Ај да не сум злопамтило, ама вака да ми се испонаша нема да види бебе без мое присуство, не па да го чува! Мое бебе-мои обврски, што се мешаат неповикани не разбирам? Со ваква свекрва само основна комуникација, ништо друго. Јас скоро 6 месееци откако ме навреди, да не речам и се разочарав од неа, основна комуникација си имам, и нема никогаш да и биде заборавено, тоа го знае и ММ. Стари луѓе се, и баш ради тоа треба да пазат што зборуваат, ние младите треба од нив да учиме, нели.
Сакав да ти допишам за моментот кај што очекуваш да се качува и да те прашува како си пошто си била со низок притисок во бременоста, нема обврска да се качува. Бебето го правите ти и маж ти и не треба да имате никакви очекувања од никого. Често во темава се пишува - не ми помага свекрвата кога ми треба нешто, или не ми чува дете, ама кога ќе ме нервира, да се мафне одма. За свекрвати што преминала граници, преминала, ама за ова немаш право да се лутиш.
Погрешно ме сфати. Не очекував да ми поможва туку муабетот беше не се качуваше ни да праша како си,до толку беше дојдена работата заради кучето што ни едно здраво немавме.Јас не очекувам ништо од никого и сама си го гледам детето.Епа и за тоа се лутат.
@Frosty! Па како ке издржи жена од 50 + години да гледа 3 внучиња? Или повремено ги чува? Не знам зошто форсирате дистанца, кога нема ништо поубаво од среќна фамилија? Синко има 2 баби и 2 дедовци и ужива со секој од нив. Таа љубов само може да се доживее. И да не се лажеме дека се можете сами. Да не ни беа родителите, а средуваме стан, ке требаше или синко да го влечеме во секоја продавница или едниот од нас да оди а другиот да бира од слики. Плус секој совет од нив е добредојден. Не ни се мешаат со совети ама ние сами прашуваме, посебно татко ми затоа што е мајстор. Претерувате со тоа држење на страна. Едно е злоба, а друго се вашите комплекси.
Зошто да нема дистанца? Ако некој не те поднесува,намерно прави да се нервираш,те потценува зошто да не држам дистанца? Не е муабетот за мали нервози и караници туку поголеми
Е така точно, нема обврска и ич нека не се качува, што е до мене ни на телефон нека не ме бара, никогаш. Само знаеш што е другата страна на приказнава, што ако не дај боже им притреба нешто на нив, не што ќе се качат туку и орелски криља ќе снабдат, само за да те пронајдат, ама тогаш нема ни од нас помош, како што нив ги немало, така сега нас не нема. Друго, зошто има потреба сега детето да го бара за чување? Ја немало до сега 2 месеци, сега со детето и одговара, епа нема бе како им одговара сега, туку како мене ми одговара. И скроз си во право, никој не е должен за никого да прашува, ама и нека не очекува ништо повеќе за возврат.
Епа тоа и јас викам, за да може снаата да ја одбие кога свекрвата ќе побара, мора и снаата да не бара ништо од свекрвата.
Јас велам златна дистанца од мене а не и од детето @MilaSs12 . Aма од детето ,освен да го дружи и сипува со љубов друго од неа ни треба ни се очекува, ама не можат тие така мирни да седат. Три пати едно по друго денес кивна бебе ,ладно и било немала холахопки Денес холахопки ...,па на сонце беше 25 степени ,надвор а под сенка 13. а тоа што бевме дома со уклучена клима башка Имам пишувано поназад што правела ,некои работи и ги искоренив некои не успеав. Може и јас не сум најдобрата снаа на светот ама никогаш не сум ја навредила ,а истото за неа не може да се каже.
Да не згреши во тагот? иначе ние форсираме дистанца и еве фала богу се' постигнуваме сами, без фолирање де. Што ако бевте негде во друга држава пример? Знам дека не сте ама ако се сака, се може и на крајот на денот секој за себе одлучува како му е арно.
Повремено ги гледа, и поможва на ќерка и.И јас сакав да бидиме среќна фамилија ама од таја блискост што беше помеѓу нас се случи ова.Од кога ја ставив на дистанца сега е поинаку. Жената е параноична,љубоморна,завидна. Со никој не живее,само таја е во право,мора да е центар пажња и за се се лути. И сега кој има тука комплекси? Кога се вративме од болница со бебето цело внимание беше свртено кон син ми,што е многу нормално е таја се налути оти неа никој не ја фермал и оти не била во центарот на вниманието.Јас слушнав со мои уши.
Само што ќе пишев си ме престигнала. Во други држави не ги израснаа децата еве гледам, само овде во заедници живеење за арно за лошо да се најдеме, а македонските градови прилично мали, со кола за 10-15 мин се стигнува секаде.
Ве читам и сите сте во право на некој начин. Ако е добра и културна свекрвата зошто да нема дружење со неа? Ако е олош, батали. Едноставно е, индивидуално. Со некои луѓе колку и да се трудиш џабе е, само ќе се разочараш. Јас живците си ги искинав за да постигнеме некој нормален однос и добив само игнор. Од други слушам дека јас сум крива за се (не знам како, кога од моја страна односот беше формален освен што свеки ми се доверуваше премногу), сега од неа слушам совети за исхрана, проодување, градинка на бебе итн. Убаво сте пишале погоре, колку повеќе очекуваш толку повеќе се разочаруваш. Еве последна случка: На свекор ми му беше именден, се јавуваме на камера честитаме со бебе и прашувам дали ќе слави за да одиме. Ми рече знаеш корона ова она, не правиме ништо. Ок. Покасно ми се јавува свеки да испита внук и кај е, исто и неа ја прашувам дали се планира нешто и ми вика заглавив на работа немав време ништо да спремам, оваа година не правиме ништо. За да после 4 саати видам слика на нет од свеки, свекор, братот на мм и жената негова во кафана, се частеле за именденот. Не ми е сеедно и не можам да сфатам зошто не не викнале. Стварно не разбирам ама и стварно повеќе не ме интересира. Ќе се раздолжиме на друг начин. Кој ме читал знае дека долго не го гледаа внукот и ајде си реков да ги подобриме односите ама на сила убавина не бива.
Епа стави ги на игнор и ти,ако мислат дека ќе ги молиш се лажат.И прашајте ги зошто не ве викнале и вас па да видиме што ќе речат.Cвекрва ми моја што ако не вика кога јас не сакам да одам од причини што ми пререква за се ,многу си прикажва ,ужива да ме нервира.Затоа па и јас не ќутам.И не сум совршена и добра снаа а па не ни сакам да бидам затоа што не заслужила. А мт како изреагира на ова?
Јас лично на почеток не ни гледав така, стереотипно да речам, демек свекрва, свекор па мора да не се сакаме. Ако со некој кликаш не е ни важно што титула има, али некогаш не иде и тоа е тоа. На твое место не ги сматрам за живи повеќе.