Не мислев на тебе, општо се искажав. Како девојката што помага кај свекрва ти, јас така дома не сум помогнала Не, не бог да чува, не ми ни паѓа на памет такво нешто. Маж ми на пример, не помага ништо кај свекрвата зашто обично се на компјутер со татко му, прават математики нивни и нема време за ништо, а кај нас дома тој е главен во кујна. Од друга страна, откако сме во брак кај моите дома тој има готвено 2-3 пати, јас ниеднаш. Ама лабаво уз муабет, со узо со татко ми ќе испржат некое месо. Различни фамилии, различни луѓе, нормално дека ќе има различни особи. Има такви што комуницираат со фамилиите 3 пати годишно, а има и такви што се слушаат секој ден. На кого како му е убаво
Не те сфатив мислев мене ми реплицираш па викам може не сум се изјаснила убаво Така е зависи од блискоста може мене ми е чудно а нив не. Они практично сите и живеат веќе заедно па валда им одговара Бож сачуј не би сакала искрено да ми се мотка некоја. Ама што знам може мило ќе ми биде ќе видиме како ќе размислуваме тогаш
Миење садови е друго, мада доволно е секој сам да си измие своето, или машината за садови да измие, е сега ако помагам кај другарки за садови, зошто пак свекрва да не помагам , ама и другарки и свекрва велат " остави" " подоцна ќе средам" никој не станува од дружење да мие садови јас што го знам, ама па не велам дека нема такви мега педантни. Пре би јадела и пиела во пластични садови, или во ресторан, отколку да и' се пикам во кујна, па каде стои ова, па каде она. Ако бев секоја недела таму, пеки, ама за 2 пати годишно, нема потреба. Никогаш не очекувам гости садови да мијат. Ќе се снајдам откако ќе заминат.
За да измијам садови треба да ме замоли. Пошто таа ме кани на ручек и таа е свесна на што се нафаќа. Ако не може да измие садови, нека не однесе во ресторан. Не сакам да кажам дека сум безобѕирна и нема да помогнам. Туку сакам да кажам, очекувањето на свекрвата да и помогнеш или скрос да ги измиеш садовите, не е од што не може да ги измие сама, туку има очекување дека снаата треба да се покаже. Затоа што ако јас се нудам да ги измијам садовите кај нејзе дома, треба и таа кога ќе дојде кај нас, да се понуди да ги измие. Сте слушнале за такво нудење? Јас не. И да нудат помош, далеку поретки се тие свекрви, а буквално од секоја снаа се очекува да и понуди помош на свекрвата.
Мојава не е до толку. Кога дошла се понудила да измие не и било дозволено. И во ред е се понудила. Ја не станувам сама да собирам од цела маса. Може мојот и на маж ми тањирот и му ги давам он си ги носи во кујна. Сум рекла Ако треба помош кажи. Ама никогаш не кажала поред двајца толкави да ми извините магариња-синовите Затоа ми е чудна идна снашка ничим изазвана сама си го бара па ќе ја читаме низ форумиве
Кога бевме сами со свекрва ми јас готвев оти работев од дома, а она работеше до 4, ниту мене ми се јадеше сама секој ден, ниту нејзе па готвев јас и за двете кај мене на спрат, секогаш се понудуваше да ги измие садовите после јадење, секогаш, некогаш и дозволував ако морав да продолжам со работа после тоа, ако не јас си ги миев, ама никогап не сум и рекла или сум очекувала, ако сум решила јас да готвам и да ја викам на ручек не очекувам да ми враќа услуга, ама тоа е моја и нејзина одлука. Сега откако го решивме проблемот со готвење секој посебно, они си мијат за нив, ние за нас, ако јадеме заедно пример недела или слично јас лично се понудувам да измијам садови или да раскренам маса, не ми е тешко, не го сфаќам како да морам. Проблемот е кога тоа се очекува од снаата и кога и се наметнува или кога се збори зад грб ако не го прави, оти не е у никој случај нејзина должност, у таков случај јас ништо не би пипкала. Се согласувам дека гости не смеат да бркаат во кујна, фрижидер, да готват и мијат садови ако не се понуделе сами(иако и тоа не би прифатила) или стварно се блиски па ми треба помош.
Денес свеки куваше, јас ги ставив садовите во машината, таа ги испра сите алишта, јас ќе ги пеглам утре. Само колку пати пита ми има замесено да јадам. И јас сама викам додека имам свекрва нема да месам пити нека меси таа. Сабајле ко станав кафе ми имаше направено. Не знам дали е поради што сум трудна вака добра, ќе видеме после породување, ама нема врска ќе го ценам ова и јас ќе и се најдам некогаш ко ќе и треба помош. Мојава ептен ми помогна во бременосва, а свекор ми го гледам 2 пати годишно и подобро, раат сум.
Што има лошо да помогнеш некому, еве конкретно за миењето садови?! Сама станувам, ги собирам, ги мијам и круната не ми паднала. Сум одела, сум чистела, па не се туѓинци мајку му, родители на сопругот се. И мм помагал на моите родители. Не го гледам како обврска, ниту пак нешто да се покажам, туку едноставно убав гест за неговата мајка. А да спремаш ручек за 100 души, па и не е така лесно, особено после да те чекаат садови до плафон. За неколку пати годишно, ама ич не ми е проблем. Едит. И мене ми била понудувана помош, ама пуста јас, не прифаќам туѓо миено или чистено, затоа што сум ненормална
Не е муабетот дека е лошо или дека круната ќе му падне на некој од глава. Туку кога викаш некого на ручек, не треба да очекуваш да станат и да ти мијат садови, тоа е добра воља. А и н сакаат сите други да им се маткаат по кујна. Јас никогаш не сум дозволила да дојде некој кај мене и да мие садови. Не дека нешто многу ми е незгодно, едноставно не сакам. И мајка ми е иста. И најглупо ми е кога некој ќе ми се плетка со сила. Гостин е гостин, без разлика кој е. Во заедница е друга приказна, во тоа не навлагам.
Не е исто домаќин на 30, 40, 60, 70 години. Нормално дека сега можам се сама, ама на 60, 70 години би ценела било каква помош. Тој ми е муабетот. И ништо лошо не правам ако помагам. Мене кичма ме фаќа после 30 садови, не па постар човек.
Овие неколку дена готвам јас за сите и јадеме кај нив, зошто свеки има малку мака од короната и неможе и да ви кажам за неколку дена ми е преку глава и ми фали да си јадеме со мм и детето сами. Не е дека нешто ми згрешиле периодов, ама едноставно си ја сакам приватноста назад. Јас правам јадење, јас мијам садови (редам во машина), мм чува дете, свеки лежи (оправдано), свекор ми е балкански маж нормално, не фаќа ништо. Едвај чекам да се врати све во нормала. Мм утре ќе прави јадење, ослободена сум. Разбирам да се помогне кога треба, ама све во свои граници.
Да би и помагал мажот и никогаш нема да побара помош од вас сепак и вие сте фамилија и си имате обврски да е починат ќе сватам жената нема кој ама при маж дома што не мрда со прст не вреди јадење да му дадеш токмак еден!!!
E svekor mi e takov ist... Nisto ne mrda za ziva glava znae samo jajca da si isprzi i lepcinja so jajca nisto ama bas nisto drugo.... Cel zivot de majka de svekrva go tintrat!!gluposti....ko ke dojdi kaj nas se cudi sin mu kako salata pravi,kako meso pravi, rucek zasto sprema,susara zasto pusta vadi... Abe da ne znaes sto e poloso, da znae ili da ne znae...ama pa za mani naoganje.... abeeee prv e!!!soleno, kiselo, blago, arno loso, kompliment od nego da cues...nikogas, na grb ke lezi kako macka i jok nema nis da kazi!.....
Малку коментарот ти нема врска со моето напишано ама ок. Не секој се има омажено во истиот град па одењето неколку пати на ручек да биде плукни залепи. И кој рече дека ги сакам свекорот и свекрвата? Почитта е почит, сакањето е сакање. Не можам јас да ги сакам како моите и да ми бидат пријатно со нив како со моите. Што исто не значи дека не ми се пријатни. И да, нигде не реков дека не одам и дека не сакам да одам, туку дека сакам повеќе време да поминувам со моите, што исто подразбира, браќа, сестри, внуци итн. отколку да седам со неговите.
Епа ако ја фаќа кичма свекрвата, нека стане мажот и да и помогне. Или свекорот маж е, кај се видело маж да мие садови, тоа е задача на жените во куќата. Ако нема маж, син и нека стане да и помогне. Ни свекорот ни синот ги спомнавте. Смешно и тажно во исто време
Ментаб ако твоето опкружување е такво, моето не е. Јас сама сакам да помогнам, ниту ме прашал некој, ниту ме натерал. Немам намера да ја образложувам ситуацијата во семејството, но мажите во моето опкружување прават се, само не лежат и глумат балкански сероњи.
Па ако прават се' мажите во твоите опкружување, спомни ги некогаш и нив дека треба да мрднат со прст, не мора советите на темава да се снаата или свекрвата да измие садови.
Купите си машина за садови. Ние Беко си купивме. Некогаш свекор ќе ја пушти некогаш свеки и така. Фер ќе е.
Пак ќе кажам, ситуацијата за неговото семејство не сакам да ја ставам на тапет, но свекорот скоро сите обврски ги превзема во домот, од оправдани причини. Не го гледам семејството на начин како што ти го гледаш. Мило ми е кога помагам, затоа што и мене ми помагаат. Жената е душа невидена, мека, топла, пријатна. Од друга страна маж ми пак правел доста работи за моето семејство. Не си мериме на кантер кој повеќе прави, туку да сме тука, едни за други кога ни е потребно.