Да, мамино синче. Не ти гледам светла иднина со таков што споделува секоја дешавка со неговите. Ни за машки, ни за женски не одобрувам вакви споделувања.
Мене ова твоево ми е просто. Ако толку ти смета зошто отворено не и кажеш? Зошто чекаш да и каже маж ти? Можеби негуваат традиција дека за ручек мора да се собрани сите и сѐ уште сметаат дека треба да биде така. Не велам дека е правилно но сметам дека треба да ѝ кажеш без заобиколување.
Само од заеднички ручек ли ти ислачаат вакви фрустрации, зашто ако се од нешто друго плус би разбрала. Значи јадете заедно, готвите двете во иста кујна, нејзина, и сега "имам нова кујна и немам намера да ручам заедно"? Самосталност и сила се покажуваат кога сама ќе си напраиш пред да се вселиш, ова важи само ако не градиш спрат, не доградуваш на нивна маркица и слично. Да, разбирам не сакаш секој ден да имаш обврска дека ручекот ти е таму, ама и самата кажуваш прво тоа те прашува сабајле, епа кажи и денес и утре не готви за нас и наместо што ќе чекаш мажот да го реши проблемот, ти ќе спречиш воопшто да има проблем
Во ред, немале услови, па се снаоѓаат онаму каде што се. Не знам зошто постојано имате потреба да се чукате во гради како вие сте успешни, како сами сте си обезбедиле дом. Тоа е супер, секоја чест, ама разберете дека не секој ја има истата можност. Тоа што значи, дека не треба да живеат? Дека треба да толерираат све и свашта? На крај краева во домот на сопругот се, не ги собрал некој од улица. И еве се трудат, си доградуваат, со цел колку толку да се одделат. И секако дека нема намера да ручаат и понатаму заедно сега кога имаат сопствена кујна. Ама затоа се разговара. Искрено и отворено. Патем и јас не би живеела во заедница и секако дека најдобро е свое, ама секој со можностите и желбите. Како и да е, сметам дека во вакви ситуации како кај членката треба да има компромис и од двете страни.
Чукање во гради ви се кредити што се отплаќаат 30 години или крпење за кирија? Далеку од успех е тоа, туку одлука е, како што е одлука да прифатиш дека ќе одиш да живееш каде што некој веќе создал нешто, било што, а со тоа да прифатиш некои нивни навики, дали било за корисење заеднички простор, готвење и слично. Ставот е тој што не го гледам како успех, да прифатиш дека ќе живееш во заедница а да те гуши тоа што ќе те прашуваат дали да ти зготват, а не делам на успешни или помалку успешни по тоа дали заедно живеат или имаат хациенда сами.
Секако дека нема на некој да му отидеш дома и да се правиш газдарица, ќе прифатиш нивни навики, ама во случајот членката потенцира дека сега имаат посебна кујна во која очигледно сами вложиле, и сега треба да и биде страв да им каже дека сака одделно да руча само затоа што е во нивна куќа?
А што би требала според тебе да направи? Еве и јас сум ист случај, дур го правевме спратот и средувавме, ручавме во иста кујна. Ми се направи кујната, реков од сега јас си готвам за нас, ти за вас. Ако планирам да направам нешто за сите ќе ти кажам/прашам и обратно, ете тоа може да е еднаш неделно или 2 пати месечно. И мене во тој "процес на транзиција" многу ме нервираа, ме гушеа ко што вика членката. Навреда беше за домаќинлукот на свеки. Епа сме направиле свои кујни за украс? Нека си седи кујната, пак сите на куп ќе си јадеме доле. По твоето, поубаво да не вложувам ич за кујна.
Долго време се двоумам дали да пишам на темава и конечно собрав храброст и јас да си се искажам тука .. значи се омажив помала , во брак сум две години . Не работам , учам сеуште .. мм работи. Мм е единец, нема ни брат ни сестра. Имаме два спрата со различни влезови, старите се долу а ние горе пополека се опремуваме бидејќи неможиме се наеднаш со една плата,нешто купија неговите нешто моите нешто ние, сакам да кажам немаме услови скроз горе за живеење..Долу јадиме цело време, кога ќе ни се присака горе се качуваме за одмор , сепак имаме приватност сакам да кажам. Да речам дека се стари и дека не разбираат , неможам да речам бидејќи се прилично млади и не треба вака да се однесуваат.Значи пред мене и пред мм луѓе глумење од тоа колку многу ме сакаат, колку многу ме почитуваат, а се знае колку се сака снаа.. Тие плаќаат сметки, јадење неможам да се пожалам за тоа секогаш ни викаат да си ги тргаме парите на страна да не си ги трошиме, меѓутоа немам мир , нервози од сите страни неможам да се опуштам да јадам раат,да седнам раат бидејќи нон стоп ме посматраат што ќе кажам, што ќе направам чуствувам напнатост од нивна страна , почна пролактинот да ми се покачува со тироидна проблеми, ослабување нагло се направив кожа и коски и се знае дека неможам бремена да останам покрај ова..Со мм се сакаме премногу да, но меѓутоа од толку многу глума од нивна страна неможам да му докажам дека не е во ред ова нивново мешање во брак . Значи до тој степен им сме опсесија што ако не видат подналутени одма свекрва ми му пишува пораки на свекор ми па тој на неа и кажува што да праша , што да направи , за понатаму да не зборувам спрема ова ќе процените се... Свекрва ми и свекор ми имаат премногу помош од нивните стари се тие да знаат за се први тие да се и тие така се навикнати да функционираат , и мм воедно и тој смета така и дека нема поинаку ..Кога велам дека се опсесивни со нас сакам да кажам дека ние му сме животот тие како да немаат свој живот, значи во се се мешаат буквално.. Кога не одиш на работа и кога финансиски не си стабилен зависиш едноставно од нив .. Ќутам за мм , меѓутоа на глава ми се качија од тоа ќутење неможам повеќе .. Ми го даде свекрва ми моб да проверам нешто и изненадно гледам пораки со него, што прават , слегоја? Какви се, лути се? Кажи му на него ова и ова , и оваа му вика двајцата се неможам да му кажам,и тој ајде кога ќе се качи таа горе .. Мизерија , го командаат како сакаат а мојов мисли мора да му угоди бидејќи еден му е што да прави.. Незнам како да постапувам повеќе и што да правам, ни со нив ни со мм.. Помагаат да , имаме спрат обезбедено да, меѓутоа вреѓање на мојата фамилија и притоа ни мм да изреагира не , неможам да трпам повеќе, не сакав да испаднам и јас безобразна да навредувам само му реков како не ти е срам на овие години муабетиве да ги правиш.. а кога се долу правиш неможиш да не правиш муабет , бев лута неколку дена па виде не виде дека згреши и почна муабет како тој имал шеќер и притисок, обврски затоа бил нервозен ние сме биле помлади незнам си што, а свекрва ми му е научена само да ќути и да дреми и тој да вика па да се знае кој е маж у куќа , па си мисли истото ќе биди и со нас ..знам дека ми е грешка што помала се омажив па немам работа , и морам од некого да зависам, само тоа е грешката е направена........
Е ова е најточно што го пиша, зависиш, за жал. Треба решението да си го бараш во зависноста, дури и за јадење што ви плаќаат, а не во муабетите и кој што рекол.
Ама зашто да и е страв, неа не и викаат забрането ти е да ручаш сама, туку ја прашуваат за дали и што да и зготват и тоа било гушење?! Може и нив им било кога дошла да живее таму без своја кујна, мора драматично да ви се претстават работите за да видите дека вие беспотребно сте драматични, гушење ако е некој да сака да руча со тебе или да испие кафе, еве не знам, и секако зборовите за тоа се користат "фала ама денес ќе ручам сама" или "фала ама не ми се пие кафе", а за да не се навреди домаќинлукот понекогаш и заедно ќе се руча и пие кафе, зашто се живее заедно
Освен да доучиш и да најдеш работа или да најдеш работа и да учиш во исто време за да можете да се иселите под кирија, не знам што друго да кажам, старите не се менуваат на тие години. Под кирија мислам дека би живеела цел живот само за да сум настрана. Мора маж ти и сите мажи да сфатат дека треба да дојде ден кај што е во ред да се одделат од родителите. И ти си знаеш што е решението, работа да имаш за под кирија или па да го опремите спратот ако мислиш дека тоа ќе е решение, ама внимателно со оваа опција, зошто колку и да си на различен спрат, толку блиску до нив, пак можеш да имаш проблеми. Кога би можела, јас скрос би се тргнала на страна.
Види, јас реплицирав на ова: Значи јадете заедно, готвите двете во иста кујна, нејзина, и сега "имам нова кујна и немам намера да ручам заедно"? Да, сосема нормално е да сака да си руча одделно сега кога си има своја кујна. И треба малку да се има осет кога гледаш дека некој те одбива секој ден, наместо да им правиш притисок на младите. Ама за тоа вината пак ќе ја ставам кај нив, бидејќи тие не ни пробале директно да им кажат како сакаат да биде, туку индиректно одбегнуваат заеднички ручеци, а свекрвата упорно ги вика.
Немаш завршено факултет, немаш работа, значи немаш ни пробано да се осамостоиш. И тоа е она што мене ми е најтажно во твојава ситуација. Што се откажуваш на непробано. Што ако утре завршиш факултет и заработуваш доволно за да се иселите? Јас ќе ти кажам што: нема да се иселите. Тогаш ќе ви се качат на глава како „амааа спратот го уредивме“, „ама што ќе правиме ние самиииии“, „ама тој ни е еден син“, „ама срамота е при куќа вие под ќиријааааа“ и слични глупости. Она што во Македонија никој не го разбира е дека џабе ти плаќаат сметки, џабе ти купуваат јадење, џабе ти дале спрат ако немаш мир. Џабе е сето тоа ако голташ после антидепресиви на 30 и децата ја гледаат мајка им нервозна и кај што плаче секој ден. Ниедни пари мирот не го купуваат. И разбирам некој што се повозрасни, работат ама не заработуваат доволно, а времето им тече па да прифатат да одат кај свекрвата пошто секој сака семејство и деца, ама ти сигурно немаш повеќе од 21/2 која е поентата на трчањето таму? Се надевам дека разбираш дека сите шанси за самостоен живот си ги уништуваш (да во Македонија е тешко да се осамостоиш ама од кај знаеш пред да пробаш?). Буквално цел живот е пред тебе, еден куп можности, а ти си одлучила од сега дека сепак најдобра можност е да ја трпиш свекрва ти во следните 20+ години? Не сакам да ти кажам разведи се туку сакам да ти кажам - имаш многу време, начини и можности (пример заврши факултет), размисли пред да заглавиш вечно (во превод да родиш дете).
Баш ради тоа што немаш работа се замараш со глупости со тоа што рекле и како рекле свекор свекрва. Не е грешка што си се омажила невработена, можеш и вработена да се омажиш и да останеш без работа. Имаш дом со посебни спратови, подмирени сметки, храна, најди си работа да излегуваш од дома и да ги насочиш мислите и енергијата кон нешто ново, ем ќе си имаш лично твој приходи па и побрзо ќе си го наместите спратот.
@sara97j најточно на свет си напишала од збор до збор. Пример : некоја си комшивка ја сретнала свеки на улица и ја прашала дали живееме заедно. Па ко се навредила жена па се налутила и сега мене ми се "жали" као што и е неа ,како така вие ќе одите па јас сум сама ,ај да бевме полно луѓе како јас кога дојдов јасно ќе ми беше вака што. Па после ми се извади мислела дека од новите станови сте купиле. Само и реков па да ,зошто сега скоро никој не живее во заедница. Ме изгледа и си поќуте. @pikabu5 тоа со пораките па колку е детско ,значи невозможно. Навистина не знам што совет да ти дадам , евентуално исто да пробате да се одделите,знам дека е тешко,најтешко од се е да го убедиш партнерот( и јас пробувам ама никако). Работа како работа би ти ги тргнала мислите ама пак кога ќе си дома исто ќе е. Од друга страна пак тоа што не те чепкаат директно барем е добро ,можеш колку толку да ги игнорираш.
И да не одат под кирија има решение како што викаш @pikabu5 земи најди било каква работа и ја сум работела додека сум студирала. Ако се одделите скроз со јадење горе,перење , чистење и почнете да функционирате како заедница без некој секој ден да ме гледа дали сум лута ќе се намали оваа опсесија. Како што ми вика мајка ми " Во еден дом за да има топлина, љубов,треба заеднички да се зготви ручек да се направи таа атмосфера со мажот да си бидете семејство". Денес ти утре тој ќе зготви задутре заедно. Нема што пари да тргате на страна за храна. Сте се земале во брак сте и тоа други кирии плаќаат и кредити за стан тоа е сто пати потешко. Штом си на различен спрат се различно нема што да ти се готви и да одиш горе на одмор. Горе ќе живееш а доле можеш на кафе да се симнеш.
Не е точно,може и да ти плаќаат и да се нормални луѓе,ние сме во иста куќа,различни спратови,сметки по пола,ручек прават тие,ние си купуваме јадење за нас,фрижидер нон стоп полн,ама ручек сервиран секој ден на маса многу значи. Никогаш ниту ни се смешале во нешто,ниту ни пререкле,ниту наговориле или замериле секој си ја гледа својата работа,а пензионери се ама си имаат занимација луѓето и мм си поставил граници. Едноставно до карактерите е.
Што не е точно? Дека ако некој ти плаќа јадење, а ти немаш никакви финансии, дека не зависиш од него? И те како е тоа точно. Нормално дека не се сите исти, не знам зашто опиша тебе дома како ти е, кога ти немаш проблем. Решението е просто овде. Да учи, успат да најде работа, во меѓувреме да игнорира, зашто не може сите да ти играат по твое во заедница, нити ќе ги смениш. Занимација и игнорирање.