Јас би рекла да. Сигурно таа не е променета. Не дека преку ноќ научила што е почит. Ако сака да се подобри односот треба време и навистина да се вложи труд.
Значи не сум сама,криво ми беше зошто сите се искаравме,ама се навикнав сега сум горе таја не иди ,ќе дојди еднаш денот 10 мин да го види бебето и си оди.
Да, дистанца. И еднаш дневно на 10 мин да доаѓа да го види бебето е премногу. Еднаш неделно во најдобар случај.
Да ми наоѓа маани да не ме погледнува па после тоа и да му префрла дека не го чувала.Која е она мајка ли му е на детето твое? Твое си е детето ако сакаш ќе го оставиш ако не нема и ако сакаш ти ќе дадеш да го гледа и да ти се качи дома ако не нема.Твој дом,твое дете твои правила. Ако се љути нека и стои ти е гајле за нејзе се може да се реши со убаво нема потреба од драма.Однедувањето на мајка ти било со право мајката на маж ти го штитела него(не знам од што само) а мајка ти тебе сигурно нема да те остави така да те напаѓаат не си најдена на улица,а и да си никој нема право така да се однесува. Затоа ти си одлучуваш за се. Чист пример ќе ти дадам со мене може и ме имаш читано предходно. Живеевме со свекор свекрва и золва. Свекорот држеше 70квадрата, а ние горе тројца се стискавме во иста квадратура дојде бебе и плус куче горе хепи фемили ужасие невидено. Баравме да се оделиме еден спрат да ни дадат не сакаа. Затоа сега стан си имаме и во два месеци еднаш доаѓаат.А ние кај нив не идеме.И кога доаѓаат доаѓаат на саат време ради предходно што сме имале расправии караници за премногу работи.Да напоменам дека маж ми ме поддржува за овој став и истиот и он го држи
Престанав да те читам после ова,малку срам треба да ти е,мајка си,размисли утре дали ќе си ги делиш децата и ќе ти е криво за среќата на едното од нив.
Абе таа што сака може да си кажува за кај неа дома, и за нејзините деца, за мое дете ако сакам 3 кучиња ќе му дишат, таа нема што да кажува, уште па во двор ќе го ставам за нејзина желба, како да не, има вк дневна да седи, а ако сака слободно може да не доаѓа на гости, таман да не гледа како му дишат кучињата на бебето, раат за мене! Најголемата гречка е што маж ти ќутел додека оваа исправала криви дрини тука, да ќути така ја си станувам и си одам, па нека си седи и нека си ќути со мајка му после. Или па да и преќутувам ако ме навредува вака, абе 40 години нека е постара, нема да и ќутам, баш дека е постара не треба да навредува никого, а не да ја учиме ние како мало дете, што е добро однедување. Разговор со маж ти, а и со нив, и тоа во четири очи, се да им кажеш што ти смета и да си го гледаат нивниот двор. Стариве крај не им се наоѓа, ако ти помагаат зошто ти помагале, ако си самостоен како така си самостоен, дете си ти треба да те чуваат во стаклено ѕвоно, не си возрасен човек со фамилија, не можат да си прифатат дека некој може и без нив да преживее о да се снаоѓа.
Твоето дете е и дете на син и може од возбуда плачела. Не ти е во ред мислењево ако не сака да биде не сака џабе и пост и добрини.
Дефинитивно не. Ти маж ти подбери го ама убаво. Нема што да сака или да не сака кај тебе дома, ни таа, ни мајка ти. А маж ти уште во старт што така се испонашал, не знам, како тоа мајка му те нападна, а тој не те одбрани?
Да,те имам читано.Блазеси ви сте се куртулиле ние немавме таква можност...И добро е што мт те поддржува,тоа е најбитно.
Баш така.Никако не можеш да им погодиш,јас не сакам да им бидам на одмет плус,налет то слободна сум па зошто таа да ми го гледа детето..Можи да дојди да го види ама обврските околу него се мои. Не знам.Тој наместо да ја нападни неа пробваше да ги разјасни работите ама ние уште толку се искаравме и цела случка 100 пати ја кажавме ,без ефект ,нели секој си се брани себеси...Потоа моите си заминаја а ние другиот ден сите ќутевме па и свекрва ми ми вели шо сега цел ден ќе ќутиме? После тој си беше како што треба со нив ,јас останав да висам. Ама од тогаш кога си разјаснивме некои работи сега е поинаку,и таја мислам си ја научи лекцијата,сама си кажа повеќе не ви се мешам како ќе си одлучите така правете.
Едно не разбирам Зошто плачете за помош од свекрва и ги реметите зошто не ви помагале, бремени или не, а сте одвоени?
Ама и да живеат заедно иако тоа не би можела да го замислам да живеам така, шо има свекрва да ми помага не разбирам,ако сум бремена не сум болна ако имам бебе имам со маж ми не со неа.
Абе заедно можам да разберам да се очекува помош, барем позади себе да си средуваат свекор и свека. Ама одвоено не разбирам
За ништо.Муабет си правев со мм и ми рече понашањето со син ми не ти чини и почна да се кара.Изгледа не ја бендиса муабетот.
Свекрва ти си ја има мувата на капата. Освен здраво-чао дополнителен извештај не треба да и даваш. Симпл