Мислам дека веќе имам пишано дека јас ниту ден немам живеено заедно со свекрва, па нашата љубов е на далечина. Со свој родител ќе се спречкаш, а не па со друг кој е на друга возраст, од друга култура, религија... Али целосно се почитуваме и одржуваме еден однос од таа голема дистанца. Во предходниот стан бевме 3 години, дојде се на се 3 пати(тогаш беше татко му жив) Не сакаше ниту вода да се напие. Еднаш донесе нови јоргани, и постелнини(читај меѓу редови не и се допаднаа нашите). Што за право и ужасни беа, штотуку бевме вселени во станот моравме целосно домаќинството од нула да го градиме, немавме пари за луксузи. Вториот пат донесе ноќни ламби, сметаше дека е премногу темен станот. Третиот пат дошла додека ние бевме на одмор. Малиот и го имаше дадено клучот за она да зеде пошта, а она и влегла да проветрее. Слушнав од малиот дека станот не ни е чист и е полн со прашина. Тоа беше на стартот и многу замерив и лом го направив мојов Како прво му реков да не дава клуч од станот, туку само од поштенското сандаче. Он ме увери дека она секако не се качувала горе. Му немав удрено генералка на станот, но раскренав колку што можев и колку што ми дозволи времето бидејќи до последен момент одев и на факултет, работа, и пеглав пакував. Но беше чисто и средено. Но која нормална личност очекува станот да свети кога 2 недели никој нема штрапнато внатре. Може и ради тоа после волку се уарни женава Малиот секој ден телефонира со нејзе, што е сосема нормално. Како што јас се слушам со мојата мајка, не гледам ништо лошо и он да ја чуе неговата. У последно време она почна да се јавува он додека е на работа и се муабетиме, можам да кажам дека ја продлабочуваме врската хахаха. Мислам дека ме засака женава, т.с немаше ништо против мене ни на старт, само и беше малку тешко да го прифати фактот дека син и прави големи жртви ради мене. Наместо да си поужива во младоста и на нивен трошок да поживее и да штеди, он мораше во тогаш мало прескромно станче да се пресели и да почне од нула. Но кога почнавме и како брачен пар да напредуваме и финансиски и на секое друго поле, менување на работни позиции, станови, намештај...свати дека он донел правилна одлука. Сепак мајка е, се грижи, и секако дека го сака најдоброто за него, во нашиов случај од далечина. Ние одиме барем еднааш месечно кај нејзе, кај баба му, кај тетка му...ќе псоедиме малку и да не нема. Во новиот стан сме пола година. Она дојде кога се вселувавме кога не беше сеуште средено, и предходниот викенд во придружба на тетката на малиов и овој викенд во придружба со другиот син и другата снаа и внуците. Ги пречекав како што доликува и мислам дека она беше многу пријатно изненадена. Е сега имало некои ситници, но јас не сваќам при срце. Она преку син и си кажува некои нејзини мислења некогаш, но верувам дека е добронамерно па не замерувам. На пример едни свеќи на батерија јас кои ги купив како божиќен деко, она му рекла дека такви како за на гробишта се . Тие беа ставени она кога беше на гости со тетката на малиот, па ги извадив кога дојде она ставив инакви свеќи. Штом ги нејќе ок, нема потреба трауми да ја полнам да мисли на гробишта дека е Или вториов пат кога дојде ми донесе некои мали апаратчиња за сецкање зеленчук, не знам како да ги опишам. Се става печурката меѓу две метални делчиња и тоа ги преполовува. Читај меѓу редови не и се допаднало како сум ги исецкала печурките кога дојде на гости со тетката Реков фала, нареден пат ќе и ги исецкам со тоа и мир. Донесе и фенерче, може за во шпајзот да ни се најде А односот со жената од братот на малиов ни е посебен. После 3,5 години брак прв пат дојдоа кај нас минатиов викенд. Јас кај нив под присила имав отидено за една нова година и некој роденден. Она сеуште ни нема честитано брак, постојано дава некои зајадливи коментари и никој не ја сака. Еднаш не отидов на фамилијарна вечера бидејќи она не знаеше дека сме венчани, и сите имаа страв дека она ќе направи драма. Па спремаа терен на само да и кажат, додека јас не сум таму. НЕ вредеше да се карам со малиот ради некој таков, ми објасни сватив и никому ништо. Знам дека уште кога ние бевме во врска, се имало пикнато со собата на малиот, му го зела дигиталниот апарат и се гледала наши слики од одмор(сликиве ама не беа сите за јавност ) Сеуште не знам дали брат му на малиов после 15 год. заедно конечно ја венча, очигледно комплекси си има створено . Едит: најважното го заборавив. Под присила на околности венчавањето ни беше спонтано и експресно а стан сеуште немавме најдено. Па одкако се вративме од брачното патување јас си продолжив да живеам во студентскиот додека не го најдовме станот, а тоа потраа 2-3 месеци. Они живееја тројца во нормален трособен стан, со засебна соба за малиот, нивна спална, кујна, дневна и балкон. Па никој не ме покани кај нив да отидам
Добро, баш и не си морала да ги тргаш свеќите на батерии Замисли бе, ко за на гробишта биле, а вие сте ги земале да си го украсите домот Во право си дани, свиркај и терај си го животот со малиот, сите други се небитни - или ги игнорираш, или им угодуваш за неколку саати и на крај секој на своја страна и на свој начин задоволен
Има граница на "бубачки" до која може да се толерира... На пример, јс повеќе од пола живот носам нијансирана коса со црвени прамени. Ама ко ќе кажам цррвени, ислам 3-4 нијанси црвени, џиш... Е сега, цел свет ме знае таква, и јас си се сакам таква, вереникот мисли дека вака сум топ, СВЕКИ се најде да јаде бумбари дека сум светела како ФЕНЕР по маалото, резил било од комшиите, ко да живееме во некое село ама пред 50 години. И фатена да сум ја носела, незнам што... И ај јас пред неа за мир у куќа, фати ја во пунџа, и ај, а будалата не му кажав на вереникот, туку сама ќе се објаснувам јас со неа. Кога еден ден ми дојде преку глава веке, и и писнав аман остај ме со таа коса веќе, каква сакам таква ќе ја носам, и дотичниот господин не слушна, партали и двете не направи, мене што не сум му кажала а неа нормално за глупостите. Ова е само една од ситниците. Па на комшиките муабетите, имало некоја докторка во близина таму кќерка на некоја, била ко за него ептен, а кај ме нашол мене, ајван доктор... И јас му кажав, он и ккажа дека ни ајван доктор неа не ја лечи, коза глупа... И така натамуууу. Значи, има со кого може да се прави дипломатија, а со кого не. Што дипломатија да водам со идиот? Децата си ги раскарува едно со друго, што да и објаснам? Секој ден ново нервирање, гледам ќе нема чаре освен ќирија. Среќа уште со вереникот не сме се искарале за неа, е тек тогаш ќе ја искубам. Толку години веќе, ама ете, кога некој не те сака, тоа е. Со сила убавина не бидува. Со вакви нервози, јас скам бремена да останам, кај бееее!!!! За тоа треба мир! Среќа моја, фала му на Господ што имам добра врска, и одличен темел за добар брак, инаку, маф ќе ми беше работата... А, и да не заборавам, после веридбата кога ме земаа кај нив дома, ни чаршав не ми даде јас на креветот да си ставам, а не па она да ми го намести! Ми вика ако сакаш на нашата спална спијте, а ние ќе се снајдеме, ко бескуќници некои во стан од 100 квадрата! Сакав да средиме некои работи во станот, и вереникот не ми дозволи, нормално... Какво е-такво е, додека мора ќе седиме а после џом да не нема затоа што не се издржува.
А бе што е оваа опседнатост на свекрвиве со фенери и свеќи и светлини??? Замисли тебе да ти речеше дека се осеќа ко на гробишта со тој „фенер“
Кога сме веќе кај муабетот, мене ми има речено дека кога во црно се облекувам ја потсетувало на жени кои одат на гробишта...има моден сенс, што друго да кажам
Аааааа неееее, тогаш друг е мотивот - тие се опседнати со ГРОБИШТА, не со фенери и свеќи и прамени и црна гардероба! Може страв им е од тоа што ги чека
Идиотки!!! И јас исто многу црно носам, башка со црвена коса фенерска, кошмар на свекрвите! А да, и пита кога правам, сум штедела ко егејка ( за тоа душата ми ја извади дека имам дебело егејско потекло ) и ич не била мрсна, а само мрсното е вкусно... Нели... Здрава храна ти е една мисловна именка. Син и бил маж од 2 метра и кусур, со треви не пораснал толкав!!! Еднаш ми рече дека ќе го скусам со моето готвење!
Ах бре жени ме изнасмеавте со тоа дека се опседнати со гробиштата и со свеќите .Мојата пак идна свеки колку што успеав да ја запознам во овие 5 ипол години е добра личност.Во ништо до сега не ни се мешала,а еднаш уз муабет бидејќи ќерка и е веќе омажена ми кажа дека таа не сака да се меша никому како што свекрвата на ќерка и што и се меша.До сега ни еден лош збор не сум слушнала од неа за мене,напротив одсекогаш се трудела да се чувствувам како дома и на секое ме прашувала дали ми фали нешто,да не ми треба и слично.Јас сеуште и персирам неа,а и таа мене,но не се чувствува дистанца и непријатност меѓу нас иако си персираме една на друга,ја осеќам баш блиска,а и таа мене како што проценив по нејзинот ооднесување.Таа буквално ме има прифатено како свое дете и прави да се чувствувам многу убаво.Пред нашата прва средба јас мислев ќе пропаднам в земја,а таа уште од првиот контакт возбудата,страмежливоста и непријатноста направи да исчезнат за секунда и се чувствував како да се знаеме цел живот.Знам дека пред време не се зборува,ќе видам како ќе ми биди кога ќе живееме заедно доколку тоа биди така во иднина.Можеби нема да ми цветаат рози ,а може да ми биде убаво дур не биди никој не може да знае.
Сва среќа што сум колоритна работава Замерки мора да има, што се замараш... се изнасмеав, ќе си го скусела. Мене па ми замерува што готвам многу калорично и што не правам посни јадења без месо. Што да правам бре жено -и` реков-мене посно не ме најадува, а ко шо гледам и син ти нема ништо против А замисли јас сум тетовчанка, мажена во егејска куќа .
Lolitka кај тебе е добитна комбинација. И јас сум со тетовско потекло. Инаку со мојата идна свеки имаме фин однос,ни премногу близок,ни премногу дистанциран. Можеби засега само маска ми прави,ќе видиме,али јас не се замарам многу многу.Знам и да и преречам нешто ако не е во право,али да се карам онака не.
Ха, во врска со ручекот, кога правам ручек на прво место е: јас да го јадам (не готвам нешто јас што не јадам, само за кејф на другите), потоа исто толку важно ми е да му се допадне на сопругот (не готвам нешто што тој не јаде), за сите останати веќе не ми е гајле. Пред некоја недела, заради одредени околности свекрвата не беше дома, и готвам ручек од денес за утре (за да има свекорот што да јаде додека ние двајца сме на работа). Господинот се пожалил на мм дека манџата била добра ама малку посна. Искрено се навредив. Кај се трудиш да му зготвиш да има што да јаде, каде на сите паметот ни беше на друго место, па уште и замерки наоѓа. Манџата не беше посна, туку имала помалку месо од тоа што тој очекувал (и навикнал). На сопругот му се допадна, а тоа ми е најважно. Му реков на свекорот: „Јас така ја јадам, би било глупаво од моја страна да готвам нешто што не јадам, не е ова пусто турско. И најважно ми е што на сопругот му се допаѓа.“ Не е дека не примам критика, но ситуацијата е следна: тој има над 60 години, има висок крвен притисок, па уште сакал да јаде помрсно; свекрвата има друга медицинска состојба за која по се што прочитав заклучив дека и таа треба да избегнува да јаде многу храна од животинско потекло; а ние двајцата со мажот ми до тогаш бевме на диета, и сега јас печено прасе да му спремам??? Јас готвам од 15 години, сега имам 28, тој ќе ме учи како да готвам?
Јас сакам да зготвам количина за да има за сите. Ко воли нек изволи, ако им се допаѓа нека им е наздравје, а ако не, утре на работа јас и вереникот ќе имаме што да јадеме, а гладните и пребирливи слободно нека си зготват што им е драго. Свекор ми е навикнат да јаде торта со кило шеќер, супа со лој од кокошка, качамак со колку брашно толку чварки, е жалам ама снајка не готви така. Ако не е мрсно не е вкусно, ми се смачи од таа изрека. Па кај мајка ми бре трошиме едно шише зејтин со недели! А секој ден се готви. Сите се ко жолти во тенот од "убавата" крвна слика што ја имаат, на неполни 30 год. триглицериди до небо, кога го подбрав овој мојов, бар со него може да се разговара и се се смени. На човек заличи. Јас имам 15 кг + заради тироидната жлезда, а тек и вака да се хранам, има да цркнам за 5 дена. Никој не им брани да јадат што сакаат, додека не ме тераат јас да јадам или пак да готвам така. Не ми е тешко секој ден ако они не сакаат да готвам за двајца. А според мене срамота е, една кујна две куварки, ама кога така сака свеки, изволтееее!
Ај јас да се убацам од нигде и никаде... Ама ко што сум видела ... Мајка и татко најчесто го сакаат зетко... Чудна работа. Којзнае зетковциве што се би изнакажале за дедо и баба...
Не ми е јасно тоа свекрвите дали се такви биле или се менат со тек на време ама на полошо? Те со мојта немам некои кој знае какви закачки ама од време на време знае да откаче изгледа не мисле што збори.Додека бев бремена и не одев на работа ги работев домашните работи ручок,садови и друго што можев бидејки нели и се пазев тешко да не дига.Откако го изгубив бебето, улетав на првото работно место кое ми се виде за да не седам дома да не ме мава депресија(иако сега повторно сум без работа не ми се погоди работното место и напуштив). Туку друго ми е зборот јатрвата се поделени и се убаво јас сум уште со старите и нормално е да сака еднаш до двапати во неделата да ги викне на ручек иако сме во иста куќа, да не излезе дека само на нас ни помагат(ако и ние учествуваме во се колку можеме,пак поголемиот трошок е на нив) и затоа нема проблем.И така додека работев се погоди еден ден јас, свекрвата и јатрвата да дојдеме во исто време од работа.Иона ајде не прави ручок денес кај нас ќе јадете.И добро ние двете го спремаме ручокот јатрвата можеше да помогне, ама ајде да речам многу се две,а не пак три жени во кујна.И сега направено се ручаме ние трите мажите не ги чекаме и свекрвата се тупоса на креветот дигна нозите на табуретката демек изморена работила она,и на мене, ај сеа да ја раздигаш масата јас одмарам и се смее.И јатрвата не бе јас ќе ги мијам садовите свесна е ај на зготвено и готово направено барем садовите да ги измие после рчокот.И јас се повлече не инсистира да мијам па и јас дојде од работа изморена и јас имам душа.А свекрвата леле е многу убаво дојде ред гостите да ни ги мијат садовите ма дај молам ти се демек не се знаеме кој сме и прв пат се гледаме.И јас премолчев, ама толку сум се осетила понижено како некоја измеќарка да сум и била.Кога не работеше на сите кафе кој како иде од работа да свареш и да измиеш,ручок, садови се јас она само да се истргне и серии да гледа, сега работам пак истото го очекува од мене.Со сакаше со тоа да покаже они двете домакинки и јас да слугувам.Леле дај боже да имам среќа да го направам спратоти да се манам од тука и само поздрави се и качи се горе. И друго кога ја купиме колата таква на мене, ај сеа да видеме дали маж ти ќе ја дава на брат му колата(демек он досега користи од брат му кола сега да ја дава на брат му и он да користе , инаку тој си ја има уште неговата кола) и тоа пак пред јатрвата го зборе да и ја направе лигавата.Шо небива јас не сум свесна како е било до сега и проблеми да не правеме да ме предупреде.Ако му е кеф да ја возе нашта нека изволи.И јас и дадам еден поглед , а зашо да не ја зима ако сака у гаражата стое, а замислете уште јас и маж ми несе беме качиле во колата еден круг да завртеме не беше регистрирана она праве планови немој да не ја даваме. И само редакдирам, ама се ми текнува по нешто па да кажам.Праваме муабет и кажувам си нешто како планирам да го правам спратот(ама изгледа не треба да правам такви муабети пред неа) и она е па шо сте запнале комшијата направил, одма и јас да направам покусо да не сум, и тоа повторно пред јатрвата.Читај меѓу редови од јатрвата гледаме со сакаме и ние нешто да го направеме спратот(а до душа кој неке да постигне и направе нешто), ама ајде. Гледам свеки се нешто почна да ме пецка во присуство на јатрвата.И по овоа нејзино зборење и по други ситници постепено добивам чуство како да не се радува за мене и маж ми да постигнеме нешто.И тоа што го земеш те сецка,се се само да сме подоле од другиот нејзин син. Инаку барем не ме тормозе мамо да ја викам и еден виц за свекрви кои сакаат да ги викаш мамо да и кажете оти како ја викаш не е важно важно е да си живеете и разбирање да имате, името нема да ја воздигне ако после јака тресеш од неа. Свекрва имала две снаи .И со едната се скара еден ден и лом се направат и снаата изнервирана и викага епа да јадеш гомна.И свекрвата таква увреџена и повреџена оде кај другата снаа и и и вика леле да знаеш оваа другата снаа што ми кажа да сум јадела гомна. И снаата на тоа и кажала маме ич да не му ја мислеш да си ги изедеш
Околу готвењето... Дома имаме навика, кој е дома (за време ручек кој не е на работа) да го направи ручекот. Онака, се подржаваме сите, ја делиме обврската околу ручекот. Сите сакаме да готвиме и како семејство сите знаеме убаво да готвиме. Мене обавезно ме фалат за јадењето дека е многу вкусно. И сега, не знам зошто, ама додека бев кај свекрвата, кога јас ќе зготвев, очи вртеа ( ), гледаа накриво на јадењето, чекаа по неколку пати ( !!!!! ) да им речам: ајде на маса, готово е., никогаш не ме пофалуваа, дури имаше замерки од свекрвата: за маж ми ова не е ручек, и редовни замерки: несолено, немрсно (зошто јас пазам на тоа, сакам поздраво да е малку). Дури и кога правев колачи, торти.. (се ќе изедеа, ама никаква пофалба, само накриво гледаа и јадеа како со сила). Што е интересно, знаеше на ќерка и да и каже зад мој грб: ауф, оваа невестава многу убаво имаше направено. АМа, ќе пукнеше никогаш мене не ќе ме пофалеше в лице. И многу, ама стварно многу ми беше криво, зошто тоа јадење да го направев дома, ќе се изнасладеа, прсти ќе излижеа, а тука само накриво ја гледаа храната, за која јас сум вложила труд и време и сум ја правела со мерак.
Трудот што го вложуваш не го ценат,а уста ќе им се изеде ако пофалат нешто. Исто така кога готвам во нејзино присуство, она обавезно оди по мене и го десолува, пресолува, меродии додава не јадела она така и под изговор младо си ќе научеш, а тоа ме навредува.Траам за да нема кавги, оти не планирам со неа вечно да седам.А пак моите дома оти постојано им готвев многу ги сакаа моите јадења и стално ги фалат пред неа.Мама осетила дека многу не ми го бендисува свеки начинот на готвење и ми кажа,ама баш ме гајле ако сака нека јаде. Секој има свој вкус ама како би и било на неа да одам да пробувам од јадењето и да го преправам по свој вкус.Кога јас готвам јас сум главна, кога ти готвеш не ме интересира што ќе ставеш внатре,ако ми се свига ке јадам,а не да преправам по тебе... http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... p2bXcdihuE Само што ни је савршено
Никаде и никоа "свеки" нема да те пофали ,но кога мене ми пука филмот кога е на гости кај нас знам да кажам пред мм само ние двајцата ке си јадеме ти свекрво не бендисуваш па затоа направи си дома што сакаш па јади си да ти биде послатко и тогаш веднаш ми вели:"како така мене се ми се допаѓа", а јас и велам денес нема аудиција и тоа е тоа ке извадам грицки сокче после ке ја испратам и крај на приказната
Е не, ќе ја тинтраш...богами шо се тиче јадење свекрва ми имала таква свекрва шо за све и' наоѓала маана (а одлично готви жената, со мајка ми се борат за прво место, нз шо можело да не чини) и затоа никогаш и да ми претекло и да изгорело, викала „ние ќе гламносаме еден ден, не па едно јадење“ и ќе направам друго и збор не ми пререкла...е сеа золвата коа ни' доаѓаше на гости...добро тоа е друга приказна...таа на баба и' е по се' изгледа Затоа сега дојде време таа да се напие чаша вода кај мене само во нејзината бујна фантазија.
Мене мојата ме фали СЕКОЈ ПАТ кога нешто мое ќе проба Фали дури и кога знае дека е купено, ама од мене сервирано Шала на страна, знае да каже само пофални зборови, никогаш нема речено - ова не ти е солено, ти фали бибер, ти фали шеќер, ти фали љубов. Дури мислам и да не и се свиѓа, дека нема шанси да каже некоја критика, не знам зошто, може ми се плаши А свекор ми си е многу директен човек, ко мене. Нема кај него бац бац, мац мац, в лице одма ти шлапа - Снајче, на таратуров му фали бибер и оревчиња (тоа дека тој така си го јади, не дека мојот не е убав ) За разлика од нив, мајка ми секогаш мора да каже дека нешто ми фали, а заборава дека таа ме родила и научила се` што знам Ама, како стареат, така се` помалце кусур им фаќам, само го чекам моментот кога ќе ги фати склероза за да можам секој ден исто да готвам, а да мислат дека бираат од мени