1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.976
    Мене ми смета.
    Или возам или сум совозач - трето нема.
    Ако не им чини на останатите патници, нека си најдат друг превоз.
    Кој сака нека е во прашање, најискрено.
     
    На poenta, crazylady, Mantub и 5 други им се допаѓа ова.
  2. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    1.988
    Твое право - твој живот ама мене не ми разбирливо некој да се инати за седиште, мислам на двете страни.
    Среќа па никогаш не сум имала таков случај во блиска околина.
    Имам седено напред до брат ми, па после ја земавме сопругата негова а јас си останав напред дури не се ни понудив да станам. :| Да ми речеше да станам ако не да си најдам друг превоз не верувам дека сеуште ке ми беше драга. Ама и двете немаме сфакање дека седиштето е симбол на хиерархија:wasntme:
     
    На mace89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.976
    Никој никаде не зборува некој по пат да те собере.
    И да, инает од постарите за хиерархија е, и од мажите кон жените е, и пошто сум наишла во минатото на таков инает не попуштам оти никому тоа задоволство нема да му го приуштам.

    Да речеме седиме у кафана со уште еден пар.
    99% од времето ако сме со една кола, другиот маж на маса тргнува кон совозачко :D
    Па е изненаден кога ќе сфати дека најчесто сум јас возачот ;)

    Нема да има значење тогаш кога од иста појдовна точка, тие што не ја поседуваат колата, нема да си земаат за право да бираат кај седат. Седат кај што се понудени да седнат.

    Исто е како да појдам на гости и да си седнам кај сакам и да си се осеќам како во мое, а не да почекам да видам каде ме испланирале домаќините.

    А лебами ни за ситници нема да ме газат, нека сум најнекултурна на светов :)
     
    На mal.ecka, violetblue, 1209 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    4.106
    Пол:
    Женски
    Јас немам таков проблем, свекор ми додека работеше го земаше шофер и го враќаше и постојано си седи позади. Така да и сега позади местото му е резервирано секогаш , а свекрвата секако до него :)
     
    На crazylady, thelittle17 и Meckicja им се допаѓа ова.
  5. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.672
    Пол:
    Женски
    Што сакате правете со ваши коли и седишта, куќи и сл. Во моја купена кола било кој не може да ми одредува правила, местото мое ми е до маж ми, сигурно не ми е местото до мајка му, нема што мајка му и татко му да се плеткаат први да бидат во се! Понекогаш некои луѓе, како моиве на пример, ако не ги фатиш и се живо да им кажуваш дека ти смета, од ситници зборувам па натака... ќе си земат за право и на глава ќе ти се качат, што со однесување, што со зборови.
    Затоа вака уште во старт и за најмала ситница има да кажам што ми смета, да ќутам на никого нема, па кој сака нека биде. Јас да ќутам, за да правам ќеиф на други, тоа мало сутра, не само за седиште, и за чаша вода ако треба! За се!
     
    На Anyshka, BabyD0ll, Snowflake97 и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.624
    Допаѓања:
    40.113
    Пол:
    Женски
    Добро тоа си зависи и од луѓето.
    Има и од стариве безобразни.
    Моиве свекор и свекрва се ептен опуштени за се, па и по тоа прашање. Иако се дешава 1-2 пати во година да се возам со нив ама и тогаш нема тегнење. Двајцата позади се ако тргнуваме заедно, нема љутуш ама мислам дека никој од нас не се замара со тоа.
     
    На elimkd, mace89, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.976
    Никој не би се ни замарал, ама тој проблем и те како влече други корени, кој е кој да се знае, постар-помлад, маж-жена...
    Нешто како седењето на маса, "се знае" кој е глава на куќа :)

    Искрено со партнерот сум немала вакви драпешки, но од негова и моја да речам поширока фамилија да, и баш инает ме фаќа.
    А со родителиве наши не.

    Една случка, кај што инает ме има фатено, спремна бев една тетка негова сред планина да оставам.
    Ден Водици, се враќаме од селово кон градот, со моја кола. Партнерот имаше пиено, а и останатите, само јас не. А и секако најчесто јас возам, ама во ситуацијава секако само јас немав ич пиено.
    И се товараат во кола, и теткава сфаќа дека јас ќе возам, и одма - лелеее абе нека вози *** (партнерот мој). И' викам не може, пиеше он. Таа - епа нека вози **** (чичко му). Ме фати нервоза и и' викам оваа кола само јас ја возам, ако ви чини добро, ако не пак добро. Ама ни чичко му ни никој друг нема да ја вози (ни еден од нив не го знае патот подобро од мене, не е дека ми понудија некој баш искусен по таа планина и снег да вози).

    Нив проблем им беше дека јас женско :) Дури и да не бев сигурна во себе, немаше шанса да отстапам на некој кој ем пиел, ем не би рекла дека подобро од мене вози.
    На крај, ако им е страв од женско возење, можат и пешки да си одат или да си најдат друг превоз.

    Јас знам дека поради вакви ситуации не ме обожаваат ама не ми е гајле, затоа што себе се сакам највеќе, а на небитни фаци нема да терам ќеифи оти се затуцани сељандри, за мир во куќа.

    Одбрав маж со кој сме рамноправни, сигурно ќе дозволам на тетки, стрини, свекрви и стриковци да ме заебаваат.
     
    На BabyD0ll, MeowMeow, Nefertiti. и 25 други им се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.624
    Допаѓања:
    40.113
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ама цело време имав впечаток дека си сингл. :$
     
    На thelittle17 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.976
    Мор п(т)ичињана веќе знаат оти после 10 (официјални) години и кусур неофицијални, решивме да се побараме.
    Сега чекаме 10 да поминат за папир да се договориме :D
     
    На Ugly Duckling, 1209, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    За ова околу седење во кола, имам читано во една книга за бон-тон. И точно беа објаснети сите ситуации, комбинации и роднински врски што можете да ги замислите. :D

    Тоа што имам запамтено, жената на возачот седи напред кога има и друга жена во колата, ако има машко тогаш седи машкото на совозачко, жената позади. Ако има плус уште еден пар во колата, мажите седат напред, жените позади. Под претпоставка дека мажот вози во сите ситуации нели. Што доколку вози жената, не се сеќавам дека пишуваше, со оглед на тоа дека книгава е од пред 25 или 30 години сигурно не ни пишува. :D Изгледа тогаш не мислеле дека жените ќе станат рамноправни возачи со мажите. 8)

    Не сум размислувала за ова посебно никогаш, сега кога се потсетив за книгата со бон-тон, сфаќам дека баш така некако сме се искомбинирале.
    Конкретно на темава, кога се возиме со мајка ми или свекрва ми, а мм вози, секако јас сум напред. Или било кое друго женско да се вози со нас. Кога се возиме со брат му, свекор ми или татко ми, јас седам позади. Кога се возиме со уште еден пар, јас и другата жена сме назад. Ако возам јас, истото важи, сменете само обратно од ова. :D

    Уште кога бевме првите години со мм во врска, мајка му секогаш си седнуваше позади. Првиот пат кога требаше од некаде да ја земеме, многу убаво се сеќавам, јас сакав да и' отстапам напред да седне, она ми рече не, седи си ти кај што си е твое место напред, моето е позади. Дури имало ситуации неколку пати требало од дома да ме земат, она уште од старт од дома од кај нив си седнува позади. Кога ќе дојдат, како такси, мм вози, таа позади седи. :D Да не се преместуваме, одма напред да си седнам. А кога има уште некое машко со нас, било кој, штознам, некако природно ми доаѓа напред да седне, јас позади. Или јас возам, а има женско со нас, природно ми доаѓа женското да е напред, мм позади.
    За што ме натеравте да размислувам . :rofl:

    Во принцип многу разбрани и современи свекор и свекрва имам и за ова смешно е да се натпреваруваме.

    АМА, ако некој ми се наметнувал и авторот сакал нешто индиректно да ми каже, демек кој е побитен па ќе седи напред, тогаш не ќе сум била многу фина. :D Секако ќе било по мое, макар светот се превртел, ама не сум осетила од никој до сега нешто со скриени намери па затоа не се замарам ниту па сум размислувала за ова.
     
    На Snowflake97, Angie1432, ForeverYoung и 11 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.976
    Болдот е се' :)
    Сме се возеле во кола на свекор ми - вереникот вози, свекрвата до него, свекорот и јас позади, или еве денес во мојава кола вереникот возеше, татко ми до него, јас позади. Пошто такви беа моментите, она сите со различна појдовна точка, а и да не е, не е важно.
    Ме фаќа инает само кога ќе осетам инает од другата страна.

    Шала на страна што имам проблем да сум позади, најопуштена сум само кога возам иначе на штрек сум, ама и да ми е лошо би отстапила, освен ако осетам зановетање од друга страна.
     
    На mssuniquee, Emotional123, thelittle17 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.014
    Пол:
    Женски
    Moi bliski ziveat vo stranstvo i koga doagaat tuka sekoj si odi kaj svoite roditeli na spienje, sto mene mi e mn ok. Si dosol na nedela dena max za da si gi vidis tvoite da ne se lazeme deka si puknala svekvata i svekorot da gi gledas
     
    На pamelche, Doozy, Nausicaa и 13 други им се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    25.562
    Пол:
    Женски
    Леле и за кој седи напред во кола фативте кавга :tmi: . Искрено , да ви кажам нешто , боли ме патка кој седи напред а кој назад . Најважното сепак е , да стигнеме живи и здрави каде што сме тргнале , нели ?

    Многу си ги заморувате главите со глупости . Сум пуштила свекрва и свекор да седат напред , мајка ми , татко ми исто . Вие не знаете која комоција е назад :D . Посебно го сфатив ова , кога ни пукна гума на поголема брзина . Гумата беше од десна - совозачка страна , каде во моментот седев јас , а другар на маж ми седеше зад мене . Тој помина со благ стрес , јас два месеци не можев да се оправам од стресот , бидејќи пред мои очи беше борба да се остане на асфалтот , да не паднеме во нива , која беше бајаги пониска од патот . Среќа што поминавме со стрес и материјална штета . Од тој ден , ич не ми е битно кој седи напред а кој назад .
     
    На crazylady и Meckicja им се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Напред имаш комоција повеќе додека позади има некои луѓе си се шират. Пред да имам дете кога одевме на роденден во друг град еднаш се случи да го оставам свекор ми напред да седи јас позади со свекрва сардина ме направија демек свекор ми не можел позади да седи тесно ќе му било јас возев за назад он позади седна мм напред како тогаш не му беше тесно, да напоменам дека позади кога седам обавезно ми се лоши и завршува со повраќање затоа и преферирам напред. И нареден пат кога одевме јас си седнав напред отвара врата и ме гледа и мм му вика седни позади ајде и од тогаш веќе само по двајца одат е сега веќе никој нема да доаѓа зошто нема место :)
     
  15. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Кога идеме негде нема место за нас во кола, едвај не собира, не па некој друг да дојде.. Со дете, со триста реквизити, од количка, хранилка, седиште, па тротинет, точаче.. Количката не ја користиме, ама ја влечеме со нас, во случај да сме излезени, а да треба дa заспие.. ние се комплет носиме со нас... Па, после со две не знам како ќе биде, како ќе се собереме ќе видиме.. .. Сакав да кажам, не ни станува збор за некој да доаѓа со нас, за кај и да е... Се знае дека си одиме сами со кола..
     
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    25.562
    Пол:
    Женски
    Добро , кај тебе е друга ситуација , бидејќи ти се лоши назад , знам луѓе кои колку и да се трудат да не мислат на возењето , на крајот пак со повраќање завршуваат . Затоа велам , преферирам напред да седат луѓе што си имаат мака ( твојот желудник лесно се вознемирува , и затоа со право седиш напред ) а и луѓето што во тој момент се возеле назад немале баш осет и култура . Мојве , никој не сака да е стиснат , па затоа кога седиме повеќе луѓе назад гледаме секој да има место , особено кога имавме кола - седан . Сега имаме моноволумен кола и секој си има свое седиште во кола , па немаме турканици кој каде да седи :D .
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Па ти скоро пола куќа ја товариш у кола. Не можеш се да земеш, мора барем пола од тие работи.
     
    На mssuniquee, Biljarkata, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    25.562
    Пол:
    Женски
    Бога ми , јас ако носам вака се , со три , шлепер ќе ми е мал :D . Среќа живееме на главна улица , па сите точачиња и тротинети ги оставив кај мајка ми ( во село , живеат во сокаче ) , бидејќи мојве две дечиња се опасни поголемите ( 6 и 4 години се ) па бегаат низ врата , не дека ме слушаат (facepalm) . За најмалото само транспортерот го носам со себе и тоа во багажник стои , ако ептен е долг патот тогаш е на седиште и бебе во него ( 2 месеца има , па сеуште не користиме количка , но кога ќе почнеме сега од март , транспортерот го транспортирам во село кај мајка ми :D ) . Изостави еден дел од работите , не мораш баш се да носиш , особено кога ќе имате две дечиња .


    Или земајте еден шаран или друга моноволумен кола , не е лична на изглед , ама цела куќа ти ја бере во багажник :rofl: .

    Се шегувам :D .
     
    На pikabu5, Lisicko и Milkiway им се допаѓа ова.
  19. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    22.797
    Пол:
    Женски
    И јас не се замарам кој кај седи, посебно за низ град каде би биле некои си 5 минути у кола макс, секако сите не не собира. Позади јас не знам како ќе биде кога ќе имаме второ.. едвај седам јас и дете, и некое ранче ташна, претесно ми а не е ни баш мала кола да речеш.
    До сега за пат не збирало стручно, како не знам, ама на враќање увек е хаос хахаха...
    Количка на прв одмор носевме на 11 месеци и сфативме дека џабе ја мкнеме и толку ја спакувавме и кренавме.
    Но и да нема количка, позади за двајца возрасни и седиште нема место.
     
  20. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.242
    Допаѓања:
    19.026
    Ако детето ти е во транспортер и врзано со безбедносен каиш нема потреба да седиш назад
    Двете деца назад ти и маж ти напред
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.