Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    На mal.ecka и Sherryl им се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    После душо кој ќе ве храни :^)
    Мажот ти со 5000 денари плата која реално не би стигнале ни за пелени за син ти.

    Разбирам јас да се има недоразбирање и кавги и се ама вакви зборови за некој што ти го става лебчето на масата, срамота :x
    Ако толку не ти чини излези си бе душо, фати си работа, не чекај и не посакувај нечија смрт само за ти да бидеш раат, биди способна излези и сами гледајте си ја фамилијата.
    И запамти и некоја утре исто ќе ја посакува твојата смрт за да биде раат, what goes around comes around ;)
     
    На Bozica1980, imelda, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    златна јас се те разбирам но кога таа се обиде да ме оддели од детето што да и посакувам кога јас бев трудна таа ја посакуваше мојата јас имам од што да живеам моите ми даваат ама проблемот е што маж ми е единец а од нејзе ни денар не земаме моите се ни даваат така да јас не и ја посакувам смртта само да види како ке биде чувана како што таа мене така јас нејзе
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^Нека ти е среќен празникот, не е христијански на ваков голем ден да имаш вакви нечисти мисли :)
    Таа што ти мисли тебе нејзин си е гревот, ти што и мислиш нејзе твој е гревот.

    А тоа дека имаш од што да живееш, нема бре душичке пак чекаш од некого, дал од твои, дал од негови чекаш со подадена рака, затоа ти се меша во се.
    Додека не застанеш цврсто на свои нозе нема да има подобрување во односите, тоа ти е.
    Да не бидам безобразна ама и ќе бидам, кај ти беа очите кога се мажеше :^)

    Инаку најискрено многу се иритирам кога ќе прочитам демек ќе видиме кој ќе ја чува си има таа син тој ќе си ја чува, имам и јас татко и покрај мене и брат ми зарем снаа ми ќе го чува :?:
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    хахах леле беее хахаха ме изнасмеа кај ми биле очите абе женска додека да останев трудна се беше ок откако забременив таа почна да ме малтертира,а предходно 1 година бев мажена нема никаков проблем инаку сопругот што ми е од мнооогу имам слушнато дека бил посвоен и нз што и беше филмот на оваа откако останав бремена почнаа да ме малтертира како да се сврте 360 степени ...да чекам ама не од нејзе туку од моите и нема заш да ме опкорува...да ке ја чува ама секој според своја заслуга...хахаха а како прво ти ке излеташ од таа кука нема да имаш никакви права подоцна таму не па да го чуваш татко ти брат ти и снаати ке го чуват и знам како е да се чува стар човек сигурно ти нема да го чуваш бидејки и ти ке си снаа некаде а знам по мајка ми колку керките го чуваа татко им така да нема потреба од коментари!
     
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.852
    Допаѓања:
    40.256
    Пол:
    Женски
    Еленика па ако стварно не ви чини кај неа идете си под кирија некаде , мирна глава после нема никој да ти пречи по дома ! додека сте заедно секако ќе имате кавги и недоразбирања , а вашата ситауација нема ни да биде подобра во иднина Верувај..
    Јас неколку месеци живеев со свекрва , додека не најдеме стан ...и тоа поминато време не ми беше лесно ,ама знаев дека ќе помине ,и иако ми пречеа некои работи што ги правеше свекрвата никогаш не пререков ниту она мене, лесно беше да се спречкаме ке се најдеше зашто ...и ке се испокаравме требаше со мм да си заминеме и никоаш очи да не си видиме :?:
    Еве сега после година како сме сами со мм и бебево во наш стан супер ни е Со свекрвата сме си во добри односи , доаѓа неретко сака да поседи да си го види внучето , идиеме и ние кај нив исто :?:
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Да се замешам и јас малку :D Еленика те советуваа убаво да се тргнете сами , и мене ми падна во очи твоите желби за свекрвата , маж ти да чуе што посакуваш за мајка му :o многу ќе те сака верувам :^)
    Ајде нека ви е Среќен Божик на сите :* Барем денес не се карајте :D
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    После ово болдираното стварно нема потреба од повеќе коментари, јасно ми е од каде ти се сите проблеми :x
    Абре девојче 21 век сме не сме веќе 19 век кога девојките ги мажеле и не се дел веќе од таа куќа, впрочем и ти си као мажена а твоите сеуште те издржуваат. Татко ми е паметен човек и не оди по тие некои застарени обичаи, тој вика дека има две деца а не машко и женско и на крај краеви јас ако дојде до гледање(многу постари си умираат од нога) дали свекор, свекрва или татко тоа би го правела затоа што сакам а не за имот или такви глупости.

    Како бре ќе излетам од таа куќа, снаата како партал ќе ме исфрли :rofl:
    Која е таа жива сила што може да ми забрани ако има потреба некогаш да му помогнам на татко ми, дај жити се не трескај глупости.
    Јас сум снаа ама на свое не кај свекрвата, не чекам ни од мои, ни од негови затоа немам никакви проблеми со свекрвата ниту таа со мене.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    иста ситуација си ко мене ама тоа е еве гледам постови бегај од таму да ке бегам ама свекорот ми е ДУША човек кој и самиот неможе да си ја поднесе и самиот и вели дека е неподнослива дека само годините во брак го спречуваат да не прави на стари год глупости,а човек има проблемк со притисокот и да го одвојам од единствениот син мислам да си заминеме ние тој сигурно недај боже ке испушти душа што никогаш нема да си го простам а маж ми ги има мноогу поголеми проблеми со мајка му значи да не ја има никој во куќа!!!!
     
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.347
    Се сложувам со секој збор кој го кажа bittersweet, затоа и ќе ја цитирам .
    :clap:

    Првен ми беше тешко и напорно да те следам поради речникот.
    Но, знам во афектна или состојба на голема нервоза човек не пази на интерпункциски знаци или речник. Сепак се обидов да го доловам проблемот, и да се обидам да дадам некој совет врз основа на своето скромно 3.5 годишно искуство како снаа.

    Прво што ќе речам е дека секој мора да живее со сам себе си, но не и со некој друг.
    Ако гледам дека некој друг не е добар за мене, не сум должна да го трпам, а најмалку свекрва.
    Може и она не те сака под својот кров, па и нејзе не и е лесно.
    Може и ја нарушуваш комоцијата, мора да го дели пензиичето, си вика цел живот трпам штедам и сега на старост уште морам да ги гледам.
    И не, не е работа на родителот да го рани детето и неговите деца се додека е жив. Ама за обврските на родителот и бабата-дедото друг пат.
    А конотацијата во која беше кажано тоа дека мажот ти е посвоен, за мене е низот удар.
    Второ,јас често сум се обидувала да се ставам во кожа на моја свеки и да се запрашам како она се чуствува, што мисли. Не да и барам изговор за некој кажан збор или сторено дело, но барем нејзините намери и побуди да ги сватам.
    Повторно се сложувам со горенаведениот цитат.
    Не викам дека кога некој ќе ти удри шамар треба да му се сврте другиот образ, но во една заедница мора да се бара решение, посебно кога си зависен и чекаш од друг.
    Муабетиве , дури и да се пишани во најнервозно стање не даваат добра слика за тебе.
     
    На midnight.flower, Anouk, Bozica1980 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    И мене свеки душата ми ја вади, ама нека е жива и здрава уште 300 години! Сум изгубила родител и знам како е да се има огромна дупка во фамилијата, и го молам Господ тие што ми се останати да живеат уште мнооооогу долго! Знам што е во нервозата свашта ќе помислиш и ќе кажеш, ама сепак смрт, никако! Не за друго, не дај Боже да и се случи нешто ќе се каеш цел живот. Имаш дете, мајка си, гледај си го детенцето и мажот, а другите не ги есапи ич! ;)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.155
    Пол:
    Женски
    Еленика, јас искрено не мислев дека ќе прочитам од тебе вакви зборови, страшно. Замисли за мајка ти некој вака да збори, не вели не, не вели ама мајка ми никогаш нема да направи вака, никогаш не се знае. Мајка ми е мирољубиво створење, золва ми вика дека од што ја видела еднаш и оставила впечаток како да е памукче, аха, и јас така мислев се додека еднаш не се раздра, си ги покажа забите жената, додуша со право. Немој да посакуваш што е и што не е, седи си мирна со мажот ти и фамилијата, а ако не можеш, пут под ноге и кај родителите, нели тие те подржуваат максимално, нели се грижат за тебе, не би дозволиле нивното дете да биде малтретирано.
    Искрено, само 2 недели живеам со свршеникот и фамилијата негова, и досега не сум видела никаква мака, не можам да кажам како ќе биде, ама па и јас си ја знам границата. Помагам каде и колку можам, кога ја гледам жената дека сака сама да работи, ја оставам, и она ме остава колку може повеќе сама да не чувствувам стеги и притисоци, се си наоѓа нешто работа, да не седи со нас, во соба досега нема ни влезено, а реално до вчера тоа беше нејзина соба, пред да влезе културно чука, дури откако ќе и одговориме влегува. Од почеток и кажала на мајка ми дека не сака да не стега и дека сака штом може да се пресели кај татко и со свекорот и золвата, да не ни сметаат, искрено тоа на нас ќе ни штети, сеуште немаме ништо, одвај јас што сум донела, нешто ситно, лажиче вилувче, некоја шољичка, од мебел сега засега имаме само два расклатени плакара и два кревета кои глумат спална, ужасни по мојата кичма, и тие стари по 20 години, уште од мојата детска соба, која и кога ја купивме беше таква каква што е сега, никаква. Ама не се жалам, пополека се ќе се среди.
    Бидете трпеливи, нема се преку ноќ, сите сме си ги знаеле приликите пред да се одлучиме на ваков чекор со саканите, ако сме биле сигурни дека не можеме да издржиме во заедница со нив ич не требало да почнуваме, тоа е реалност.
     
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Не ја осудувајте... Тоа се многу тешки работи што она ги поминува. До некаде нормално е се да помисли, во афект човек сенешто кажува, и што мисли и што не мисли. Ангел, не дај Боже да знаеш стотина од тоа што е свекрва-ѕверка, ти ќе дадеш се од себе за да биде горе доле се нормално заради човекот кој си го одбрала да биде твој, а некој кретен сака сето тоа да го расклати само и само од причина непозната! Викаш што згрешив, она не одговара, вика си знаеш ти. И мал милион глупости, кои што се многу тешки. Не ја осудувајте, смирете ја! ;) :*
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.155
    Пол:
    Женски
    Се разбира Елена.мак, јас не ја осудив, само си кажав дека не ми беше верно тоа да го прочитам од нејзе, премногу огорченост, а си мислев е посмирена личност. Но ко што кажа и самата, во афект сенешто се пишува. Мојата поента е да не посакува несреќа некому бидејќи се враќа, секоја клетва и посакување на несреќа, можеби се тоа бабини деветини, но јас верувам, во мојата фамилија се докажало дека се враќа. Искрено сум имала искуство и со свекрва-ѕверка ко што викаш ти, не директно со мене, туку блиска личност ја има таа “чест“, но знам и такви каде и снаата не е цвеќе за мирисање а на крај свекрвата е таа која е крива. Мислам дека ако Еленика го има истиот став како овде кон неа, не ја осудувам многу свекрвава нејзина, но ајде ќе речеме форумов е за да се ослободиме малку од притисокот па кажуваме многу, иначе кај ни е крајот ако се собираме во нас. Јас сум пресреќна со свекрва ми, но си плукам во пазуви, често знае да се задеси обратно, ете ја и Еленика сама кажуваше дека се сменила нејзината откако останала трудна.
     
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.852
    Допаѓања:
    40.256
    Пол:
    Женски
    Ангел 2 недели се ништо за да можеш да споредуваш , чекај времето ќе покаже ..сепак живеење во заедница не е лесно , независно дали си кај свекрва или кај твои .рчка ке се најде
    Јас посакувам да ви е најнајубаво ама не е убаво да се осудува друг :?:
    а Еленика е тазе мама , и можам да ја разберам за нервозата (донекаде)...
    и ситуацијата во која се наоѓа не и е лесна , секој месец да се чека со подадени раце од родителите или свекрвата и те како ќе ме прави нервозна и несигурна ...
    Решение кај неа мора да се најде , најдобро е да се тргнат на страна сами , а не кај нејзините да одат па истото и таму ќе е :|
     
  16. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    златна да си на мое место свашта ке пишеш јас нејзе и молчам ама тука се испукам едно убаво за да не ги нервирам маж ми и свекор ми затоа што со нив си немам проблем али оваа е ЧУДОВИШТЕ невидено
    ми вика свашта за доручек ме рани г*мна за ручек за вечера ме мава да си одам таа ке го чувала син ми се обиде и да ме ударе епа луѓе да сте на мое место има во бардовци да завршите јас си собирам во мене ама не бива па мора некаде да се испукам и најлесно ми е тука.али јас сум млада ама она остарува како правела ТАКА КЕ И СЕ ВРАТЕ ЈАС РЕКОВ ДА УМРЕ АМА НЕ ПРЕСЕКОВ СЕКАКО ДЕКА ТОА си е божја работа јас неможам ниш ама еве ја почнува да се жали ова ме боли она јас си кјутам и си се усмивкам како таа што ми правеше јас додека бев бремена и со постојани ПОРОДИЛНИ БОЛКИ!!! :devil:
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.155
    Пол:
    Женски
    Маченце Ена, токму тоа што кжав дека не ги познаваме од вчера и го мислев, јас женава ја знам 5 години и нешто повеќе, не е дека цело време било мед и млеко, дека цело време се преправала и само убавите еклери пред мене ги вадела, имало и закачки, сум ја видела во секакво светло, се разбира, не кога на мене се однесувало, не можам да речам тоа. Сепак, и јас го мислам истото како тебе, само да се осамостојат, но на Еленика мажот не може многу да направи, зима премалку плата за да и овозможи безгрижни денови додека нивното малечко е сеуште мало бебе, затоа подадените раце и самата кажува се единствено решение.
    Еленика, ако таа тебе те малтретира, немој да ќутиш, кажи му на мт, кажи му на свекор ти, на твоите, не смее ни да се обиде да те удри, да те брка, на крајот на краиштата ти не си со неа во брак, мт е тој кој одлучува за вас и вашето семејство не таа, колку и да давала, колку и да мт е зависен од неа, не смееш да дозволиш да те малтретира, ти не си на патот најдена. Познавав еден пар каде жената така беше малтретирана, татко и седна со свекрвата и мажот и отворено рече, ќерка ми е бремена, можеме лесно ова да го решиме, ќе си ја земеме назад а вие детето ќе го гледате одвреме навреме, сакате така или ќе започнете да ја третирате како човек. Ете ги, малечкото е веќе пораснатко, она ужива, свекрва и си ги прибра јазиците, мажот и рацете и си имаат супер заедница сега, ама дури откако покажа заби нејзиното семејство. Не велам сега твоите да дојдат да те бранат, ти си возрасна, но кога мажот ти не може, не е на одмет твоите да дојдат и да застанат во твоја одбрана. И пак ќе ти речам, не посакувај никому лошо, не се смеј на нејзината немоќ, едоставно не се замарај со неа, сепак имаш мало дете и имаш со што да се замараш во моментов ;)
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  18. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    ^ Еден најдобронамерен совет, односно мислење. Јас и вереникот сме заедно, незнам ни колку се точно се гледа на тикерот. Кај нив одам откако бевме заедно 5-6 месеци, значи од тинејџерка. Со неа поминав нормален период, па менопауза, па после менопаузата се оправаше, па се изремети комплетно, нели кај сите жени е различно, нема кај 2 исто. Јас бев дете на 18 години, растев, завршив средно, студирав, дипломирав, магистрирав, сето тоа барабар со него рамо до рамо, се буткавме нон-стоп ако некој заостанеше. Триста милијарди глупости поминавме! И дојде време, се решивме да се вериме лани во Април. Исто како тебе Ангел, имав гледано секакви ситуации, и фини и лоши. Одеднаш, и се уклучи светилката во глава што им се уклучува на свекрвите дека ќе им го земе синчето некој, поим немам, и почна душата да ми ја пие со сламка. На веридбата што 100 пати ја одложувавме ради неа, НЕ МЕ СТАВИ ВО УСТА за никаков контекст, освен да ја праша мајка ми на што мисли дека личам со дотичната ми црвена коса и тетоважите што се гледаат само во купачи?! Мајка ми арно очи не и ископа. Ми пукна филм пред празнициве, веќе неколку месеци сме таму, секој ден стресови на кило, и ај ние лом што се направивме, се направивме, јас уклучив мобилен и ја снимив СЕ ШТО МИ КАЖА! И кога си дојде мојов дома, не го оставив ни раце да измие, ни чевлите да г соблече, се му пуштив. Кога не собра и двете, лом правење што да ти кажам. Зошто ме собра мене си викам, она мене ме нервира. Вика ај сега оди отспиј пола саат, па слушни ја снимката пак. Кога го направив тоа, што да чујам!!! Она мене едно, јас неа 2, па обратно, па што да ти кажам. Значи, секако р'чката ја почна она без ништо, сум допуштила до некаде, па после и јас без влакна на јазик, секакви глупости изнакажав, абе не ги ни памтам!!! Верувајте дека животот ми е полесен после тоа. Си го дотеравме паметот, кога се свестивме што правиме. Она ми се извини, јас и се извинив, и нов лист. Не дека е конечно, се бидува, ама пробај Елена! Ангел, да знаеш дека пеперутката од гасеница настанува, имај си бледа доза на резервација за да не те боли глава.
    Извинете на километарскиот пост, мислам дека ке ви помогне барем малку! :*
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.402
    Пол:
    Женски
    Elenika очигледно си има работа со проста исфрустрирана жена. И ја разбирам што и' посакува и лоши работи, на такво створење што само те рани со г***а и те понижува и јас не би му посакала долго здравје и бериќет. Уште се изживувала со жена која носела уште една душа и и' се кикотела на секоја породилна болка. Па јас не знам дали би можела да се контролирам како Еленика.

    Одделувањето Е единственотo средство кое би им донело колку-толку мир, но ме нервира што се изживуваат вака со младите затоа што живеат под нивни покрив. И тоа е дел од тоа да се биде родител, да го поттурнеш младото пред да почне само да лета.

    Имам пишувано дека имав еден лош период со свекрва ми на почетокот кој за среќа до ден денес не се повтори, иако по тој период скоро две години живеевме во заедница. Oткако се смири топката (Господ здравје да му даде на свекор ми за разумноста и на мм за храброста инаку тоа немаше да се деси), јас ја седнав свекрва ми на маса и пред сите и' отчитав буквица (нормално не користев навреди и и' се обратив со почитување како кон повозрасен човек), но не пропуштив да и' кажам се'. И' реков дека со тоа што го прави самата себе си се деградира како во мои така и во очите на син и' и дека него најмногу го повредува.

    Дека иако сум пресна снаа, не значи дека веќе не сум свесна дека тоа е исто толку мој дом колку и нејзин и дека и после ова да успее да си го избрка синот заедно со мене, дека ние кога-тогаш ПАК ќе се вратиме назад затоа што ова е и наш дом и и ние ќе се бориме да го сочуваме, но на дефинитивно поинаков начин од нејзиниот. Без уцени, изживување и навреди, туку со љубов, храброст и ум. Дека има снаа за која може само да сонува. Таа ништо не рече тогаш, само ми го спушти: „Да не те сакаше и поддржуваше син ми дали ќе имаше волку сила?“ Јас и' реков „Силата доаѓа од мојот карактер, а не од туѓата поддршка. Јас сум волку храбра затоа што отсекогаш сум била таква и отсекогаш сум сакала да бидам способна сама на себе да се потпрам и мислам дека син ти најмногу поради тоа и ме избра мене, како што и јас го избрав него заради неговата добрина, храброст и безрезервна поддршка. Не се плашам ниту да продолжам понатаму, ниту пак да почнам одново. Затоа ова ти е погрешна стратегија да ме уништиш, затоа што не е доволно да делува на тебе, не' има и похрабри и посигурни во себе од тоа, во спротивно немаше ни да се мажам за син ти после се'.“
    Ја повредив без да и' упатам еден простачки збор. Далеку од тоа дека таа ми беше намерата, едноставно сакав да си се искажам за се' што ме мачи, како во своја куќа, нели?

    Нешто што највеќе би ме деградирало е да се изживувам со млади деца само затоа што јас сум имала повеќе години живот зад мене или затоа што маж ми имал повеќе живот и време зад себе за да из'рмба за куќата во која живееме.

    Да се изживувам, да тренирам живци на некое младо неискусно во брак девојче за да после и' речам „Кај мене дома вака е, ако не ти чини, ете ти ја вратата“ (пример) ми е најниското ниво на кое може да паднам како свекрва и после таа реченица би ми било срам да излезам на очи пред син ми. Во темите кај шо повеќе се збори за золвите и се бунат зошто золвата да се мажи и да се оддели тоа е и нејзина куќа, јас истото го прашувам за синот и снаата. Зарем тоа не е и нивна куќа колку што е и на другите деца во тоа семејство? Не е убавo, a животов е тркало, како што гледаме во случајот на Elenika, не затоа што таа и' посакувала да и' биде лошо, туку затоа што тркалото се врти и ранливиот и силниот неизбежно си ги менуваат улогите, ама ретко свекрвиците и остала in-laws фамилија мислат на тоа на време.
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.155
    Пол:
    Женски
    Ах Елена.Мак, мене резервата ми е постојано под малото мозоче, си знам јас се што знае да се деси. На крајот на краиштата имам и јас мајка која знае да има двојни аршини, која знае да откачи одвреме навреме. Но едно сум си рекла, јас нема да се расправам со неа, што сака нека се деси, си има она син кој ме донел кај неа дома, заради него сум тука, не заради неа, тој ме донел во таа куќа, тој ќе биде одговорен за се, не само за неа, туку за сите. Ете што се деси, имаме проблем со шпоретот на дрва, нешто зеза деновиве празнично нели, јас незнаејќи дека не треба го запалив за да направам за другиот ден ручек, почнало кај стрина му да чури, дојде татко му и јас цела се испотресов, леле што направив, остро ми рече дека не сум требала да го запалам, му се пожалив на свршеникот и одма ме смири, не си ти крива, не си знаела дека не треба да го палиш, нека биле они дома да ни кажат, а не си доаѓаме, празна куќа, кој ќе ни каже дека не треба. Така, си се смирив и сфатив, за ништо со нив, се со него, ете од таква мала работа ми стана јасно, тие не се причината поради која јас сум тука, тој кој што ме донел е одговорен за се, исто и во обратна ситуација, ако направам нешто ако им е тешко на мене нека му кажат нему, тоа и го кажав и на свекрва ми, можеби ќе се збие се на него, но кога сакал да се жени требало да знае дека ќе има една одговорност плус. Ете за Бадник, се моткав низ кујна ко неарна, дај да фатам ова дај да фатам она, на крај отидов во соба, почнав да ја лакирам сестра му, доаѓа он и ми вика вие се лакирате мајка ми сама поставува, му отидов во соба и му кажав каква е ситуацијата, да не суди без да знае, и мајка му потврди, ми излезе во одбрана. Е вакви ситници од почеток знаат да направат нелагодности во едно семејство кое ете за воља на вистината морало да се согласи на соживот со непозната личност. Ние живееме со свекрва ми, свекор ми и золва ми, таа да ни е жива и здрава дома не се прибира, постојано е излезена, не придонесува многу, се гледа дека на свекрва ми и е незгодно, но што може жената, не е дете да ја наплеска и да ја заклучи во соба, да ја врзе да работи, нејќе едноставно и тоа е, па и јас не се замарам многу со тоа, зар да земам сега кусур да фаќам кој колку работел, и тоа знае да биде кобно во едно вакво семејство каде што покрај свекор и свекрва има и трето лице, золва, девер... Мене рацете нема да ми паднат ако и ја измијам чинијата што ручала, нема да ми падне круната од глава ако и направам цедевита, капучино, ако ја прашам што и се јаде, за возврат секогаш си имам со кого муабет да си направам и да се посмеам, тоа ми е повредно од измиениот тањир и чашата сок :!:
     
    На pepita82 и evangelina.ina им се допаѓа ова.