Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.216
    Допаѓања:
    46.889
    Пол:
    Женски
    @mynameislove епа нека се навреди ако запнала да се навредува, ќе види неколку пати не те засега што е навредена ќе се предомисли.
     
    На Bezimenka90, poppie, Miss666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.630
    Допаѓања:
    40.136
    Пол:
    Женски
    А ти и маж ти по 5 години имате па друг да ви налага што и кога да јадете?
    Да зборуваш знаеш, свои интереси имаш.
    Не знам каде е проблемот, страв ви е од стариве или што?
     
    На Miss666, Luna91 и tinka-mace им се допаѓа ова.
  3. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Јас не сум таква личност да влегувам во конфликти, знам дека ќе го дигне носот свеки ко и за други работи. Најарно он да си ги решава проблемите од негова страна. Секако ќе им рече после празниците да си јадеме сами,согласен е и он за тоа.
    А иначе кога имаш такви наметливи личности дома често не знаеш како да се поставиш, незгодно ти е, мораш директно да им кажеш, а не сакаш ни да се навредат.
     
    На Anyshka и Осе им се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.630
    Допаѓања:
    40.136
    Пол:
    Женски
    И ако крене нос што ќе се деси? Крај на свет? Толку те погодува тоа?
    Едно е да влегуваш во конфликт, друго е да стоиш позади свои интереси.
    Што им се тресете толку?
    Денес ти вика ќе јадеш со мене и точка, утре ќе бидат уште 100 други наметнувања. Како што те разбрав на спратови сте. Не се симнувате од денес, си јадете сами, си одлучувате сами.
    Ако не ви одговара мешање, а се наметливи, така ќе си биде се додека им ќутите.
     
    На happygirl и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.399
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе, возрасни сте, на работа одите, се издржувате себе си, деца треба да одраснувате, зарем не можете да им кажете на мама и тато дека, замисли, сакате да си го јадете ручекот сами?
    Колку многу зборување за една премала работа :|
     
    На Anyshka, happygirl, Sexybaby86 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    А ти во Мк живееш или? Тука замисли сите ме прашуваат заедно ли јадете? Значи тоа на некој начин се очекува, често и поради помош, да не готви се едниот, па заштеда на струја ехее многу фактори. И не знам колку си читала, јас читав дека многу членки се соочиле со овој проблем, тие што немаат поддршка од мажот не се ни спротивставуваат воопшто. Јас мислам грешка е што ние немавме од старт своја кујна, па они си продолжија со старите навики, да имавме не би јаделе секако заедно.
     
    На Anyshka, Sinolicka., mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.803
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам потполно, битни ти се туѓите чувства, не сакаш да ги повредиш особено ако тоа ви е единствен проблем моментално.
    Остави го маж ти да си го реши тоа, негови родители се и тој најдобро знае како да разговара со нив без последици.
    Моја другарка имаше ваков проблем и едноставно престанаа да се симнуваат доле на ручек. Еден ден си доаѓа дома и свекрва и си ги собрала нејзините тањири, чаши, прибор, чаршафи и се друго што имало нејзино на спратот. Дури мокар чаршаф за спална што се сушел на тераса си го собрала :lol:
    Умревме од смеење, ептен детско понашање од 50 годишна жена. Сега после години се многу блиски, ги поминаа тие недоразбирања и ептен се отворени една спрема друга ама од почеток ептен тешко и беше.
     
    На Skorpija25, mal.ecka, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.399
    Пол:
    Женски
    Да, грешка е што немате своја кујна.
    Грешка е и што доколку се има можност да се живее настрана, пак се живее во заедница само заради некоја си традиција.
    Најголема грешка е што не се отвараат очи со кого се стапува во брак и што не се прави договор како ќе се живее во брак и што не се поставуваат јасни граници.
    Исто така најголема грешка е што пробувате на сите начини да им се допаднете на свекрвите и што многу се потресувате ако се налутеле.
    За свекрвата никогаш нема да си добра, факт. И баш нека ти е гајле. За свекрвата се мажеше или за мажот ти?
    Никогаш не сум застанала да размислувам како да и кажам на свекрвата дека нејќам секој ручек да ми е со нејзе, маж ми ќе и го каже тоа, ако се буни, вториот пат ќе и го каже со малку поинаков тон и трет пат нема да се буни.
    А да земам да ја разгледувам ситуацијата од сите агли, не.
     
    На Mami3, Skorpija25, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.252
    Допаѓања:
    18.098
    Не е грешка што сте немале кујна од старт, грешка е од старт што не сте ги поставиле границите.
    Си запнала, ќе се налутат па ќе се налутат...
    И јас немав кујна од старт, па не се собиравме на куп за ручек. Јас и мм јадевме сами. Сигурно и неа не и било сеедно.
    Кога се одвоивме на др спрат кажав дека сакаме сами. Јасно и гласно. И она може имала др очекувања ама јбг. Не можам животот да го терам според очекувањата на свекрвата.
    Друг пример, она очекуваше дека ќе ја бања малата и 100 пати го кажа тоа, но кога се роди кажав дека сакам сама или си мм да ја бањам.
    И било тешко, плачела одпосле ми кажа, ама јбг. И реков и мене ми кејф со мм да му се радуваме, без да заобиколуваме баби. Има време и прилики во кои ќе се дружите. И си сфати.
    Дури и конфликт да избие, нека избие. Ако знам дека со тоа ќе си купам мир, не ги одбегнувам конфликтите.
     
    На Anyshka, Skorpija25, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Не пробувам да и се допаднам веруј ми, ама не сум ни толку ладна за да газам се пред себе. Од тебе стекнувам впечаток дека треба да газам се пред себе и ќе биде ок. Супер што си имаш такви ставови, но јас проблемите преферирам да ги решавам на помирен начин. Иначе не се секирај ти отворив очи за кого се мажев, јас со него се слагам за се, но другите допрва не можам да ги менувам.
     
    На Осе, tina2018 и Jana06 им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.399
    Пол:
    Женски
    Немам јас став дека треба да газиш се пред себе. Туку себе си се газиш за мир у кучи. Колку пати рече "ќе се налутат"?
    Е добро, за да не се налутат, не ги погазувај нив, биди добро воспитана снаа, ама во себе нервирај се секој ден.
    Тоа подобро ли е?
     
    На Skorpija25, Bezimenka90, poppie и 4 други им се допаѓа ова.
  12. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Абе и јас сум поставувала граници за други работи, но за ова не успеав да најдам поприфатлив начин, не дека не пробав. Ок и да се налути и моето трпение има крај, но да се карам со неа не планирам, мм нека се разбере. За дете поготово ќе бидам јасна и гласна, тоа од старт го знам.
     
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.252
    Допаѓања:
    18.098
    Се согласувам целосно со тебе.
    На помирен начин е вака нема да ги имаш основните работи во бракот. Едно јадење нема да може на раат да ти пропадне. @mynameislove Знаеш колку се губи во бракот ако не ручате сами? Во ова брзо време ако не споделиш како ти поминал денот и сл на ручек кога? А пред старите тешко дека можеш да разговараш. Ако покажеш став и граници, не е газење се пред себе. Вака се погазуваш и себе и бракот. Третирани сте ко деца...
     
    Последна измена: 29 декември 2020
    На Anyshka, Bezimenka90, S.W.A.G и 3 други им се допаѓа ова.
  14. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Ок сме. И не велам дека е добро тоа. Да беше така немаше да се пожалам. Наместо се налути можеби требаше да речам да не ги повредам чувствата на другите. За тоа пазам отсекогаш кон сите. Но доброто во случајот е што е привремено.
     
  15. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    E за ова си тотално во право. Ама јас еве сама на себе не можам да си објаснам зошто толку се трудам и упорно се на срце си земам:headbang::headbang::headbang:
    Првин беше демек ај да не ја слушам ,ама сега веќе не знам , веројатно се навикнав
     
    Последна измена: 29 декември 2020
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    16.965
    Поминаа пет месеци од веридбата до средувањето на наша кујна. Само што ја опремивме, го наполнивме фрижидерот и фиоките со се од храна што ние сакаме. Првиот пат кога седнавме да јадеме сами свеки доле плачеше, липаше.

    Од оваа гледна точка си мислам дека можеби требаше да седнеме и со разговор да кажеме дека сакаме сами да јадеме. Но сепак, не бевме јас и таа во премногу добри односи за да не сфати дека тоа ќе се случи штом ќе си купиме кујна.

    Иначе тешко е старите да прифатат нешто што во нивно време не било вообичаено. Таа била цел живот со старите во заедница, цел живот со свекрва и во една кујна. Тоа што јас не сакав да правам се со неа заедно, таа го сфаќаше како навреда кон неа.

    Јас сум по природа индивидуалец. Јас не можам да се џуткам со некој во иста кујна за едни кифли да се направат или пак некој да ми се мотка околу мене додека правам нешто и да ме гледа во раце.

    Јас бев лоша снаа што не ги сака старите, што не чекаше десет години за да има кујна, колку што таа чекала, што не сакаше да прави кифли со свекрвата.

    Сето тоа беше така се додека ќерка и не го осети тоа на своја кожа.
    Таа сега седи со свекрва и на исти спрат, има само една соба своја, купатило, кујна и дневна дели со старите.

    Додека не беше мажена си имаше накупувано многу работи од топ шоп, тави, тепсии, тенџериња, нутрибулет, правосмукалка и мн. други работи за домаќинство. Ништо од тоа што има купено го нема однесено во новиот дом, едноставно не сака да го дели со свекрвата. И таа имаше застарени размислувања и испади спрема мене за тоа што јас си барав мој простор за приватност но сега мислам дека ме има сфатено, сега таа дојде на моето.

    По муабет ја осеќам и свекрвата дека не и е сеедно што ќерка и е во таква ситуација. Ама нели, за туѓото не ти е жал ама за твоето боли.
     
    На Anyshka, душленце, Skorpija25 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    За болдираното си скроз у право, како да ја опиша мојата свекрва. Она никогаш не ни имала своја кујна. Иначе така во заедница неа тие работи и биле нормални. А јас така мека по карактер не ни очекува може да постапам поинаку. И јас не сакам да се плеткам во друга кујна, ниту пак некој да ми се плетка во мојата, за било каква помош од нејзина страна категорично одбивам.
    Дали ќе дојде до липање или не, не знам, но од тој шаблон треба да се излезе.
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.473
    Пол:
    Женски
    Да сакав со свекрва ми да бидам во иста кујна и да јадеме заедно, немаше да чекаме толку време со мм за да се земеме. Ќе бев мажена уште на 22.
    Ние уште пред да се земеме, седнавме и се договоривме со мм како ќе функционираме. И прво што направивме опремивме целосно кујна и вц, па се вселивме.

    И кај нас беше исто, не можам да кажам дека беше проблем, туку очекувано од нас беше да јадеме сите заедно, како друг што правел. Ама мене тоа не ме интересира, 3000 евра за кујната дадовме комплет за да биде по наш кеиф и сега некој друг да готви за мене, на друго место да јадам, кујнава за украс нека стои.

    Не можам да кажам дека од мене се очекувало готвење, никогаш, напротив. Свекрва ми ни викаше, дојдете, јадете си, па одете уживајте, шетајте, одмарајте. Не ти дава ни маса да кренеш, барем нешто да помогнеш. Ресторан. Во ред е еднаш, два пати во месецот и пет пати нека е. Ама секој ден? Не сум тој тип на човек, нит па мм е. Премногу сме независни за да така функционираме. Ние сакаме обврските за нашиот дом да си ги превземеме ние, во спротивно мислам се гушам. Како слобода да немам. Некој друг како да ми го организира секојдневието. Сакам ред да си имам дома со храна, со готвење, со трошоци, со буквално се. Секој нека си биде свој господар на својот дом. Крај краева, денес може не ми се јаде тоа што она направила. Некогаш со мм сакаме да си поспиеме, па доручкуваме касно, ручек не ми се јаде во тоа време кога она поставила маса. Или сакаме да си излеземе, да ручаме надвор, па мора рапорт да им дадеш на време дека не сме дома за ручек, да не не планираат, да не прави голема количина итн. Важи, нема проблем. |(

    Мм им има кажано, комплетно си функционираме сами, крај. Не се изјасниле што мислат за тоа, нит па ме интересира. Битно го почитуваат нашето. Крај краева, нит сметки ми плаќа некој, нит храна ми купува па за да ми кажува што ќе јадам и кога. Не зависиме од никого.

    Викенд може да седнеме заедно. За викенди дома не готвиме, или сме кај моите, или кај неговите или негде надвор јадеме. Ама преку недела секој нека си го тера своето секојдневие. Никој на никого не сакам да е обврска. Ако ми се готви ќе готвам, ако ми се лежи денес ќе лежам, на мм ако му се средува кујна, ќе среди, наш проблем.

    Не се мислете и не се туфкајте кога во прашање е ваш мир. За мој живот што сакам тоа ќе правам, нема пардон. И немам обврска на никој да се правдам. И не ме интересира кој што ќе мисли. Тоа што она мисли е нејзин проблем, нејзин начин на размислување, нејзин начин на живот, зашто па јас да се прилагодувам на тоа, јас имам друг живот, друг начин на функционирање, не може никој да ве превоспитува нит па да ве натера на нешто што не сакате.

    Ама плачела што не сте јаделе заедно, може и мајка ми плаче што не сум и веќе дома, и сега што да правиме, да се прилагодуваме цел живот де на едните, де на другите, да не плачат, а нашите животи на пауза. За што се земавме со мм тогаш, ај ако не јас секој ден кај мајка ми, он нека оди секој ден кај мајка му, да ги думкаме, да не плачат. Ќе плаче, ќе и помине, мора да сфатат дека сте возрасни.
    Мора став да се покаже, иначе отиде животот по туѓи правила, дур трепнете.
     
    Последна измена: 30 декември 2020
    На Anyshka, Luminary, Skorpija25 и 24 други им се допаѓа ова.
  19. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.408
    Пол:
    Женски
    A ti sto ne si vo brak i nemas ni deca. A tuka na sekoe edno pametuvas. Od kade ti tebe tolkavo iskustvo okolu sote problemi sto gi imaat clenkite da ne ti padna so ciglava od nebo???
     
    На Nevenche26 и Осе им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.983
    Допаѓања:
    41.164
    Пол:
    Женски
    @mynameislove Зошто маж ти не ѝ каже на мајка му дека сакате сами да си јадете, што си згответе тоа ќе си јадете и кога сакате ќе си јадете? И ние јадевме заедно со старите на почеток кога се одделивме, па некогаш ако ми се јадеше нешто ќе си направев и ќе ѝ кажев денеска не се симнуваме на јадење. Јадевме заедно сѐ додека не почнав на работа, тогаш маж ми ѝ кажа да не не рачуна нас за јадење веќе, сами ќе си правеме. И немаше никаков проблем.