Мене мојата ме тргна у друга соба да ме праша дали ми е прва бременост, демек ради рх фактори, крварења, бла бла. Се навредив што ми навлезе така у интима, без разлика дали ми мислела добро. И реков шо се секираш, син ти секако е рх негатив и си излегов од соба.
Жената не направила ништо лошо, се грижи за тебе. Можеби потегот што те однела у друга соба е малку невкусен али ваљда не сакала да те стави у непријатна ситуација пред сите да збориш на таа тема. А за ова криво и' било што ќерка и' немала деца 6 години немам коментар, жално...
Не знам дали мислеше да не имало нешто пред син и, или додека сме биле во врска, оти моравме да ја убедуваме дека не сум трудна кога се веривме. Дали си мисли нешто сме скриле.... не знам, не сакав да размислувам, само гледав што побрзо од собата да излетам
Божеее ...шокирана сум ! Како си дозволуваат бе вакви работи ,мене во ќеси од поклони за бебето ко ќе ми се пикне нерви ми крева не па такво прашање... Сериозно не знам како би изреагирала. @tinka-mace ваљда не било буквално убедување туку 100 пати прашала. Ко мојава и се запна на ќерка и ,ова твое масло било сигурно
Да се грижела за мене, ќе дојдеше барем 5 дена да ми помогне кога се породив со царски. Таа уште пред да се породам, ми кажа јас неможам да ти помогнам кога ќе се породиш. Ок си велам. Кој ќе оговара? За неа само таа, ќерка и и сестра и се жени. На свекрвата моја не и чини јатрвата, снаата од брат и. Исто и на ќерка и за се нешто и е крива јатрвата. Затоа мислам дека и јас сигурно и бодам очи и дека како и на други и мене не ми мисли добро?
Е ајде де, кога ни се стави, вие нешто матите, вие не кажувате, од блиски не се крие. Ало бре жено, не кријам, решил син ти да се жени. Ме загледуваше првите 2 месеци, виде ракија, виски, коњак си пијам и се смири со прашањата
Неее ,золва ми е злато човек ,многу е реална и голем дел за работиве што ги прави мајка и не знае да знае ќе и се вдаде ,ама глупо ми е да и кажувам сепак мајка и е. Само кога ќе ме праша и се жалам. Инаку и неа и се припонашува свекрва ми. По неколку пати се десило муабет да немаат. Па свекрва ми еднаш дури и преку мене се обидуваше да се смири со ќерка и . Нормално не се вмешав ,сепак мајка и ќерка се од кај да знам утре може двете да ми се навртат ( иако пак ќе речам многу поинаква е ,ко да не се мајка и ќерка ) мора да сум претпазлива . @Bebac јас сум во заедница и верувај ваква помош никому не му посакувам
Чудно ќе беше да знае дека си била на преглед,а да не те праша зошто или нечовечки да те праша пред сите. Како што пиша Џони,можеби од грижа те прашала иако тебе не ти делува така. И да има несогласувања меѓу вас,не значи дека ти мисли лошо. Има внуче од синот,нормално е да сака и од ќерката и да ѝ паѓа криво што таа нема. Нормално е и бебињата да плачат додека друг ги држи.Може еден да ствара тензија/расправија во просторијата,а бебето да плаче иако е во раце на друг.
Личните односи не ви ги знам ни ме интересираат, судам по тоа како го претстави проблемот тука Бебац. А според пишаното не видов којзнае колкав проблем за толкава фрка, али океј.
Бебац, глупо е само што те тргнала на страна, демек да не слушаат другите. Али, нема потреба од толку драма, посебно што стварно сами сте се ставиле во позиција да ве прашаат.
Глупо им е на постарите пред мажи да зборуваат за на гинеколог. Ние ко правевме испитувања пред да останам бремена, се криеше од свекорот свекрва ми за да праша како поминал некој преглед. Еднаш спомнав хормони дека ќе испитувам сите усрамени ко не знам што да е. @Bebac јас пример сум тип што зборувам за се со сите, ако не сакаш да те прашуваат не спомнувај нареден пат ништо, нема ни да знаат. На внучето секако се радува, само тешко и е за ќерката, што е нормално.
А бе што има да те трга настрана во соба? Мајка ми зарем го трга маж ми во соба ако слушне дека пошол на лекар? Пикање нос кај што не ти е местото.
Па мајка ти нема да го тргне ама татко ти може насамо ќе го праша за проблем со тестиси. Сигурно пред мајка ти нема да зборите за тоа. Секако идеално е интимните проблеми да останат меѓу двајцата партнери. Во случајов ја разбирам жената зошто ја прашала насамо без разлика во која соба, такви се постарите.
Сигурно ќе го тргне настрана татко ми и ќе зборуваат за проблем со тестиси ахаха. Интимни проблеми само меѓу партнерите треба да останат. Прашување насамо и љубопитност без да ти текне дека на другиот можеби му е незгодно да збори за тоа, е крајна некултура.
Не е проблемот зошто и каде туку како е поставено прашањето. Друго би било да рече: Како си @Bebac дали има некој проблем што беше таму или рутинска контрола после пораѓај е? А друго е вака поставеност . Тонот на кој што било прашано исто има улога а ние не го знаеме. @Bicka77 се надевам не правиш грешка како јас и му кажуваш се на мт. Јас така не кажував и уште не кажувам. Ај да не се нервира јас ќе решам. Па ко видов не може почнав да му кажувам ама и тој пробуваше па не може и на крајот кон мене се сврти. Кажувајте им се од прв момент!!!