Шознам и јас не би наоѓала маани ако се јаде, ако не може да ми го процесира желудникот, пре ќе речам не сум гладна, глава ме боли отколку да натажувам некое девојче таму што не ми е ни должно па да ми готви крај краева.
Ама јас најискрено не сум егоист за тие работи, и не ме погаѓа ако ми каже, баш напротив. Сакам да се подобрувам во секој аспект, и ако сметам дека нечии замерки се поддржани - следниот пат ќе променам што треба, чисто да видам дали ќе е подобро Да надополнам - ова погоре важи ако забелешката е кажана на фин и културен начин, од што ќе се гледа дека не го кажува од злоба, туку чисто онака, како предлог
Да јасно, ама шознам, мене би ми било жал најискрено. За тоа време можела маникир да си праи шо се вика, а таа се потрудила да направи место и за мојата чинија...ептен ако ми побара совет за тоа како да го направи уште поубаво би и' дала, ама на само да не ја понижам пред другиве. Шо да праам такво сум си жалостиво, у генетскиот код ми е така врежано
Еднаш ќе ти каже, втор пат ќе ти каже, триста милијарди пат ќе ти каже, и на крај кога ќе размислиш она нон стоп ќе ти брмчи како оса некоја што треба и како треба, без да проба или пак количински да види како е и дали е. И од пред некој ден официјално готвам само за мене и вереникот. Ми ја истури манџата затоа што била посна, односно и мирисала на расипано (компир манџа направена од ноќта додека она се шеташе а јас готвев до 12, а сабајлето на работа), во нивна куќа месо секој ден се јадело. Ми пукна филнот, викам да одиш да си најдеш работа, и да си купуваш месо секој ден! Свадбата сами си ја плаќаме, вас двајца ве храниме, и пак не е добро!? Доста беше, нека крши глава и нека јаде жив зејтин и живо месо ако сака!
Заради ваквите случки го надополнав постот Ништо елена, ќе си терате по ваше само, тоа е тоа. Ќе го чекате денот кога ќе заминете од таму, а до тогаш гледај си го здравјето и мажот ти, и колку можеш повеќе игнорирај ја. И обавезно направи си џиш црвени прамени
Има ли поубаво нешто од тоа снаата светлина да ти внесува во куќата. Штом не и се стемнува кога ќе те види и фенерчиња со нејзе не си носи, шатирај си се и терај си
Да ви кажам право, во понеделникот си ставив нови!!! И тоа 2 нијанси! Башка природната ми е црвена, и сега најџиш што можеше, луѓе мили како превртува очи ко ќе ме види , да се рокнеш од смеење!
Ги читам муабетиве и искрено да ви кажам потполно ми е јасно и сваќам каков револт се ствара кај снаии кои се трудат да биде се во ред во куќата а некоја вештерка им го ебава животот. Јас ја имам таква иста се додека не се отселивме со мм во стан под кирија (иако станот во кој живее дотичната е на негово име),ама мојава вештерка е за оскар (од глумење дека е на смртна постела до милион други ситуации ) само за да биде во центарот на вниманието (јас сум пред пораѓај -она му ѕвони на мм како и е тешко па трча овој во 12 по полноќ да ја собира по улици, зашто искача да си го бара чарето бидејки децава не и доаѓале), а има двајца постари синови, ама тие не ја шливаат ни 2 % ни они ни снаите, туку ние најмалите трчај да помогнеш да исчистиш, да им донесеш, демек коментар нејзин она на стари години се чепела да го роди мм па сега тој бил должен да ја гледа, а овие постариве за нив не се чепела на пат ги нашла , па и станови се им купила (на мм му купила само метла , за да го метне од станот негов ) она демек останала без кров над глава ,ама друго ми е муабетот.... има вештерки не викам не, ама што има снаи стварно и они претеруваат, ЕВЕ ќе ви кажам за мојава снаа , значи јас сум золва и она е золва и она има снаа и брат, само нејзе не и иде памет па се понаша идиотски , а мајками греота, на две места оди и работи, по цели денови не е прибрана , (и дете чува до 17 оди чисти едни канцеларии ,па се враќа 20-21часот ) па згора на све доаѓа дома внук ми ја чека (кој скоро цел ден го поминува со дедо му-татко ми, пошто господава брат мој и снаа се бизнисмени јаки(читај наводници) па не се дома по цели денови или се во србија или се во канцеларија до 22 некогаш 23 ч. Имаат свој стан ама им се уарнило да живеат со моите бидејки живеат во куќа огромна , сите имаат свои соби и детево и братми и моите, плус дневна , кујна трпезарија купатила , ама снаами неможе викенд кога ќе дојде да земе да зачисти нешто (мора кај татко и да појде -вдовец е човекот а и мака си има со синот иснаата)па мојава мора да помогне таму греота е човекот, а мајка ми не е , има она пракса па може да издржава и еден хотел дома , и да не кажувам уште милион други работи, а према мене, како да е надмена госпоѓа (има многу дипломи па апро по мисли дека е над сите нас иако имаме и ние по некоја диплома). Мајка ми и го исчува детево она мене ми предава филозофија за чување на деца , па како многу сум купувала за бебето, па како под кирија ќе го гледам итн итн ....САМО ЌЕ ДАДАМ ЗАКЛУЧОК ДЕКА ЕВЕ И ЈАС СУМ СНАА , И ЗНАМ ДЕКА НЕ Е КРИВА СНААМИ ЗА НИШТО, НЕ Е НИ МАЈКА МИ, ТУКУ ЦЕЛ ВИНОВНИК ЗА СЕ Е БРАТ МИ , ОДНОСНО МАЖОТ , ТОЈ КАКО ЌЕ ЈА ПОСТАВИ РАБОТАТА ОД СТАРТ ТАКА ЌЕ СИ ЈА ТЕРАШ ДО КРАЈ, Јас немам ништо со мојата свекрва ни свекор, ако мажми сега ми рече ќе одиме кај моите да исчистиме (не само јас да чистам туку заедно) тогаш одиме , а јас сама да се наметнувам несакам и неможам,. Така и сите што живеат во заедница (од искуство кажувам, живеев ) наметнување никако, само потребите од мажот и своите како и на децата , другото кој што сака нека прави, ако треба и две куварки во кујна нека се ,ако нема разбирачка нема ни мешачка, па макар и посебно перење посебно чистење,.Сметам дека тоа што заеднички се користи треба да се чисти последователно една па друга, а посебните соби секој својата .... по мене така , може грешам ама мислам дека со оглед на тоа што се искркав додека живеев со мојата најдобро е така , а не вака кај мајками матер и се и на крај пак она нечини .
Некоја жена во години рекла: „Кога јас бев млада, снаа, свекрвите леле-леле какви беа ц ц ц ... (тресе јака), ама пак сега (кога веќе станала свекрва), овие денешниве снаи ауууу пу пу пу (си плука во пазуви)“ Та така и ние. Секој си ја гледа ситуацијата од својот агол. Дури од кога ќе се сврти топката, ќе видиме како е од другата страна. До тогаш, ручекот нека ни биде најголем проблем. Спојлер Така велам, ама пред некој ден, пак се нервирав кога свекрвица ми рече за супата што остана од ручекот (а која јас ја правев): „Оваа супата да ја фрлиме, кој ќе ја јаде?“ ЈАС ќе ја јадам!
Без разлика дали станува збор за свекрва, пред се биди човек !!! Бев на гости скоро, на вечера. Јадењето повеќе од очигледно беше преварено. Го изедов со подголтнување (со сила). Ама жената се потрудила. Потрошила пари и време за да го спреми тоа јадење. Најљубезно не покана и пречека на масата. И јас сега да глумам дека сум Џејми Оливер: ваууу што е ова, јадењево ти е за в канта...!!?? Па, не ќе умрам, не ќе пукнам, ако речам едно: ФАЛА, убаво беше. Заклучивме дека сите готват различно, и готвењето е уметност, некого го бива, некого не, и се учи додека си жив. Ама, кога ќе видиш дека некој нема што да јаде, а ти бараш игла во сено е претерано. И зошто? Најчесто заради инает, злоба. Стварно, не знам какви жени се тие. И најинтересно, истата жена за јадењето од ќерка си ќе прикажува со недели: ехххх, прсти да си излижиш, ќерка ми од се ја бива.....ех и јас кога бев млада какви комади месев, нигде нема такви.... Индиректно: снаава е тапа за се !!!!! Ама, да ја видиме и другата страна, реално има многу млади кои умот им е само во шетање и дома мајките им готват се. Тука криви се и мајките, што не знаат да ги подучат и запрегнат малку во ракавите на своите деца. Зошто стварно, имам другарки кои ни јајце не знаат да спржат. Е, ни тоа не го бива.
Прво, на сите да ви ја честитам новата година, и да ви поскам да си имате се што сакате! Јас имав многу убав почеток на оваа година, свеки е многу фина со мене, ми купила постелнина, ми вика за Божиќ ти прави ги твоите кифли поубави се(?!), фина, фина, ко од Финска да е... Ќе да и дошол паметот, или пак и се смачило под око да се гледаме, како и да е, супер е кога можеме да си седнеме во дневна и да се смееме до миле воље... Ко ми го кажа тоа за кифлите, викам значи се повампирила женава, Господе Боже што ли и стана?! Па се договоривме дека заедно ќе си правиме се, јас, она мајка ми и золва ми. Има да биде милина, така и треба а биде! Е сега 4 жени во една кујна колку пати ќе се згазиме, не е ни важно, важно е дека 3 дена мене срцето ми е полно и топло! Се надевам дека вака ќе ми биде 12 месеци, а истото прекрасно чувство ви го посакувам и на вас!
Среќна нова година и на тебе се најубаво. Да ти кажам и мојава нешто овие два дена се подобрила Сумливо ми е нешто, да не е затишје пред бура? Како и да е, убаво е вака кога ќе прочитам дека барем некој ја подобрува ситуацијата со свеки. Моја свеки нешто ти викам гае деновиве, а исто и золва ми. Ќе да има нешто или пак што викаш ти му се смачило под око да ме гледаат. Ајде, се надевам дека ќе остане ова вака подолго само колку еден Господ знае, додека не ми пукне мене или на свеки филмот. Поздрав секое добро.
Да не се уште под импресии од новата година? Или се од оние суеверните што се плашат од кавга дома пред празник (aко и двете сте православни, ако не, однапред се извинувам за второво)? Kако и да е, најважно е сега да останете кул и прибрани. Да не си гаите надежи дека ова ќе биде постојана состојба. Внимателно, затоа што и пред бурата има затишје. Не заборавајте заради кого сте дојдени и постоите во таа куќа. Бидете благодарни, на доброто вратете со иста мера, бидете внимателни како што се и тие кон вас, но не се опседнувајте толку со нивното расположение. Во заедница е многу поважно и поитно да направите се' да ја придобиете љубовта и безрезервната поддршка од мажот. Тој е столбот на вашето семејство и треба најмногу да ви биде наклонет вам. Тоа ви е главна преокупација, на се' што е бонус, возвратете, ама не се тие луѓето од кои треба да очекувате нешто. Не зборам на памет, дел од браков го имам поминато во заедница и знам. На доброто возвраќам со добро, не се замарам што она размислува или каква ќе биде со мене утре се' додека го имам мм за поддршка. Фина сум со неа, но не се опуштам многу. Така и ја повеќе ја сакам и она мене.
Уживај tessie православна сум јас (ќе да е тоа може поради празнициве) Е, навистина обожавам да те читам колку само убаво ми пишуваш и убави мисли пишуваш секоја чест tessie.
Ќе да има ефект што снаата и е фенер, во право си! Теси, ич не си земам здраво за готово дека сега наеднаш ќе престане да ме малтретира со глупости, ама секако убаво ми е. Планирам да си го искористам ова се додека може и додека трае, како и се што има од моја страна да се потрудам за да биде овој однос конечен!
еј што свеки имам боље да је немам јао шта ми ради јао шта ми ради па ми душу вади па ми душу вади... ее апо апо до кога бе до кога амн веке апоооо маани се бе апо маани се која лицемерка си море апо мое шугаво пред моите срцка после моите срце да ме фане,пред маж ми душо после маж мо да се задушеш ее апо гре ли ке со ли ке е ама мош господ поскоро ке те тупне...али апо мое шугаво ако дојде ред да те чувам да неможеш има чурлава низ уста да излфрлаш апо мое шугаво на се нешто маана да се наогало бе работи мн си вредна мори ЕЛЕНО не работи амори ЕЛЕНО шо си легнала море да легнес па да не станеш апо невиденО!!! Хеј свеки свеки тако ти е Алаха довесчу те свеки до просјачког стапа Свеки силно благо нуди хоче за мном да полуди и велику кесу дреси да проблеме моје реши!!!
елена ме изнасмеа најискрено али ти да ти мине нервозата мораш и на твоја сметка да си правиш фештиии мореее батали свекрва ли апо што и да е и живеј си го векот оти вака како што се нервираш ти ке одеш пред неа она вака уште 101 година ке живее плашило
хаха море да ја видиш денеска МЕТЛАВА ко ја заболе ногата викам почна да откачува едно по едно има ГОСПОД бе за апо како неа море ја додека го пишував тоа копчињата ке сокршев бев нервозна до 101 па назад абе очи не се мие дојде детето да ми бацува кокошка нехигиена 1 пат у 2 недели да се тушираш тоа е смрдеа бе кој разбира демне дека оде како пор е ама ај ке ја тупне неш порано па раат ке сум си