Па ти си научена од мала, а некои не. Не се сите такви да не земаат пари од други, сакаат да имаат свои. Од мали не се научени да плаќаат сметки дека тоа е обврска. Јас разбирам може да немаат, ама даваат 2000 ден за шишање и фарбање, а сметката за струја која и таа ја троши не е платена и чека од старите. Таквите се пораснати со родители кои сигурно и викале дека нивното дете нема да работи за 200 евра, подобро е да седи дома и оние што бараат работа и се молат да не ја најдат и секој ден бараат по 100 ден за кафе. И 200 евра е пари, не е многу, ама ќе знае да ги цени парите. Кога ќе се оженат сакаат да живеат со туѓа помош, им одговара да не се мачат и да е се на готово. Јас за летен распуст кога работев и за 2000-3000 ден месечно на 18 години моите другарки уживаа дома, израснаа во паразити, ништо не работат по дома и се зависни од родителите. Добро е што земаа такви мажи кои им одговара секој ден ручек кај мама и нема кавги.
Со свекрвата немам проблеми, бидејќи речиси не се гледаме. Имавме конфликт кога со сопругот одлучивме да склучиме брак. Не можам да кажам дека била против, но не била ентусиазирана. Да не речам дека падна болна три дена. И до денес памтам секој збор и сум сигурна дека ќе ме пецка доживот.
Оф-топиците се преместени во соодветната тема, па ве замолуваме дискусијата да а продолжите таму. Без навреди, се разбира. https://forum.femina.mk/threads/Идеална-возраст-да-се-стане-мајка.27690/
Пред некој ден бев во Плодност на гинеколошки преглед. Кога заврши прегледот заминавме со мм и синко ( денес наполни 8 месеци ) кај свекрвата и свекорот на кафе. Свекрвата ме викна во друга соба и ми вика што баравте Плодност? Јас и викам па на гинеколошки преглед. Ми вика и има нешто? И, велам не рано е. А, не мислам на бременост, нешто друго? Леле жени мрак на очи ми падна. Таа очекува нешто да ми е. Абре ми идеше да ја задавам. И е криво, бидејќи ќерка и е 6 години во брак и нема деца. Му реков и на мм да го запамти датумот кога сум пошла кај неговите. Рече од сега така и ќе биде. Колку сум изнервирана бидејќи ( имавме односи, но како диви животни ), можеби затоа и имаше крв. Со нетрпение го очекуваме ПАП тестот. Се надевам дека ќе биде се во ред. Потоа, да намалам 10 кг. И за брзо време да правиме второ бебе. За синко кога разбра, плачеше. Па не е мое бебе криво, ќерка и што нема деца. А, сега кога ќе го крене синко, бебе вришти, пишти кај неа.
Не и објаснувај. Што повеќе и објаснуваш, тоа повеќе ќе гази граници. Што баравте во Плодност? - Тоа не е твоја работа. И излези си од соба.
Е добро де, од доктор се враќаш, те прашува да не ти е нешто. Датум ќе запомнела, ќе ја задавела, драма мач? Па и детето пиштело кај неа, сите знаеме дека вашите бебиња се посебни и знаат да проценуваат карактери на неколку месеци, па штом плаче доказ е дека во раце на зло е.
Ама, убаво мм ми кажа да не кажуваме каде сме биле. Јас сум крива. Ама ја научив лекцијата. А, зошто бебето плаче само во нејзините раце? А, да ја видиш како беше озарена светеше. Мислеше дека си имам мака. И да нашите бебиња не се посебни. Едноставно чувствуваат. ММ самиот рече виде бебе како вришти кај неа.
Епа ќе знаеш од сега. Нема што да се осеќаш дека треба отчет да даваш на некого за здравствени проблеми. Свекрва ми никогаш не ме прашала дали ми нашле нешто на доктор. Може да ме праша општо прашање, како сум со здравјето, и да и одговорам добра сум и тука застанува, а да ме трга в соба и да треба да објаснувам зошто сум била на болница, е многу некултурно. Мајка ми не го трга маж ми на страна кога оди на лекар. Нема ни таа што да те трга тебе.
Да, да, секако, бебе како што знае да осети карактер, никој. @Mantub После преглед отишле кај нив на кафе и кажала дека била во Плодност. Ај да ја изигнорира па да не ја прашува ништо, мислиш некој од улица е за кој си слушнал дека бил на преглед. Кој не сака да збори за прегледи и дијагнози, не кажува дека бил во болница и после увреден оти го прашале зошто. Да дојдам кај тебе на кафе, да ти кажам дека сум била во болница, да ме прашаш зошто и да ти одговорам -не е твоја работа. Чија некултура е?
Зошто кажувате дека сте биле на лекар ако не сакате да ве прашуваат нешто околу тоа? Јас кога ке кажам дека одам на лекар, логично сите прашуваат дали сум добро, забар, гинеколог, каде и да е. Па и јас прашувам кога ке ми кажат дека биле на лекар.
ММ му кажа на татко му ќе одиме Плодност и ќе поминеме на кафе. Да те информирам дека таму има и педијатар.
Пак сте кажале каде одите. Ако не сакате прашања, не се правдајте. Да сте во иста куќа, па да начуле кај одите, да се лутиш. Ама сами сте си ја барале бељата.
И дека кажале каде се, оваа требала да и се сити. И кажала на гинеколог била. Муабетот можел тука да заврши.
Па јасно ко ден е дека во една заблуда веќе е, дека бебето пишти или се смее оти чувствува карактери, така да, шансите и ситењето да е само во нејзината глава, се големи. Пошто не слушнавме коментар од свекрвата -болна си? Супер. Препоставки плус дека ќерката немала деца па не сака ни снаата. На која основа? Оти ја прашала дали мака има што отишле во болница?
Ситењето не е од вчера. Кога знаат каков им е односот, нека не споделуваат такви информации со нив. Јас знам дека нашите се паничари, па непотребни информации не им кажувам. Ме боли операцијата, па ако не морам, не кажувам. Знам дека ке се секираат и ке ме мислат да не ми е нешто.
Прилично очигледна приказна е, не треба воопшто задлабочување. Од прво читање превртуваш очи и јасно е.