Ама кој зборува за драма? Кога нема да ќутите на се и сешто, вакви проблеми нема ни да постојат пошто ќе се знаат јасно поставени граници. Нема ништо лошо во тоа да применуваш најосновни манири. Се возиш секогаш со маж ти напред, доаѓа еднаш свекрвата и седнуваш назад. Тажно е во какви секојдневни ситуации се познава хиерархијата. Јас ќе се запрашав кај терам со животот ако сум возрасна особа и немам храброст да и се спротиставам на свекрвата и после си рационализирав дека тоа го правам од што сум прекултурна и не се замарам, а не дека немам храброст.
Зошто ми се обракаш лично, јас немам вакви проблеми? Кој тоа ќути НА СЕ И СЕШТО, кој тоа мене ме гази? Не мора по секоја цена да се реплицира и да се извртуваат зборови. За мене е тажно некој да се замара кој седнал напред или назад во колата. Каква хиерархија.. немање храброст...и после не било драма Отворен разговор за се што ти смета ДА, ама јас лично не гледам разумна причина зошто на некој би му сметало инцидентно седење назад во кола...
И двајцата, хахахаах. Секако маж ми напред со мене, како што и јас напред со него секогаш. Така свекорот мене ме замараше, секад спрмен напред да седи, еднаш си земав и си седнав напред, отвара врата ме гледа и чека да станам, јас си седам секако, и ММ му вика: што чекаш демек, оди седни си назад, и овој ме гледа и праи фаца Мислеше ќе станам, како не, од сега си седнува строго назад, освен ако нешто ми треба лично мене па седнувам назад. Свекрвава па, столче на маса земаше за да седи до син и, ми викаше уште, оди ти од другата страна, јас да седнам до син ми, на мама синчето, лелее кога ми пукна филм, викам јас седам тука, и нема да се преместувам, секогаш место до него сакам да си имам. Па уште ми се налути (ич не ми е гајле веќе, засекогаш нека биде лута). Утре бебе ќе ми земе така од раце, треба тек тогаш да се искараме. Сега без прашање не смее ни храна да ми премести, не па друго. Иако уште си има некои коментари од нејзина страна, па зошто сме јаделе друго, ако имало јадење, зошто сме оделе на гости, најново е зошто утре за Божиќ ќе сме оделе кај моите, требало дома да се седи со блиските, и јас и викам дека и моите ми се мене блиски исто така, и дека за Нова, за Бадник, и секој божји ден сме дома со нив, а со моите не, и така си заќуте.
Со оглед дека задните седишта се побезбедни, не ми менува кој оди напред, кој назад, пре би назад. Барем има место за ширење. На крај краева, што е битно кој седи напред, кој назад? Кој каде се наместил, таму. Кога патувам, не зборувам и не сакам да ми зборат, туку да ме остават да уживам, веројатноста да се сместам позади е огромна, од чиста желба, а не покор. До таму ли дојде работата? Борба за превласт за седиште....
Не е дојдена до таму, ама старите така постапуваат и станува иритантно. Ете гледаш, на членката погоре свекор и чекал таа веќе седната да стане од предното седиште за он мажот да седне, па уште и фаци правел. Како да постапуваш со вакви? Нормално дека ќе се разбуди инаетот во тебе.
Во зависнот од ситуација и расположение отстапувам предно седиште. Да, отстапувам затоа што мое си е Не е сеедно кој каде седи, си се знае ред и поредок.
Татко ми е човек од 100 кила, го праќам да седне напред. И за свекор ми било исто ако се возиме заедно. Јас немам 100 кила и не можам да разберам како за сенешто може да се направи проблем
Тоа е друго. Сите се местиме во кола како одговара кога има покрупен човек. Се гледа кога намерите се "задни", оти ете, баш јас/ти/тој така сака. Не сакаат намерно да се откажат од навиките кои си ги терале додека синот не бил оженет. Ај за во кола викате борба за седиште , ами на маса да ти вика САКАМ ДА СЕДАМ ДО СИН МИ? Какво однесување е тоа? Чист безобразлук.
@thelittle17 леле на маса да седнела до синчето... , памтете ги работиве тие што ќе имаме синови да не станеме вакви... Страшно ме иритира за било каква ситуација да се натпреварувам, осет треба да се има бе, зошто во 2021 година уште како пред 10 века сме, само на балканов ли е вака?
Во колата на свекор ми јас,маж ми и детето седеме назад, во наша кола свекор ми седе напред, а јас и свекрвата назад, оти има седиште, а свекор ми е 90кг и нема место за него назад. Додуша еднаш само сме се возеле во наша кола заедно и тоа јас му кажав напред да седи, тој се спремаше за назад. И на мене некако ми е поубаво назад да се возам. Е сега на маса кога седиме сите заедно, додека не беа одделени деверот со старите, на чело секогаш седеше свекорот, од десна страна маж ми, јас и детето, а од лева свекрвата, девер ми, јатрвата и детето. Уште кога се земавме со мм така седевме сите, само без јатрвата. Е сега кај старите е потесно, па кој кај најде место таму седе, кој на поголемата маса, кој на помалата, разделени сме. Јас не обрнувам внимание на тоа.
Ама во некои моменти не знај како да постапи човек ,еве дојам моментално бебето е 4 месеци. Од ко забременив и се кажа луто веќе да не става ,дека не е убо за бебето. Упорно става ,се некој изговор ,лутел биберот ,лутел пиперот, комшивката и дала пиперки рекла благи се то лути биле. Еве и денес бадникова вечера гравот со лути суви пиперки ,уште убедува дека не е многу лут немало гајле... Стварно не знам што да кажам.
Е ајде де, наместо своја работа да си гледаат, да си уживаат во пензионерски денови, не бе, тие со мене се натпреваруваат, кој повеќе го сака син им абе и 100 кг нека има ако сака, еве ја сега трудна сум и поудобно ми е да седам напред, ме прашал некој нешто за тоа? Не. Епа ни јас не ги прашувам. Едноставно си тераме јас и мм по наше, а тие можат до бесконечност да си зборат што сакаат, веќе заврши нивното да ти кажам, и мислам ова само кај нас го има на Балканов, отров се стариве, отров, во се да се мешало. Синче мамино на 32 години, измеѓу мама и тато ќе го седнеме он им збори, ама џабе збориш на такви "умни глави" со нив нема разбирачка, залепени до синот 24 часа, да можат и јас да дозволам, се ќе беше катастрофа до сега, ама ниту им попуштам, ниту им се замарам. И овој муабет сега што го имам со стариве, од куртоазија, е само и само заради маж ми, да не живееме со нив, 3 пати во годината ќе ме видат само. Како да постапам? Нема да јадам што не ми се допаѓа, и се си правиме сами, нит ми треба да ми праи, нит ја сакам да и правам, посебно само, па после ако сака 5 кг. луто нека си става во манџите.
Колку и да е смешно вистинито е. Јас дека со бебе/дете седев назад, а свекрва ми вика ја да сум седнела напред со мм, таа со бебето. Као демек ако седам назад ќе помислат скарани сме или разведени.