Премногу се замарате кој каде седел. Кога патуваме фамилијарно, мажите напред, жените назад. И не го гледам ова како проблем ако таткото на дм седел напред. Нема круната да ми падне, за саат време вожња.
Ама овде не се збори само за одмор. Кога одите сите од една до друга локација, кој кај седи? За одмор со мали деца сите така се спремаат па и само еден ден да е одморот, никогаш не знаеш што ќе ти притреба. Па и без деца некој така полни цела кола и за само еден ден.
Ние не сме имале прилика еве 3 ипол години како сме заедно, година ипол со дете, да идеме некаде со кола заедно. Едноставно поаѓаме од различни места, два краја на градот, прво, второ, ретко идеме на исти места заедно, трето таа си оди со свекор ми, не не замара нас. И затоа за мене би било ова чудно,и се знае дека ќе си седам напред ако сме сами,ако сме со дете, еве како размислувам, ќе си идеме со две коли, нема место за уште двајца и седиште. Ако треба само свеќи да ја земеме на кратка релација ќе си седи назад,на долга јас би седела назад со детето самоволно бидејќи секако на долга седам со детето. Нас како ни одговара ќе биде. Ама тоа не би се случило познавајќи ја колку е коректна за такви работи, и колку не се замара исто ко мене и маж ми. Мислам дека ги опфатив сите хипотетички ситуации.
Јас пак сирота се заедно перам. Ги двојам само по боја ( црните и белите алишта ) посебно. Го видов ова и пред да го ставиш тука и жал ми падна. Ставаш се, стискаш на 60 да пере едно два и пол саати и чао. Јас обично ја пуштам и правац преку врата.
Пострашно ми е што возрасна жена си дозволила свекрва да и каже како да пере. Крај краева носи се и ти и чаршафчето, пери си го сама, фрли и го таму и решен проблем.
Ама никој не ги прашува ,сами кажуваат. Така на пример ние имаме посебни : - гезве за јајца варење - тенњере за компири варење(ама затоа крпи кога врие става во тенџерињата во кои што готвиме -алишта перени на брза програма се непрани и Има уште ама не ми текнува сега. ау вака па да направам 6 недели ќе ја слушам
А не ,крпите од кујна ,мопата од џогерот, работнички панталони ,патики забрането е да се перат во машина (она си збори јас си пуштам ,освен ако не истрча да ги испере на раце )
Имаш место да си купиш твоја машина, малку прстот на глава да го стави? Или бар спомни и само дека ќе си купиш твоја машина за да можеш раат да си переш
Ама моја е машината...мислам мм ја купил пред да се запознаеме ама сепак не ја купила таа...а па да не зборам за лутките зашто сме купиле машина за сушење алишта...
Аааа ееее ова со работничките, истава ситуација ја имавме. Си купив машина и што сакаш прави. Сега ми "брани" да ги перам работничките на мм во мојата зошто е нова, она кога ќе си купела нова, старата ќе си ја симнела доле во подрум исклучиво за работнички, оти читај: на прво перење работнички во нова машина, ја расипуваш и ќе треба да ја фрлиш. значи стариве машини се made for работнички алишта, новиве само за фини работи, намерно прават производителиве вака, за да се мачиме, на рака работнички се перат
Последно беше добро што сакаш ставај ама не ги ставај со моите алишта...значи не е дали ќе се расипе машината ,туку да не случајно нејзини алишта завршат со нив ,оти таа чистата - тие гадни. Ама затоа во алиштенцата на бебето гаќите си ги закачила да се исперат ,тоа не е гадно
Аууу и кога перевме во иста машина, кога се роди бебе, си купив посебна корпа и се знаеше дека се од син ми и тие посебно си ги пуштав. Еднаш се испретепа да пушта машина од него, демек еве вака е, ќе се фалам по комшики, ама јас не ги бесев надвор, туку внатре на сушара, во една соба што е за тие работи, намерно не ги вадам надвор имам бебешки течен прашак, што надвор од сонце и ветер кога ќе се исушат, ич не мирисаат. Госпожа земала сушарата и кај нејзе на тераса ја извадила. Кога видов, коса ми се крена. И и викам е што си ги извадила надвор? Па сонце да ги фати. Епа ако беа за надвор и јас имам тераса, што туку преместуваш. Почна нешто на носот да си збори и од тогаш не сушам алишта таму. Да не зборам дека тоа и беше прва и последна машина пуштена од син ми, од нејзина страна. Си ги бесам во ходник кај мене и се сушат или моите и од мм кај мене на тераса. Си се знае, мое дете, мои обврски. Многу мешање несакам. Самживник. Може се ситници ама ако преќутиш за една ситница, друг пат за нешто големо на глава ќе ти застанат.