@Milkiway едно е да се скарате меѓу вас и у нервозата да речеш оди си или он ти рече или не знам што, не дека е правилно ама едно е тоа, а сосем друго е да застане од страна на мајка му, да кажуваш ти дека те навредила и да кажуваш какос е осеќаш, а он да ти вика ако не ти одговара оди си. Ти треба да си му преоритет, а не мајка му.
Не де ама треба убаво да се каже Чудно е да живеат харнонично во странство одеднаш кај мајка му проблем нападнаа соте дека на цицка бил а човекот како што гледам се одделил земал жената и отишол во странство Не судам дури не чујам деуга страна ама нешто довело до ова не е туку така испаѓа од сите мажи да се разведеме Само ме интересира колку пати одат кај свекрвата и зошто и ќути пошо ја на свекрва ми не и ќутам поготово жена у пензија ако е ич не треба да и чуе Прекраток е животот дечки ради свекрви да се оставате не се наоѓа така лесно асален да имаат погокем проблем да ја тепа да се коцка да пие да разберам ама за свекрва бе...
Тинејџери сме, поима немаме. Да, да му текне да каже нешто такво, он прв ќе си летне, лека му крила. Деца не би ни правела да е таков.
Точно дека не треба да дозволат ради свекрва да се разведат ама не е жената таа што не треба да дозволи тоа да се случи, туку сопругот, оти он ако е маж ќе ја стави мајка му на место и нема да дозволи жена му да се нервира, ако дозволи жена му да си оди ради тоа што мајка му не знае кај и е местото и он не се потрудил да и каже каде и е, тогаш жената сосем е во право што сака да се разведе. Не сме ние тие што треба да им кажуваме на свекрвите кај им е местото туку сопрузите, исто како што и јас нема да дозволам маж ми да и кажува на мајка ми или татко ми каде грешат, јас сум таа што им кажува. Оти кога во некои пригоди моите го критикувале маж ми јас сум им кажала дека не е нивно да коментираат и сум го бранела иако може во право биле. Така да во случајов девојката е сосем во право. Не велам дека треба да се разведе одма, ама дефинитивно треба да ја преиспита врската и бракот со сопругот оти ова не е во ред во нити еден случај. Да ми кажува свекрвата дали треба да одам кај моите или не, он нема право да ми каже дали да одам или не кај моите, не па она, ќе си ја прашам дундата дали ќе ја послушам. Јас кога си одам од странство спијам кај моите оти сакам да ги видам, си одам и дома секако, ама со маж ми сум цело време, со нив ги иам тие неколку денови да се видиме и никој нема право да ми каже што да правам со моето време, посебно не свекрва.
Ако е асален, нема на ум да му падне да и' рече собери си парталите. Човек што почитува друг човек не вика така. И најхармонично надвор да живеат, човек се проценува кога ти е тешко, а не кога ти е арно. Во арно сите се арни.
А што треба по твое? Да им се потчини? Да не ќе го превоспитува сега? Животот каков ќе и биде? Мене па повеќе ми е селски жената да трпи и да ќути заради "доброто на бракот" одколку да држи до себе.
Никогаш во кавга не сме си рекле земај парталите и оди си,не ми е нормално... и девојчево нема проблем со свекрва и туку со маж и и мене ова ми изгледа како почеток на многу други проблеми. За помошта да,на секого добредошла ама што со оние на кои нема кој да им помогне? Ќе се снајдат,се ќе помине.
Ама каков афект луѓе, до кога ќе се правдаат нечии постапки со тоа клише... Во афект било кажано. Ма немој. Некој ако е одлучен да си трпи цел живот навреди и на секоја пожестока караница да се бркаат од дома, во ред, јас лично не толерирам такви зборови. И не би го воспитала своето дете утре да мисли дека тоа е нормално однесување.
Јас се слагам со дел од членките дека не треба на се да се скока. Некогаш е подобро да игнорираш, не вреди замаранцијата ако сакаш мирна глава. Но, во конкретнава ситуација, женава си иде дома од странство, и се муртат дека идела на ручек кај мајка си секој ден, пошто нели, што бара да си ја види мајка си, а маж и се слага со тоа, и и вика, епа или седи со мајка ми по цел ден дома и заборави ја мајка ти или ај чао. Како ова може онака да си пројде само? Па ова е најосновно газење, ко булинг ми е. Прво, женава сама се погазува со тоа што се тресе свекрвата што мислела, а второ, никаква поддршка од маж за нешто што секој нормален треба да го разбере. Ова со традиционалниве вредности кај нас, дотолку не го можам, ме нервира и вака што читам некогаш глупости и како луѓето тепаат време и нерви.
Dobro navistina ima seuste tolku mnogu mladi sto ziveat vo zaednica? Navistina nekogas neznam sto citam... Abe otvorete usta, Gospod ne ja dal za da se razbereme, da se izjasnime, a ne na site da im kutime i sami vo sebe da pcueme!!! Znaci..majka e majka svekrva e svekrva a maz e maz... Site tie se razlicna kategorija na sakanje i pocituvanje, a i nikogas ne mozes da posadis drvo vo pustina... Ako ne biva ne biva! Pa nemora sekoj so sekoj da se.saka, sekoj so sekoj da igra'....
Да ја стави мајка му на прво место, а мене не, или да ми рече ако не ти се свиѓа собери си ги парталите и оди си, ми е исто како да ми влепи шамар. Ни едното не би го трпела ни другото. Зошто секогаш жената да трпи за хармонија во бракот и за да го зачува? И зборовите се кажани во афект, и шамарот е влепен во афект. Доста со тоа клише оправдување. Не е во ред ни едното ни другото. Едното е психичко малтретирање, другото и психичко и физичко. И не може да се оправда ниту едно. Доста е веќе со потценување и потклекнување пред мажите, не пиел и не се коцкал па ај ќе го трпиме, а тоа што тропа се и сешто не е битно а? Што ги навредува родителите на сопругата не е битно? Па подобро сама цел живот, џабе е и да е најзлатен на свет ако не ме става на прво место мене и ако не ме цени мене и моите родители.
Па веќе 9 месци гледм така носат никој не прави дома. Поинтересно е, а и нема да поминат 100 луѓе дома пред да си дојде бебето.
Не реков никој ништп да трпи ама еве членката ако сака нека сподели повеќе инфо каков и бракот што прават... како живеат во странство кога се сами. Така во Совети и скокнаа на една да се разведе па си го среди бракот зошто и посочив да направи нешто што јас го правев и си помогнавме. А има и брачни советувалишта ја и маж ми конкретно онлајн плативме преку апликација и психологот знаете што ни рече? Вие немате проблем ни даде вежби и еве веќе недела две си го средивме бракот Ауу да пишев овде може и ќе се се разведев. Само сакам да кажам дека треба да се даде шанса да се работи ако не бива не бива Убаво е да се посети психолог макар и за нешто што делува беззначајно а овде ние не сме психолози само мислења даваме Дајте да и помогнеме Развод нека е последн совет ако и нема спас!
Да немав помош ќе платев жена да не можев ни тоа ќе седев у растурено... сите се трудиме да ни е убаво поготово ако бебе има во домот Ја сфатив како свекрвата да и прави раздор во бракот. Може грешно сум разбрала не викам не
Јас да сум на твое место,ќе му речам а,ти што седиш со мајка ти и ја слушаш ко да си мало дете ,па ќе си ги соберам парталите и ќе одам кај моите.Што дека отишол да живее во странство кога не се доодлепил од мајчиниот скут... Прво,ти не си најдена на улица. Не си предмет,не си слугинка.Не си должна да ѝ помагаш на мајка му. На мајка ти си ѝ должна. Второ,со ова што ти го збори покажува непочит кон тебе и твоите родители.Ако е за почит,колку што ти треба да ги почитуваш неговите,толку треба и он твоите.Не може он да бара нешто што ни он не го дава. Трето,ако сакаш пробај да разговараш.Ама,покажи заби. Немој да ќутиш. Ако не бива,оди кај мајка ти.
Апликацијата македонска беше? Може да ми кажеш од прилика какви беа вежбите? Браво штом работата била дојдена до "спасување на бракот", а решениево цели две недели траело. Звучи... неверојатно. ИЗвини, не сакам да звучам цинично, ама навистина ми е чудно, во брачно советувалиште се оди кога бракот е во проблеми. Ако се решава за две недели, не е проблем, ситница е.
Стварно ќе си ги соберев парталите и ќе си одев. Не знам дали сум во стање да простам вакво нешто. И за да размислуваш за простување треба да се убие од извинување маж ти и да вети дека никогаш, никогаш нема да му се повтори истото. Ако не го направи тоа, што размислуваш повеќе? Те избркал од дома. Ќе му донесев документи за развод.
Би си собрала се што имам и би си отишла. Не на ден или недела, туку засекогаш. Единствен можен проблем тука е што викаш живеете во странство. Ама ако имаш работа и можеш да останеш таму и сама, би ти рекла замини си. Немаш проблем со свекрвата. Што и да збори, низ едно уво влегло, низ друго излегло. Ама болдираново што ти го кажал маж ти. Маж ти има нула почит кон тебе. Те гледа како предмет, како сопственост, со една намена - да му служиш на него и неговото семејство. Може ти дошло како шок, кратко време сте во брак. Таму било ок, ама тука со поддршката од мамичка си го покажал правото лице на време, пред да заглавиш повеќе. Не гледам како би го решила инаку проблемот. Не можеш некој да натераш да те почитува и да смени цел менталитет од еден озбилен разговор, кој не ни сака да го разговара. Можеш само да замижиш и трпиш цел живот. А знаеш колку прекрасен ќе ти биде бракот со некој што нема почит кон тебе? Ич.
Со свекрвата почна,после маж и се пикна под суќната од мама и и рекол или ќе е мама ко шо сакат или парталите и кај мајка ти,упростено ова