Верувај има такви луѓе нарциси кој едноставно немаат чуства за никој па дури и за сопствените деца. Тешко е да поверуваш знам ама прогуглај прочитај ќе видиш што пишува за таквите луѓе, нарцисоидност има посебен дел во психологијата. Секакви луѓе има тие се само добри глумци кој тешко е да се препознаат...
А како би постапиле да сте на мое место? Во врска бевме со мм 3 години,јас се сложував со неговите многу,ги почитував и ги засакав,си заживеав.Свекрва ми ја засакав со толку чисто срце што никогаш не помислив дека можело да се случи вакво нешто. Кога ме запроси мм по 2 месеци се собравме двете фамилии на ручек,тогаш уште не се познаваа убаво, се имааа видено 2-3 пати. Вечерта се случи нешто неочекувано. Јас и мм дискутиравме нешто и наеднаш дојде свекрва ми и ми вели понашањето твое со син ми не ти чини.Пред сите.Јас така останав. Зошто му велам? Ти неубо се понашаш со него,малце да си се смириш и почна да се кара со менe.Сите ја гледавме зачудено а јас се трудев да дознаам кај сум згрешила.Продолжи да ме напаѓа и јас почнав да се бранам а тогаш се вмеша и мајка ми...Се искаравме јас и мајка ми со свекрва ми и мм. Помина.Продолживме да живееме,го продадовме станот а си купивме куќа. Сега живееме на два различни спратови и сме независни од нив,поинаку не можеше да биде за жал. Јас забременив,кога се тргнавме горе, си зедовме куче.Се налутија,на мм му изнакажаа 300 глупости за мене и муабет не ми правеа 2 месеци,седев сама горе и никој не ме прашуваше ни дали си добро,а имав таква бременост со низок притисок и цело време ми се вртеше. И тоа го преголтав. Го родив детето,кучето го слеговме во дворот и му направивме бокс.Само за мир да има во куќата.Сега,свекрва ми се лути зошто не сум и го оставала да го чува,не сум сакала да се качва горе,зошто само јас сум го гледала детето сама...Како да постапам јас кога морам да ја држам на дистанца? Макар и за тоа што се лути нема право,јас сум слободна цело време и јас си го гледам,а таа оди и на работа во смени и гледа 2 внучиња од золвата. Ако се опуштам ќе си земи за право...Како би постапиле вие? Извинете за долгиот текст.
Уште тука би пресекла. Не да се карам со идната свекрва. Би ја сослушала да си се искаже без ништо да и речам. Ама затоа после со него би разговарала што е проблемот? Затоа што било каков проблем да има е меѓу нас, а не да се прават вакви испади. Дали добро разбрав дека маж ти бремена те оставил така 2 месеца да седиш? Ќе го седнеш маж ти на разговор и ќе се договорите до каде ви се границите. После тоа он убаво ќе им ги пренесе на нив. Ако не им се допаѓаат, кој ги тркала. Ама чим маж ти навистина така направил со бременоста, ќе да е до него проблемот, не до свекрвата.
Маж ми оди исто во смени кога беше дома ми поможваше ама кога беше втора смена не беше дома по цел ден.
Тогаш можеш да го седнеш да разговарате за границите. Не може да ви наложуваат како да живеете ако сте независни од нив.
Да дојде свекрва ми во лице да ми се понаша, а маж ми до мене да ќути? Би постапила така што не би зела таков маж за маж.
Независни сме,мм зема плата доволно за да не издржува,плус спратот горе е затворен ама таа не сакала кучиња да и врват по истите скали и да му дишат на бебето.
@Mantub, @kukla21 ви благодарам на разбирањето. Моја грешка беше што не го послушав мм, кога ми кажа да не кажуваме каде одиме и што правиме? Но, си ја научив лекцијата. Од сега кога ќе речат дојдете, ќе кажеме немаме време. А, тие кога ќе дојдат, повеќе не правам ручек. Золвата за овие 4 години ни еднаш не направила ручек. Повеќе не правам ни јас. Што помалку гледање и комуникација со тие луѓе, помалку и нервоза. Убав ден!
Кај е маж ти во приказнава? Кај беше кога ти се понашаше оваа, кога се вмешала мајка ти и кај е да и каже дека на спратот ќе си чувате куче и ако не и одговара нејзин проблем? Кај е маж ти?
Не ќутеше,не седна трите и се обиде да го реши проблемот ама за жал со таква жена не можеш да се разбереш.Пиеше апчиња и одеше на психијатар кога влезе во климакс.Има психички проблеми.
Во зграда да живее на комшиите ќе им кажува куче да не чуваат да не и шета во ходник? Подбери го маж ти, нека им објасни некои работи.
Се договоривме од сега да правиме како што ни одговара нас,сега и тој застана на моја страна,ама таја се лути и проблеми прај оти била последна рупа на свирало.
Ве седна трите? Браво за него. Наместо само неа да ја седне и тебе те седнал да те искара, да не рече мама дека само нејзе ја кара. Куче ако сакам ќе чувам и нема што да го слегувам в двор само за мир во куќата. Неферски и кон кучето пошто боксовите во двор се премали. Да бевте на ист спрат, немаше да ти го кажувам ова. Ама маж ти ако не знае да и се спротистави на мама, џабе советите наши. Немаш проблем со свекрва ти. Имаш проблем со маж ти.
Маж ми така да ќуте додека мајка му ме напаѓа, има да го подберам што нема да знае од кај да излезе. Што си се женил ако цел живот треба за суќната на мама да се држеш. Ебати мажот.
Јас ќе си го земам кучето назад,тоа го кажав сакала се лутела сакала не. Тогаш мм требаше да постапи поинаку,да го реши проблемот со неа а не трите да не седни...ние се доискаравме ,ама бидна. Јас не требаше да и простам ни неа ни на мм.. Сега од кога помина се,јас дали да си терам по исто? На дистанца?
Имаме слични искуства и тоа во сличен период ни се случувале. Додека не ги наострив забите... До толку што си заминав кај моите сосе бебе после 6те недели.