Де бре луѓе, со шо стандарди живеете? 800€ месечни примања на 4 члено семејство во Скопје се доволни само за јадење, облека и шетање? Еве ние трошиме помалку од тоа, а плаќаме и кирија и сметки, плус јадење, шетање, облекување. Од ништо не сме се скратиле, имало месеци и кога сме заштедиле. Во Скопје.
Или тебе ниско ти се пуштени стандардите. Потрошувачка кошница на 4 членови е 30.000 месечно. Рачунај 1000 ден дневно за 4ца за храна, а не пак некој да дојде како порано што се одеше на гости. Се мисли да си купиш храна за работа, доручек за оние дома, ручек и вечера. 30.000 плус сметки, облека, гориво, да прошеташ некаде. А па да имаш кредит за стан или кирија тешко да остане. И со 200 евра ќе преживееш, ама како.
Те разбирам што велиш, ама разбери дека има луге со други приоритети. Еве јас работам 2 дена неделно. Ќе работам 3 или 4 во блиска иднина. Нема да работам 5 или 6 , па макар ќерка ми можела да има автомобил и свој стан на 16.. Фала богу имам работа од која пристојно се заработува, ама ние родителите не сме роботи и робови... Јас не планирам за дете да се убијам од работа, а работам стресна и одговора работа, за да има таа Гучи суќња и Ајфон најнов и шта ја знам што, шо е модерно во моментов. Би се убивала од работа само ако е за здравствен проблем не дај боже, за кој треба пари за лечење и нега. За партали и ајфони , мало сутра.. Работа од јутра до сутра е здрава? Образован човек да работи како вол фигуративно речено, е само ради погрешна земја на живеење. Мај ту сентс.
Ама ти имаш опција да работиш 2 дена, овде со 2 дена неделно работа немаш ни за доручек, не да ќе работиш 7 дена, ќе молиш и за некој ден плус. Не зборам и јас за Ајфон и Гучи, овде тоа и не е до толку битно (добро може ајфон), ама за да оди на екскурзии и да не биде единствената што не отишла, е ќе работам, зошто знам како ми било мене после тие 7 дена кога си идеа школските и раскажуваа како си поминале, а само јас не сум била. Ако сум комотна со 3 дена работа, ќе поработам уште 2 и ќе бидам уште по комотна. Јас имам регулар работа, администрација, плус дома работам декор и топ ми е. Некогаш ќе улета некое ентериерче, имаше порано анкети кај супруг у фирма, ама кога ќе отидевме летото на одмор и ќе измкнев некое евро плус, знаеш што ми беше убаво...
Сега си на работа претпоставувам. Куцкаш во работно време. Извини ако грешам. Јас кога работам , телефон не гледам. Работам 100% , и така 8 сати со пауза 1 сат. Ти си администрација , во македонија, и имаш шанса 3 кафиња и 6 пуш паузи плус фемина. Јас немам. И јес богами, логично повеќе пари да правам. Кога ВИСТИНСКИ 8 сати ќе работиш без забушавање, пиши ми пак за ајфон и втора работа да ми збориш. Јас денес слободна сум и можам да куцкам. Ти на работа си?
Не, моментално сум дома, ротираме због заради Ковид. А куцкам на работа дур пијам кафе, а откако добив поголеми обврски и екстра работа, се помалку време имам. Така да не, не сум на работа. Иначе имам пауза пола саат, не 1 саат и кафе само утринско често ус работа го пијам. Мојата работа е поврзана со рокови, немам опција за 3 кафе паузи и 6 пуш паузи кои не ги користам јер не пушам. Има што забушаваат, тоа не сум јас, немам опција, ќе треба да останубам после работа да доработувам, нека фала.
Не знам дали ми ја сфаќаш поентата: човек со 40 часа неделно НАПОРНА работа е уморен, човек со 50 или 60 неделно саати, ако вистина работи а не клати врата , е ПРЕУМОРЕН. Нема сила за квалитетно време со дете . Јас роботи родители не познавам. Административци што клатат врата, познавам баеѓи. Ете ти не си во нив, сама си кажа дека не забушаваш и не си на сајтови во работно време.
Се согласувам. Маж ми пред Н. Г работеше екстра работа, физичка, 4 часа. Си доаѓаше во 21ч уморен, туш и правец кревет. Ептен се нервирав. Не ни беа зор тие пари ама тој сакаше да си имаме нешто на страна. Тешко е да работиш 2 физички работи.
Муабетов со работа екстра, со заработка, не ми е за некој кој заработува солидно, ми е за некој кој кука од свекрвата, се жали на судбината, а не му чини државата зошто не зима просечна плата. Факт, државава е у тешки ср**а, ама секогаш има опција. Сопругот ќе го спомнам пак, секогаш имал супер заработка на работа, секогаш без исклучок работел екстра. Муабетот е да се научиме дека треба да се потрудиш. Зошто на форумов има и такви кои седат дома и кукаат по свекрвите, државата, сопругот, родителите, лошата судбина а децата у градинка не им се пуштаат да почнат да работат, што ќе работеле за 15000,не се исплатело. За тоа ми е муабетот. Прочитав некоја и нашле работа, мислам родителите, мало и било детето да го пушти у градинка не и се работело. За таквите примери е моето напишано. И не можеш да очекуваш дека со средно хемиско или угостителско ќе добиеш раководна функција, ќе запотиш малку мозок ќе се дообразуваш и ќе имаш опции повеќе. Јас сум од просперитетен факултет, ама имам куп колеги кои не се снајдоа како што сакаат па сменија професија, можеа да лежат дома, да кукаат по државата и да не работат ништо со изговор ама јас завршив архитектура. Ете ти си одбрала професија која може да ти донесе добри приходи и со 2 работни дена, сите ако размислиме на иднината на 18г подобро ќе биде, а не да се запишеме на факултет колку да завршиме нешто. И да, голем удел во државава има чив син си, врски и партии, ама кога веќе ги немаш, па потруди се.
За ова се сложувам 100%. Ти кажав со што имав проблем јас- да се убивам од работа за детето да се прцка со најнови гаџети. Е па неќу. Јас учев за да нострифицирам во земјава каде сум. Материјал- паа..сите испити одново скоро од факсот од мк. И сега откако успеав- не сакам да сум вол кој 15 саати секој ден ќе ринта а дома ќе паѓа од умор и на крај ќе се разболи Ќерка ми за мојата работливост или мрза има слика пред очи- ме гледаше колку учам со денови и месеци . И сега гледа дека и со помалку работа може да е удобно, да , ако одбереш финансиски исплатлива професија. Ама ако ја мразиш работата, пак ти е џабе. Баланс треба. Како и за се во животот.
Кога имаш полесна работа може и после тие 8 саати нешто да се работи, ама ако е приватно потешко е. Не е исто ефективни 8 саати и 8 поминати во кафе, паузи, муабети, по форуми и ефективно работно време од 2 саати од 8 вкупно. Во ред е децата се да им се купи, да не се делат од други, ама нема потреба од толку скапи работи. После тешко се одвикнуваат од тоа и цел живот ќе се на висока нога. Научете ги да знаат како е да нема и како се заработува парата, па дали толку скапо ќе изберат.
Не си ставајте грижа на совест. Доволно е да е најадено и облечено, се прават жртви за децата, ама не мора сопственото здравје да се воведува во ризик. Децата и така и така ќе ве сакаат.
А оти нас со средно угостителско што ни фали ? Мозок ? Како јас на 14 години би знаела дека угостителството во државичкава ни е с*ање? Си имав сон средно угостителско и пошто немав пари за фах ,лиценца за водич и да си работам тоа ,ама Господ се смеел на нашите планови. Па така работев се и сешто,од келнерка ,па до администрација и таму од 20 души работеа 2 (и јас 3) тие (ние) на шалтер и архивата ,затоа што имаше рокови. А сите останати заостануваа ,дотолку што две се намолиле кај директорката јас да им ги пишувам "записниците". Со договор на дело бев ,непартиски туку бидејќи татко ми почина на работното место а дома немаше никој вработен. За кога заврши договорот да заврши и мојата работа , затоа што се променила власта. И таму кога бев можев да работам втора работа ,а ко работев келнерка сакав да се истуширам па да кренам нозе,ама па земав повеќе плата. Еве сега сум со врски примена кај што работам и цела фирма е со врски, работодавецот е таков сака сите да ги познава и да му се блиски. Најмногу мразев ама после ова со администрацијата очигледно само така се успева тука. Така да не е убаво да се класифицира и да се глобализира. Како што викаш ете ти си во администрација ама немаш време зошто си ја бркаш работата. А не сум преселена бидејќи вложив тука многу повеќе отколку што вложила госпоѓата свекрва во последните 15 години. Зошто се колнеше дека нема да ни се меша откако ќе го направиме делот. И друго , екскурзии ,нови облеки да ама ајфони и марки на 10 години не.
И братучет ми вози автобус, во смени и празник и викенд, ни до 20000 не стига месечно. Работи 8 саати,по потреба и без слободен ден. Ама во мизериичево од државче, знаат дека немаш многу избор и ти прават што сакаат. Да имаат избор вработените, друга политика ќе водат работодавците. Хаха леее муабетов. Со средно угостителско и 3 годишно образование, не 4, брат ми е готвач и моментално шеф на кујна во познат хотел во Скопје, 50.000+ зема. Намали малку со омаловажување на образование. Мајка ми е со средно гимназија 45.000+ зема. Јас сум со факултет и било каква работа барам цела година, макар и чистачка да сум, едноставно немам луѓе да ме вработат и тоа е тоа. Ама знаеш што не ми е криво? Си го гледам детето како расте, 24 часа на ден и тоа е поголемо богатство од се. И кога ќе тргнам на работа и ќе оди во градинка секако, пак некој ќе треба да го почува, и пак тоа ваљда ќе е свекрва ми и пак ќе се нервираме, ако е за нервирање. Значи работела, не работела пак си имаш нервози со нив, ако е за имање.
Факт е дека ако сакаш да имаш свое живеалиште или поудобен живот мораш да отскокнеш од секојдневна работа од 8 до 4. Од 8 до 4 имаш за основни потреби, храна, облека, сметки. Куќа не се гради со тоа, нит па стан се купува. Освен ако не си директор на Телеком. Реалноста е таа. Барем за мене тоа е реалноста. А избор имаш. Никој не може да ме преубеди во спротивното. Мм ми е прав пример за тоа, ако не тука, надвор. Можностите си ги правиш сам, ако сакаш. Никој од дома нема да те земе и да ти даде плата над стандардот. И јас не сакам мм да оди да работи надвор и да не е дома, ама повеќе не сакам да сум со свекрва ми или мајка ми во иста кујна и исто вц. Вие бирате. Луксуз не сакаме, ама да живееме сами и тоа како сакаме. Знаете на колку луѓе мм им понудил да им помогне и да ја добијат работата што ја има он? Со се се изџвакано, цел редослед каде треба, што треба, ништо да не се мачат како он што се мачеше. Еееее ама требало нешто да полага, па кој ќе полагал сега тоа, требало сертификат да вади, требало да патува во друга земја за некој документ, па кој ќе возел сеа до таму, колата нешто не му била сега ок, а и не биле они за таа работа, а се жалат. Епа седи тука и работи за 400 евра и не се жали. Што да кажам. @Nevenche26 брат ти сигурно преку ноќ не го постигнал тоа. Сигурно доучувал уште нешто, сигурно вадел дополнителни сертификати, бил на обуки итн. Готвач не е професија за потценување ни најмалку. Ако само останел на основното знаење ќе си работел како готвач во некое локално ресторанче за просечна плата и тоа е тоа. А има многу такви и се жалат. А можности има. Последен пат редактирам. Мислам дека муабетот на @AngelOfArh беше дека нема откажување, срамење или помирување со одредена финансиска ситуација. Можности има. Или, јас имам факултет, тоа работам и толку, нема мрдање од тоа, иако платата е просек. Работиш за плус, ќе работиш и после работа, било што. За да имаш повеќе. Ако сакаш.
И да е 500€ месечна кошничка за храна, не можеш да ме убедиш дека секој месец е неопходно да се троши 300€ на облека и шетање (барем еве последнава година откако е короната, парите потрошени на шетање се нешто ситно). А и, искрена да бидам, ако треба да бирам меѓу спокој во домот и да можам да си пуштам нога за шетање и облекување, би си ги спуштила и уште повеќе стандардите ако треба и би го одбрала првото.
Нема ништо доучувано, нема сертификати. Едноставно учеше од пракса на местата каде што работеше. И не, не е толку лесно да најдеш работа како што викате дека е. И мм работи после работа, мести струја и други приватни работи, ама све е тоа за заштеда. Јас имам знаење и искуство, пробав и на едно место со врски, аха сега, аха за 1 месец, баш со таков факултет и знаење ни треба работник, аха еве ништо. Може во Скопје е полесно не викам не, во помаливе места не е. А неможеме сите да сме во Скопје. Да се едитирам, во странство го гледам спасот. Се надевам ќе ми успее.
Ја само да ви кажам сите сте у право на некој начин Тој шо имал се како дете а не ги гледал родителите да ги прашаш ке ти рече сол и леб ке јадам тато и мама да беа дома поарноо ке беше Тој шо билр мама тато дома аџнемал најосновно ке ти рече шо дека тато беше дома коа ја патики немав и не одев на екскурзии Така да ПОГОДУВАЧКА НЕМАААА се нешто фале а спасот е работа во странство а тука да се трошат парите И пари и топол газ нема треба да се одлучиш за едното
Не си во право Дентина, но знам кон што целиш. Јас да имам избор нема да одам на работа секој ден. Платата е пресметана во денови, не работам на проект, туку имам константно работа, јас морам 40 саати неделно да бидам присутна, сакам, не сакам. Тоа што тебе ти се посреќило, не ја отсликува реалноста во Македонија. И тоа јас сум од среќните што работам 8 саати, без притоа да ме тормозат прекувремено да останувам за беспари. А фала богу немам ни слушнато за пауза, 8 саати сум активна. Имам зад себе огромно работно искуство, а млада сум. Пред неколку години, влегов во магичниот лавиринт на робовладетелството во државава. Работев прекувремено, не од што сакав, туку од што морав, а притоа не ми ни беше платено. Да не зборам за придонеси, што земав во плико цела плата. Нормално, даваш отказ после извесно време. Ама сериозно македонски газда е најголемиот непријател на македонски вработен. Подобро профит на странец ќе му правам и ќе ме гледа како солза, него кај наш, да ми ја вади маста и ако може да му се извинам што го коштам плата. Е ова е суровата слика за нашата ни држава. Друго, имаме доста насочени струки кои немаат што да работат во државава, не се бара, а и да се бара е платено минимално. Во однос на кошничката, тоа е сосема индивидуално. Некој живее со 400, некој со 800 и пак му е малку. И треба да е малку. Затоа што стандардот на трошок ни е европски, а платите типично македонски (најслаби во цел регион). Не е работата имам колку да преживеам, туку рмбаш ко магаре 40 саати минимум и си заслужил да живееш достоинствено и човечки. А не да се прашуваш која дупка попрво ќе ја затнеш месецов. Тоа што некој кука без притоа нималку да се има потрудено е друго. Но јас говорам за себе, кукам затоа што крв истурив за работа и до пред некое време беше залудно. Но никогаш нема да се оставам без работа, макар и минималец, затоа што јас дома не знам да седам и да не заработувам. Но, ги разбирам и оние кои се револтирани што цел живот рмбаат за ич и преку глава им е од експлоатација. На крајот од денот здравјето не можеш да го исплатиш, ниту пак да покриеш нешто. Секој си знае како заработува, зошто не заработува, колку заработува. И тоа е една сензитивна тема особено за наш простор. Едноставно работиш за да не ти се исплати.
Имам во блиска фамилија готвач по професија, и ако навистина брат ти не доучувал ништо, а постигнал такво работно место, браво. Тоа значи дека навистина го бива за работата и имал доста искуство. Никој не вика дека е лесно, напротив, воопшто не е лесно. Не е лесно ни да дојдеш до работа, нит па е лесно да работиш плус. Никој не ти дава работа туку така. Нит па плата. Кој сака да биде од сабајле до вечер на работа, сум работела, знам колку е добро и како влијае на здравје. Или па да работиш странство, одвоен од дома и фамилија. Ама нема друго, животот е борба. Се смени начинот на функционирање, ако не се бориш, немаш ништо. Заврши времето од 8 до 4, платичка на 1ви, сабота, недела слободни, кафанче, одмор итн. Не дека нема и денес така, има ама ретко, многу ретко. Ако не направевме некоја жртва со мм, останавме со свекрва и свекор или со моите да живееме. Па ќе ме читавте секој ден тука.