Јас те разбирам што сакаш да кажеш, мајка му еве е крупна жена од 100 кг, а татко му е преслаб дури, и сега за што се мести тој во кола прв, а таа на маса прва до синот? Јас каде сум во ситуацијава, чим не ме пашал никој ништо, тогаш и јас не ги прашувам, да ме почитуваа повеќе, и да не се мешаа во се нешто, да си гледаа своја работа, ќе ги почитував и јас дупло повеќе, си бараа и си добија. Од мене толку колку и од нив, ни повеќе, ни помалку.
Колку ја извадивте работава од пропорции. Факт е дека ако вие си седите напред секогаш и таа дојде и си се намести напред е безобразлук пошто сака до синчето да седи. Не дека животот ќе ви се смени ако седнете назад. Туку само е еден безвезен гест кој покажува каков ви е односот со свекрвата. Културна свекрва никогаш нема да се нацрта на предно седиште во колата од синот и снаата. Ни културен свекор. Ни вашите мама и тато. Кој спомна погоре, како што сакаат на јадење на маса да седеле до синчето. Безобразлук е. Ама воспитувањето ни е такво, на "мали" работи да се ќути. Не треба да се расправате. Никогаш со свекрва се немам расправано, а и мојата знае да се занесува. И кажувам со најсмирен тон еднаш. На ниво да се расправам не паѓам. И секогаш си знае до кај е границата и не ја преминува, за било што. Зошто ако ја премине, маж ми превзема, а ја боли да си нарушува однос со син, па си почитува се' што и е кажано. Замислувам кај што секогаш си се возите напред и доаѓа еднаш во 2 месеци свекрвата и си седнувате назад, дури и тажно е. Не мора некој настан да се случи за кој цел град ќе чуе, во најмали работи во денот се осеќа каков ви е однос со свекрва, со маж. Дали ви отвора мажот врата, дали ве поздравува кога доаѓате од работа, дали ви вели Добро утро кога ќе отворите очи и слично. Се ќути само кога не ти е гајле за нешто. А под "не ми е гајле" не спаѓа - Ќе ќутам, ама после ќе се жалам на форум. Значи ти било гајле. А некогаш не се ќути и за работи за кои не ти е гајле зошто ќе прераснат во работи за кои ќе ти е гајле. Граници јасно нацртани за се и ќе видите како ќе се испразни темава.
@thelittle17 @Emotional123 Абе само таа е немам свекор и ај да не готвиме 6 јадења за тројца (пошто и е речено неколку пати таа пак во 10 сабајле јас уште немам доручкувано што се вика фукнала ручек да праи ) не можам и јас и таа па да фрламе ,јас плаќам намирници. Други денови си јадам што било ако не ми се свиѓа нејзиното ,ама денес , стварно невкусно . Ко за инает. А може и за инает е дека не фатив ништо,ама не можам бе ,не можам во исто време со неа во кујна и не. Ај ептен празник дека да не се расправаме инаку и мм се изнервира,ама само и рече ти не проба? Па не и гледале лути уште се правда
Искрено ништо нема да ми смени кој каде седнал, ама зошто да е така, зошто да ми се тера инат, не разбирам. И не сум им ќутела, напротив, и неа одма и кажав за на маса, и него за во кола му потенцираше ММ, нивни безобразлук точно, не е мој, таа пред други луѓе се покажува каква е, ама некогаш доаѓа до тој степен, што ми е преку глава, не се трпи едноставно, јас не можам да премолчам за ништо, се што имам кажувам, затоа не ме сакаат, дека не знам да се преправам.
Па што ако не те сакаат. Голема работа ако си замислиле критериуми за снаа уште пред ти да се родиш, и сега не им ги исполнуваш. Никоја девојка кога си фантазира за љубов не вели - Се' ќе правам за свекрва ми. Мажот и децата ти се примарно семејство, а другите дали те сакале или не, ич да не се вознемируваш.
Ама ичч, порано се замарав и нервирав, ама сега што сакаат можат да мислат и зборат, доста е и ова што го имаат од мене, после се.
Јас јадам ,ама проблемот е што дојам за бебето не е убаво. А и само до мене да е сепак е невкусно ,да знаеш некој дека не може/сака нешто да јаде и да го фукнеш како главен ручек за празник нема смисла според мене.
Зошто да не е убаво за бебето? Мислам, настрана од свекрва ти, ако имаш кејф нема штета од луто, ако е во умерена количина баш има и бенефити за бебето
И мене така ми кажале, има нешто во тоа... И мојата свекрва не можеше да разбере, ама почитуваше. Абе убав ден е денес, остајте теми за нервирање за друг пат
Тоа е кај некои затоа што може да предизвика грчеви. Ама кај некои бебиња не влијае, ако пробаш и нема грчеви, да не си скратуваш ако имаш некогаш кејф за луто.
Си требала даземеш и да си ставиш за тебе само што не шибнала и во лебот луто проста жена од инает е се не може нон стоп изговори да има
Зависи и колку луто ќе и стави свекрвата 100% ако става малце и оваа јаде после тоа огин ќе ги прави јадењата
Епа или или хахахахахаха нема друго решение или ќе става повеќе или ќе се откаже само придобивки може @Осе да има
@Brpbrp па за инает ами за што ,месецов еве цела година се заокружува и таа уште не сфати абе ај... Јас општо си јадев по малку ама не во секое јадење. Ќе си ставев друг грав да знаев ама госпоѓата ко го стави на маса кажа. @Mantub повеќе ќе стави ,и неа после ја болел желудникот ама пустото убаво и било
Јас обожавам да седам назад, некако повеќе место и си уживам во возењето. Така да кој сака нека седи напред. И кога возам сакам да сум сама напред.