Мм има нарушен однос со неговите. Нема веќе трпение за нив и секое второ нивно гледање резултира во негледање со месеци отпосле. Не сакам да долевам масло на огин. Си премолувам. Освен за бебе, тоа не молчам, не можам, не сакам. Што се не ми измудруваа во најголемата депресија, па уште ми се жалеа за односот со син им... Пробував неколку пати со убаво да објаснам за носење капчиња и чистење носе и слично ама видов се што кажам множат со нула и продолжуваат да зборат - се пожалив на мм и еве една недела веќе мирни се. За 2-3 дена пак ќе измудруваат нешто и така, ќе си се вртиме во круг изгледа
Којзнае колку и е тешко на ќерката што се бори со неплодност, тешко е и за мајката, тоа што го пиша стварно не ти е во ред, жената те тргнала настрана и те прашала, а тебе од што поточно ти падна мрак пред очи? Ако преќути дека си била во Плодност-види ја незаинтересирана, ако праша- која е таа да праша?
И јас мислам до тоа е Уште постојат генерации што виткаат улошки во хартија, не па гинеколог да се збори на маса
Па затоа и не се кажува in the first place. Ако веќе сама пример ми кажеш дека си била на лекар, логично е да те прашам зошто? Иначе зошто би ми кажала? Едноставно не кажуваш ако не сакаш да дебатираш, или ти пречат прашања. Мене не ми текнало ни на мајка ми да и' кажам кога сум била на гине, не па на свекрва ми, па затоа и немаат поима. Да им кажам што било, очекувам дека ќе прашаат, затоа едноставно не кажувам.
Ама може да праша пред сите, ова тргање на страна и редење под притисок да одговориш на прашањата е театрално. Ако пред сите кажеш Ќе одиме до Плодност па ќе поминеме кај вас, и она може пред сите да праша Како поминавте во Плодност, се е океј? И толку. А тргање на страна ниту би сакала, ниту па јас на некого би го принудувала да зборува за здравствен проблем. И ако веќе прашува на само, подоодветно е синот да го праша дали има некаков проблем штом биле во болница.
Тоа и јас реков дека е глупо, ама ако си знаеш дека имаш припрости луѓе околу себе, едноставно не се ставај во ситуација да те нервира простото. Знаеш дека глупо ќе реагираат, баба ми до ден денес ако и' речам дека улошка ми треба, ми ја шушнува да не види никој, демек татко ми и мим, а мене во реален живот и двајцата ми купуваат и знаат која од нас какви користи. Ама иди објасни и' на баба ми, друг свет е тоа. Таман работа да се изнервирам што не ми подаде како човек, него или во рака или во ташна ќе ми шушне.
До некаде ја разбирам членката што се изнервирала за тоа. Маж ми е крводарител и после давање на крв му пратија дека треба да испита триглицериди дека му биле покачени. Свекоров цел ден го тупеше како тоа сериозно е кој знае што има направи божем недај боже смртно е болен и тос со таков тон не знам како да го опишам... како сигурен да е дека нешто лошо има. Направи маж испитувања имаше покачени триглицериди ама со апчиња ќе се средело. Им кажува на татко му и мајка му дека не е толку страшно, дека нема ништо друго овој му враќа " Како нема ништо, сигурно има нешто" и од таму свекрвиштено исто како нема па зошто ти го пратија тоа. Тоа го кажаа буквално со тон како да се разочарани што не е нешто посериозно... Башка свекор ми ти е манипулатор нарцис кој само себе се сака и никој друг, што да очекуваш од човек кој вика " Кога на некој му е лошо мене ми е убаво..." и свекрвиштено е такво саможивник кој у фамилија никој не ја сака...
@VDT2906 Кога нанекој му е лошо мене ми е убаво..." Woow, е ова го немав слушнато, дефинитивно сме некои генерации каде многу копја се кршат, судир на генерации каков што нема повеќе да е виден, особено со ако се наиде на некој ваков ендемски вид. Туку, како реагираш на вакви бисери, јас веројатно трајно би го променила изразот на лице
Искрено се качив горе и се изнаплакав не можам да верувам уште дека има такви луѓе ама има. Тие луѓе се неописливи, толку лоша енергија има околу нив што ако сум подолго време во контакт се чуствувам лошо и нервозно. Се сеќавам бевме на погреб кај внук негов, млад ненадејно умре овој насмеан таму мислиш на свадба е... Тој човек буквално никој не сака, маж ми вика дека никогаш не ги гушнал ни него ни брат му онака спонтано нити им кажал убав збор...ама затоа без причина ги тепал.
Барате проблем кај што го нема, па уште и ја поддржувате во нејзините филмови. Абе жити проблемот. Мене она ми падна во очи што од уста не ја извади золвата оти нема 6 години деца. Демек она може? Одвратно. Не се сите свекрви лоши, има и вакви снаи. Датумот ќе го запамтила. Свашта.
@Bebac вака како што си напишала и јас мислам немаш проблем. Работата испаѓа: ако праша оти прашала, ако не праша оти не прашала. Ова го сфатив по тоа што велиш не ти помогнала после породувањето. Најголем дел тука се жалат ако им помагаат. Никако да се погоди и на двете страни. Тоа со другата соба, очигледно и било незгодно пред мажи да зборува за гинеколошки проблеми, такви се постарите.
Од секое влакно да се барало проблем. Те прашала зашто си и кажала, па што? Непотребни драми. А за тоа со золвата дека нема деца, а ти имаш и поради тоа очекува ти да си болна немам коментар на глупоста од твоја страна бебац.
Се покајав и што напишав тука! На некои од Вас незнам што не ви е јасно? Нејзе не и беше речено каде ќе одиме? Но, жената си е таква и во секоја манџа е мирудија. Во однос на ќерка и! Кога дозна свекрвата дека сум бремена, луѓе бре плачеше жената, воопшто не и беше мило. Повторно ќе кажам мое бебе не е криво, ќерка и што нема деца. Нека пости, нека се моли, нека прави добрини. А, не да оди по гатачи и да има коментари за се и за сешто. Не за џабе рекле што ќе посееш, тоа ќе пожнееш.
А што очекуваш да ти кажеме? Браво, стварно запамти го денот? Ќерка и' сигурно ја сака повеќе од тебе, ама тоа нема врска ни со твоето бебе, ниту со драматизирањево за ништо. Ти секако неа не ја сакаш, што и да направи ќе биде лоша Замисли тек стварно да дошла после твојот пораѓај, чим на глупости вака реагираш, покољ ќе било. Ич не и замерувај, подобро што не дошла. Ама секогаш ги има таквите, значи мора, просто мора да е лоша свекрвата Иначе, како реагиравте кога се расплака оти ти трудна?
I mojata svekrva placese koga jatrvata rodi vtoro dete I mojata majka placese koga sestra mi rodi treto dete oti jas nemav niedno pa nikoj nisto ne kaza
Можеби од радост и потечиле солзи Види вака 1во да не сте се излајале дека одите на болница немало никој ништо да зборне и така е НАЈИСПРАВНО Ама бидејки сте кажале она те прашала Свати оти те тргнала настрана- оти се од старо школо и сето тоа го мислат дека е срамотно и пред маж тоа не се зборува. Кај свекрва збор менструација е срамота да го кажиш а вака ја и она отворено си разговараме кој кога бил и кој шо проблем има ова оти сме во супер односи Да не те прашала како си поминала пак ке бидела крива оти не прашала Има една српска поговорка-На рѓав курац и длаке сметају Е ова е тоа у твојата глава свеки е црна мечка и што и да направи нема да чине Ја да сум свекрвати ти и да знам оти ова го мислиш и збориш по народ ти ке запамтиш кога последно си пиела кафе кај мене