1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    21.187
    На сестра ми свекрвата виршли во шкаф криеше :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На thelittle17, Brpbrp, pikabu5 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Виршли не јади биле правени од отпад. Лешници ,бадеми ,чоколатца. Во фиоки, под перница под маса и којзнае уште каде.
     
    На Skorpija25, thelittle17, Brpbrp и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Не не грешка си, јади се што има на маса и дома оти ако јадам јас, ќе јаде и детето кога ќе порасне-ова свекорот 2,3 пати и прекинавме со заеднички ручеци за брзо
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    А не се разбравме ,ова криеше од мене ,да не случајнооо и ги изедам.(facepalm)
     
    На pikabu5, tina2018 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.887
    Допаѓања:
    45.192
    Пол:
    Женски
    А зошто мора некој да ги гледа старите не разбирам, точно дека може нема да се подвижни или ќе им треба помош ако се болни недај боже ама не значи дека сите ќе се такви, ете моите баби и дедо ми скоро по 80 се па си живеат уште сами, се си прават сами, пазар, сметки, бавчи, чистење, зимници, а не дека не си имаат некои болести, ако ептен дојде лошо да не можат од кревет да станат има негователки има домови, секако подобра нега би имале од стручен човек. Обврски, работа, деца па и внуци ќе имаат сите еден ден, не може се тоа да запостават за да се грижат по цел ден за мама и тато, па да ги напнуваат децата со седење во заедница.
     
    На Anyshka, Doozy, Angie1432 и 16 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.701
    Допаѓања:
    273.983
    Што е префрлање да заклучиме прво :D

    Ако така гледаме, мајка ми и татко ми 100 работи ни' купија, немаше потреба, можевме и сами, ама им беше мерак.
    Од друга страна свекрва ми ништо ни' нема купено.

    И подобро е нејзиното според мене. Оти да, мајка ми сака да ми помогне, ама не слуша јас што сакам, купува таа што мисли дека ми треба. Затоа и' реков да не купува ништо веќе, да не дава ништо, ќе кажам сама кога ќе ми треба.
     
    На Sexybaby86, Milobebence, thelittle17 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Префрлање е..
    Убо ти беше ко ти купив то и то.
    Убо ти беше ко ти чистев /помагав.
    Убо ти беше ко правев јадење....итн.
    Или еве мајка ти купила нешто што ти не си планирала ама таа мисли неопходно е и сега да ти рече еее јас да не бев ти ова немаше да го имаш.
     
    На Skorpija25, thelittle17, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Од каде ви искачаат вакви осудувачки ставови не ми е јасно. Ако не е вработена а студира или учи било што, значи некој и го финансира тоа, или на сите пред да се запишат на факултет им викате "знаеш ли колку чини, од кај пари?" Ако осудувате тоа што некој има финансиска поддршка од родителите се надевам не сте лицемерни туку на 18години сте се иселиле од дома, сте плаќале живеалиште и образование сами, па сега судите.
    Па и способноста да се одгледа дете и ја судиш, дека ние другите од марс сме паднати способни а она неспособна зашто се пожалила од односот на старите, ај не се ставајте у супериорна позиција заради возраста ве молам, да напраиме анкета која возраст се сите овие во темава што се пожалиле и да ги прогласиме за неспособни мајки.
    И бременост е скапа, и бебе и скапо да се одгледува, да се дотераш и да одиш на одмор, ама како тоа ја искара со кои финансии ќе го чувала, веројатно си знае таа со кои ќе го чува ако веќе има желба, па и брзала?! Може има причина зашто сака сега да проба, здравствена или било каква.
    Кога ќе ги прочитам стандардите што ги наметнувате на други кога станува збор мајчинство, ми се лоши, и 18годишни изродија деца, па после завршија факултет и најдоа работа кога децата беа потпораснати и кариери си изградија, и 36годишни родија со веќе изградени кариери па фрустрирани до коска зашто мајчинството не е како што изгледа на инстаграм...
     
    На Skorpija25, Watermelon96, hello-kitty.90 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    да да разбрав, интересно ми е што крај не можеме да им фатиме, едни у една крајност, други у друга.
    Ај, има исклучоци, и тоа е нешто..
     
    На tina2018 и Осе им се допаѓа ова.
  10. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Препрочитај се и сама одговори си.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Амин! Така чекавме и ние и изгубивме 4 години и еден куп пари по болници,да го имав порано овој ум ама тоа е.
     
    На Skorpija25, thelittle17, pikabu5 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ниту за едните мислам, уште помалку кажувам - дека избрзале, ниту за другите дека закасниле, кој кога има желба и можност ќе се обиде и оствари како родител.
    Добар ти беше обидот, ама статива.
     
    На Skorpija25, Meckicja и pikabu5 им се допаѓа ова.
  13. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Само што девојката нема можности да одгледува бебе...така да не статива, него го утна голот скроз.
     
    На baby-star, cresa-jagoda и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  14. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    А како тврдиш дека 36 годишни се исфрустрирани? Еве јас сум тука некаде, родив на 34, и лично воопшто не се чувствувам фрустрирано. Ниту чекам пари од некој, кој колку сака дава и не смее ништо да ми каже, а и да каже нема да плачам, знам да се одбранам, за разлика од кога имав 20 год. Не зависам од никој за чување, учев кога требаше и кога ми беше време за тоа, се нашетав, и сега сум си посветена на семејството. Немам инстаграм и не се нервирам и немам тантруми кога другарките постираат слики од диско и концерти (ова од близок пример).

    Ова е само површински да ти доловам зошто е важно да се изградиш како личност пред да се избрзува околу формирање семејство, иако не очекувам да разбереш затоа што веќе си оформила став, а и нели да не ти "наметнувам стандарди".

    Многу е едноставно, за да не те третираат како сопственост, дете, неспособна, бебе да ти земаат, плата да ти бараат и сите други проблеми кои се испишани низ темава треба да си прво и основно вистински независен и доволно самодоверба за да можеш културно да се справиш и издигнеш над било која ситуација.
     
    На Ambrosia, Nausicaa, smooch и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Осудувачките коментари искачаат од фактот што девојката реално делува не како да се омажила, туку како да ја посвоиле родителите на маж и,тие плаќаат сметки, таму јадат со маж и, таму се по цел ден и си одат на спратот за одмарање и спиење (исто ко да се тинејџери што ќе се најадат па си одат во детска).

    Тешко им оди опремувањето на спратот со една плата, а тек замисли како ќе им оди со една плата и бебе...никогаш нема да го опремат и до смртта на старите ќе тераат така, со одење на спратот само за спиење.
    Факултетот дали и воопшто ќе го заврши со мало бебе е знак прашалник али ајде тоа не е ни толку битно.

    Битното е што таа и сега, не е задоволна со состојбата дома, се жали дека се мешаат премногу старите, дека ги навредуваат нејзините, дека се расправа со сопругот кој не е на нејзина страна и отворено кажува дека мора да им угодува и никогаш нема да ги остави, свекорот е влезен во филм дека мажот е глава во семејството и треба да команда, им се мешаат во брачните караници...
    И на сето тоа, членката која претпоставувам има некои дваесетина години брза да има бебе небаре тоа магично ќе и ги реши сите проблеми, или па менопауза и се ближи па мора да брза, и ти се чудиш зошто ја осудувале???

    Па ете за некоја година кога ќе дојде овде да кука како свекрвата и го зема од раце бебето, и кажува како и кога да го дои, како да го бања, како да го облекува, дали смее да го шета, дали смее навечер алишта да пружа, да и го носи на бајачки, а маж и на тоа си ќути пошо уше од сега си кажува на чија страна ќе биде и гарант ќе глеа да го фати патот и да кидне од дома за да не го слуша цел тој хаос...а девојката ќе биде во ќорсокак, без работа и без пари, целосно зависна од други, исфрустрирана и депримирана.
    Затоа ја осудуваат.

    А споредбата со тоа како на сите родителите ни плаќале за факултетот врска нема со ситуацијата, нормално е родителите да ти плаќаат факултет, не е нормално родителите на мажот да те издржуваат и тебе и бебето.
     
    Последна измена: 22 јануари 2021
    На Nausicaa, SuperGirl24, smooch и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ниту сите на 18 родија, а тие што родија не се сите успешни професионално, и нормално дека не сите на 36 се фрустрирани! Не го кажав тоа! Иако е надвор од тоа што се смета за стандард, познавам прекрасни мајки што родија на 18, и мајки што многу тешко им падна мајчинството а родија позрели, нормално познавам и такви од обратни ситуации, ама не судам кој кога решил да раѓа, а бе ме прашал за мислење. Да кажеш на некој дека избрзува, како членката што и кажа, е како на тие над 30 да ни се вика што чекаш, ама баш е исто. Нит не праша таа дали и е време за бебе, ниту некој од тука ќе се грижи за него, кажа "сакаме", тоа е тоа
     
    На Skorpija25, pikabu5, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ти дефинирај "можности" и пробај пак
     
    На pikabu5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Да, признавам дека ги осудувам. И знаеш зошто? Затоа што самата си пиша како немале пари да направат стан, живееле во тесно, имале една плата, свекорот и свекрвата ги микроменаџирале, немале приватност, лошо и било, итн. Да на споменувам илјадниците страни напишани каде главниот проблем е горе доле исто и секогаш станува потешко кога ќе дојде мало бебе во приказната. Свекрвата им го зела од раце, се правела мајка, им влегла во спалната додека додека доеле и им фаќале градите. Сопругот исчезнал бидејќи бил под стрес или влијание на родителите. Кај девојката конкретно ги има буквално сите знаци дека ќе помине мнооогу лошо за детето.
    Инаку пред да се правиш паметна, да, јас не живеам со моите од 18 години, студиите ми беа платени со стипендија, не мораа да плаќаат за мојата кирија или храна. Работев на факултет и работам одкако дипломирав. Сега живееме и сами се спонзорираме со сопругот. Последно од моите што добил беше поклон за новото живеалиште кебе.
    Не ги осудувам тие на кои родителите им платиле образование или курс за занает, напротив сметам дека родителите се должни да ги доведат децата на правилниот пат од кои тие ќе можат да се осамостојат комплетно. НО, и тоа голема НО, децата кои се омажиле или ожениле веќе не се деца туку возраст и луѓе кои треба да се оттргнат од закрилата на мама и тато. Не значи да не прифаќаат никаква помош, но да не се засноваат ексклузивно на тоа.
    И ајде да не се лажеме, колку мајки имаат навистина успешна приказна кои со мали бебиња за кои се грижат тие завршиле факултет и развиле кариера. Секоја чест на тие што успеале во тоа, но не е лесно и бара голема пожртвуваност.
     
    На Nausicaa, Doozy, Angie1432 и 12 други им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.887
    Допаѓања:
    45.192
    Пол:
    Женски
    Моите се земале млади, мајка ми на 19 ме родила и погоди каков живот имаше, никаков. Уште у глава ми се кавгите со баба ми по цел ден, враќањето на мајка ми кај нејзините, тромозењето кое јас и брат ми го доживеавме, мене постојани ме болеше желудник, не знаеја од што е, ете јас знам денес од што било, оти и денес од нервоза и стрес желудник ме боли најпрво, нервозата на татко ми од баба ми, рмбањето од сабајле до вечер за на крај да и ги земе баба ми парите дека у нејзин стан се.
    Дедо ми да не беше, лесна му земја, мајка ми ќе си умреше на млади години од нервоза. И не дека татко ми не беше на нејзина страна, секогаш беше од наша страна, ама работеше по цел ден за да овозможи по нешто, факултетот го остави на пола,. ајка ми за 100 евра работеше и ноќни, па продолжуваше прва, на нога и така цели 15 год, никогаш не застанаа скроз на нозе.

    Нема што да брза да има дете и тоа е факт. Ако таа сака никој не и брани, ама најдобро и за тоа дете и за нив е да си го средат животот финансиски колку толку па после. А не уште да се ослонуваат на свекор и свекрва, не се деца.
     
    На Ambrosia, Nausicaa, smooch и 21 други им се допаѓа ова.
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.476
    Допаѓања:
    9.323
    Абе факултетот не е обврска, имале родителите финансии одделиле и те прашале ќе стидираш или не? Еден куп не отишле да студираат пошо немало кој да ги финансира почнале да работат па не се омажиле и родиле на 20.
    Секоја тема се завршува со - "фрустрирани кариеристки раѓајте на 40 кога нема да имате нерви за бебиња".
    А реалниот проблем не го согледувате, како на жената да и е единствената намена крава за расплод, каде е личниот развој, каде е искусувањето на заедничкиот живот со партнерот сами? Децата ли ќе ни го крепат бракот ако ние немаме комуникација и тој ги става сите пред мене. Децата се како safety net гаранција за врзување навек, обврска да се случат колку може побрзо од ставањето на потписот. Па иде нова тема проблеми маж ми се посвети на детето и неговите мене не ме погледнува.
    Каде ви се очите кога кажувате да, пакувате куфери да се селите?
    И јас сакам бебе. Моментално немам услови - според моите критериуми. Нема да раѓам во детската соба на маж ми.
    Сопственото живеалиште не чини доста финансии и стрес. Не сакам стресна бременост, сакам човечки услови за тоа бебе и себе. Здрава мајка, хармонична средина, а не стресови, мешање и префрлања.
     
    На Nausicaa, smooch, MeowMeow и 28 други им се допаѓа ова.