Мм е со средно, јас со факултет поврзан со медицина, ама не работиме на струка и двајцата, а тој зема поголема плата од мене. Работев на струка со средно, ама пак тој земаше поголема плата. Сакам да кажам не е битно некогаш кој што има завршено, туку кој како се снајде во животот, на кој како ќе му се 'усреќе'. И денес многу имаат амбиции за работа во државно, без да знаат дека во приватното е некогаш подобро.
14 500 колку што е минималната е смешка. Со минимална плата треба да можеш да поминеш месецот. Скрос организирано, да не трошиш ни денар непотребно, ама да поминеш. Мислите се поминува со 250 евра? Значи за 14 500 огромна бројка луѓе одат фул тајм на работа. Кој има сила да оди на втора работа? Во светот на 5-6 часа го кратат работното време, ние овде сме мрзи пошто не сакаме да одиме 16 часа на работа? Не е нормално да се оди 16 часа на работа. Физички, психички се нарушува здравјето. Има и мрзи ко што има секаде во свет. Ама бр. 1 проблем е државата кај нас. Пошто познавам луѓе што се од јутра до сутра на работа па еден викенд во соседниот град не можат да си дозволат. Некогаш од многу високо ги гледате работите. Мислиш тие што работат во сендвичара, во кафич, касиерки, чистачи не се паметни, интелектуалци и вредни?
Ама едно не ми е јасно. Им се обраќа на членкиве што неможат да си приуштат да си одат од кај свекрвите демек "најдете си втора работа и нема да кукате од нив", аха нема. Епа кој ќе ги чува ако и она и маж и работат повеќе од 10/11 часа? Ако се прибираш навечер во 11/12, а излегуваш сабајле во 8? Ако си платиш жена за чување, цела една плата ќе ти оди на нејзина плата. Ко ќе видиш исто ти е. Башка да не правиме муабет дека овде една работа едвај се наоѓа, не па втора. Освен приватно да чепкаш, ама тоа воопшто не е редовен приход. Кога си под државна капа лесно е да кажеш. Оди млати цел ден во Кам или некој маркет,кревај пакети, расправај се со пари и со секакви, должи каса со промет, примај роба, чисти маркет за 15.000, оди и Бадник и Велигден и секој можен празник на работа, па проповедај за втора работа
Во Декември 6 пати работев 3 смена и не ми кажувајте за дополнителна заработка, џабе е после кога не си способен да функционираш. @AngelOfArh Полека малце со навредите и спушти се малце,бидејки има луѓе поспособни и пошколовани од тебе а работат на пример во пекара. Ништо лично ама претеруваш малце.
Интелигентен, вреден не те прави факултетот, не вреѓај и не се умишљај како подобра од некого само зошто си завршила факултет. Не си ништо повеќе од никого тука.
Некои размислувања е подобро да си ги задржиш во себе Ти си доказ дека факултетот не те прави попаметна личност.
@AngelOfArh не дај боже да си во ситуација или-или.. дали попрво за леб и сметки или високо образование за дете.. не знам дали ќе ти биде сеедно да ти го потценуваат детето дека ти е неспособно. Можеби тоа ќе е интелектуалец, НО ќе треба да се вработи во сендвичара и да си заработи сам за студирање. Млада си твоето допрва доаѓа..
Лелее, па има еден тон луѓе и со твојот факултет што не работат по струка, туку како келнери пример, или во маркет, или сеедно, и што треба сега да ти кажеме, факултетот не ти вреди, нула ти е? Ако ти си се снашла за работа како архитект т.е. по струката од завршениот факултет, не значи дека секој може да се снајде. Секадр и на секое поле, има луѓе што се паметни и способни многу повеќе, ама немале среќа да си најдат работа по струка. Тука никој никого нема право да навредува според работната позиција, демек "ех ти работиш како келнер, помалку си вреден од мене, што сум архитект" аха мало сутра, јас сум работела скорп па се, на крај и сама си го плаќав факултетот, и работев и келнер и продавач, и во маркет, и секаде, и да ти кажам земав и имав повеќе пари заштедено од сега. Професијата не те прави интелектуалец, исто како што не те прави ни смотан, и за факултетот важи истото.
Женски ај вратете се назад на темава, за снаи и свекрви се дискутира овде, а не за висина на плати. Воздржете се и од навреди едни кон други. Не би сакала да се заканувам со санкции но доколку се продолжи дискусијата во истата насока ќе биде неизбежно да се применат. Се надевам на соработка од ваша страна
Кои карактеристики ги има дечко кој е премногу поврзан со мајка си? Како да се препознае на време оваа токсична појава??? ахахаха D
Најбитни му се советите од мајка му.За секоја одлука прво со мајка му се консултира наместо со партнерот да одлучува.Неможе да ја остави мајка му и сака вечно да си живее со неа.И уште милион други ствари.
Доволен е фактот да не сака да се одвои од неговите. Штом не е способен сам да живее, другото не ти е битно
Како би го искоментирале следново: Многу пати се случува уз муабет да спомне дека со мајка му споделил за што сум се налутила, некој наш проблем генерално, таа ми мисли се најдобро, многу ме сака, таа му е најдобра другарка, не сака во никој случај да слушне за преселба во друг град, макар близу неговиот, подготвен е доколку треба и секој ден да патува.... ?
Мамино сиинче. Кој к*р бе имаат потреба да споделуваат се !? Еве во иста куќа живееме ,поим нема ние дали сме скарани или смирени. Освен ако е кавгата заради неа. Па бремена кога останав првиот месец не знаеше (додека да отидов на ехо немав кажано апсолутно на никој освен мм) не па кавги ,сексуални животи не знам што.
И да имаме расправии и недоразбирања тоа би требало да е меѓу нас, затоа не ја сфаќам потребата тоа да го сподели со мамичка... :/ Ах, уствари, најдобра другарка му е како да не и каже Ахххх, нзм што е паметно и што понатаму да правам :/ (Се плашам да не се доведам во ситуација да треба да делам ист покрив со него, а мамичка да биде темелот на куќава, омг )
Мм каков е и на вистинска другарка/другар не кажува ништо. Ама стварно не е ок. Читав во некоја од темите дечко кажал на мајката дека девојчето било невино... Мислам алоо чекај ,што потреба има да знае таа? Еве јас женско сум нели ќерки поповрзани треба да се со мајка па ништо од тоа не знаела ни кој бил прв ,ни кој е последен,ни колку се.Прв пат со дечко што ја запознав беше мм откако зборнавме дека сериозна е работава . Ниту сега знае дали и за што сме се карале со мм. Не па свекрва ми да знае. Оправдан ти е стравот, мислам дека треба убаво да размислиш дали и колку можеш да го поднесеш тоа па да продолжуваш или не.
Знам дека е глупаво одма некому да му речеш раскини и се трудам никогаш да не ми биде тоа прв совет. Да се раскинувало/разведувало на првата препрека сите сега ќе бевме сами. Ама, во твојов случај за жал друго совет не ми паѓа на памет. Сите знаеме какви се постарите генерации (секако, има исклучоци, апсолутно не ми е целта да навредам некого), сакаат се да знаат, во се да се измешаат, за се имаат мислење, се тие знаат најубаво, нивното е најдобро бла бла бла. Тоа што е однос мајка-син ја прави работата уште покомплицирана пошто жените (не сите нормално, ама голем дел од нас) се предобри во манипулација со емоции. Утре дури и да и се спротистави ќе земе ќе се расплаче и ќе го убеди да биде по нејзино пак. Ако толку го форсира односот со мајка му дур сте во врска не сакам ни да замислам што ќе се случува во брак. Веројатно ќе има грабање бебиња од раце и мешање во сексуален живот ко што сме читале по форумов. Јас и дечко ми живееме заедно и ни моите ни неговите не знаат ништо освен најосновни работи, кога ќе прашаат за него или за мене добиваат одговор „еве добар/добра е, учи/работи/лежи/излезен/а е“ и тоа е буквално се што знаат. И искрено една од работите што ме натера да го засакам уште повеќе е баш фактот што има поставени многу јасни и строги граници со неговите. Јас немам *уште им дозволувам да ми се мешаат во многу работи настрана од дечко ми), ама се обидувам да ги поставам и до некаде имам успеано. Единствено нешто што можеби можеш да пробаш е да збориш и да видиш дали е спремен да успори малку со зборењето кај мајка му