Ангел значи ти својата свекрва треба да ја чуваш како ретко цвеќе што би се чувало ........многу ми е мило за тебе,ама верувај дека не се сите исти........и порано имам речено дека постојат секако такви жени како неа,дури и јас имам таков пример во мојата околина,ама сепак се многу ретки.А можам да кажам за таквите жени секоја им чест и им се поклонувам на нив. Уште еднаш честитки за веридбата и секогаш само да си се фалиш од свекрвица ..........сепак на темава може и да се фалат свекрвите а не само да се кудат
Потикната од постот на АнглОфЕрт, што мислите како е исправно и како ви било вас? Дали спалната соба треба однапред свекрвата (или кој друг) да ја средат и подготват за кога ќе дојде невестата на веридбата вечерта? Има некој адет или за секој е различно? И како било кај вас:
Баш ме радува ова за АнгелОфАрх се нека биде супер само тоа е една во милион сепак како што вели и филиповска ако стварно има некоја свеќи која вреди да се пофали напишете тоа е убаво да се прочита Срцки бидете ми поздравени двете
^^ Мм уште од дечко си имал “брачен“ кревет така што немаше потреба од големи подготовки и деранжирање околу собата. Кај мене немаше адети. Не се нашите толку “романтичари“ туку поише “практичари“ Шала на страна, едноставно а убаво. Не беше некој посебен ден. Јас попладнето дојдов кај него, поминавме релаксирано попладне сите заедно уз кафенце и смеење, после заедно си вечеравме. Кога јас би бирала, искрено би ги отфрлила сите адети (доколку постојат) затоа што колку што му даваат драж на моментот, толку и додаваат на стрес кај младите/идните невести. Мислам дека најпаметно е да се направи што поскоро идниот член да се навикне на домот. Јас барем така се почувствував опуштено и добредојдено.
Не знам дали ме разбравте убаво, значи мене свекравата не ми ја средувала спалната соба, и ние сеуште не ни имаме спална соба, тие едноставно ни ја одстапија нивната соба со гарнитурата која стоеше во дневна а тие си отидоа со нивниот кревет од спална кој исто така не беше брачен туку обичен кауч. Помогнала во украсувањето, му дала идеи на дечко ми, бидејќи е креативна му помогнала и да изработи и се да биде како што треба и ете за да ви ја задоволам љубопитноста во спојлер изненадувањето
А ние што немавме можност да бидеме „пречекани“ и да ни се посака Добредојде? Ма какво и да е, битно да е опуштена и искрена атмосфера. Како сака нека ја „аранжира“ собата, на невестата ако не и` се свиѓа ќе си ја менува секој ден по малце и решен проблем
^ Море не мора ни да е толку искрена се' додека си го има она почитување и la giusta distanza. Нормално се' што е повеќе (во позитивна смисла) од тоа се бонус поени во секој случај, не дека би ми се слошило, ама не е од клучна важност за убав и мирен живот.
^ Цврсто верувам дека човек кој не е искрен (првенствено спрема себе) не може да почитува друг, од тука и тоа дека сакам Искрен пристап пред се`
Барем според моето искуство, лично и од други, дипломатијата е пред искреноста. И да не и' се допаѓам, искрено баш ми е гајле затоа што син и' ме избрал, не таа. Се' додека тие негативни чувства си ги задржува за себе, без мене да ме оптоварува со нив, ми е гајле шо искрено мисли. Но, не викам дека и твоево не држи вода. Секоја куќа си има своја политика по која се води и убаво функционира или „Ореви не се за секое благо“ како што вика вујко ми.
^ И тука си во право Ама за жал, кад тад ќе излези тоа негативно чувство кога се игра дипломатија....атмосферата е почудна, понапната. Ама ништо што не може да се реши со едно месечно негледање
Затоа викам дистанцата пружа најбезболно решение, прво психичката, па потоа и “географската“... Затоа што додека психички не го направиш тој “ѕид“ и на другиот крај на светот да си, ќе има присуство...ако сака и на скајп ќе научи да се јавува...
Баш така, Теси, дистанца му е мајката за се, дури и таму каде што е идеално, ако нема дистанца и таму каде што е убаво ќе зачкрипи, многу арно не е на арно. А што вика Моира, искреоста ако ја нема ништо нема да чини, глума може да има ден, два, месец, година... кога ќе паднат маските се ќе биде многу полошо. Јас сум од почеток онаа која што сум и самата кон себе, насмеана, ведра, расположена и секогаш спремна за искрен пристап, фала богу они тоа го ценат многу и затоа сме толку добри еден кон друг. А за оваа дипломатија која Теси вика дека е пред се, мислам дека така и онаму каде нема слога и искреност може да има разбирање, само не знам колку ќе издржи, но некако мора нели, вака или така. Според мене искреноста и дистанцата, ама не географската, јас не сакам оддалечувања да се случат во фамилијата заради мене, напротив ќе бидам таа која ќе поттикнува средби и дружби, не сум асоцијална, а мојот дечко не е фала богу сам на светов, има и фамилија, па мора малку да се дружиме, со оние кои помаку се разбираме ќе ја играме оваа дипломатија на Теси
Ама факт е дека ако нема географска дистанца, психичката малку потешко се добива. Ова моево, низ кое што поминавме пред некое време (осеќам дека допрва уште маки ќе видиме), не му го посакувам никому. Стојам на тоа дека колку ми се подалеку, толку повеќе ги „сакам“.
А мора да се признае дека не ретко почитта и дистанцата одат рака под рака. Пример, кога му се обраќаме на некого со „вие“ значи изразуваме почит, ама нели се чувствува таа дистанца во обраќањето, изборот на зборови и тн. Сеа ова со „вие“ немаше директно врска со функционирање на едно домаќинство, но сакав што посликовито да го прикажам мојот став во врска со ова. Колку е искреноста поголема, толку се поголеми и шансите да повредиш некого. Значи коа има некој поголем проблем отворено на маса да се дискутира за тоа, нормално, но не искреност до таа мерка да си дозволи да ми кажува се' што и' лежи на срце во врска со мене.
Ќе се цитирам, зошто мислам дека не бев убаво разбрана. Кога девојката ќе се вери, таа преспива таа вечер кај вереникот. Е, сега, дали собата каде ќе спијат е должност од кај зетот да ја наместат (во смисла да ја исчистат, постелнина, завеси, а не мебел !!). Или невестата треба да си дојди сама пред веридбата да ја исчисти и среди?
Да очекувале од мене да ја исчистам собата уште со првото доаѓање, јас би избегала од таа куќа Не земале чистачка, земале снаа. Не паѓајте на тие финти. :wink: Или уште подобро, утредента би најмила жена да ја исчисти цела куќа на сметка на итрата свекрвица Сака само собата? Еве пошо е скромна, цела куќа. И тоа најскапата ќе ја најмам...свеки е во прашање, не било кој.
Не познавајќи ги адетите и обичаите јас после веридбата си спиев дома Кај мм отидов после свадбата. Спиевме неколку месеци кај баба му додека го градевме спратот и собата беше исчистена и спремна за нас. Ништо спектакуларно но нормално.
Па они за да ме изненадат мене додека не бев отидена дома собата ја држеа во тотален хаос, дека се преселуваа, ама се тоа за да ме изненадат, и јас навистина мислев се ќе биде во таа соба ставено дека имаше наместено маси во дневна. Ама ме пречека навистина фино изненадување, пресреќна бев. Инаку мене мајка му никогаш ми нема кажано земи исчисти претходно, иако спонудив додека се преселуваше жената не дозволи ништо да пипнам, вика дека тоа било нејзина работа. Ми беше многу непријатно и синоќа и кажав, да не се препрашуваме кој ќе измие садови или кој да сработи нешто, слободно да ми каже изми садови, испржи нешто, зготви и слично, па не секогаш и мене ми се работи, а камоли на неа, и она е човек. Ние веридбата ја направивме токму за да започнеме да живееме заедно и да започнеме да создаваме нешто, затоа јас веднаш си останав кај него и иако сеуште не сум преселена си живеам таму.
какво средување соба????? јас кога отидов имаше два мали кревети за еден малку а не за 2 и на еднот им стоеја алишта хаос не виден и земав се да средам цела соба ја преуредив и кревет нов и се таа ке ми исчисти како не????? пислак