1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    21.187
    Проблем е што синот е единец,има куќа на два спрата,под влијание е од неговите и врежано муе во глава дека он е должен да се грижи за нив,и веќе имаат куќа,па во никој случај не доаѓа селење во предвид. Така ми личи. Колку и да се финансиски независни,зависноста на синот од родителите и обратно секогаш ќе е присутна.
    Колку и да имаат пари,ниту ќе се иселат некаде,ниту ќе се оделат во смисла на посебно функционирање,затоа што синот би имал грижа на совест.
    Од она што прочитав,мислам дека ова е проблемот кај вас .

    Многу примери вакви знам,многу.
    Од мали нозе ги задојуваат синовите ( единците или помалиот син) дека они мора да седат и да се грижат за мама и тато кога ќе остарат. Зошто ако си отиде,кој ќе ги гледа кога ќе паднат болни? Па синот или е убеден дека така треба да е,или за мир и да не се лутат неговите,се согласува на ваков начин на живот. Он нема никаков проблем со мама,се му е подредено,си има жена,мама му готви,го пере,му плаќа сметки,го оправа во животот и му останува само пари во џеб да си става за да си оди на кафенце,а жената што е безгласна буква дома и е потчинета,па и не е многу битно.
    Ѕидаат спратови нагоре старите за да се сите заедно на купче,и оди после купи си свое или оди под кирија,кога веќе имаш "обезбедено". Се ова се прави плански и се манипулираат синовите. За жал.
    Има паметни синови кои успеваат да се спротистават и да постават граници,а има и такви кои ја преземаат одговорноста да се "грижат"за своуте родители.
    Родител си е родител,и недај Боже да се разболи верувам дека секое дете би помогнало,не мора да се живее заедно.

    Се додека не се искорени ваквата традиција,живеење на купче за да им се најдат во старост,вакви проблеми ќе има.

    И светковците се мили и најмили пред брак. Никогаш нема да ви се мешаме,знаеме како е кога ти прават проблеми старите,еве ви куќа седете си,и откако ќе дојде снаа,а да не зборувам за кога ќе дојде внуче,се се менува.
    Они сакаат во се да се мешаат,да "советуваат", се они најдобро знаат,и ако снаата малку покаже заби и не им дозволи да го присвојат нејзиното дете, ја сметаат за ѕвер и почнува целата драма.

    Најдобро решение е да се одбере маж кој е независен,кој живее сам ( искусил живот без мама) или сака да живее сам,и кој не сака многу да го советуваат,а останатите мамини синчиња да си останат вечно сами. Ама за жал,не е изводливо такво нешто,зошто овие вториве многу ги има 8)
     
    На Anyshka, BoaVista, MeowMeow и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Verica 12

    Verica 12 Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    33
    Vo pravo si .Edinstveno sto me nervira so se so nie si kupuvavme si zele kaj niv u stan na pr TV ova ona kao koj ke sedi tamuu da ne stoele prazni.i mm vika lele nemale pari im se rasipal aj neka go.zemat ok.
    I nasata kola e kaj niv ja idem.peski nakaj centar ona do drugarki mi svitka.i.mi.ptavi caooo kako si.
    I mm na ova vika so da prai stara zena nemozi peski da odi mi kaza deka dtr se videle odela na bolnicaa
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    А на кого е колата, твоја, на маж ти, заедничка..?
    Јас моја кола не давам никој да ми ја пипне, а не па свекрва да ми ја вози во иднина. :shake:
     
    На cresa-jagoda и thelittle17 им се допаѓа ова.
  4. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Ти брзаш, но не си доволно зрела ниту пак способна да одгледаш дете. Со кои финансии? Дали си свесна колку чини да имаш дете и дека тоа е твоја одговорност се додека не наполни 18 години најмалку? Исто така немаш ти условни да му понудиш ни психичка или ментална поддршка на тоа дете. Дали мислиш дека си способна да воспитуваш и образоваш дете? Дали можеш да му дадеш добри услови и средина за правилен раст и развој кога ти самата не можеш да се справиш во неа. Не е фер да донесеш уште една невина душа во целата слика.
     
    На Doozy, crazylady, baby-star и 10 други им се допаѓа ова.
  5. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    1.988
    @pikabu5 Убаво што си свесна дека си направила грешка што помала си се омажила, без работа и мораш да зависиш од некој... ама како правење на дете ке ја подобри ситуацијата во која што си?
    Напротив, ке ја направи уште полоша и ке бидеш уште позависна од нив. Според тоа што го напиша, со платата на твојот сопруг тешко оди и опремувањето на спратот а замисли да мора и дете да одгледувате.

    Некој беше спомнал претходно дека може некои сакаат да бидат млади мајки... и јас може сакам многу работи ама ако не можам сама да си дозволам и други треба да мислат на мое гајле тогаш работам на тоа да можам сама да си го остварам а не да заглавувам во каши.
    Мислете малку и на двете страни, дали е фер и за родителиве, покрај тоа што сигурно ве помагаат и вас моментално да мораат и внуче да издржуваат? Не е во ред едноставно, ако сакаш да бидеш независна мораш да бидеш на секој начин независна а не за тоа што ви одговора да ви е ОК да ве помагаат а од друга страна да не ви се мешаат.

    И некој беше спомнал што ако моментално останала без работа? Секако дека е многу поразлична ситуација.
    Прво, ако претходно работела најверојатно и имала некој допринос или некоја заштеда. Второ, многу полесно е да најдеш работа доколку веке си работел нешто. Трето, не гледам ништо лошо и цел живот да не работи ако се способни да издржуваат фамилија со една плата, ама со оглед дека не е таква ситуацијата во случајов, седење дома на долг рок не гледам како е оправдано. Точно дека не е лесно да се најде добра работа кај нас, ама работа во маркет и слично мислам дека има во секое време дури и во малите градови.
     
    На Doozy, crazylady, baby-star и 10 други им се допаѓа ова.
  6. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Искрено, не сакав да почнувам ништо за имањето деца пошто кога ќе го слушнат моето мислење сите се лутат и ме прават ненормална. Ама еве пошто ти почна да се надоврзам. Детето е огромна и многу скапа обврска. И знам дека во Македонија сите мислат дека е доволно само да го родиш и да има што да јаде и кај да спие, ама тоа е погрешно на премногу начини. Финансиски ајде и така и така, пари може да имаш и да снемаш или обратно, ама како би воспитувал дете во таква средина? Што ќе биде од тоа дете кога секој ден ќе живее во тензија, префрлања, расправии? Веројатно ќе пораснеш уште една анксиозна и депресивна личност што не верува во брак и семејство. Има еден куп деца и возрасни што влечат трауми од такви средини вклучувајќи ме и мене. 6 години живеам сама, ама уште живеам во страв, тензија и очекувам нешто лошо да се случи 24/7. Стварно не е фер и ич не е одговорно да растеш деца во таква средина.
     
    На Anturium, MeowMeow, Doozy и 21 други им се допаѓа ова.
  7. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    Ви текнува на онаа глупана реклама што идеше пред години на тв за наталитетот - Моите ќе купат креветче, твоите ќе купат пелени? Или како и да беше второво, не ми текнува.

    Јас помизерна реклама немав и уште немам видено да се врти во етер.

    Можеби многу парови си мислат дека и тој начин е ок, и ајде ок, али пак, не е лошо прво да се образоваш и да најдеш работа, да се средиш самиот ко особа, па дете. Зошто колку и да се лажеме дека финансиската зависност не е голема работа, голема е. За префрлање од стари за тоа, ехе, сигурно ќе дојде ред, па колку и да се они фини и нормални.
     
    На smooch, MeowMeow, Doozy и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Искрено гајле ти е ,и така и вака ќе си одиш за скоро дома ,сакале те нејќеле нивна работа. Ех да не сум во заедница колку само нема да и се замарам. А за колата ако е твоја или си учествува во купување би си ја зела вака.
    -може клучот од колата утре имам нешто неодложно со документи да збркам а не ми се вози со такси заради вирусот. Па ќе ви ја вратам. И ќе ја вратам дента пред да си одам.
     
    На crazylady, hello-kitty.90, Nevenche26 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.701
    Допаѓања:
    273.983
    Ме потсети на една ситуација од пред доста години.
    Братучетка ми имаше дечко, да речам посериозна врска, 2 години веќе беа заедно.

    Дечково со добра професија, добра заработувачка, исто и братучетка ми.

    Арно ама, тате му имаше направено спрат (и на другите двајца браќа).

    Како одминуваше времето беше јасно дека нема намера да се тргне ниту од куќата (должен бил да остане), ниту од градот - во кој за нивната професија реално нема просперитет, на крај братучетка ми го остави највеќе поради тоа. Оти должен беше да живее таму.

    Не знам што прави тој сега, ама среќа што го откачи искрено, иста приказна беше со - ако паднат болни.

    Муабетов, ако си немаш родено син, ќе си умреш сам/а, оти нема со кој да живееш.

    Али, приказнава има среќен крај, барем за неа. Сите соништа си ги исполни, и професионално, и семејно.
     
    На MeowMeow, Doozy, Skorpija25 и 18 други им се допаѓа ова.
  10. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.819
    Пол:
    Женски
    @pikabu5 И јас сум мала мажена мислам дека маж ти треба да застане цврсто во смисла И маж ми е единец и ние седевме во стан сите заедно-со една спална, јадевме пијавме користевме една кујна и едно вц сите. Свекрва ми готвеше за сите после тоа јас реков дека сакам да готвам и не ми пререче ништо готвев за 4ца, некогаш јадеа тоа што ќе направам некогаш таа си правеше за нив јас за нас. Јас 1 месец пред да се омажам останав без работа само маж ми одеше на работа, за зависна зависна бев само од него и тие некогаш ни помагаа ама и мајка ми ми испраќаја пари-тие беа странство и знаеа дека со короната неможам да се вработам а гледавме да заминиме кај нив.Кога се одлучивме на тој чекор нормално имаше реакција како што таму седете си овде па после ај одете па кога нема да можиме ќе се вратите.... Искрено да не звучам лошо или погрешно кога нема да можат според мене најдобро е старски дом-доктор достапен во секое време смешани со луѓе на нивна возраст, јадени пиени лекови дадени истуширани средени.Заради тоа што одиш на работа имаш деца за гледање куќа да средиш исчистиш направиш јадење и плус старите си бараат поголемо внимание исто како бебе да имаш дома...... Мајка ми и татко ми за тоа најмногу му ја почитувам и профаќам одлуката дека кога ќе остарат ќе си заминат во старски дом секако можеш да одиш да ги видиш кога сакаш и колку сакаш. Ќе видиме дали тие ќе прифатат вакво нешто бидејќи реално не сме во план да се враќаме назад а тие не со во план да идат кај нас....
    Мислам да си зборуваш со сопругот да му кажеш дека тие и тие работи ми пречат сакам да ги смениме само со разговор ќе решите... А тоа дека тие очекуваат да бидеш како нив тоа мислам треба да го заборават сите си имаме различни карактери-ако таа може да си дозволи МАЖ ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ Е ти не си времината се сменија не е старско уште маж кој е син мора да гледа мама тато ....
     
    На Anturium, Skorpija25, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.502
    Имам еден таков случај дечкото на золвата е таков направил спрат и бидејќи брат му прв се оженил и има деца си се преселил горе да си живее,а он си седи со мама и тате и не сакал да гледа стан бидејќи вложил во куќата ќе си седел и ќе ги чувал додека да умрат со еден збор мама и тато ми се најбитни на свет и жена ми да умира и дете ете да има прво мама и тато да бидат добро со такво размислување е веќе ја ближи 40та а со золва ми скоро 20 години во врска се. И она ќе си остане без деца со таков памет. Таа ни од дома не искача работа фома е само а он ем не работи ем секој ден по кафани е и она го финансира (facepalm). Е вакви луѓе си остануваат со последици во паметот.
     
    На Doozy, crazylady, ALISA0000 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.701
    Допаѓања:
    273.983
    Ова до золва ти е, што си го троши животот вака.
    Него потаман му е сѐ, да знаеш.
     
    На Doozy, Skorpija25, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    21.187
    Колку и да збориш со ваквите,исто ти е. Или ако е помека жената ќе остане и ќе трпи или ако е поодлучна ќе го остави за да им се најде на старите. Секој паметен и нормален маж би гледал да најде најдобро решение и да избалансира меѓу двете страни.
    Ако не живее во иста куќа не значи дека не може да им помага или да ги лекува ако се болни. Исто и жената,ако се омажила не значи дека нема да им помогне на нејзините.
    За старачки дом,хм,хм,не сум сигурна дека многу би прифатиле.
    Барем свекрва ми е многу против. Демек цел живот се мачела да гради куќа,и сега кога требало да ужива да заврши во дом.
    Честопати кога бевме ептен во лоши односи знаеше пред луѓе да коментира како во денешно време младите ич не ги фермале старите и ги фрлале како партали,како нејзин роднина ја прибрал баба му ( мајка на жена му) да седи кај него дома,а татко му ( кој незнам што дијагноза имаше,ама бегаше од дома,правеше проблеми,некогаш ништо не разбираше) го однел во некоја установа,таму да живее,не дека се откажал од него. Па и мојата многу се плаши дека и она ќе биде оделена од нас и однесена во дом. Зошто такво мислење има,па не сите стари залегнуваат за да не можат сами да се грижат за себе.
    Едниот син кога и отиде во странство да работи,секој божји ден плачеше,глумеше,ако отиде и мм можеби и ќе умре од мака ( ќе нема кој да ги чува,при 2 сина без синови да седеле (facepalm)). Кај и да е,и мм ваљда ќе иде,за година,две,ама на тој памет е,па ќе видиме што ќе бидне. Сигурно јас ќе сум крива :D|(
     
    На Skorpija25, sara97j и Осе им се допаѓа ова.
  14. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Абе се е до луѓето и до карактерот ,еве на мм тетка од 7 машки деца остана сама во куќата ,сите се во странство ,збор не пререче. Некни се слушнавме околу нова година дошле сите по една недела и назад дома. Вика само тие да се среќни јас ќе си земам жена да ми помага околу куќа и готово ,а опадната е со штаки се движи ама на ниеден син не му рече врати се или земи ме. Ко била поподвижна одела на по некој месец кај сите ,сега вели не можам тие ко ќе можат нека идат. А свекрва ми била сама што ќе правела немој молим те + 71 г . е а да ја видиш одржана ко 50 да има,се од себичлук ,јас трудна таа јадење по дома криеше,(криење буквално по фиоки ) а да ме види нешто каснам а не и понудам ( да и се запнам земи та земи) се лути. Иако според мене чим е на маса ставено значи сите што се тука може да земат. Не ми е никакво сакам да кажам само дека не е убаво ,јас си купував што си сакав и ден денес си купувам. Мислам дека само себични луѓе можат да прават такви лигави работи.
     
    На MeowMeow, Skorpija25, thelittle17 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Ова ме потсети на еден комшија. Чоекот имаше доживеано мозочен, беше парализиран делумно и така живееше 20+ години. Неколку години пред да умре разви некој облик на деменција. Син му и снаа му се грижеа за него, ама мораа да одат на работа и плус имаа и деца за гледање. И некогаш се случуваше да остане тој сам дома со внуците и толку се губеше што почнуваше да се дере и да фрла по нив со предмети. Неколку пати така и го однесоа в дом, најмногу за да не ги плаши децата. Сите останати комшии (што сведочеа на сето тоа) уште јадат трици како се откажале од него, а му плаќаат некој скап дом со 24/7 грижа. Значи според нивната логика требаше да го остават да ги удира и урла на децата само да не се „откажат“ од него.Свашта шета по земјава жими се.
     
    На AngIv, MeowMeow, Skorpija25 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.819
    Пол:
    Женски
    Свашта богами ... народ како народ неможиш устата да му ја затвориш сите повеќе знаат како ти е дома одколку самиот ти
     
    На thelittle17, hello-kitty.90, pikabu5 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.668
    Допаѓања:
    39.933
    Пол:
    Женски
    Раѓаш деца, строго машки, за да те чуват во старост. Кој себичл'к. Никогаш нема да се искорени тоа 'правило' дека машките треба да останат со мама и тате и да ги чуват во старост, а женските они се туѓа стреа како знаат нека се снаоѓат
     
    На MeowMeow, Skorpija25, Martka и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Нема во секое време работа во маркет во помалите градови ама ај. Во помалите места незаете очигледно како функциунираат работите. Кога некој што барал работа долго време и влезе во маркет на работа, останува до пензија освен ако некој не го пикне со пријатели на подобро место. Тешко им е, ама си ќутат, немаат избор. Значи во Струга ни Рамстор, ни Тинекс, ни Кам немаат сменето вработени со години. Во помалите маалски маркети преку роднини/пријатели се вработуваат на муабет. Еј во Балко бараат вработена, го знам Ацо да му се јавам за тебе? Е вака оди. Ама да не одам офтопик. Да беше така лесно до сега ќе си имав најдено работа. Башка што во Западниов дел повеќето бараат веќе и албански да знаеш, па вработуваат повеќе албанки/албанци. Многу сум револтирана на ова поле, страшно нешто. Луѓе талентирани, со знаење, немаат избор никаков.
     
    На Skorpija25, thelittle17, pikabu5 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Точно ,јас истото го тврдам за Ресен.
    Едвај ќе најдеш нешто ,местата што не вработуваат со врски се најчесто или пред пропаст или не плаќаат редовно. Од искуство кажувам.

    Во однос на пререкувањето,и јас мислев нема шанси да ми пререче ама ете се деси. И што е најстрашно пак по старо продолжува ,а јас не знам и не можам пример ручек да прави јас да трчам од раце да и земам тенџерињата ,или да чисти јас од раце да и ја хранам правосмукалката. Финансиски ништо не плаќа дома ,освен за нејзин ќеф ако купи нешто па да каснам од тоа,и тоа само ако ми понудила. За бебето ни даде пари за креветчето до сега не го пререкла ама кога пререче дека ми помагала после породувањето ко не можев да седнам зошто да не го пререче утре и креветчето. Гледам колку можам понастрана да сум од неа и да не се замарам што не секогаш успева,ама тоа е.
     
    На thelittle17, Nevenche26, pikabu5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    1.988
    Добро, не тврдам за секаде, претпоставка беше бидејки така стојат работите од градот кој потекнувам а и за други градчиња сум слушнала. Веке голем дел од младите се иселија, кој странство, кој Скопје па дури и работавците имаат проблем да најдат некој за во маркет на пример.
    Како и да е, муабетот ми беше дека не е иста ситуацијата никогаш да не си работел и да останеш привремено без работа. Вистина е дека во секое време можеме да останеме без пари и без работа, ама тоа не треба да биде изговор за да се тргне на страна фактот дека утре на тоа дете некој треба му обезбеди нормални услови за живот. Некој што решил да оформи фамилија во колку талку стабилна ситуација постои веројатност да има финансиски проблеми во иднина, ама шансите се многу помали споредено со некој кој од старт нема никаква стабилност. Посебно во години и ситуација како на членката тоа би ми било последно нешто на памет.
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.