Aman be prosti po prosti nemozat da bidat neka gi prasa tie sto se borat so neplodnost kakov merak imaat dali Im e bitno dali ke bide masko ili zensko deteto I na sestra mi i bese malku maka oti ona ima tri maski a nema zensko a jas jas imam kerkicka
Ко ќе ме прашаа што сакам велев и двете (пошто госпоѓицата моја се криеше до 8 ми месец) па баба ми мислеше дека кријам..којзнае зошто. Јас малку не сакав да е девојче од аспект на тоа што се една жена преживува во текот на животот ( циклуси ,раѓања и слични работи( може ќе ме нападнете сега ама тоа е )) ама сепак многу си се радував ,Господ така сакал. Плус ќе си имам другарка за играње Барби
Ја читам темава подолго време , тука некаде на иста фрекфенција сум и јас како Вас , стандард проблеми .... туку случајно налетав на Кајгана на истава тема ( бидејќи таму повеќе има господа ) јас поминав неколку страни од љубопитност и останав запрепастена од муабетите , темата е отидена во спротивна насока од тука конкретно пишуваат шовинистички мамини синчиња муабети како свекрвата била Мајка а мајка е една , жена можела да биде било која . Прочитав страшни муабети и правила како требало да де однесува снаата "дојденка" во туѓа куќа исто така изјави од типот дека мајка татко сестра брат биле фамилија , а жена била само за расплод и ред други слични изјави , најискрено неможам да се совземам од целата расправа водена таму , знам дека не се сите со такви ставови ама некои добри 60% од македонскиве мажи може да кажеме дека се на тоа ниво , ако има некоја од Вас време и не сте прочитале до сега читнете по некоја страна таму може ќе ги поврзете работите и ќе увидите каде навистина треба да размислите да правите промени...... девојки убави џабе ние тука веземе кога не е до нас , па на крај не е ни до свеки , врската меѓу двата света тоес сопругот најбитен ако не постави граници , ако не ги балансира работите во тој сличај проблеми и кавги ќе има секако , без разлика ние како снаи колку сме толерантни и колку отстапки правиме....
И мојот сопруг ми помага многу. Кога бевме дечко и девојка свеки викаше леле ама помош ќе имаш. Таман мислев нејзина заслуга е тоа, она го воспитала така, на моменти кога ќе го видеше како помага му викаше ти ли си домаќинка денес. Еднаш, кога рече така испаднав од собата налутено. И сега уште мислам се пазам да не види кога ми помага, иако па си викам ако нека гледа и нека се нервира. Мм ништо лошо не прави само ми помага, што му е должност. Една членка многу убаво пишала, ако ја навикнеме свекрвата на љубезност, после нема да можеме да и се спротивставиме. Јас така традиционална многу и се замарав, како се понашам, што кажувам, дали помагам доволно. Сега, гледам само мене и на мм да ни е погодено. Уште јадењево да го решиме, после Нова година, не знам како ќе ја прифатат веста да јадеме одделно. Мм вика ќе им рече само за викенд да јадеме заедно . Јас пак мислам, да не наведува конкретно кога оти они ќе се фатат за тоа. И онака секој викенд она прашува А што да готвам? Му велам да им каже дека кога ќе им рече он тогаш да зготват, секако барем еднаш неделно да биде. Не ми се верува со што се занимаваме во 21 век, но некои што немаат поддршка од мажот ќе тераат и вака, без право на глас.
@KittyCat:) свекрва ми имаше не толку радикални, но слични испади кога бев бремена со ќерка ми. До крај се надеваше дека се грешка докторите. Па примери, на таа и згрешиле, на онаа и згрешиле. Јас бев пресреќна што ќе имам девојче и не се замарав. Е од кога се роди, свекрва ми беше заљубена во внучка. А јас на неколку пати и плеснавво стил сега што ја сакаш женско е. Да беше машко мама, баба ти повеќе ќе те сакаше и сл дупенки. Дојдоа моите 5 мин Сега сум бремена со второ и А нема кажано машко да биде. Си ја научи лекцијата. Вика да е живо и здраво се е убаво. @naturallmess грешка си. Пак свекрвите што воспитуваат мамини синчиња, наместо самостојни мажи се криви. Таквите мажи се клукани психички од свекрвите уште од деца...
Богами како иди време се повеќе се бориме со неплодност па и не е битно што е здраво и живо да е јас си ја сакам најмногу на цел свет. Така и ќе биде женска не можам да си поверувам колку настојува за машко... хахах те разбирам миличка Оооо да дојдат моите 5 мин е тоа ќе биди интересно хахаха ми даде надеж миличка фала ти
Тие се така воспитувани БАШ од мајките. На мој бивш мајка му викаше - мајка изгледала 7 сина, ама 7 сина не можеле да гледаат мајка како таа нив. Демек, мајката многу посебна, не се догледува Само што не бљуцкав кога ќе го кажеше тоа. Иако, совесен и свесен маж на 30+ год може да ја откачи таа простачка нишка на воспитување засадена во него доколку е вистински маж и човек спремен за жена и семејство. Има ука, има и одука. За се' во животот.
Само посебно живеење му е мајката ништо друго. И тоа посебно под различен кров а не посебно ама во иста куќа. Стресот се намалува за 80-90%. Жена среќна, маж среќен, деца среќни другото сосема небитно. Кога сме кај садовите миење јас до сега не сум измила садови кај неа бидејќи до сега во 18 години посебно живеење не нема викнато на ручек. А за шољите од кафе може и сама да си ги измие или можеби и некоја чаша од вода што им подала на децата. Кај мене има садови за миење ама јас несакам помош па незнам колку садови да се, мм е тој од кој имам помош и сосема доволно. За чистење често знае да се пожали дека неможела, престарена била и преморена. А за стара којзнае, по мене не е стара што се вика уште не е пензионерка, а муабетов дека е стара е повеќе од 10год и кусур. Работен стаж 0 денови, и уште на сватив од што е преморена, ваљда од чување деца. И после ете го префрлањето..јас за тебе синко.... Ама мене не ме нервираат што зборат бидејќи сватив дека небитни луѓе неможат и несмеата да ме изнервираат. А не дека не ме нервирале на почетокот ама тогаш сватив дека премногу сум им дала на значење за да можат да ме изнервираат. И така престанаа моите нервози. Е сега некој ќе рече како небитни, родители на сопругот и сл, ама јас не дозволувам ни мм да се нервира за моите. Можам да појдам на кафе со мм, три реда муабет да направам и доволно е. На моите деца им требаат здрави и прави родители, борбени, барем до полнолетство, да им бидеме потпора во животот, да ги пораснеме и воспитаме. Ако мм не е согласен нека си оди кај мамичка а јас сама ќе ги пораснам децата и во тој случај ќе им требам со здрав разум а не полудена и со истенчени нерви од свекрва ми.
Ne me cude toa jas ednas na rodendenot na jatrvata na kerka i jatrvata pred mene kaza zasto sme se mazele za deca da ví ragame a jas togas se borev so neplodnosta I odvaj se dodrzav da ne I kazam ako ti si se mazela za priplod jas ne
Некоја членка погоре имаше пишано за темиве со снаи и свекрви за на кајгана форум, па мене ми дојде досадно и се расчитав, луѓе се згрозив.... Некоја не ги почитувала родителите на типов и коментари "нека заигра метлата" "здроби и ја вилицата ако не се смени", "ќотекот од рајпт е излезен".... Господе боже какви психопати газат по земјава? Најотворено и најискрено се изнервирав. Жени отварајте очи аман вакви психопати заслужуваат да скапат сами или со мамичка
тоа ми беше поентата на муабетот , опшествено заостанати бескичмењаци , сокриени под суќната на мама , не реков дека мама не ги воспитала или сека не е крива , туку да си размислите кој спие покрај Вас , некако добив впечаток дека 80 % од постовите заштитнички се насочени кон појакава половина и суштинскиот проблем тука лежи затоа што ако свеки е 50% крива другите 40 % одат кај синко мајкин ..... не ме сваќајте погрешно ама кај моите јас ги решавам проблемите , доле мм го пуштам на бојно поле побезболно е и правилно да не се мешаат односите и на тој начин конфликтите се помали
Епа добро е што е таква свекрва ти, да ти е како мојава, ќе видиме дали исто ќе збориш. Таа на се живо ми наоѓа маани, не па на ручек, одма нешто не и се сфиѓа и не и е по ќеф. Чим не ти е по ќеф, еве ти слободно, се сама напрај си, ниту планирам да молам некого да ми помогне, ниту да му помогнам.
Како бре ти помага маж ти? Дома и тој живее и ти помага за "твојата" работа? Наместо да велиш многу ми помага, треба да велиш дека си ги завршува неговите обврски дома. А не ти помага тебе.
Па не знам баш со ова колку се сложувам. Јасно ми е што сакаш да кажеш, според мене имаш право до негде ама еве на пример кај нас обврските се поделени и пак ќе кажам ми помага - оваа помош се однесува на ситуации кога јас сум се зафатила со некоја работа па од х причини не можам да ја довршам. Или сме се договориле нешто јас да завршам па ми излегло нешто друго и ќе му речам он да го среди првото. Тоа е тоа што јас го сметам за помош. Секако, важи и обратното, си има он свои обврски по дома, ама ако нешто не постигнува сам, јас помагам. Инаку, го имам истиот став дека и мажот и жената треба да имаат обврски низ дом или со дете.