од збор до збор точно...него мене свекрвица знаеш што ми викаше? а да спијам јас со тебе на спална , мм да спие во дневна , за да можела синко да го слуша навечер ако се разбудел јас да не сум се успала ..знаеш сега ме фаќа смеа на некои ситуации со неа иако искрено ми фали веќе 5 години е почината ама имаше многу ситуации со неа.. Друга исто смешна, доаѓа патронажна сестра за малава и ми вика на мене како сте, а свекрва до мене седи и одма а јас како ме болат колената, како ме боли на градиве зелка ставав....и си изнакажа и на крај сетсрата и вика, јас за мајакта и бебето дојдов... баби..ајде не замерувајте на се и сешто, на крај краева се знае баба за што е.. па среќа што е 3 месеца, среќа...а да беа 6??? убиство или развод..
@Klara92 јас обично не сум за толку радикални "мерки" али да ми речел така би си заминала за секунда. Па уште и при првата кавга (според ова што го пиша прва е макар во однос на мајка му)... Што рече и некоја од членките може утре ќе те донесе тука да седите за да те учи мајка како да бидеш. Јас еднаш сама му реков ако не и чинам нека каже ќе си одам. Ми врати ти луда ли си ,нејзе треба да и чиниш или мене . Толку беше ,е сега мојава мирна беше 2-3 недели па пак по старо ама тоа е друга приказна. Ако веќе си останала ,разговарај да одлучи со тебе е или со неа ,тоа е се што треба да знаеш.
Љубезноста кон свекрвата и не кажување на работите во лице донесуваат некои големи проблеми кои за жал на крај завршуваат непријатно за двете страни. Мој совет ти е да не си толку добра кон свекрвати, и да не ја тинтриш...и ќутиш па ќе коментира како одиш кај мајка ти..а за маж ти само прашај го дали е сериозен со тоа собери парталите па кај мајка ти, дали за мајка му би те изгубил тебе...
нели? Една познаничка на мајка ми, нон стоп оди за Австрија откако син и доби бебе. Снаата е Австријка. А свекрвата е 65+ , досадна стара бабичка. И има таков мирис, како стар човек што мириса. Непријатен. Оди на 3 месеци, па се враќа тука 3. После пак оди. Ама последнава година скорз е таму, цела година воопшто си нема дојдено. Стално се прашувам каква жена е снаата, млада австријка, претпоставувам со европски менталитет, ни јазик не си разбираат, како ја поднесува женава... Јас се ежам од што чат пат ни доаѓа на кафе, не па да ми се пресели дома.
Лесно ни е нам тука да ти кажеме што да правиш. Можам да ти кажам јас како би постапила. Од тука ќе се влечат уште многу проблеми. Утре здравје ќе имаш дете, таа ќе дојде "да ти помага", а тој е неспособен да расудува. Ќе доаѓате тука, ќе трева да сојдат твоите таму. Јас лично не ви можела да бидам до таков човек и јас сум таков карактер да штом некој почне да управува со мокот живот, го сечам од старт.
@Klara92 би си ги собрала парталите и би си заминала ВО ИСТ МОМЕНТ. Нек си поцица од мама уште малце, таман да го преболам дур се одбијат Не е маж, момченце е твојот.
Дотолку да се понижувам и да земам да се објаснувам зашто и како сум пошла да си ја видам сопствената мајка. Што ви е бе? Не се осеќате малце мизерно такви идиоти од жени да ви командаат? Еве не ми се верува уште, да се правдам некому зашо сум била мајка ми да ја видам. Едноставно не ми резонира во паметот. Бог да чува.
Не само на него туку и на мајка му треба отчет да и дава. Н А М А Ј К А М У! ! ! Не знам како успеала да им преќути
Не знам ни јас. Не ме чуди мислењето на старата, среќа е кај нас ако свекито не мисли дека снаата е дел од нивната фамилија и треба да заборави на својата фамилија. Она што ме чуди е мислењето на младиве дека треба да се објаснуваш и да се понижуваш за да го задоволиш мислењето на старите. Очи више нема да ми види ако слушнам таков некој коментар.
@Klara92 сега им пречи што ти одиш, утре кога ќе имате деца нема да дозволува децата да ги однесеш и тоа ќе им пречи. Ќе го седнеш сопругот убаво и ќе му кажеш дека ти си имаш сопствен дом со него таму каде што живеете во странство, тука е дом на мајка му, а како што тој дошол да си ја види мајка му сакаш и ти твоите да си ги гледаш и ќе продолжиш да си одиш кај нив на гости кога ќе посакаш. А ова со собирањето и враќањето кај твоите кажи му баш со зборовите да му биде прв и последен пат, следен пат кога ќе ти каже така замини си, ама сериозно засекогаш.
Нема разбирање ни за неа ни за него. Јас не знам што се замишљаат свекрвиве, мислат дека снаа им е роб? Затвореник? А од мислењето на старите најчесто произлегува и мислењето на нивното мезимче.
Па ако немаш свое јас и земаш да се објаснуваш зашто си пошла кај мајка ти, не знам кој нема да те гази чим ти му дозволуваш. Мислењата на старите се едно, јас како ќе се понашам и колку ќе дозволам да ме тангираат е друго. Синот ако бил мамино синче, тоа се гледа во старт. Добро е да има почит кон фамилијата, не е добро да е теле без свое јас.
Нема што да ја разбирам свекрва ми. Како си мисли е нејзин проблем. Ама за син и'... е таму има делкање.
А како постапи ти на ова од мажот ти баш ме интересира? Јас кога би се нашла во ваква ситуација одма би заминала, па после кога ќе остане со мајка му сам нека се преиспита со кој сака да продолжи да живее, дали со тебе или со нејзе.
Да си ги собериш! Не засекогаш, на некој ден. Ем ќе си се видиш со твоите ем лекција ќе му одржиш за друг пат. Да ги немам видено моите, не само ручек туку и би спиела таму и тој треба да е среќен што и јас сум се видела со нив, да дојди и тој заедно да ги посетиме. Ве читам редовно и глава боли, браво за издржливоста.
И јас сум во слична положба ама ти барем имаш среќа што не живееш со нив.. ти терај си по твое, а маж ти ти си го знаеш најдобро може тоа го кажал во афект на бес по сите жалби и измислици од мајка му, ама доколку е навистина со тоа мислење остави го без око да ти трепне., Ти си во предност што се уште немате деца, кај мене детето е на пат..
Баш и треба да се бориш детето да не ти расте во таква средина. На детето му треба среќна и исполнета мајка.
Абе добро за во странство е друга работа и некогаш е неизбежно, пример свекрва ми оди утре кај ќерка и на месец ипол за да ја чува малата од причина што породилното и трае само 3м и таа мора да почне со работа сега, градинките не работат и стварно нема кој да ја чува малата, маж и мора да оди на работа па така немаат избор, ама првите месеци додека и траеше породилното не сакаа никој да оди, сакаа да си бидат сами со детето и да си се навикнат. Е сега јас не ги разбираѓ оние кои додека им трае породилно во странство ја викаат мајка си или свекрвата да дојдат на помош и да седат со месеци, како што повеќето живеат во еднособни станови во странство пример, па и поголеми да се некој да ми го ремети раатот и редот со 6м гости нема шанси, јас би скренала со умот.
Дечки со ова за помош полекате малце зошто сигурна сум кај 90%од вас иделе свекрви и баби. Пошо во форумов се осеќам ко во Америка а во околинава ко во Коњско ( да ми извините од Коњско не е навреда ова него потенцирам селски Мк. Обичаи) Нејсе, другарка се породи и дечки НЕ МОЖЕ не е способна веќе 3м не може сама. Страв и е се е во некоја паника, се кара со маж и, бебето и плаче не знае да зготви седат гладни. Не е неспособна едноставно и ТРЕБА помош. Да била во Америка бебето во Day care ќе одело ама пошо е во Скопје и мајка и е тука оди и и помага. Девојчево бебето си го одбиваше од што не може да се поврзе (и да ДОИ па шо дека пак не се поврза со него ) Ова како тргнавте совети за развод пола Мк ќе се разведе а ја никој не знам разведен. Полека малце така брак не се растура башка живее во странство 3 пати ќе дојде кај свекрва и. Доста веќе ради свекрвишта бракови пропаѓаат ова само во МК постои. Мора работење во брак мора да сфати чоек која му е фамилија! Се искарале и рекол собери парталите. Знаете ја на маж ми колку пати го избркав до сеа? 100 пати и? Ништо пак се сакаме и тој ми рекол иди си ако не ти чини па еве седам пошо очигледно ми чини. Имаме дете и се сакаме и мајка шајка све упм само ради нив се каравме. Мајка ти ова мајка ти она ај у... Не може 1 караница и одма пакуј куфери мора работење мора да се открие зошто и како. Другата страна не ја знаеме за да судиме... Аиии забегав
Потполно се согласувам со мислењето погоре, совети од типот на веднаш заминиси претпоставувам дека поголем дел од нив се немажени, немаат ни деца. Човек во афект се кажува спротивно од тоа што го мисли и чувствува @Klara92 во странство живееш-сон на 80% од младината тоа ти е голема предност, при конфликт со свекрвата обиди се да не проголтнуваш туку на културен начин да и возвраќаш, а не веднаш со плачи кај сопругот. Те советуваат за иднина кога ќе имате деца дека ќе е уште полошо, со дете се менува човек, ќе ти дојде на поседок сепак е баба и таа ќе се срадува со вас, ќе се меша, ќе кажува совети- ко и сите свекрви, нешто ќе примениш, нешто не и тогаш никако не смееш да премолчуваш туку јасно да разграничиш и да заземиш став, верувај тогаш ќе ти треба помош посебно ако е плачливо бебето или низ куќа ручек, да ти среди, помошта со бебе секогаш е добредојдена.