@AmericanWoman јас најискрено не би попуштила ни кога доаѓате. Секако дека подраги ми се моите, како него неговите. 2 недели може да ги издржи како дечко и девојка, или нека си дојде една недела кај твоите. Чаша вода станував и земав, после толку години не гледав причина за не. Домаќински работи - не. Тоа место не е и не може да биде мој дом. Свекрва ми што и да ме замоли ако можам ќе и' помогнам, ако не - здравје. Нема што да очекува, со син и' може да се занимава околу взаемни очекувања. Не знам колку е ненормална ситуација, јас намерно држев и држам дистанца за мој мир и за да не дојдеме до конфликт, но технички ако се земам себе за пример во врска бев повеќе од 10 години, верени сме скоро 2, план за брак немаме сега за сега. "Статусот" е небитен ми е муабетот, битно е повеќе времето и чувствата, е сега, многу девојки изиграваат атер моми, и тоа никогаш на добро не излегло. За разни прослави сум се понудила да помогнам и на свекрва ми, пример крем салати да направам, и на моите и на девер ми. Ќе направиме со вереникот и ќе однесеме. Тоа не е проблем. Ама да и' се шлаам низ кујна секојдневно, не. Немажени пак - небитно. Затоа што може ќе живеат заедно и 4 деца ќе родат без да се омажат. Чим девер ти ја оставил така да се дружи, не му е во "пролаз". На крајот, и развод постои, па ни мажените не може да гарантираат дека баш засекогаш мажени ќе бидат, нели? Лист хартија, во семејни односи, ништо не значи. Иста сум со мајката на партнерот и кога му бев "само" девојка, и кога се "унапредивме" и се веривме, нема што да се смени ако некогаш евентуално склучиме брак. А дека е глупо да си атер мома, глупо е. Без оглед на статусот.
Абе чудо... Јас ја купив за доле кога дојдов во куќава, демек уште не ни беше готова кујната нас, па доле јадевме, готвев јас, готвеше она, си реков и кога ќе ми се направи кујната, ќе готвам некогаш во летна кујна, ќе се полни, ќе ја користам и јас. Сама за себе ќе си кажам - бев глупа. Полнев машина, свеки ја празнеше, ги миеше на раце (незнам зошто, ваљда машината мислеше многу вода троши), а гломазна е, немам место кај мене во кујна да си ја кренам. Си викам јас на раце мијам, а доле машината за нова стои. Сега деновиве кога јадеме доле, уште свеки ми вика "полни ја машината ако сакаш", си преќутев, а во себе си мислев "нормално дека ќе ја полнам, ем јас готвам, ем да те прашам дали да ја пуштам" . Му кажав на мм колку ми имаат згрешено, само заради тебе го правам ова и од колку толку почит кон нив зошто ти се родители. А за муабетот со свекор ми поназад, за балкански маж, све прави во куќава од машки работи, поделено си ги имаат така, ама ни тањирот да не си го кренеш од маса, да ми викаш "пази чаршафот како го собираш, ронки да не паднат", абе да прочадиш од уши.
Мене па ми е чудно како им миете садови на свекрвите во кујна. Не знам, барем јас не сакам мене никој да ми се меша во кујна, па макар било за да помогне, па според тоа и јас преферирам на никој да не се мешам. Сум помагала за слави и други пригоди кога имало повеќе гости и кога било побарано тоа од мене или кога сум понудила па било прифатено. Така да, не секогаш е до тоа дека ќе ни падне круната или дека е многу тешко. Едноставно почитување на личен простор. Доколку се побара помош, секако. Во врска со проблемот на членката погоре. Не гледам зошто таа би правела компромиси да поминува време со свекорот и свекрвата додека се вратени во Мк, ако нејзиниот маж не го прави истото со нејзините.
Многу ретко се наоѓа свекрва што е саглам во мозокот. Како комплекс им е тоа, од кога ги родиле машкиве дека свекрви ќе бидат еден ден (мн битната улога, синќир кралица ќе биде) и сега од возбуда незнаат како да се испонашаат поскоро. А, инаку, се им е од нивните свекрви, од таму е цел комплекс. Ги цитирам : Еден ден ќе бидам и јас свекрва и јас така вака на моите снаи... ќе ги малтретирам, оти и мене ме малтретираа. Мојата барем нонстоп споредба си дава со нејзината свекрва
Многу свекрви забораваат дека и тие биле снаи и како нивните свекрви се понашале со нив. Пример, мојата јатрва вели Мислам дека и јас ќе бидам лоша свекрва и од мене ќе се нервират како што јас се нервирам сега. Многу лошо размислување. Фала Богу што нема да сум свекрва
Мојата свекрва па обратно,све што и правела на нејзе нејзината свекрва(мешање во све и ред други работи што не се добри,и на крај сватила дека свекрвата греши и и бараше прошка на денот"д"),и рекла,видела каква свекрва да не биде,така да мојата свекрва ми е погодена и многу си ја сакам.Се надевам ќе остане така. Јас еден ден здравје Боже ќе бидам свекрва и многу сакам да бидам cool,ама ќе видиме Иначе све е изгледа до карактерот на човекот или некој промени кои настануваат кај нив(климакс,страв),тука би ја барала причината за промената....Поздрав идни свекрви
Богами, останало тоа од праисторијата, старското просто размислување, наместо да помагаат и да си гледат работа, да се блиски со снаата како со ќерка... тие сами си прават непријатели...чисто од што така било со векови и сега "така треба да бидe"
Проблемо е каде се мажите? Зошто пример синот не стане од благодарност да и помогне во кујната а не ти?
Ти си една од ретките, блазе тебе. Убаво ми е вака кога ќе слушнам дека постојат и разбрани свекрви. Јас со мојата не смеам на пример да кажам еден фазла збор оти толку ќе биде. Како темпирана бомба е, и се кара и се плаче. Затоа и не живееме заедно од првиот ден.
Синот и помогнал многу повеќе во животот од миење едни садови. И не, не му е проблем да и помогне ако тоа ти беше поентата.
На мт може не му е, ама на преголем број мажи им е. Свекрва ми не е изненадена баш колку е домаќин детето нејзино, пошто секад бил, до душа на гурање некад ама пак, повеќе мајка ми е изненадена од двајцата
Значи пукам готово..... Не знам зошто уште е останат муабетот МАШКО ДА БИДИ.... чекаме моментално бебе и е женско-јас ептен сакав да биди а и маж ми.... Свекрва ми секое јавување машко машко машко па не знам овој и рекол еее оти не е машко па друг и рекол ти знаеш само машки деца да гледаш искрено имам чуство како да не е прифатено бебево од незина страна дека е женско.Стан ќе препишела на прво машко внуче а што ако бидат сите женски? Второто машко ќе било..... Боже ....Не е убаво мислам ваков муабет да се прави свекор ми и има кажано повеќе пати дека тој муабет не е убав а таа упорно .... Си раѓала си родила машки сега нас Господ какви ќе ни даде такви искрено ич не ми значи дали е машко или е женско само здраво и живо да е .... Морав да пишам да си ја ослободам душава ми се собра веќе подолг период
Кажи и дека идната внука кога би можела да ја чуе ова што го збори, би била разочарана и повредена. Ако е толку глупава да не и текне зошто и збориш тоа , онда тоа е, простакуша е, ама со стан. Кажи и да не ти ги пренесува недобронамерните муабети на другите, нека си ги чува во глава и нека пука од мака дека е девојче. Се кладам кога ќе дојде бебе, прва ке се фали со внучка
Ако е она безобразна биди и ти, друг пат ако ти рече така машко да било, речи и ако сака машко бебе нека си го роди сама.
Ич не се замарај. Џабе ти се и нервози и се', со шлакнати луѓе не можеш да се разбереш. И што ќе ти е да ти ја "прифаќа" ќерката? Гајле ти е.
Речи и ја ќе го родам женско а кога ќе порасне ќе се одлучи самото што сака да биде. Ќе занеме. И тапијата од станот слободно нека си ја понесе во гроб. И ако уште еднаш ти пререче нешто за полот, игнорирај и уживај си во бременоста, купувај си розови панделки и покажувај и ги од инат
Ви благодарам девојкиии хахах на вашите муабети си се насмеав слатко ми требаше искрено .... Не знам која е поентата од машко ај сите машки ќе раѓаме па потоа нека стануваат обратни Бог да чува али тоа е тоа не секој го уклучува мозокот Фала ви уште еднаш и ве гушкам
@KittyCat:) ич да не ти чуе Глупости живи ,ај она стар човек ама некој млад ко ќе ми го направи муабетов....страшно. Да да јас имам ќерка ,а братучеда ми очекува машко (генерација сме),па као лелеее и девојче е убаво да не ме сфатиш погрешно ама машко е померак
Не можам да си поверувам прости луѓе колку постојат не е можно....Ами незе да и речеле еее па требаше машко да бидиш ти не женско .... мислам брука е невидена ама не е убо таков муабет да направиш секој со мозокот