Ќути ,ко видов ми се стемни. Истрчала да ја пушти рано рано за да може после да се уклучи болјер ( на ист осигурач се ) и ок ај. Одам јас да ги извадам да ги пружам и гледам нејзини ,па и мои гаќи ставила ( да не се само нејзините де ) и фатив ги извадив нив а алиштата ги ставив пак да се перат. Ете ја иде се чувале што е работата зошто е пак уклучена машината. И викам вака и вака ,па ми требаа поитно и си реков секако ќе врти барем и тие да се исперат А инаку на надвор морало да се извадат ,да се излуфтираат од отровниот прашак ( тогаш отровен е а во тенџерињата кај што јадеме е чист)
Мене косата ми се крена само што прочитав, којзнае тебе како ти е. Навидум ситници ама не се.. Нема ли некаква можност да има она посебна мала кујна и вц?
Оце ај кажи ми дека си трол, па да можам да заспијам. Како може бе во тенџериња за готвење, какооо Шо ми требаше да ја отворам темава, @tinka-mace ти си крива
Ќути, не знам ни јас како ја отворив, се изнервирав кога прочитав дека во тенџерињата и вари алишта и си ги пере гаќите со алиштата на бебето.
Лелее, јас немам нерви за вака да и попуштам, ти и ќутиш, не сакаш да се расправаш, абе оваа чиста ми се праи ја видов еднаш како ги мие патиките што шета надвор, на садоперот во кујна! Леле коса ми се крена, викам што правиш жено, пиеме вода и јадеме во кујна, ти патики со земја ми миеш тука, и почна да се правда.. а ми се праи многу чиста. Абе не можам да и ќутам јас, се што ми е на ум и кажувам, не можам веќе да трпам, немам нерви да и ќутам, ако тоа што го прави не угрозува и нас одма зборам, а за нив што сака нека си прави, не ме интересира за нејзини работи. Она се запнала да пеглала алишта за бебе, викам сакам јас сама, не мора. Уште тоа ми фали, па после да ми ја откорне главата како ми помогнала за се, толку после, сите ќе дознаат како се она прави, а врска нема, со нејзините фалби како е најдобра ми се смачи да ја слушам, 5 мин не помонувам во дневна со нив, чекам да си легнат за да правам јадење, зошто не можам да ги слушам со тие нивни селски муабети, и само зборење за умрени и болни. Во соба си пуштам музика, и не ме занимаат, додека е мм на работа, и не смеат да ми влагаат во соба, т.е им кажав неколку пати дека се пресоблакам у момент кога тропаа на врата, и од тогаш ги нема, и уште подобро!
Кола со 7 седишта ма да повеќе личи на комбе , ама кола е мајке ми . Ние имаме ваква , ова е моноволумен по сообраќајна книшка .
Еј д те прашам а твојава бољер машини готвење само на ефтина или кога ќе и текне? Зошто мојата се правеше од 14:00 до 16:00
Нема ,во 40 квадрати сме,а и да има исто ќе е ,ќе доаѓа да го "види бебето" и пак ќе се качува на глава. Јас мислам дека ни на трол ова нема да му текне...ама ете свекрва ми и се е можноо НЕЕ Абе не само за да не се расправаме туку и затоа што за џабе е ,јас ќе се изнервирам ,таа утредента пак истото ,освен евентуално сосема да не и зборам... Што за брзо време ќе се случува. За со пеглањето истата беше да не сум висела трудна над даскатаа... Па после дај барем пола да ти помогнам. Јас и викам не сакам таа застанала ама зошто да не сакаш... Па дури и совети однопаку да сум ги пегла оти се губи бојата Пелени мора да се фрлаат во купатило ,одма ! Водата што се бањало детето строго во шоља ,во тушот не сфатив зошто не. Се гадела да касне нешто што го оставиле децата кога и биле мали сега внуците. Животни не сакала смрдени биле. Ама во ходникот под мини шпорет исфрлени мувлосани крпи ако ,а да не зборуваме колку бубашваби имаше во кујна ко дојдов . @Brpbrp ми исклучи бојлер два три пати и збеснав еднашка , пошто јас ги плаќам сметките ,и уште еднаш не и текна.
Јас униформата за на работа ја перам во машина,па побогу на раце нема да се испере уопште како во машина. Мојава има баеги опции за перење и баш би сакала и дома да имам таква машина.
Ништо се додека не мора строго на ефтина. Пример еве сега за празниците се собрале 3-4 машини ,за да му го земеш редот мора барем по две да пуштиш дневно ,ама не може двете да се на ефтина ,освен ако не ги пушташ ноќе (а и тоа не смееш пошто нема да видиш ако снема вода) те го проблемот.
Колку често може да снема вода за да направи проблем баш кога переш жити очи, аман женава Не ни знаев дека мора да и светиш на машината кога работи Јас исклучиво навечер пуштам машина, па сушара, еве уште не се има ништо случено
Ако е итно ќе пуштам веднаш, нема да чекам, ама ако може да почека пуштам на евтина. Јас и ноќе пуштам. Вода може и преку ден да снема, а да не приметиш некое време. Не знам, јас пазам на тие работи. Затоа и не плаќам големи сметки за струја.
Те разбирам јас што сакаш да кажеш, затоа и ти појаснувам што е проблемот ,оти кај нив нема итно. Јас три години сум тука вода еднаш снема и тоа си известување ,ама ете ноќе или сабајле рано (па да прилегнам) не смеам да пуштам (јас си пуштам ама после два дни ја слушам ) оти ќе снема вода и ќе ја расипам. @Celltica а сушарата ако мене ме мрзело да пружам надвор ќе ги однесела она не морало да ја пуштам јас за украс ја купив
Да не претеруваме за евтина струја, зашто да давам повеќе пари за сметки ако може да заштедам. Мене повише од 1000ка не ми дошло за струја секако внимаваме. Ако веќе морате да седите со нив научетесе и помирете дека се такви и готово џабе е кукање. И јас кукав ама на време киднав а верувам сите сме способни сами да си живееме.
А што на евтината или во недела не може да снема вода? Абе врска нема ова што го зборе твојата свекрва. Каква поврзаност имаат евтината струја со снемањето вода?