Да, да не излезе го фалам, ама вистина буквално е на тие 3 години образование. Работеше по странство, сезонски неколку години, фаќа приватно кетеринзи и тоа е тоа. Убави парички се, ама чим он на тие заеднички примања дома со жена му, што се да не претерам околу 70.000 вика јас ќе си одам од државава, овде нема ништо, што да кажам понатака. И јас имам искуство во кујна, ако ми веруваш ни тоа за минималец неможам да најдам овде, кај што сум. Страшно. Да не одам понатака офтопик.
Мислам дека те разбирам многу добро. @GrimTheReaper И јас во Македонија работев не 5 туку 6 дена неделно. Не толку ефективно како тука, но бев присутна и секоја сабота на работно место. И настината одев на работа што не би смеело да се случи, ама не е канцелариска работа и немаше кој да ме замени. Јас не се жалам. Напраивме со маж ми најдобро што мислевме дека ќе е во интерес на цело семејство- се исселивме надвор. Ни ова не беше и не е пердув лесно, кој вели така лаже, ама нас лично ни се исплати. Чак што више , и порано ќе заминев да знаев како е. Од она што има во мк хиперпродукција овде има кусок. Релативно лесно се наоѓа работа . Не секогаш, но сепак. Но ЗНАМ дека селење не е желба и фантазија на сите..јас уште како студент сакав надвор. Не сум приврзана пресилно со поширока фамилија за да не заминам. И пак велам, секој своето. Муабетот ми беше дали да работиш максимум денови или часови во недела ако ИМАШ избор, јас имам. Ама знам дека ќе сум преуморна, се сеќавам каква бев со 6 дена работни, плус викенд значи немав асолен. За што? За мк плата. Ама морав тогаш, и така правeв. Сега не морам и можам да и објаснам на керка дека ако сака нешто луксузно може и лично сама во маркет да поработи некој саат. А не мајка и да работи прекувремено. Овде од 16 години смеат по 4 сати неделно да работат . Пак ЈАС и маж ми ќе и купиме и скапо ако и треба, ама за чаталење или за комшиите што ке речеле, баш онака непотребни луксузи, мора и сама да придонесе. Мислам ке и се сменат апетити кога сама ке се испоти за нешто. Лесно е кога друг се поти.
Комплетно се сложувам. На дете никогаш не се кажува колку финансии имаат родителите и колку реално можат да си дозволат. Милиони да имам, нема да знаат. Зашто си почнуваат на тоа да си лежат, мама, тато имаат и нема што да се замарам. Родител секогаш ќе сака да помогне, ама и детето да се труди. Имам два примера во блиска околина со ова и се ежам да ви кажам. Едниот пример заврши многу, многу лошо, а другиот пример сфатија родителиве кај утнаа ама некако како касно да е веќе.
Абе среќа е во Мк да зимаш плата 30000+ Ама не сите ја имаат таа среќа. Има луѓе кои сакаат да работат,ама ете не им се посреќува,а има и такви кои по цел ден би седеле дома,ама не би работеле за минималец. Не можеме сите да се вработиме на супер работно место,и да работиме ефективно 8 па и 9 саати и да земаме висока плата. Некаде без паузи ќе работиш 10 саати,ќе рмбаш како коњ и ќе зимаш 18000 ( не сите кои зимаат ниски плати пијат само кафе и пушат цигари на раб.место). Шофер на автобус зима 18000 кај нас,дистрибутери 18000+процент,таксист исто колку ќе вози-толку..... Не секој има среќа или можност некој да те подгурне за да работиш и да земаш добра плата. За жал ситуацијата кај нас е таква,и никогаш и нема да се поправи
Да Во тие 300 евра додај и сметки за струја, телефон, вода, парно, интернет, гориво итн Па и во време на пандемија пак имаше викенди и одмори, само не надвор од граници. Нема да живееме секогаш вака, децата ќе мора да одат на училиште и да се троши повеќе на облека, а ако се има бебе е неопходно и за него се само 100 евра месечно. Може да спуштиш и на 400 евра, ама тоа дека 800 евра во Скопје е ок не е точно.
Знаев дека и мојата е забегана ама не верував дека до толку глупости и се вртат во глава. Си збори со ќерка и и ја слушам зборат за син ми и вика 'ама ти си оригинал тетка'. А викам 'моите сестри од али експрес се?'. Ама не, не мислев така, сите се тетки ама знаеш дека ќерка ми од машка страна. Молим? Дека јаката машка страна син ми пишти кога ќе му се доближи, не знае песничка да му испее, не знае да го заигра, а кај моите не ме погледнува, се карам со мајка ми да ми го врати. Моите сестри ги обожава на камера, се смее, плеска со рачињата кога се гледаат, а другава тетка не ја препознава. Не дека девојката ми е крива нешто ама ете, оригинал тетка била. Господе боже
И двајцата со мм плаќаме по 200€ кредити, сметки плаќаме на две места (ск живееме привремено), тука плаќаме кирија, плус јадење, облека, гориво, шетање. Не знам, можеби јас и мм сме прескромни, не знам што да речам.
Да, али не за шлепер Хахахахахаха ме изнасмеа со али експрес некои такви тетки премногу се занесуваат во улогата мајка
Јас сама заработувам толку, а мм дупло од мене и можеме да си приуштиме доста работи. Ама и ние сме на мисла да си одиме. Полека се спремаме за бегање. Најстарото дете е иницијатор бидејќи постојано вели дека неможе да ја поднесе средината во која живее. Малку нормален народ остана, образование 0, здравство 0, административна услуга -1. Каде и да одиш се некој нешто ти се дере. Ако си сиромав тешко и да те погледнат, ако имаш некој денар мислат дека треба да ти ги земат за мито, како божем на дрво ги береш. На ова кога ќе додадеш и меѓусемејни односи и снаии и свекрви оф оф хахха
И мене ми се бега заради истиве причини твоето детенце што ги кажува....ама мојот мм уште не сфаќа... Се надевам набрзо ќе сфати.
Јас бев таа што му се пуфтаф на маж ми уште кога бевме дечко и девојка, демек нема шанси да си одам, за што се мачев да учам факултет, ќе си најдам работа по струка, добро сме платени. Проста простотија. До сега заминати мислам ќе си бевме и дете во странство ќе ми се родеше. Вистина не се само финансиите проблем овде. Здравство хаос. На породување како поминав не па некаков недај боже проблем да имам, да треба да се ашкам по болници..... Труло е све. Плус што викаш односот со фамилијата... Што даље, то боље, негде во Австралија да отидам и да ги гледам еднаш во 5-6 години. му се молам на господа да излезе се по планот, да избегаме, да ми расте детето во нормална средина, да има квалитетно образование и да не ми е страв на лекар да го однесам. Пред една недела свеки имаше висок притисок 180/100, отиде во итна, таа дежурната со факултет рачунај и рекла каков висок притисок, низок ти е 100/60. исе вратија после 2 саати со 190/120 и нејќела да каже колку измерила, одма и ставиле инекција. ако не си сигурна измери пак, сите се знаеме овде, народ да и се смее. Притисок незнаат да измерат, со факултет се, не па нешто друго
И тетката на малиов дојде непоканета на гости прв и последен пат и беше тоа и му праќа бацка на малиов почна да вришти и вика ете ме заборавил и викам не те заборавил само се плаши од звукот зошто така и од мене два пати има заплакано. Ама он мора да си каже ете ме заборавил си викав во себе тек сега ќе те заборави допрва. Нема деца а се прваи како мајка да му е и дава дијагнози само страшна е се надевам дека твојата не е иста ваква
Хахахаха лепото не омаловажувам никого, ама да се разбереме, не можеш да очекуваш со средно угостителско да бидеш директор на банка, ќе бидеш готвач, ете по ново шеф, келнер и тоа е тоа, технолог за храна нема да бидеш. Фала богу сопругот ми е со средно угостителско, ама сфатил дека од таму леб нема да јаде па се запишал на економски и моментално за маркетинг е експерт. Не може да очекувавме сите да сме интелектуалци, најпаметни, вредни, некој мора да има што ќе работи и во сендвичара, кафич, ресторан, некој мора да работи и на каса, во бутик, а постојат и работни места и како чистачи, утоварувачи... Ама да не кукаме по државата и системот кога нема да ни успее да се вработиме нешто екстра платено ако не сме се потрудиле. Готвачи од секогаш зимал ок плата, знам по тетин ми, пред 20г во мал мотел имаше топ плата, а сега со овие модерни кујни, верувам и уште подобро е. Јас завршив средно уметничко, ако продолжев на академија голема ќе беше веројатноста да цркам од глад, затоа се запишав на архитектура и фала богу не погрешив. Има и сликари добро платени, одлично се снајдоа школски, ама има и такви кои не успеваат. Јас не знам зошто не се потрудите да сфтите, никој не ни е крив за нашите лични избори. Никој не ми е крив мене што јас кркам благо ко луда и сум дебела, исто и тие што не се трудат од животот да земат повеќе па го проаѓаат времето во кавги со свекрви и нервози. Малку читајте поопширно, не само тоа што ви одговара.
Не, ти читаш како што ти одговара. Ама ок е. Неможеш на човек што се мачи да најде работа цела година, да му кажуваш дали се потрудил или не, ок? Да не си им во кожа на тие што по твое "не се потрудиле" зошто незнаеш кога ќе ти затропа на врата. Јас од работа не се срамам, иако сум со доста перспективен факултет, би прифатила и чистачка да работам за 15.000 ама или е до тоа дека немам пријатели што би ме пикнале негде или е до тоа дека уште не ми е дојдено моето време. Трето нема.
Како да се потрудиш ако работиш физичка работа? Ајде кажи ти соломонско решение како човек кој е десетина саати на нозе, да продолжи на втора работа? Јас не викам дека нема распекмезени кои не сакаат да се фатат за работа, ама дека твоето што го збориш е изводливо секогаш, не е. Ако беше толку едноставно, зошто не отвори ти твое приватно, штом ти е толку просперитетен факсот, а ти толку способна, ами чекаше државна работа? Си се запнала кукале од свекрвите, живеат со нив, ти не живееш во куќа од свекрвата? Живееш. И ти кукаше од неа едно време, да те потсетам. А за раководни функции во државава... Кој се ги има нив, ич не треба да му бидат предизвик на човек. Не баш многу паметни и високоинтелигентни личности, иако им се наоѓа папирчето диплома у рака, којзнае како стекнато. Убедена сум дека некои луѓе со средно се попаметни од нив, само ете, заради некоја само ним позната причина, не се образовале. Проблемот е што тука се мали платите, па се чека на таква функција да се омрси бракот и да се вработи и некој друг од потесна/поширока фамилија. Да се искористи, нели. Во нормална држава, каде примањата се солидни, нема тепачки како тука за 'функции'. И нормално, тука ако татЕ е шеф некаде, на тебе автоматски ти се помали гајлињата, а врските поголеми.