај снаата во германија, мора баба да чува бебе, да помага. Аха, па колку ќе останете, 3 месеци, толку дозволуваат. Во себе си помислувам со лесно да и е на новата мајка, кај нервози со бебе па уште и бабата.
Со мм живееме во странство. Една година сме во брак, деца немаме се уште.Си доаѓаме овде за празници. Со свекрва ми до денес немав скоро никакви проблеми, иако одредени нејзини постапки (како пикање нос во се, прашување за се и сешто, сака се да е по нејзино) ми засметале, но цело време бев со мисла и онака сме овде само неколку пати годишно - ќе се издржи, ќе ја почитувам и ќе бидам љубезна. Не сакам одморот да го поминам во кавги и расправии. Но денес се сменија многу работи. Една недела сме веќе овде, а бидеќи и моите родители живеат во близина па секој ден одам да ги посетувам и нив приметив дека нејзе и смета. Првиот ден не рече ништо, вториот веќе се приметуваше нејзиното расположение, па дури и ми пререче зошто сум јадела кај мајка ми, третиот, четвртиот беше слична песна. За што и да се фатам ми го зема од рака. Ќе земам кафе да варам ми кажува во кои филџани, со која лажичка. Денес ја прели чашата и навреди близок член од моето семејство во мое присуство. Ме здоболе мн, но сепак не и реков ништо. Мм не беше дома, кога се врати му раскажав се и за денес и за претходно. Иако никогаш до сега не сум му кажала лош збор за неговите овој пат мислам ми пукна нешто одвнатре, се му изнакажав. Неговата реакција беше дека мн преувеличувам и дека немам почит кон неговите и наместо да трчам секој ден кај моите требало дома да и помагам на мајка му, да се грижам повеќе за домот. Многу се расправавме за да на крај ми каже ако сум немала почит кон неговите слободно да си ги соберам парталите и да се вратам кај мајка ми. Многу сум повредена. Како би постапиле вие во таква ситуација?
А зошто да не јадам кај мајка ми, него мајката му е повеќе од мене што ми е мојата мајка? Како го сфаќаат ова бе? Сум се омажила и моите родители треба да ги заборавам и животот околу неговите да ми се врти? Јас сум за тоа најпрво да си бидеме јас и мажот и дете нели ако има, ама не можам јас ако сум се омажила мајка ми сега да ја шутнам, околу мајка му да се тресам. Па и да се објаснувам зошто јадам кај мајка ми?Ми се сака, мајка ми е, зарем треба на некој да објаснувам? А тие селските закани собери си ги парталите и оди си кога ќе ги слушнам, косата ми се крева. Речи му ќе си одам седи си со мајка ти! Што е со овие мажи бе! И да му кажеш дека ќе ги почитуваш неговите, кога он ќе ги почитува твоите, до тогаш нека не ти се ни обраќа ако не сака.
Не знам како би постапила,ама маж ти испадна ропак ако стварно спомнал 'собирање партали' и враќање кај мајка ти. Можда бил нервозен или ти 'сликовито' го раскажа конфликтот, ама ако стварно навредила твој близок, си требала да и речеш да повтори уште еднаш што кажала. Во секој случај маж ти згреши и најмалку што треба е да ти се извини и никогаш да не изусти такби зборови. А за 'мамаН' припиши на глупавост и пасивна агресивност.
Утре кога ќе имате дете и кога ќе ти кисне врз цицка па и во случаи што имаш читано назад неколку страници да те пипка мажот ти пак нема да реагира. Што си ти должна на неа даи помагаш ако сакаш ќе помогнеш ако не не.Не може тебе она да ти кажува што да правиш никогаш ама НИКОГАШ не се погазувај себеси занекој лингур. Кога ќе умрат неговите ќе дреме он дома и дати помага околу работите кли ќе искача или "ќе има работа".Штом толку му се битни неговите нека си ги чува кога ќе умрат ќе го прашаш ѕогаш што ќе прави и крај краева ти рекол собери си ги парталите со кој памет само...ако сега така ти вика после тоа со дете што ќе биде бетер не заслужува ама ни минитуа да останеш бегај од него додека си без дете полесно е, а он нека си продолжи да си ги чува неговите штом му се толку арни
Бегај од маминото дете, дури сеуште немате свое полесно е.... Зошто кога ќе родиш може ќе му текне да те донесе кај мамичка му за да те учи како мајка да бидеш. Бегај од такви кој уште со папочна врвца де врзани. Прашај го дали сериозно мисли така, дали би растурил брак заради мајка му...
Ова - се лутат. Јас викам - нека им стои Ова и за млади и за стари. "Свекрвата ништо не ми помага" - па не е ни должна, и обратно. Јас мојата два пати ја видов од почеток на јуни до сега. Да не беше корона можда ќе беа 5.
Значи откако ќе се омажиш твоите заборави ги, на мајка му треба посветено да и' помагаш. Права балканска мажетина, алал!