Еве да си се пожалам и јас. Сто пати и имам кажано на свекрвата дека ако сака да влезе во спална ќе тропне и дур не и кажам влези нема да влегува. Таа не само што не тропа туку директно си влегува. Дур бев трудна ми влезе јас гаќи облекував, кога се роди бебе влезе јас кога се молзев а синоќа бебе мн плачеше јас бев гола со едната града пробував да го натерам да цица за да се смири и таа ми влезе. Е стварно ги премина сите граници. Мислев да си траам ама и реков сто пати ти кажав да не ми влегуваш така. Ама бебе плачеше затоа влегов ццц. Бог да чува основна култура нема, човек да нема никаква приватност.
А чим со збор не сфаќа што не ставиш клуч? Ако немаш клуч тогаш некое штрафче стави и ќе видиш како ќе разбере кога ќе наиде на заклучено. Ја на мм му реков мајка ти ако дое со голи цицки да ме гледа да знаеш дека се пакувам и си одам. Жената има само на кафе дојдено ама ја ептен се пошардисав со нерви
Има мајка и татко ќе си го смират што има она да влага може му се јаде зар може да му даде да јаде она
со самото тоа што кога ке влезеш у спална ке слушне дека клучот играе нема ни да влезе затоа не влевала коа си се клучела Затоа нека заиграе пак клучот
Kako ами ..па тие се знаат значи јас не знам што не ни е јасно... Еве мојата беше затната и матичната (педијатар со над 30 години искуство,матична била и на мм ) ни рече да ја вадиме надвор на воздух колку можеме повеќе ,и коментарот на госпоѓата " Многу знаат докторите слушај ме мене ,облечи го убаво (боди по долги ,холахопки,шпикозни или комплетче и чорапи според неа е убо облечено ) од ладно му е и тоа и грчеви ,Чак од ладно обилно какала. Па ни за надвор така не ги облекуваат бебињата. На два пати ми влезе кога плачела ,првиот ништо вториот пат и реков ја удрив. И ме гледа , Еее како не си ја удрила. Па викам нормално не ,еве сега ќе видиме може ја стега нешто ,не е за ти да ја земеш сигурно,и стварно чорапчиња та ја стискаме и ги соблеков престана ама уште еднаш кога плаче не дошла .
Кај мене золвата така влагаше и бебе плаче а да не му се јаде да му дадеш да јаде(а она нема деца) и викам сега јадеше не е до тоа и пак го држи во раце и плаче гледа дека не може да го смири го остави се изнервира и си излезеи после си го нацицав а уствари бебето не сакаше во раце да биде ама бидејќи беше паметна ја оставив
И уште нешто бебе до три месеци не дозволувај да ти го џапа од раце ама никој и мајка да ти е нема да дозволиш. Ккао ќе знае која му е мајка ако сите го префаќаат? И бебе не сака да се префаќа од еден на друг тогаш уште повеќе плаче. Гледај бебето не ја прави таа грешка подобро скарај се со неа одколку да трпиш и дасе мачиш ти
Работава е во нејзина куќа, неможеш ти да и кажуваш што да прави. Мојава гости ми носеше и кога и реков дека на ништо не личи тоа, она ми викаше епа тука така е, фамилија сме. Јас спрат со мои пари овде правев, правила туѓи во мое не. Кај тебе што сакаш кажувај. Јас да седам во спална со новороденче, а она со внук и од ВНУК (не од ќерка, туку од јатвра и нејзина внук и фактички, ваљда ме разбра), сакало да седи горе и ми се тропосуваа на седмосед и по 1-2 саати ми дремеа тука, па ко сум ја подрбрала, не и текна веќе. Мм за мир во куќа ќутеше, ама и него му дојде преку глава и све и кажа. Ама она еден период упорна беше ко твојава, па на толку зборења се откажа. Ми викаше јас сум му баба имам право над детето исто колку и ти. Епа јас и покажав дека нема никакво право над него. Јас сум лоша, ама за сопствен мир и најлоша нека сум. Заклучувај си врата и ајт таму. Ако те праша зошто заклучуваш, ќе си и кажеш, сакам гола да лежам, а ти немаш осет, па морам вака. А маж ти кај е во ситуацијава?
Штета што сме во таква немоќна држава да имаме да седиме на страна од сам старт бидејќи менталитет не се менува особено не на балканов за жал. Јас пред да се преселам му кажам на мм ако ми досаѓаат и секој ден тука ми висат како во собава забрана за приближување ќе побарам,аасега ти ако сакаш кажи им ако не не мораш. И фала богу не дошло до тоа сега за сега за понатака ќе видиме како стареат така дивеат
И тој мн пати и има кажано да не влегува така. Ајде ќе издржам до летото, потоа ќе се селат на долниот спрат
Да се старите само така добро ќе е. Јас знам млади кои преку ноќ ја исклучуваат климата. Клима треба 24/7 да работи за да постигнува температура и помалку троши. За бојлер рај е проточен. Машина за перење не сакам навечер, зошто треба да ја чекам да заврши или сабајле пред работа да ги пружам алиштата. Викенд се знае, се има доволно облека е переме еднаш неделно.
Кај нас е вклучена климата постојано, а и огин палеме оваа недела. Климата е на 20 степени оставена кога гореме огин
Така еднаш мојава ми го зема од раце кога плачеше, едвај се воздржав да не почнам да и се дерам очите ми идеше да и ги ископам. Друг пат така само се тргнав кога се подаде да го земе и реков јас ќе го смирам мене ме бара не тебе. Знам како ти било кога ти го грабнала од раце, инстинктот 200 се качува ти иде да ја убиеш што се вика.. Не и дозволувај друг пат, кажи и тоа мајка си сака, а не тебе.
Трошела или не повеќе, јас клима навечер не сакам, не ми е пријатно да спијам дури дува нешто во собата. Нема врска со млади стари тоа, навики и преференции се. Само за ладење клима вклучуваме иначе, не се грееме на клима. Факт е дека старите ќе си имаат свои навики, ама знам дека тешко се менуваат. Не само свекор, свекрва, реално и секој постар човек тешко ќе се смени. За жал кога си заедница мораш да се прилагодуваш Или да се организираш поинаку во домаќинството.
Ладење и греење клима е различно ко црно и бело. Твоето нема врска со греење. Кога се грее климата треба да стои уклучена постојано ем зошто така помалку троши, ем за да се заштити, да не се расипе.
Да, затоа нагласив, навистина не знам за греење со клима, немам искуство. А не видов дека баш за греење се зборуваше, само клима беше пишано. Може да сум направила и превид.
Сите сме зрели возрасни личности кои свесно стапиле во брак и верувам сите сме способни да живееме сами ама очигледно полесно е да кукаме. Секогаш има решение ама не иде само.