Од кога варење шпагети е почит? Почит е ручек да им прави откако ја буцнал свекорот? Демек дојде снаава па ајде да се покаже...многу застарени сфаќања. Како што синко сака да си биде тука со неговите така и таа сака со нејзините и не гледам проблем,има некое правило дека баш кај неговите треба да седат? Па и маж и торко невиден,посекако странство се нон стоп заедно,остави го девојчето да си се види со нејзините,најнормално е тоа.
Маж и е сељак несомнено, тоа не е знак прашање ич, ама и нејзиново понашање не е за пофалба. Јас би ја поддржала ако речеше Еве поминуваме со неговите време, зошто да не поминуваме со моите. Јас имам девер и јатрва они со другарите се гледаат оддвоено, деверот и дел од друштвото ни е, па кога идат од Германија обично се двојат и ако не се семејните дружби ние не ја гледаме. Некогаш и она си оди кај нејзините он кај неговите, скроз се двојат, ама они се договориле така, нема тука нервози. Очигледно мажов е недораснат, ама она треба да покаже малку интелигенција па да си ја донесе топката на своја нога, а не со нетрпеливост од старт. Мене ми е многу глупо понашањево и ја замислувам како се мртши во нивно присуство. Може грешам, ама таков впечаток ми остава.
Ништо против тебе ама коментарот во врска со почитта и седењето кај неговите за терање ќеиф не е на место. Ти си си во Мк. и реално можеш кога сакаш да си ги посетиш твоите, е она не може. И ако од цела година само 2 недели може да е со нив, во според нејзе нејзината дома (бтв. и јас исто се чувствувам кога сум Мк.) зошто да не? Живеам во друга држава, работам со стрес и се по ред, користам одмор да идам да се видам со моите и да се опуштам, ама бидејќи има некој балкански менталитет, да не можам да си приуштам релаксирање како што сакам и да терам ќеиф? Не за џабе се вика домот не е место, туку чувство. Времето е кнап ама може да се испланира и да бидат задоволени двете страни, со компромиси. И не мора да значи дека еве јас лично не се чувствувам ок кај неговите (не сум никогаш живеела таму и нема да кажам дека е мој дом), туку дека мене ми е поисполнето срцето да сум си во мојата стара дома, со моите. Неговите не префрлаат, внимателни се и имаме взаемно почитување, што не подразбира дека јас морам да им терам ќеифот. Да сум таму 2 месеци годишно или постојано, ќе сакам да поминувам повеќе време таму без проблем. Седењето со нив не е потврда ниту за почит ниту дека ти се фамилија.
Јас мајка ми ја гледам и помалку од 2 недели годишно, верувај, зар треба да не одам за тоа воопшто кај свекрва ми? Не е исто, факт, ама мајка ми живее на 200км од мене, ја гледам неколку пати годишно по 2 дена и толку, а свекрва ми карши мене и кога и да има опција одам на гости. Ако сте одбрале некого го одбирате како човек кој има семејство, роднини, мајка, татко, а не ко да е единка само он. Реков, маж и е сељак дефинитивно. Се е ствар на договор, ќе испијам кафе со нив, ќе ручам, па после ручек ќе одам кај мајка ми, ама да му речам на маж ми извини во твојот дом се осеќам ко на гости... Може дека немам проблем со свекрва ми па така мислам, радо поминувам време со неа и родниниве што се тука бидејќи моите се далеку, па стварно ми е безмислен овој проблем.
Јас па баш не се сложувам дека не сум го одбрала него како единка.Баш сум го одбрала како единка.Се надевам и тој мене.Ако го одбирав според фамилијата сигурно немаше да се земеме.Ние не се мажиме со целата фамилија.
Акo не е, зoштo oдиш и седиш сo твoите? Сaкaјте си се oддaлеку, нa мaсa биди сo свекoрoт и свекрвaтa aмa вo мисли сo твoите. Секaкo декa е непoчитувaње aкo еднaш вo гoдинaтa се врaќaте и тешкo ви е некoлкупaти пo еден чaс ручек или вечерa зaеднички дa истерaте. Кao мнoгу зaфaтенa сум, еден куп свoи луѓе имaм дa видaм пa немaм време зa негoвите рoдители. Кaкo штo би ми билo безвезa мaж ми дa не се види сo мoите кaкo требa, тaкa и јaс сo негoвите. "Амa не ги oсеќaм зa блиски, блa блa"...кoј те питa. Ќе седиш и ќе ги зaпoзнaеш. Акo имaш пoчит кoн мaж ти.
Таа не бара од него тој да поминува време со нејзините. А мислиш на неговите му е гајле за неа вака искрено,ама што ќе рече народ е битно и буцкање да има,тоа е најбитно.
Поголема глупост од - штом си го зела него за маж, мора да ја прифатиш и свекрвата - нема. Ова само македонец може да го каже. Маж ми го одбрав за маж, сите други се споредна улога. И неговите, и моите. Ако не им се свиѓам, нивни проблем. Ако на моите не им се свиѓа маж ми, нивни проблем. Ако свекор и свекрва ми згрешат јако, маж ми е во состојба да прекине контакт. Ако моите на маж ми му згрешат, јас би прекинала контакт. Ние сме потесно семејство и се редиме на прво место и тоа мора сите да го знаат. Со мајка ми ќе се гледам колку сакам, не смее свекрва ми ни во најголемо лудило да се дрзне да даде коментар околу тоа. Маж ми со моите се гледа 4-5 пати годишно, за некаков празник или роденден. Јас со неговите исто толку. Тоа се заедничките гледања кај што "мора" затоа што нешто се слави и сите сме заедно. Се што е плус, се гледам јас сама со моите, тој сам со неговите и не се замараме еден на друг. Свекор ми да ми рече - снашка си еден ручек не видовме - не само што ручек нема да види, и мене нема никогаш повеќе да ме види ако не ми се извини 10 пати. Почитувајте се малце барем себе си и барајте го истото од другите. Се додека му правите ручек само за мир у кучи на човек што ве множи со нула, вакви работи ќе читаме на темава. Не се мажите за на свекор ручек да му правите или да му задоволувате некои критериуми за снаа што си ги има тој зацртано од минат век. Кај нас дома јас и маж правиме ручек, тие ни доаѓаат на гости. Кај нив дома, чаша вода не станувам да си земам, гостинка сум. Може на некого му изгледа претерување, ама јас со ваков начин на однос, никогаш ниту сум се нервирала, ниту свекор ми и свекрва ми се нервирале пошто знаат од старт што да очекуваат од мене и знаат дека нема ни цм да мрднам подалеку од тоа. Ама проблемот како и на секоја друга, така и на оваа членка е со мажот, по пишувањево ко 17 години да има човекот, а не маж дојден за женење, со фамилија, така да стварно отворајте очи со какви стапувате во брак. Мамини сичнчиња тешко, скоро невозможно дека ќе се сменат.
Култура е да седене со нив на еден ручек, исто како што е култура и тој да седне со нејзините на еден ручек кога се во Мк, ама културата нема врска со обврска така да ако он не сака да се види со нејзините, нема што и она да осеќа обврска да се види со неговите. Тоа буцкање од стариот да направи едно јадење снаата е сељачко и не е на место па може и затоа и е одбивно, сигурно ако ја викнат на ручек нема да одбие, ама девојчето си кажа дека ним и смета што таа не е цело време кај нив и се враќа дома кај нејзините, па не гледам тука зошто би се осеќала пријатно она со неговите при вакви коментари. Се е ствар на сакање, почитувањето треба да го има ама не секој знае да почитува и не секој залужува да е почитуван. Единствена обврска треба да ви е кон сопругот и нему кон вас, се друго е ствар на избор и може да изберете никогаш да не ги видите неговите оти само он ви е изборот а не цела фамилија, иако може е знак за некултура и на некој начин сепак може да го повредите него и се тоа ама сепак не е задолжително и не може никој да ве принуди.
Епа од вакви традиционалности си патиме, ако можеш ти да спиеш кај нив, ваљда може и тој кај твоите. Не гледам разлика тука некаква, ако стварно сакате да ги испочитувате сите. Ние живееме во различен град и од едните, и од другите. Идеме и кај двете фамилии кога можеме за викенд некогаш, мм спие кај моите, јас спијам кај неговите, и на двајцата можеби не ни е најпријатно кај другиот, али така сите се задоволни и најбитно, и двајцата не се расправаме кај кој сме биле или не сме биле. Боцкање од двете фамилии нема, јас сум гостин кај нив, тој кај мене и така. Мора вие двајцата да најдете некој баланс што вас ќе ви одговара, чисто за ваш мир.
Каде во мојот пост виде дека мене ми смета фамилијата на мм или дека не не ги почитувам? Немам никакви проблеми со луѓето, свекрва ми ми е многу драга. Има од време на време некој коментари ама ништо страшно за карање или игнорирање. Ниту има тензии ниту се мрштам кога сум со нив. Одам на ручек, си правиме кафе, муабети, си гледаме филмови. И мм доаѓа кај моите на ручеци, вечери, кафиња. И не е исфорсирано туку е навистина од ќејф, сакам да се видам и јас со неговите и тој со моите. Ама секако дека подраго ќе ми е времето поминато со мајка ми. Ако една вечер седам таму сакам следната да си одам кај моите. Ние ако се зедовме не значи дека сеа сме сијамски близнаци па кај едниот таму и другиот. Како што мајка ми сака да ме види мене така и мајка му сака да си го види него. На двете им е драго кога сме заедно, но верувам дека секоја сака да си помине време насамо со сопственото дете. Околу ручекот, нема зошто јас да готвам таму, не се осеќам удобно. Ако ми дојдат на гости тука нема проблем, не ми е проблемот да зготвам ручек. Јас кога си заминав од МК со куферите излегов од куќата на мајка ми и татко ми, малце вештачки ми е сеа да кажам дека кога сум МК кај мм ми е удобно и тоа ми е дома, пошо нели во МК така мора да биде. Му кажав и него последно кога се каравме за ова, јас цело време се осеќам таму како да сум на гости. Никогаш не сум живеела таму. Му викам ај следен пат кога ќе си одиме ќе седиме кај моите да видиш како е. Немам проблем со фамилијата на мм, ги осеќам како свои, но таа куќа за мене никогаш нема да го има чувството на дома. Да земам да готвам пошо така бил адетот, кој сака може тоа да го очекува од мене но нема да го добие. Можам да помогнам кога се готви, или заедно да зготвиме нешто. Не знам зошо одма толку жустро со навреди. Може имам несогласување со мм околу ситуацијава ама е далеку од сељак. Кажав и во претходниот пост дека сме рамноправни партнери, можам да кажам дека во домаќинството е инволвиран повеќе дури и од мене. Ниедна улога не ја делиме на машка/женска и имаме взаемна почит и разбирање еден кон друг. Мислам дека во оваа ситуација конкретно има притисок од свекор ми бидејќи тој е потрадиционален, најверојатно тој му коментира. Мислам дека и дел е нервозата што кога сме во МК времето ни е ептен испланирано до минута, што е и малце заморно. Кога ќе се спојат овие две работи, познавајќи го карактерно мм, најверојатно му пука филмот. Лекот е најверојатно договор пред тргање за МК, и доколку е можно, игнорирање на коментарите од страна.
Во право си. Јас не би му попуштала на свекорот. Мора да се научат старите еднаш веќе. Се менуваат работите и ти немаш ама баш никаква обврска да правиш ручек кај нив. И за помагање околу ручек би требало да те замолат ако сакаш, а не да се очекува тоа од тебе.
Не се научивте и не се научивте дека има многу луѓе и како што сме различни, има различни и мислења. Јас од постовите на женава тоа сум сфатила, може сум згрешила, ама не значи дека моето е право или вашето. На крајот не дека ќе послуша некој од нас. Сте чуле за почит? На улица на некоја баба ќе застанам ќе и кажам здраво за да ја испочитувам, а камоли на некој што му е најблизок на оној што го сакам. Ок, сум згрешила од твојот муабет јас така сум разбрала.
Дури се мажите за цела фамилија, со такво априори сфаќање, дотогаш ќе си имате чувство на кривица за разно разни работи. Јас свекрва ми ја ценам, никогаш нема да и ја заборавам помошта што ни ја пружи, иако не мораше, патуваше од град во град и остануваше денови кога ни требала ради работни обврски наши. Своја куќа и маж и дете студент си оставала, со нас седеше, помагаше и не се мешаше. Со свекор ми немав никаква близина ама имав почит како кон постар човек и татко на маж ми. И ден денес со свекрва ми можам да направам содржаен муабет по скајп, ама ниту се наметнувам, ниту таа се наметнува. Никогаш не сум готвела во нивна куќа, напротив дури и желби ми исполнувала мои за јадења кои одлично ги готви. Немало да ми се срони бисерот , ама јас не готвам ни кај моите кога одам. Што има, тоа. Ако нема, можеме и надвор да јадеме. Кај моите слободно секаде отварам во кујна, кај неговите ако сакам кафе, ако не ми понудиле, сама си правам но прашувам претходно, ја немам таа иста слобода да чепкам низ фиоки. Кај нејзе, она си е "газдарица" кај моите тие лично, кај мене јас и маж ми. Не си се мешаме во штипки. Иако знам дека фамилии и другачие функционираат со повеќе заедништво, можеби и топлина повеќе, ( секако и закачки и кавги) но за мене индивидуалноста и слободата се поважни од честа. Колку давам , толку барам и обратно.
Не знам зошто варење шпагети се очекува и е знак на почит во Македонија. Почитта се покажува на друг начин, т.е со солидна комуникација, фин муабет, без буцкања, навреди, муабети позади грб, префрлања и со почитување на граници. И јас сум снаа и имам снаи. Ниту јас готвам кај свекор и свекрва, ниту моите снаи готват кај нас. АКО САКААТ ќе зготват кога ќе одам кај нив и не затоа што јас сметам дека мораат, туку зошто им е мерак. Свекор ми и свекрва ми ги викам кај нас на ручек/ вечера заедно со моите претежно. Од време на време, зависи како сме сите со време и обврски зошто скоро сите работиме.
Баш убаво што немаш проблеми со свекрвата ама ова дека мажот што го земаш не го земаш како единка поголема глупост нема. Кога се венчаш во матично се венчаш само со маж ти, а не и со свекор и свекрва плус и негови роднини. Јас маж ми го земав како единка и така и се понашам. Ете и јас немам никаков проблем со свекорот и свекрвата засега, свекор ми па е душа човек, што и да му побарам помош одма ќе ми помогне, со ќерко ми се обраќа ама јас сум таков човек и карактерно сум по ладна особа, па често и не ни комуницирам со нив, кога идат да го видат детето еднаш во денот се качуваат по 10 минути често се случува ни муабет да не направиме, ако ме прашаат нешто ќе им одговорам и толку, ама јас да разглабам сеа и да се муабетам со нив немам намера, башка не ми одговара муабетот, во денот покрај вратата нивна може да се случи и 10 пати да им поминам ама воопшто не им влегувам, еднаш свекрвата и ме збреца за тоа мислеше ќе ми падне незгодно па ќе си идеме на гости цело време. И мм сам ми вика колку по на страна толку подобро за сите. Искрено ме чуди вакво размислување поготово од овие генерации сега што сме по млади вакво размислување.
Не знам како се цитира одреден дел па ај вака Тоа што рече ни Чаша вода не стануваш да зимаш мене не ми е јасно како некои одма со свекрвите во кујна се пикаат и после коа се очекува од вас стално да им готвите,чистите пак они ви се криви. Девојката од девер ми има 24г од ситуирана фамилија. Значи ние одиме кај свекрва ми на пример на роденден и она е главна домаќинка. Не јас што сум во Брак со маж ми ( никогаш не сум имала намера само ви потенцирам семејна врска) туку она што е девојка што не знаеме утре дали ќе постои таму. Меси кифли со свекрва ми,прај колачи,со свекор ми вадат двор, ја одам она ми носи тањир, реди салфетки она ме пречекува и ме испраќа. Девер ми си оди она и понатаму седи со свекор ми и свекрва ми. Ова ми е ненормална ситуација поготово за девојка пд 24-25 год а утре ако се земат и имаат деца е тек тогаш кога свеки ќе и се граба (пошо моево дете не смее да го разграбуе нит па доаша без најав и ќе и се понаша тек тогаш. Ја стварно не ја разбирам блискоста или сум глупа. Јас ни кај мајка ми не праам вака кога одам на гости освен ако она не го побара тоа од мене. Садови си мијам дома кај што ми е домот. Нит кај мојте а уште помалце кај свекрва Ако си ме викнала на гости Гостин сум. Може офф темата избегав што ја разглабате ама ова ми е стварно чудно. Поготово ако читаат немажени Ве молам вакви работи не прајте Глупо е...
Додека бевме дечко и девојка, само кафе правев кај неговите, само за нас двајца и тоа еднаш у 10 пати од што ми било срам да се моткам у туѓа кујна. Јадење сме си правеле заедно ама тоа секогаш било кога неговите не се дома. Еднаш само ме тераше да печам компири при мајка му, демек ептен ми биле погодени. Го направив тоа тогаш и толку. Баш одсекогаш сум мислела дека е глупо да се мешам многу со неговите оти денес јас сум девојката, утре ќе биде друга - која е поентата.
Мијам садови и кај мајка ми, и кај свекрва ми, кај другарки, кај роднини доколку се собираме и жената го поминала цел ден во кујна да зготви за сите и да не нагости. Не гледам ништо лошо во еден ваков гест и наместо жената да остане после нас над судопер 2 саати, може и таа да прилегне и да одмори од напорниот ден. Почитта и евентуално љубов кон свекрвата конкретно, може да се покажат на други начини. На крај на краиштата, колку и да почитуваш и да се трудиш, една мала грешка (намерна или не) е доволна да ви го сруши односот засекогаш и да бидеш крива за сите срања што и се случиле од '92. Така да, правете го тоа што сакате и имате желба, но никогаш не си ја поминувајте својата граница за туѓо задоволство.
Не реков дека е нешто лошо да се понуди помош зависи нели од жената. Свекрва ми е слободна има 55год идеме 2 пати годишно. Јас не сум прашала бидејќи кога одиме кај нив маж ми е тој што и помага во кујна и мие садови или брат му или баба им. Само мм кога виде девојчево дека се пика си се тргна. Едно лабаво е она со трчање оди и се фаќа за работа од пред нос тањири ни собира што се вика. Јас баш сметам дека маж ми и брат му треба да мијат садови и да помагаат кај мајките. Не сметам дека само жената е таа што треба да мие садови. Дома кај нас маж ми мие. Поделени ни се обврските јас готвам он мие... И после откако ќе се омажи ќе се жали дека нема да и помага низ дома. А шо убаво си го учи девер уше со лажиче да го ранат а не беше таков. Некои работи сами несвесно си ги прајме.