Мене ми е многу глупаво кога од млада женска личност/мајка ќе слушнам дека сакала машко оти машките останувале до крајот на животот со нив, а женските биле "туѓ кров". Дека бе со вакво размислување?
Истата приказна ја имаме дека машките останувале дома со мама и тато а женските заминувале од куќата и потоа се грижеле за новите мама и тато... Ма немој се повеќе луѓе се исселуваат од нашата држава и на крај мама и тато сами остануваат ... Како ние еве на пример живеевме со свекор и свекрва и си ги собравме куферите и заминавме странство кај мајка ми и татко ми ....
Знам дека друго ти е поентата, затоа ти викам дека со приказнава не можеш да ја доловиш поентата загоа што приказнава ги фаворизира женските исто како што свекрва ти ги фаворизира машките.
Да и тоа е така... или најдобро би било да кренам раце па како сака нека си зборува секако јас раѓам јас и маж ми ќе си го гледаме
Замисли преку камера знае да ме испровоцира за ваква работа а не па дури живеевме заедно ХАХАХХА не дека се секирам само некогаш не убаво ми паѓа а и мајка ми татко ми ја слушаат пријатели таа не се контролира кога прави муабет дали има луѓе околу тебе .....
Така се обраќаат бидејќи се леви луѓето. Мојава кога бев бремена,машко да е,па машко да е ( ова оти многу голема желба и било да има ќерка,ама немала, па сега и снаите да немаат ) . И на толку зборење машко да е,кога се роди почна да му се обраќа како на девојче ( лепотица,кукла, ), на почеток и давав до знаење дека ми смета,после видов дека намерно така прави,па ја игнорирав. Кога виде дека не ја фермам,прекина. Свекор ми кога на девер ми му се роди ќерка,неколку дена не сакал да се качи да ја види,демек што ќе гледал -женско. Не дека не ја сака сега,ама ете,тој менталитет и закоравени размислувања. Уште не можам да сватам зошто машкото е попосебно од женско,уствари и сваќам,порано машките седеле со своите а женските си оделе,па куќата останувала полна ( ),ама со оглед на тоа дека веќе никој не останува да живее со стари,се надевам и ова размислување ќе го снема.
Прочитав негде : На децата треба да им се дадат корени и крилја. Крилја да можат да си одлетаат по својот пат. А корени да се вратат кога нештата ќе тргнат на лошо. Тие што си ги сметаат ќерките уште не родени за "туѓ кров" и одгледувачи на "нови мама и тато" сериозно треба да се преиспитаат дали воопшто да станат родители. Куќата не мора да ми е полна ,душата да ми биде ,да знам дека ќерка ми е среќна ,па и на крај свет да е. @hello-kitty.90 ќе го снема ко ќе ги снема нив - се надевам новите генерации сме со повеќе памет.
За жал по селата,или со ептен патријархални родители младите,посебно синовите сеуште се трујат дека мама и тато многу се мачеле за нив и затоа треба да седат со нив,да им вратат во старост,да има кој да ги чува, а женските дека треба да ги чиваат свекор и свекрва и да ги викаат мамо и тато и да молчат,зошто сами си го избрале мажот и нема каде да одат. Жално,мнооогу жално. Па да слушнеш вакви муабети од стари,ама од луѓе помеѓу 20-30 год, е ептен мизерно. Се надевам искрено дека ќе го снема ваквото размислување,ама во блиска иднина чисто сумњам,некаде за 50-60 години се надевам ќе биде се како што треба.
Просто едноставно кажете дека ќе јадете надвор или не знам кога ќе дојдам дома може ќе јадеме може не имаме обврски и тоа е тоа ќе им кажете неколку пати и ќе си прифатат после ќе сватат(кој сака да свати ќе свати кој не нема)
Пак до индивидуата е ! Еве мене ,само што ме "побара" мм мајка ми ми се избави со муабетот да ја викам мамо и да не се карам ,да нема кавги дома ,да не го нервирам мм ( свекор немам). Ама човек што не ме почитува мене ,не можам мамо да го викам и то е то. Па колку сака нека ме учеле ,карале или го очекувале тоа од мене. И реков два пати ,за пред золва ѝ зошто таа упорно мајка ти мајка ти (за свекрва ми ). Ама како си замина таа уште еднаш не ме слушна и нема ни да ме слушне ,па ни пред неа веќе. Друг пат така ако каже ќе и кажам мајка ми дома ( градот) си е. За ќутење -ќутам повеќе од потребно за да нема кавги дома,дури не полудам. А тогаш ќе е интересно.
Нема да сфатат, пробано е. Задоени се со нивни некои сфаќања, за жал ќе мора директно да им се каже. Може ќе има и лутња, но веќе не ми е ни гајле. Решив моите потреби да ги ставам на прво место, а не за сите да се задоволни, за помош итн, да ќутам и трпам. Да помош ми е, она кога готви таа недела јас можам што сакам да правам, ручекот не го мислам, после па јас готвам, ама па мирот нема цена, не мора ко во турско сите на маса и живели да правиме секој ден.
Нели? Јас не ги дружам, којзнае што си мислат, некогаш и мм одбива, иако ставаат за него чашка.И јас имам родители од друг град, кои еднаш на два месеци ги гледам. Дефинитивно старите знаат да се голем проблем. Или ќе се реши тоа и ќе се стишат, или му велам на мм ќе си одиме. Ај за јадењето може ќе се реши, ама доаѓаат со време и други проблеми ако се наметливи.
Син ти единец е? Објективно ми изгледа како да ќе ве угушат од љубов. Сигурно нели бе го прават ова дека те мрзат па намерно. Мислам дека се наметливи од што ете се среќни што се таму и мислат така треба. Мислат дека треба за вас да стаат чаша на маса, да напрајте живели ...не знам така осеќам по пишаново дека ве гушат од што не знаат како да се понашаат па од толку убаина што сакаат да напраат лошо праат. Имам една баба со која едвај комуницираме од што е ваква наметлива дури и те малтретира. Знам не мислела лошо ама избегавам да одам кај неа ствара дури нервоза што не знае да се понаша кпга ќе и отидеш на гости. Може грешам...
Јас го имав проблемот со јадењето, може се сеќавате дека се пожалив еднаш, ама постепено почнав да им кажувам само дека јас правам јадење или дека сами ќе јадеме и на почетокот прашуваа што да правиме денес и добиваа одговор дека јас веќе сум намислила нешто и постепено престанаа и да прашуваат. За викенди обично сабота јадеме заедно или јас јадам со нив ако маж ми е излезен па се договараме кој ќе готви. Не се лутат, си сфатија дека сакаме сами, уште знаат некогаш да симнат ако правеле нешто или јас ако правам нешто да качам не ми е тешко, ама одмна не јадеме заедно. Е сега благо, сукно нешто ако правам им качувам секогаш и ич не ми е проблем, сакам да делам храна кога ќе направам некој специјалитет.
Не е единец, брат му си замина Германија пред две години. Кога беа и они тука со жена му пак сите се чекавме претежно и стварно беше мачење, на една мала масичка седнати 6 души. Иначе, може не се свесни, не велам не, но мене ми пречи. Не ми е обврска со нив да јадам, сакам сама да си го организирам тој дел сега кога имам нова кујна веќе 6 месеци.
Јас сум и рекла така неколку пати, но не ме сфатила очигледно или не и одговара. А ако и речам денес нешто имам во план, ќе мисли јас готвам, ама пак заедно ќе јадеме.Она изнесува став дека треба да јадеме заедно во неколку наврати, еднаш дојде комшиката на гости и сакаше да види како си го средивме спратот и ни вели уште една масичка во кујнава да си ставите, а свеки одма не може ние јадеме заедно. Сега кога беше коронава, свекорот спомна треба по на дистанца да седиме, а она вика не може како да седиме кога ние јадеме заедно. Затоа мислам дека би се навредила кога би јаделе посебно. Иначе секако такви специјалитети ќе им бидат дадени или они ќе качат, тоа е многу подруго од јадењето заедно.