Нема правила за возраста и кој кога сака и кога може, се согласувам. Има млади кои се земаат, сигурни се во тоа што го сакаат, си одбрале и не на сите им смета тоа што се зависни или што родители помагаат, не им се преречува или некои едноставно не се замараат со старите и нивните фикс идеи. Разликата е што овие не ги читаме тука, туку тие што не им е сеедно дека така им се поставиле работите во животот, како да мора да се покорат и да траат затоа што им стои како да немаат избор и не се прашуваат за ништо, како што е случај со членката која побара совет. Сега ако ѝ пречат овие работи, откако ќе роди има големи шанси животот да ѝ стане уште потежок. Советот околу избрзувањето и беше даден во таа насока. Ти ако мислиш дека треба да роди, еве ѝ кажа дека се е релативно, па нека си одлучи.
Јас немав впечаток дека членката е во некоја лоша ситуација, одлучила брак со живот во заедница сфатила дека е тешко ана засега е тоа, се сакаат со маж и, имаат некакви примања и двајцата сакаат бебе, а ти и викаш: ти не си зрела; брзаш; не си способна; немаш финансии; немаш услови за психолошка поддршка; ниту за правилен раст и развој; И на крај не е фер за невината душа. Ако ова за тебе не е престрого, за мене е дури злобно, иако сигурна сум дека мислиш добро
Ти уствари не си ни ја читала членката ама се тригерна на некои постови пошо најверојатно си родила млада па си ги сфати ко некаков напад врз тебе.
Јас мислам дека членката можеби повеќе е и притисната надворешно за бебе. Во смисла сите веќе прашуваат дали има нешто? Кога ќе има нешто и слично... Да се потсетиме каде живееме и дека секој се меша во се па и во ова. Во првата година од брак ако не се забремени веќе се почнува со незгоди прашања ,море која година ,по 6 месеци. Од лично искуство кажувам. Дури ни мајка ми не можеше да сфати зошто и како се пазиме кога сме во брак веќе. Одма по 4-5 месеци почнаа да прашуваат сите тетки ,вујни стрини,комшии...
Значи членката се жали од свекор, од свекрва, од тоа како ја гледале, од тоа што збореле, од тоа што очекувале да биде безгласна буква, настрана муабетот дека финансиски зависи од нив, настрана дека од нервози и се пореметиле хормони ли, што ли, и ти мислиш дека имање дете е добра идеја? Можеби дури и магично ќе се решат сите проблеми? Колку и да ни изгледаат тие проблеми наивни и решливи, нејзе ете не и се, најсериозни и се у свет.
Па може и во брак да си колку време сакаш, без деца. Тоа уште сега ме нервира... Ајде земајте се, сакаме внуци да чуваме. Па може ќе си имаме деца без да се земеме. Може па ќе се земеме па нема да сакаме деца првите години. А, знам што следува, ќе ме загледуваат дали сум здебелена, дали носам широко... Се наежувам од самата помисла.
Зошто е злобно? Еве јас имам 24, уште студирам. Делумно ме финансира мајка ми, делумно сама. Нема да е злобно сеа јас да направам дете и да очекувам уште пари од неа? Мое е да ПРОБАМ да заработам сама ако баш не оди ќе ми помогнат (ако сакаат). А и како што некој веќе кажа од тоа што го напиша членката делуваат уште незрели и неспремни. Тоа не е навреда, ретко кој е спремен за деца толку млад, реално. И тоа е далеку поголем проблем од финансиите. Повеќето од вас сте повозрасни и имате деца сигурно знаете дека децата не решаваат проблеми туку носат нови (не во лоша смисла, само се обврска) и дека таква токсична и тензична средина не е здрава за деца и не е фер да ги вплеткуваш во тоа. Звучи сурово ама...
Ако единствен критериум за прокреирање ви е "ама сакам", дефинитивно почекајте, уште и вие сте деца. Како бе што ако немаат примања? Од "сакам" се гледа дете? Сами себе не се догледуваат, не па дете. Има и те како способни млади родители, и на 20, ама нив не ќе ги најдете во темава.
Деверот и јатрвата работеа кога таа остана бремена, а во трети месец фирмата ѝ ја затворија, па се осигура преку една фирма и сами си плаќаа приходи за да добие породилно, ем на 1 плата, ем по 7000 даваа секој месец. Значи сѐ може да се случи. Ама овде кај членката е друг проблемот
Вакво па пукање во празно Членката двапати пишува и дека не може да се пожали од што им помагаат и ги поддржуваат за да си заштедат пари, а се жали дека е напната зашто се осеќа како да ја посматраат ама и она им чита приватни пораки, она што и беше од мене совет е да си го смени фокусот, можеби, ама можеби бебе баш би и дало мотив, цел и сила, пак велам можеби, а и не е важно што јас мислам, она што е важно е дека таа си напиша дека им е желба, а јас изреагирав кога строго ја нападнаа како неспособна за бебе, претпоставувајќи колку години има и судејќи како социјална служба какви услови ќе имало за бебето
Ова самото "ама сакам" е инфантилно у старт и во светот на возрасните ретко се изговара... Едни се можностите, други желбите. И јас сакам стан, кола, пари на моите 23 години ама не можам да ги имам туку така и затоа и не ги спомнувам.
Де бре девојки.. па кој рече дека не сме финансиски стабилни, па сме имале и други трошоци затоа пополека спратот го уредуваме ..па тука пишувам проблем со домашниве а не проблем со финансии факултет бебе .. имаат , финансираат за јадење сметки, никој не ги присили нив сакале нас ако не ни помогнеле на кого ...но тоа не значи дека ние си спиеме на ушите и воопшто не допринесуваме за домот..
Добро, според тебе што мислиш, ако не е заради финансиите и затоа што знаат дека сте зависни од нив, што е тоа што им дава слобода да ви го диктираат секојдневието и животот? Дури и си дозволиле твоите да ги навредуваат. Во нивните очи вие сте деца, а они се чувствуваат повикани да ве превоспитуваат и да носат одлуки во ваше име. Можете да им дозволите, да се помириш и да ги прифатиш работите такви какви што се, барем гледај да не допираат до тебе или да изберете независност и слобода, што искрено не верувам дека ќе е опција за двајцата.
Оди малку во темата брачни проблеми, види дали ќе си најдеш слична приказна плус со дете. Никој не ти ги решава финансиите или желбата за дете, ти посочуваме дека со дете, моменталниот проблем ќе ти се мултиплицира. Пошто тоа што ти пречи, нема да се смени, ако не почнете да го менувате со време.
Е тоа се зависи кој каква домашна култура и воспитување имал, обично децата се угледуваат на родителите. Јас сум тазе мажена и која разлика ја има овде кај маж ми и кај моите. Пред се за хигиената, што мене многу ми смета. Моите биле многу чисти и педантни и секогаш ни збореле личната хигиена е најбитна да не дозволиш да смрдиш, да се бањаш да миеш заби... овде кога дојдов што да ви кажувам. Да се бањаш еднаш неделно? И бојлерот да се вклучува по потреба? демек се заштедувало. Кај моите бојлерот е уклучен 24/7. Па и тоа дека сум се бањала често ќе сум настинела. И кога ќе спомнеме вакво нешто за хигиената , свекрва ми ај не глумете педантерија како од Париз да сте ( мене и на мајка и нејзина).
Да се сметаме така искрено, луѓе со оваа плата на мм ,фамилија гледаат .. јас малку погрешно се изразив во врска со финансиите , малку ги измешав брзините и погрешно бев разбрана .. сепак ви благодарам на сите..